You are on page 1of 3

Меѓународен Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“

Факултет за правни науки Свети Николе-Битола, Република С. Македонија


Меѓународно приватно право
Испит, Септември
Име и презиме Дата

Ајан Фератоски 1782010 18.09.2020


Објасни ги следниве прашања (18 поени)

1. Објасни ги двата основни начини за регулирање на односи со странски елемент во


меѓународно приватно право?
За регулирање на граѓанскоправни односи со странски елемент постојат различни точки
на врзување.
Во согласност со тоа кај личните односи како точки на врзување се јавуваат
државјанството или домицилот на физичкото лице или припадноста на правното лице. Кај
стварноправните односи тоа е местото каде што е пронајден предметот. Кај договорните
односи тоа е автономната волја на странките, местото на склучување и извршување на
договорот.
Странскиот елемент може да биде изразен во субјектот на односот пришто една од
странките на односот може да биде странски државјанин а другата домашен пришто
настанува судир на законите за што е битно да се утврдат точките на врзување преку кои
се утврдува меродавниот закон.
2. Наведи примери за сите можни начини за стекнување на државјанство на
Република С. Македонија?
Постојат повеќе начини на стекнување на државјанство во Република С. Македонија. Еден
од начините е здобивање во момент на раѓање со што детето добива македонско
државјанство ако двајцата родители се државјани на РСМ. Исто така, доколку детето е
родено во странство но по потекло е од РСМ има можност до навршување на 18 години да
биде пријавено за запишување како државјанин на РСМ.
Друг начин е натурализацијата со која под заштита се ставаат определена група на луѓе.
Друг начин кој што се јавува како начин на стекнување државјанство е кога едниот или
двата родители се јавуваат како посвоители на дете. Државјанство се добива и со
природување и тоа е кога на еден странец со упрљавен акт од надлежен орган му се
доделува државјанство по негова молба.
Македонско државјанство може да се добие и врз основа на меѓународен договор со што
се воспоставува државјанска врска меѓу лицата на некоја од државите договорнички.
3. Законот во РСМ разликува две категории лица кои можат да бараат заштита во
РСМ. Објансни ги?
Две категории на лица кои можат да бараат заштита во РМ се бегалците и лицата под
супсидиерна заштита во РМ.
Под штитеник или бегалец се подразбира странец кој без натурализација е ставен под
целосна домашна заштита и тоа својство се здобива со формален акт на државата. Тие
исто така се ставени и под меѓународна контрола но и под нмеѓународна заштита.
Според Конвенцијата бегалецот се дефинира како лице кое поради оправдан страв дека ќе
биде прогонето поради својата вера раса, националност припадност и слично е надвор од
државата чиј државјанин е и не може или поради страв не сака да биде под заштита на таа
држава.
Другиот начин е правната положба на лицата под супсидиерна заштита на РСМ пришто
опасноста што им се заканува на овие лица е од пократкотраен карактер. Лицето под ваква
заштита се стекнува со право на престој на територијата на РСМ со траење од 1 година и
се продолжува доколку причините за добивање заштита постојат и по истекот на тој рок.
Ако не е со закон определено овие лица имаат исти права и должности со странците со
одобрен привремен престој на територија на РСМ.
4. Постојат точки на врзување коишто станале типични за определени правни односи.
Наведи кои се тие?
Точки на врзување за стварно правни односи со странски елемент.
Стварните права а особено сопственоста се најнепосредна правна надградба на
производните ондоси. Битни разлики помешу одделни земји постојат во рамките на
облигациите на сопственоста и нивните правни карактеристики.
Оттука како точки на врзување за определување меродавно право за регулирање на
стварноправни односи се јавуваат:местото на наоѓање на стварта; националноста или
припадноста на основните средства за превоз и местото на товарање или истовар на
ствари во превоз.
5. Објасни ги меѓународните трговски арбитражи?
Меѓународна трговска арбитража се дефинира како начин на решавање на спорови од
меѓународен трговски промет, кадешто приватните лица – арбитри, црпејќи ги своите
овластувања од спогодбата на странките, го решаваат спорот кој им е доверен со одлука
која е обврзувачка за странките.
Постојат два вида меѓународни трговски арбитражи: институционални и повремени.
Институционални се оние арбитражи кои имаат постојана организациона структура,
администрација, правила на постапка и листа на арбитри. Таа може да биде формирана
како самостоен правен субјект. Таа може да е затворена (се оние арбитражни
институтциии кои ги решаваат само споровите во кои како една страна е застапена членка
на институциите) и отворена (арбитражни интитуции пред кои може да се изнесуваат
спорови, независно дали една од странките е членка на организацијата во рамките на која
е основана арбитражата.
Привремените арбитражи ја формираат странките за решавање на определен спор по што
истата престанува да постои. Оваа арбитражата нема седиште, администрација и правила
на постапување Таа се формира со назначување на арбитрите од страна на странките, по
донесувањето на одлуката арбитражата престанува да постои.
Општа арбитража е онаа пред која може да се изнесат сите видови спорови од
меѓународна трговија и специјализирана е онаа пред која може да се решаваат само
определени трговски спорови.
Привремена арбитража ја формираат странките за решавање определен спор, по што таа
престанува да постои. Таа нема седиште, администрација и правила на постапување туку
се формира со назначување на арбитрите од страна на странките.
Специјализирана арбитражна институција е онаа пред која може да се решаваат само
определени видови трговски спорови, на пример од трговија со жито од градежни зделки
и сл.
Меѓу најистакнатите меѓународни арбитражи во светот можеме да ги напоменеме:
Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународна трговска комора во Париз, Лондонскиот
меѓуароден арбитражен суд и др..
Спогодбата за меѓународна трговска арбитража може да е со арбитражен компромис и
компромисна клаузула. Арбитражен компромис е спогодба на странките да го подложат
веќе настанатиот спор меѓу нив за решавање а компромисорната клаузула е одредба од
трговскиот договор склучен меѓу странките со кооја се предвидува сите или некои
спорови кои во иднина би произлегле од тој договор да бидат изнесени пред арбитража.

You might also like