You are on page 1of 6

Third Macedonian Brigade Street, Phone/Fax: +389 2 246 3156, admissions@uacs.edu.mk, www.uacs.edu.

mk

Семејно и наследно право


Број на курсот: LEGL 3183
Семестар: есен 2016
Распоред на часови: ___часот
Професор: проф. д-р Марко Андонов
Контакт e-mail: andonov@uacs.edu.mk
Контакт тел: 078 455 130
Времетраење на курсот: 60 часа
Кредитни часа: 8 ЕКТС

Задолжителна литература:
- Семејно право - учебник, д-р Љилјана Спировиќ-Трпеновска, Правен
факултет „Јустинијан Први“ Скопје, 2008 година
- Наследно право - учебник, д-р Љилјана Спировиќ-Трпеновска, 2-ри
Август С Штип, Скопје, 2009 година

Дополнителна литература:
- Закон за семејството
- Закон за наследување

Предавања и материјал на moodle платформа

Преглед на курсот:

Семејното и наследното право се две правни дисциплини кои се меѓусебно


поврзани и испреплетени, при што тенденциите одат во насока на нивно
изучување како еден наставен предмет на правните студии. Ваквите тенденции
се прифатени и на нашиот Факултет за правни науки. Оттука, ќе започнеме со
семејното право, кое ги опфаќа брачното право или поточно односите кои
настануваат меѓу брачните другари кои настануваат со склучувањето на бракот,
содржината на тие односи, како и престанокот на бракот. Воедно, предмет на
изучување на семејното право е и родителското право, односно односите кои
настануваат меѓу родителите и децата, како и проблематиката на посвојувањето.
Старателството е уште еден институт од доменот на семејното право чија цел е
обезбедување на заштита на малолетни лица без родителска грижа, како и на
полнолетни лица кои не се способни да се грижат за себе. Исто така, предмет на
изучување ќе биде и издржувањето во семејството, како израз на солидарноста
меѓу неговите членови, како и одредени аспекти на имотните односи во бракот
и вонбрачната заедница.
Во рамки на наследното право, ќе бидат разгледани основните услови за
настанување на наследно-правниот однос, како и универзалната и сингуларната
сукцесија. Воедно, ќе се проучат и системите на наследување, по што ќе бидат
разгледани и законското наследување, наследните редови, нужното законско
наследување, но и тестаменталното наследување. На крајот, соодветно
внимание ќе биде посветено и на наследно-правните договори.

Цели на курсот:

Основната цел на курсот е да ги запознае студентите како со најбитните


теоретски аспекти на семејното и наследното право, така и со конкретната
правна регулатива од оваа област во Република Македонија.
Се очекува студентите да се стекнат со конкретни и практични знаења за
правните институти од областа на семејното и наследното право, при што
истите ќе бидат подготвени да се соочат со одредени правни ситуации во
праксата.

Очекувања на професорот од студентите:

 Да присуствуваат редовно на часовите и да ги земат забелешките од


предавањата, кои ќе им служат како основа за литературата.
 Да придонесат кон интерактивност на часовите
 Подготовка и следење на сопствена програма за читање дома и
пишување на домашни задачи
 Критично размислување за ситуациите презентирани на часовите
 Да се избегне анти-социјално однесување во Колеџот и анти-академско
однесување во училницата (пр. Плагијаторство, препишување)
 Да се проба да се поврзе материјалот со сродните предмети

Структура на испитувањето:
 Испити: 1 полусеместрален (колоквиум) и финален испит. И двата
испита ќе содржат прашања од предавањата и литературата
(точно/неточно, повеќекратен/еднократен избор и есејски).
 Проектна задача: студентот ќе треба да го презентира своето мислење
базирано на рационално размислување за одредена тема.
 Присуство и Активност на часови: има влијание на оценката. Отсуството
од часови и / или не учествувањето во предавањата ќе биде оценето
негативно и може да ја намали финалната оценка.

Распоред на наставата

Дата Тема
Недела 1 Вовед и начин на работа,
Литература
Тема: Поим, предмет, задачи и начела на семејното право

Недела 2 Тема: Семејство


Типологија и функции на семејството
Сродство
Недела 3 Тема: Брачно право

2
Начела на брачното право
Услови и форма за склучување на брак
Недела 4 Тема: Дејства на бракот
Престанок на бракот
Недела 5 Тема: Родителско право, права и должности на родителите и
децата и засновање на односи меѓу родители и деца
Посвојување, поим и услови за посвојување
Недела 6 Тема: Старателство, поим и начела
Издржување, поим и издржување на деца и брачен другар
Имотни односи меѓу брачните другари
Недела 7 Прв испит
Недела 8 Тема: Поим, имотно-правен карактер на наследувањето како
универзална и сингуларна сукцесија
Основни услови за настанување на наследно-правниот
однос
Недела 9 Тема: Утврдување на составот на оставината
Начела на наследното право
Формирање на тимови од студенти за обработка на проект
Недела 10 Тема: Законско наследување, сродството и брачната врска како
основи за повикување на наследство
Круг на законските наследници: наследни редови
Недела 11 Тема: Исклучување и недостојност за наследување
Нужно наследување
Недела 12 Тема: Тестамент, поим, својства и форми

Недела 13 Тема: Содржина на тестаментот

Недела 14 Презентација од студентите за изработениот проект


Недела 15 Финален испит

Заедничка стручна компонента (Common/Core Professional Component)

Вкупно 60
Правно опкружување во бизнисот 25
Сметководство 1
Деловни финансии 1
Економија 5
Деловна етика 3
Глобална димензија на бизнисот 3
Менаџмент (Организациско однесување, Оперативен менаџмент) 6
Маркетинг 1
Менаџмент на информациони системи 5
Критериуми за оценување
Статистика/Математика 1
Деловна политика/стратегии 2
Оценка % квалитет
Практична работа A 7
96-100 4.00
A- 90-95 3.67
B+ 87-89 3.33
B 83-86 3.00
Насоки за оценување: B- 80-82 2.67
C+ 77-79 2.33
C 73-76 2.00
C- 70-72 1.67
D+ 67-69 1.33
D 63-66 3
1.00
D- 60-62 0.67
F 0 -59 0.00
 Колоквиум 30%
 Финален испит 30%
 Домашна работа 10%
 Проект (семинарска) 20%
 Присуство и активност 10%

Испитите се со затворени книги:


Мобилните телефони се строго забранети за време на часовите. Под активно
учество се мисли на напорот и интересот што студентот го покажува во класот,
вклучително и домашните задачи.

По секој час се очекува студентите да го учат поминатиот материјал, да ги


прочитаат соодветните вежби, да ги откријат проблематичните делови и да
постават прашања на следниот час директно до мене или на часот.

Поправни (маке-уп) тестови се овозможуваат само во исклучителни случаи.


Препишување или плагијаторство во било која форма ќе резултира директно во
оценка Ф. Некомплетни оценки ќе се даваат само ако студентот оправдано
отсуствува на полусеместрален или финален испит, и не е во можност да
надокнади пред предавање на финалните оценки. Ве молам, сериозно земете во
предвид дека нема да има исклучоци во врска со горенаведеното.

Изведување на часот:
Одговорни сте за се што е презентирано или дискутирано на часот. Единствен
начин за да нема недоразбирање со предметот е Вашето редовно присуство, за
што се води редовна евиденција. Часот започнува точно во определеното време
и не се дозволени доцнења, кои влијаат на квалитетот на наставата.

Најважно е дека доцнењата пречат и на другите студенти, поради што


дозволено е до 5 минути доцнење. Ве молам, воздржете се од зборување на
часовите, доколку не ви е дозволено од мене. Очекувам најдобро однесување од
Ваша страна. Доколку имате прашање за материјалот, Ве молам не се
воздржувајте да прашате, затоа што одговарањето на Вашите прашања е дел од
мојата работа. Доколку нешто не Ви е јасно, Вашето прашање може да ја
разјасни проблематиката.

Запомнете го следното:
Ц- или повисоко е потребно за да се користи предметот.
Г.П.А. (Граде Поинт Авераге): е пресметан за секој студент посебно користејќи
ги квалитативните поени здобиени за секој предмет. Најмалку 1.67 ГПА е
потребно за трансфер или за диплома од УАЦС. Ви посакувам интересен и
креативен академски семестар.

Академска искреност:
Американ Колеџ со личниот интегритет се залага и ги реализира сите академски
активности согласно високо моралните норми и со отсуство на неовластена
поддршка. Студентите при уписот и личната регистрација се запознаваат со
моралниот систем на Американ Колеџ.

4
Плагијаризмот е сериозен престап и резултира со неположување на испитот,
или проектот, со неположување на курсот и со исклучување од настава.

Забрането е продавање и / или купување на прибелешки од било која форма


( посмена, електронска, или во друга) за време на овој курс на или од лица или
компанија, без претходна писмена согласност од професорот што го предава
предметот.

Навремено завршување на обврските:

Домашните задачи се доставуваат на првиот следен час од кога се зададени,


додека пак проектот се доставувана часот пред финалниот испит ( 14-та недела).
Можност за поправка за не почитување на зададените рокови не постои или со
други зборови задоцнети проекти не се прифакаат. Доставувањето на сите
зададени задачи на време е клучно за брз развој на успешна деловна кариера.

Забелешка: Задоцнети проекти нема да се прифаќаат и за истите нема да се


доделуваат кредити.

Изработка на проект (семинарска работа)


Во текот на семестарот ќе имате обврска да изработите еден проект (семинарска
работа) поврзана со предметот, при што постои можност и самите да дадете
предлог за темата која што би сакале да ја работите, по претходна добиена
согласност од моја страна.

Темата и точниот наслов треба да ми го испратите електронски, за да ви


одобрам дали може да го работите истиот.

Финалната форма на истражувачкиот проект треба да биде изработена на


македонски јазик, професионално по форма и изглед (фонт: МАЦ Ц СЊИСС
или Ариал со македонска поддршка, големина на фонт: 12, параграф:Лине
спацинг: 1.5 линес). Број на зборови: максимум 3000. Проектот треба да биде
изработен индивидуално или максимум од тројца студенти, зависно од
тежината на темата.

Истражувачкиот проект во електронска и писмена форма, при што ќе биде


потребно треба да се направи и презентација, со чија помош, студентите ќе
имаат усна презентација.

Користење на EBSCO
EBSCO е интернет база на податоци која нуди широк распон на текстови,
абстракти и база на податоци на библиографија во различни области, како што е
бизнис, образование, наука, здравство и други. Таа нуди пристап на
електронски статии, книги, биографии, истражувања и сл. Се препорачува на
студентите да ја користат оваа база што ја нуди Универзитетот за сите задачи
што треба да ги извршат, како што се домашни, дискусии, семинарски работи и
други.

5
Проектната задача треба да се организира и да одговори на следниве наслови и
поднаслови:

I. Насловна страна и Содржина


Насловната страна мора да содржи:
 име на образовна институција,
 име на проектната задача,
 име и презиме и ИД број на студентот,
 име и презиме на професорот,
 место и датум на изработка на проектната задача.

II. Кратка содржина

1. Вовед со клучни зборови


2. Теоретско дефинирање, карактеристики и специфичност на темата
3. Примена на темата
4. Заклучок

Изготвил: д-р Марко Андонов


Дата: август 2016 година

You might also like