You are on page 1of 2

Меѓународен Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“

Факултет за правни науки Свети Николе-Битола, Република С. Македонија


Меѓународно јавно право
Испит, Септември

Име и презиме Дата

Ајан Фератоски 1782010 18.09.2020

Објасни ги следниве прашања (18 поени)

1. Објасни ги меѓународните договори како извор на меѓународно право?


Изворите на меѓународно право се однесуваат на вредностите и материјалните фактори
кои се темел на задолжителната сила на меѓународните правни норми.
Под поимот меѓународен договор се подразбира правен акт кој е производ на согласноста
на волјите на два или повеќе субјекти на меѓународното право изразено преку надлежните
органи за да се создадат апстрактни правни правила со установени права и обврски со
определена сфера на заеднички интерес за да се реши некое спорно прашање.
Мешународните договори ја регулираат материјата на меѓународното право и се
најзначајни извори.
2. Постојат правни критериуми за државност. Објасни кои се тие?
Државата претставува вид на правна личност признаена од меѓународното право.
Сувереноста на државата зависи од прашањето на фактичка контрола над територијата и
населението.
Правни критериуми за постоење на државност се: постојано население; дефинирана
територија; суверена власт; правен капацитет да влегува во односи со други субјекти на
меѓународното право и волја да ги почитува основните начела и норми на меѓународното
право.
Населението е група на луѓе правно поврзани со државата преку државјанството кое е
правна врска меѓу човекот и државата. Територијијата е вид на белег на државноста без
чие постоење нема држава.
Суверена власт подразбира највисока политичка и правна власт над населението и
итериторијата над која нема арбитрарна власт и исто така обврска за државата да ги
задоволува сите правни барања на своите граѓани.
Независност да влегува во односи со други субјекти подразбира дека суверената држава
мора да е наполно независна од политичките и правни влијанија на други држави.
3. Постојат повеќе видови на сложени држави. Објасни ги истите?
Државите се делат на прости и сложени. Сложените држави се составени од повеќе
држави. Постојат повеќе видови и тоа:
Персонална унија – две или повеќе држави на чие чело стои монарх и кои се правно
поврзани преку неговата личност. Станува збор за заеднива која во принцип настанува на
два начина : по пат на совпаѓање на наследни редови или по пат на избирање на владател.
Реална унија – за разлика од персоналната, реалната се случува врз основа на меѓудржавен
договор меѓу суверени држави кои сочинуваат меѓународно правна личност.
Конфедерација – тип на сложена држава составена од повече држави врз основа на
меѓународен договор. Со тоа, државите потписнички стапуваат во сојуз за да остварат
извесни цели но секоја од нив си ја запазува својата сувереност. Тука секоја членка си има
посебно подрачје и државјаноство.
Федерација – сложена држава составена од повеќе држави која е заснована врз УСтав.
Секоја единица на федерацијата е субјект на меѓународното право.Додека
конфедерацијата беше заснована врз меѓународен договор, федерацијата се базира врз
устав.
4. Наброј и објасни ги групите на органи надлежни за меѓународните односи ?
Органите надлежни за меѓународни односи може да се поделат на две групи: органи чие
седиште е во самата држава; органи чие седиште е на територијата на други држави.
Во првата група спаѓаат: шефот на државата; Претседател на Влада и Министер за
надворешни работи.
Во втората група се дипломатските и конзуларните претставници како и постојаните
претставници на државите во меѓународните организации.
Шефот на државата е орган кој ја претставува државата во земјата и странство и води
преговори и склучува меѓународни договори. Тој ги поставува амбасадорите и прима
акредитивни писма. Тој ужива привилегии, имунитети.
Претседателот на Владата е личност која ја претставува Владата како колективен орган и
ја обединува нејзината работа и одговорност. Тоја ја претставува Владаљта во земјата и
странство и води надворешна политика.
Министерот ги води сите прашања кои се во надлежност на Владата од областа на
меѓународните односи и надворешна политика.
Исто така во остварување на меѓународни односи можат да бидат вклучени и
парламентарни тела.
Дипломаите пак извршуваат дејности на меѓународен план и упатуваат или примаат
специјални мисии со државите. Дипломатските мисии можат да бидат амбасади и легации.
5. Објасни што подразбираш под Pacta sunt servanda, како општо начело на правото и
на етиката?
Ова значи дека договорите мора да се почитуваат и е општо начело на етиката и правото.
Ова правило станува правна кагтегорија за соработка меѓу државите. Ова правило мора да
е почиитувано дури и ако ветувањето е му е дадено на тиранин во војна или мир.
Виенската конвенција опреледува дека секој договор што е во сила ги обврзува
договорните страни и ите мора совесно да го извршуваат. Функцијата на ова правило е да
обезбеди почитување и извршување на договорните обврски.

You might also like