You are on page 1of 43

Организација на

администрацијата
Јавната администрација како
дел од извршната власт, видови
административни органи, јавни
служби
Поим на организација
Организација –
адекватно, целисходно и
трајно поврзана група на
луѓе, која е формирана
како самостојна целина,
која со посебни средства
работи заради
остварување на
одредени цели.
Елементи на организација:
1. Нормативен – цел/цели заради
кои постои организацијата;
2. Субјективен – луѓе/кадри,
основен фактор од кој зависи
успехот;
3. Материјален – средства:
технички и финансиски;
4. Структурен – организациона
структура:поврзување на
целите, луѓето и средствата;
5. Статусен –
автономија/самостојност
Поим на административна
организација
Административната
организација е составена од
бројни и разновидни органи
и организациони облици кои
вршат управни активности и
воспоставуваат меѓусебна
комуникација врз основа на
однапред утврдени правила
и прописи.
Организациони принципи на
администрацијата
Станува збор за принципи на
воспоставување организациска
структура односно принципи на
формирање на администрат.
органи. Тие меѓусебно не се
исклучуваат, туку се
надополнуваат. Во теоријата
најчесто се спомнуваат пет
такви принципи:
Реален, територијален и
персонален принцип
1. Врз основа на реалниот
принцип се формира еден
орган или организациона
единица кој/а обавува работи
што по својата содржина се
исти или сродни. Овој
принцип има два подвида:
ресорен и функционален.
Тие произлегуваат од т.н.
реалност на општествениот
живот.
Реален, територијален и
персонален принцип
1.1. Ресорен принцип – формирање
административни органи според
сличноста на нивната материја и
содржина (на пр. мин. за правда,
за економија и...). Предности:
стручност и специјализација;
висок степен на вертикално
организационо единство; лесно
раководење. Негативности:
прескапо; ја отежнува
хоризонталната поврзаност; ја
спречува интеграцијата на
системот како целина.
Реален, територијален и
персонален принцип
1.2. Функционален принцип –
формирање на админист. органи
според сличностите на работните
операции(функции) независно од
содрината на работите (инспекциски,
аналитички, нормативни...).
Предности: специјализација и
стручност, но не според содржината
на работата, туку според начинот на
нејзино вршење; олеснета
хоризонталната поврзаност.
Негативности: го отежнува
раководењето и вертикалната
поврзаност.
Реален, територијален и
персонален принцип
2. Територијален принцип –
формирање на админ. орган според
територијата (подрачјето) на која
врши одреден вид работи (државен,
општински, градски орган...).
3. Персонален принцип- формирање на
организациона целина врз основа на
работи кои се вршат за одредена
карактеристична група луѓе
(инвалиди, пензионери, студенти...).
Комплициран и скап принцип кој
најчесто се користи како внатрешен
организац. принцип во рамките на
еден орган.
Инокосен (монократски) и
колегијален принцип
1. Инокосен – поврзување на една
организациона целина врз основа на
овластувања на едно лице
(директор, министер, раководител...)
кое не само што го претставува
органот, туку располага и со сите
овластувања и одговорности во
врска со неговото работење.
Предности: брзина, ефикасност.
Негативности: недоволна стручност,
концентрација на моќ.
Инокосен (монократски) и
колегијален принцип
2. Колегијален - поврзување на една
организациона единица врз основа
на овластувањата на повеќе лица.
На чело на органот е колегиум
(совет, одбор, комисија...) кој
располага со сите овластувања и
одговорности за работата на
органот. Предности: сестраност,
стручност, демократско одлучување.
Негативности: спорост, неможност
за брза реакција.
Хиерархија и субординација
1. Хиерархиски принцип –
систем на старешинство чија
суштина е во обврската на
подредениот субјект да ги
почитува наредбите на
надредениот старешина во
еден строго формализиран
систем на меѓусебни односи
кои настануваат во врска со
извршувањето на задачите и
работите во рамките на една
организација.
Хиерархија и субординација

2. Субординација – обврска и
должност на потчинетиот да
ги почитува и извршува
наредбите на надредениот.
Граница на субординацијата:
приговор на незаконитост – на
надлежноста, на формата на
наредбата и на нејзината
содржина.
Централизација и
децентрализација
1. Централизација – управување
со организацијата од еден
центар
2. Децентрализација –
управување со организацијата
од повеќе центри. Пренесување
на овластувањата врз
пониските организациони
единици кои имаат извесен
степен на самостојност
Принцип на контрола

Контрола – постојано следење


на реализацијата на
поставените задачи и работи
и споредување на
остварените резултати со
поставената цел, со можност
за корективно влијание во
случај на нивно отстапување.
Компаративни искуства
Во земјите членки на ЕУ,
државната администрација
воглавно е составена од
министерства. Разлики: во
некои држави министерствата
се големи и интегрирани, а во
други земји тие се мали
ентитети специјализирани за
дефинирање на политиката, а
се формираат агенции чија цел
е спроведување на таа
политика.
Компаративни искуства

 Шведска – мали
министерства и извршни
агенции кои се независни од
Владата во одделни области,
пред се во извршувањето на
законите во однос на
поединците и локалната власт
Компаративни искуства
 Велика Британија – од 1980 година е
започнт процес на реформа на
јавнаата администрација преку
пренесување на надлежностите од
министерствата кон т.н. агенции за
следни чекори и разделување на
извршувањето на политиката од
нејзиното креирање. Околу60% од
британските јавни службеници се
вработени во такви агенции кои имаат
договорни односи со ресорните
министерства.
Компаративни искуства

 Франција и Германија
имаат големи и
интегрирани
министерства чија
организација има
класична пирамидална
структура.
Државната администрација како
дел од извршната власт
Јавната администрација се
јавува како фактор на
креирање и на извршување на
политиките (симбиоза на
извршна и управна функција).
Однос на јавната
администрација со:
 Собрание;
 Влада;
 Претседател;
 Судство;
 Други органи и невладин
сектор;
 Граѓани
Однос на јавната
администрација со Собранието
на РМ
 Стручна служба на Собранието на
чело со Генерален секретар;
 Врши стручно-аналитички работи;
 Укажува стручна помош;
 Подготвува законски и
подзаконски акти;
 Укажува стручна помош на
собраниските тела (Комисии,
одбори и сл.)
Однос на јавната
администрација со Владата на
РМ
 Стручна служба на Владата на
чело со Генерален секретар (а во
министерствата – државен
секретар);
 Ги остварува сите функции на
Владата и министерствата и
другите државни органи и
организации;
 Подготвува законски и
подзаконски акти;
 Непосредно ги извршува законите
и подзаконските акти на Владата
Однос на јавната
администрација со
Претседателот на РМ
 Стручна служба на Претседателот
на чело со Генерален секретар;
 Врши извршни и управни работи
од надлежност на Претседателот;
 Врши стручно-аналитички работи
за остварување на функциите на
Претседателот (одбрана,
надворешни работи, безбедност и
меѓунационални односи)
Однос на јавната
администрација со
правосудните органи
 Правосудни органи: судови (Уставен
суд, Врховен, Управен, апелациони и
основни), јавно обвинителство (Јавен
обвинител на РМ, виши и основни),
јавно правобранителство, Судски совет
на РМ
 Стручна служба на чело со Генерален
секретар
 Помага во остварувањето на функциите
на правоудните органи
 Остварува соработка со другите органи
во правосудството (адвокатура,
нотаријат, извршители, медијатори и
сл.)
Однос на јавната
администрација со други органи
и невладин сектор
 Други државни органи: народен
правобранител, Народна банка на РМ,
Државна изборна комисија, Државна
комисија за спречување на корупција,
Дирекција за заштита на лични
податоци, Комисија за заштита на
конкуренцијата, Агенција за државни
службеници, Државен завод за ревизија
и органи на единиците на л.с.
 Невладин сектор: здруженија на граѓани
и фондации
 Врши стручно-аналитички работи и
укажува стручна помош
Органи на администрацијата
во РМ
 Принципи на организација на
државната управа согласно
Законот за организација и
работа на органите на
државната управа од 2000
год: законитост, одговорност,
ефикасност, економичност,
транспарентност, еднаквост и
предвидливост.
Органи на администрацијата
во РМ
 Видови органи на државна
управа согласно Уставот и
Законот:
1. Министерства;
2. Други органи на државна
управа;
3. Управни организации
Органи на администрацијата
во РМ
 Министерства – се основаат за вршење на
функциите на државната управа групирани по
области за еден или повеќе сродни управни
ресори
 Други органи на државна управа – се основаат
за вршење определени управни, стручни и други
работи од надлежност на министерствата
-самостојни органи (дирекции, агенции, комисии)
и органи во состав (управа, биро, служба, архив,
инспекторат, капетанија)
 Управни организации се основаат за вршење
определени стручни и други работи кои бараат
примена на научни и стручни методи и со нив
поврзани управни работи од областите за кои се
основаат министерствата (институт и завод). Се
основаат како самостојни органи на државата
Министерства
 Централни (републички) и
инокосни органи
 Видови: одбрана; внатрешни
работи; правда; надворешни
работи; финансии; економија;
земјоделство, шумарство и
водостопанство; здравство;
образование и наука; труд и
социјална политика; локална
самоуправа; култура; транспорт и
врски; животна средина и
просторно планирање (вкупно 14
министерства)
Други органи на државна
управа
 Самостојни:
1. Комисија за односи со верските
заедници и религиозни групи
2. Агенција за млади и спорт
3. Агенција за иселеништво
4. Агенција за информации
5. Агенција за развој и инвестиции

 Органи во состав (види во


организационата шема на
министерствата)
Други државни органи и органи
на државна администрација
Согласно чл. 7 од Законот, дозволено е
основање и укинување на други државни
органи и органи на државна управа, освен
министерства, само со закон:
 Народна банка на РМ,
 Државна изборна комисија,
 Државна комисија за спречување на
корупција,
 Дирекција за заштита на лични податоци,
 Комисија за заштита на конкуренцијата,
 Агенција за државни службеници,
 Државен завод за ревизија,
 Комисија за хартии од вредност,
 Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување...
Управни организации:

 Државен архив на РМ;


 Државен завод за геодетски
работи;
 Државен завод за статистика
 Завод за индустриска
сопственост
Раководење со рганите на
државна управа
 Министерство – министер
 Самостоен орган на државна
управа, управна организација и
орган во состав – директор
именуван од Влада
 Друг државен орган – директор,
или колективен орган (комисија,
одбор...) избран(и) од Собрание
(посебни закони)
Односи помеѓу министерствата
(хоризонтален однос)
 Прва фаза: судир на надлежности
или друг вид спор помеѓу
министерства – меѓуресорска
група за решавање на спорните
прашања
 Втора фаза: при непостоење
согласност министерствата се
должни да ја известат Владата
 Трета фаза: Владата со насоки го
решава спорот
Поим на јавна служба

 Поим: служби кои задоволуваат


заеднички потреби на
општеството. „Секоја активност
која мора да се обезбеди,
регулира и контролира од
управувачите, зашто е неопходна
за остварување на социјална
меѓузависност и се остварува
само со интервенција на
управувачка сила“ – Леон Диги
Принципи на јавни служби
 Еднаквост (еднаква можност на
граѓаните за пристап кон сите
јавни служби)
 Адаптација кон новите услови
(технолошки развој,
компјутеризација,воведување
пазарни механизми и конкуренција
во работењето)
 Континуитет (редовно, трајно,
непрекинато задоволување на
потребите на граѓаните со
ограничено право на штрајк)
Видови јавни служби:
 Според основачот:
1. Јавни (јавно-правен
субјект)
2. Приватни (приватен
субјект, странски и
домашен)
3. Мешовити (јавно-правен
субјект и приватно
физичко или правно лице
Видови јавни служби:
 Според дејноста:
1. Образование (училиште, факултет,
универзитет)
2. Наука (институт)
3. Култура (кино, театар, балет, опера,
културен центар...)
4. Здравство (амбуланта,
поликлиника,болница, аптека,
клинички центар...)
5. Труд и социјала (центар за
социјална заштита, детска градинка,
дом за стари, одмаралишта...)
6. Други јавни служби определени со
закон (детска заштита, спорт...)
Основање на јавни служби
 Постапка:
1. Донесување акт за основање на
установа
2. Дозвола за вршење дејност од
надлежносто министерство
(решение за лиценца)
3. Склучување управен договор
4. Решение за започнување со работа
5. Запишување во регистер на
установи во соодветното
министерство
6. Упис во централен регистер
(добивање својство на правно лице)
Приватизација на јавни
служби
 Модели на приватизација: договарање
(contracting out), франшизи (монополска
привилегија), ваучери (субвенционирање
на потрошувачот)
 Приватизација на јавни служби во РМ:
продажба на јавна установа во приватна;
преобразба во трговско друштво;
преобразба на дел од јавната установа во
трговско друштво; продажба на дел од
мешовита установа; продажба на дел од
простор или опрема; закуп; концесија и
јавно-приватно партнерство (public –
private partnership PPP)
Литература
 Основна литература:
1. Гелевски, Гризо, Давитковски „Управно право“,
Скопје, 1997, стр. 77-103
2. Гризо, Давитковски, „Проблеми на
управувањето“, Скопје, 2001, стр. 186-212
3. Закон за организација и работа на органите на
државната управа од 2000 година
4. Закон за установи од 2005
 Дополнителна литература:
1. Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр.
30-65
2. Norman Flynn, „Public Sector Management“,
2002, стр. 3-10
Прашања и теми за
дискусија и есеи:
 Поим на организација
 Организациони принципи на администрацијата
 Компаративни искуства
 Јавната администрација како дел од
извршната власт
 Органите на администрацијата во Република
Македонија
 Министерства (внатрешна организација,
надлежности и односи)
 Други органи на управата
 Управни организации
 Други државни органи со управни и јавни
овластувања
 Јавни служби (поим, видови, основање)
 Приватизација на јавни служби

You might also like