You are on page 1of 4

Финансово право – тест 2022

1.Овсновен објект на финанскиско правен однос се:

-парите

2. методи со кои ги употребуваат државите со цел извршување на обврските од финансиско-


правните односи се:

-метод на убедување и метод на принуда

3.буџетскиот систем на една држава се потпира врз:

-правна регулатив и институции

4.за да може да настане и да постои финансиско-правен однос, треба да постојат:

-најмалку два субјекта

5. според ограните кои ги вршат бараните услуги, таксите се делат на:

-државни и локални

6.основни видови на функции кои се остваруваат со помош на јавните финансии (како дел од
финансиски функции на државата) се:

-алокациска

-дистрибутивна

-стабилизациска

7. правни основи за вршење на финансиска дејност на државата се:

-jus imperium

-право на сопственост

-договорите
8. својството на пасивен субјект на финансиско-правниот однос престанува кога:

- кога ќе се исплати фискалната обврска,

- доколку државата сама ја анулира обврската (принудна наплата),

- во случај на новации, застареност итн.

9. финансиско-правниот однос настанува врз три правни основи, и тоа:

-деликт

-закон

-договор

10. општи правни извори на финансовото право се:

-устав

-закон

-подзаконски акти

-меѓународни договори

-обичајно право

-судска пракса

-финансиска наука

-финансиска практика

11. извори на финансовото право (подзаконски акти) кои ги носи Владата и органите на државната
управа се:

-уредба

-одлука

-правилник

-наредба

-упатство

-заклучок

12. набројте ги видовите дотации кои можат да се трансферираат од финансиски средства од


буџетот на државата кон единиците на локалната самоуоправа:

-ДДВ
-наменска дотација

-капитална дотација

-блок дотација

13. дефинирај финансово право како позитивно право

Финансовото право како позитивно право и правна гранка претставува збир од правни норми
на една држава со кои се регулираат правните односи што настануваат со: режимот на употреба
на парите, собирањето и управувањето со државните приходи, начинот на трошењето на
државните расходи и државната финансиска евиденција и контрола.

14. дефинирај – објасни што е данок

Данок е вид на јавен приход со кој државата принудно зафаќа парични средства од субјектите
кои што се под нејзина даночна власт, заради задоволување на своите финансиски потреби и
остварување на други, првенствено економски и социјални цели.

15. најважните разлики помеѓу јавните и приватните финансии се состојат во:

-титуларот – односно носителот на правата

-дејствуваат на различен принцип

-насоченост кон целите

-правниот однос за стекнување на парични средства

-според начинот на наплата на средства

16. дефинирај финансово правна норма

Предмет на финансиско-правната норма е регулирање на финансиско-правните односи, во


врска со стопанисувањето со пари меѓу државните органи и другите лица во правото и помеѓу
самите државни органи, преку наредби, забрани и ополномоштувањата.

Финансиско-правната норма има три основни елементи: хипотеза, диспозиција и санкција.

17. капитална добивка и капитална загуба

Капиталната добивка или загуба се остварува при продажба. Како капитални добра се
квалификуваат: хартите од вредност, опремата и недвижнот имот. Основата за однаочување на
капиталната добивка се утврдува како разлика меѓу продажната вредност на добрата и нивната
набавна цена. Капиталната добивка настанува само тогаш кога има зголемување на вредноста
на имотот, капиталот на обврзникот и кога вака зголемената вредност ќе се реализира преку
диспонирање на пазарот. 70% од секоја капитална добивка задолжително се вклучуваат во
даночната основа на персоналниот данок на доход и се оданочуваат според соодветната
даночна стапка.

18. данок на добивка- предмет на оданочување/ приходи, даночни обврзници, даночна основа и
даночна стапка

Данокот на добивка спаѓа во категоријата непосредни субјектни даноци. Тој се обложува на


вкупната даночна способност на обврзникот изразена преку категоријата добивка-профит. На
тој начин општата даночна обврска се персонализира според конкретните услови на
претпријатието, на една страна но и во согласност со целите на даночната политика дефинирани
од страна на фискот, на друга. Обврзниците се делата на резиденти и нерезиденти. Во кругот на
обврзници се и организациските единици на странски компании кои остваруваат добивка од
вршење дејност на територијата на РМ. Даночната основа претставува квалитативна и
квантитативна конкретизација на даночниот објект. Таа служи за пресметување на данокот,
бидејќи означува оддредена вредност искажана во пари или некоја големина претставена со
единица мерка, која, кога на неа ќе се примени даночната стапка овозможува утврдување на
износот на даночна обврска. Даночната стапка која ќе се аплицира на даночната основа е 1%.
Сите обврзници беа ослободени од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка
остварена во тековната година. На обврзникот кој е должен да воведе одобрен систем за
регистрирање готовински плаќања му се намалува пресметаниот данок за набавени 10
фискални апарати во висина на нивната вредност. Даночната основа на обврзникот кај кого се
вложени средства од странски лица, се намалува во висина на сразмерниот дел од добивката
што му припаѓа на странското лице, врз основа на вложени средства.

You might also like