You are on page 1of 44

OOУ „Коста Рацин “– с.

Подареш Радовиш

ГОДИШЕН (ГЛОБАЛЕН) ПЛАН


за реализација на наставната програма по Иновации за IX одделение

Број на часови

и
Време на
Ред. бр.

Вежби/практична
реализација

Нова содржина
Програмско подрачје

Повторување
(месец / година)

утврдување
примена

Вкупно
РАЗВОЈ НА ЛИЧЕН
1. ПРОФИЛ-КОЈ Е 4 1 1 6 IX, X/2023
ПРЕТПРИЕМАЧ?

ПРЕТПРИЕМАЧКА
2. ОКОЛИНА-КОИ СЕ 3 1 1 5 X, XI/2023
МОЖНОСТИТЕ?

ПРОИЗВОДСТВЕНИ И
УСЛУЖНИ ПРОЦЕСИ-
3. СОЗДАВАЊЕ НА 4 2 1 7 XI, XII / 2023
ВРДНОСТ

ОСНОВИ НА
ФИНАНСИСКАТА
4. ПИСМЕНОСТ, 6 5 1 12 I, II, III, IV / 2024
МАРКЕТИНГ И
ПРОДАЖБА

РАЗВОЈ НА
КОМУНИКАЦИСКИТЕ
5. ВЕШТИНИ-ШТО 1 3 2 6 IV, V, VI / 2024
НАУЧИВ

Вкупно 36
ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО
ПЛАНИРАЊЕ

ЗА ПРЕДМЕТОТ

ИНОВАЦИИ

ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Учебна 2023/2024 година

Предметен наставник:
Раде Филиповски
Програмско подрачје:РАЗВОЈ НА ЛИЧЕН ПРОФИЛ-КОЈ Е ПРЕТПРИЕМАЧ?(6
часа)

Р.бр. Наставни содржини Реализација

1 Запознавање со наставната програма на предметот на


иновации; Интереси и амбиции- Личен профил

2 Претприемачки компетенции- вештини и однесувања ИКТ


Септември-
3 Кариерни можности- Извори на информации за кариера Октомври
ИКТ

4 Кратка биографија (CV) и мотивационо писмо

5 Вежба: Подготовка на кратка биографија (CV) и


мотивационо писмо- ИКТ

6 Тематско повторување

Цели на наставната тема:


Ученикот/ученичката:

 да ги идентификува своите интереси и амбиции за во иднина;


 да може да развие личен профил, да ги опише своите вештини, квалитети,
интереси и амбиции;
 да се запознае со поимот претприемач;
 да идентификува кариерни можности коишто најдобро одговараат на своите
вештини и таленти;
 да ја разбира личната, социјалната и финансиската придобивка од работењето;
 да идентификува различни работни позиции;
 да идентификува различни кариерни можности;
 да знае да подготви кратка биографија (CV)

Час 1:

Цели:Ученикот/ ученичката:

 да се запознае со целите на наставата по иновации (зошто ќе учи), содржината


(што ќе учи), начинот на работа (кои упатства ќе ги добива), преку кои
активности ќе учи (постапки низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со
потребните способности и вештини);
 да разбере како, кога и со кои начини, инструменти и критериуми ќе биде
оценувано неговото знаење и напредување;
 да се запознае со наставните средства: компјутер, различни други извори на
знаење, како и начините како ќе ги користи.
 Да ги идентификува своите интереси и амбиции за во иднина;
 да може да развие личен профил, да ги опише своите вештини, квалитети,
интереси и амбиции.

Наставна содржина:Запознавање со наставната програма на предметот на


иновации; Интереси и амбиции- Личен профил

Активности:

Наставникот ги запознава учениците со општите цели на предметот и


конкретните цели за првата тема.

Наставникот во кратки црти ги презентира темите кои се изучуваат по овој


предмет. Ги запознава учениците со начинот на работа и оценувањето на нивното
знаење. Им помага и ги насочува во истражувањата и активностите за секоја тема.
Учениците внимателно слушаат, ги извршуваат дадените обврски и активно
учествуваат во дискусиите во врска со дадената содржина.

 наставникот преку поставување на прашања на учениците им помага да ги


усвојат поимите од каталог
 води дискусија за нивните интереси и амбиции
 секој ученик на работно ливче го искажува својот личен профил

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Работа во група

Метод на објаснување.

Наставни средства:

 Учебник, прирачници, компјутерска опрема, дигитални содржини.


Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час.

Домашна задача:Писмен состав на тема „И јас имам вештини и талент!“

Час 2

Цели:Ученикот/ученичката

 Да се запознае со вештините на претприемачите


 да разбере дека претприемачите се луѓе кои сакаат да ги држат сите конци во
свои раце
 да свати дека движачката сила на претприемачите е во соочувањето со
опасностите кои го загрозуваат неговиот успех

Наставна содржина: Претприемачки компетенции- вештини и однесувања ИКТ

Активности:

Наставникот преку дискусија со учениците ги запознава со поимот претприемач

 дискусија за претприемачките компетенции на претприемачите со учениците


каде ги слуша нивните мислења
 учениците ги дели во парови и им задача на интернет да најдат текст за
успешен претприемач и да го прочитаат. Потоа го анализираат текстот,
дискутираат во парови и ги идентификуваат вештините и однесувањата на
претприемачот
 Добиват работен лист и одговараат на поставените прашања во работниот лист,
ги запишуваат на лист хартија и дискутираат за нив.

Примена на ИКТ: Изработки воOpenOfficeWriter,Интернет (http://it.com.mk/ova-se-


16-te-startapi-koi-dobija-450-000-evra-od-fondot-za-inovacii/,
http://www.entrepreneur.com/article/200730, http://success.com/article/50-greatest-
entrepreneurs-of-all-time, http://www.investopedia.com/slide-show/young-entrepreneurs/)
Цели на примена на ИКТ:Учениците да се запознаат со вештините на претприемачот;
Да се насочат кон истражувачка и самостојна работа применувајќи го стекнатото
знаење,надоградувајќи се преку истражување на Интернет.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална
Демонстративен Работа во група

Метод на објаснување.

Наставни средства: Компјутер, работен лист, учебник

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час.

Домашна задача:Истражувај и направи споредба помеѓу маж и жена претприемач!

Час 3

Цели: Ученикот/ученичката

 Да идентификува кариерни можности коишто најдобро одговараат на своите


вештини и таленти;
 Да ја разбере личната, социјалната и финансиската придобивка од работењето;
 Да идентификува различни работни позиции и кариерни можности;

Наставна содржина: Кариерни можности- Извори на информации за кариера ИКТ

Активности:

Наставникот ги слуша домашните задачи од учеиците зададени пред минатиот


час, писмени состави на тема „И јас имам вештини и талент!“. Откако сите ученици ќе
ги прочитаат своите состави наставникот започнува дискусија со нив за тоа како
мислат да ги искористат своите вештини и таленти? Преку оваа дискусија ги насочува
учениците да размислуваат за нивните кариерни можности. Им објаснува за нивните
кариерни можности како и за придобивките од работењето.
Наставникот бара од учениците да набројуваат, а тој запишува на табла,
различни работни позиции, разлини професии и се води дискусија за истите.
Наставникот соодветно на одговорите на учениците им посочува различни извори на
информации за кариера, почнувајќи од презентации на различни средни училишта,
потребно универзитетско знаење, искуство и докфалификации, можности за обуки и
практични вежби, па се до следење на пазарот на трудот, огласи за вработување,
најчесто барани стручни подготовки и сл.
Учениците ги читаат своите домашни задачи и дискутираат околу истите.
Одговараат на усни прашања од наставникот. Внимателно и активно ги слушаат
објаснувањата на наставникот. Се запознаваат и разгледуваат различни извори на
информации за кариера.
Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Метод на објаснување.

Наставни средства: Учебник, компјутер, дигитални содржини.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици.

Час 4

Цели: Ученикот/ученичката

 да осознае дека CV-то е најсилното маркетиншко оружје на лицето што бара


работа
 да ги научи најважните совети пред да ја испрати професионална биографија
 да разбери дека заедно со CV-то треба да испрати и мотивационо писмо
 Да знае што треба да содржи мотивационото писмо
 Да умее да изработи мотивационо (пропратно) писмо

Наставна содржина:Кратка биографија (CV) и мотивационо писмо- ИКТ

Активности:

Наставникот пред учениците ги истакнува потребите од подготовка на


квалитетна професионална биографија, ги упатува учениците на кои страни може да
истражуваат и им задава работен лист со задачи, учениците ги презентираат своите
истражувања и ги објаснуваат начините на презентирање на податоците во CV и
типовите на CV. Наставникотпредученицитегиистакнувапричините за
потребитеодподготовкана мотивационо писмо. Ги објаснува целите на мотивационото
писмо како и советите како да се подготват пред да започнат со пишување на
мотивационото писмо.
Им обрнува внимание за формата на мотивационото писмо и што да проверат
пред да го испратат, гираспоредува за работа на комјутер и им поделува примерок од
мотивационо писмо како пример, а во исто време им ја посочува и објаснува работната
позиција за која се однесува мотивационото писмо.

Примена на ИКТ: Изработка на кратка биографијавотекст процесор.


Цели на примена на ИКТ:Да знае да подготви CV во електронска форма, Да го
применува стекнатото знаење во дадени ситуации со примена на софтверски
апликации.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Метод на објаснување.

Наставни средства: Учебник, компјутер, мотивационо писмо и CV.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час.

Домашна задача:Подготовка на мотивационо писмо- за аплицирање за упис во средно


училиште.

Час 5

Цели: Ученикот/ученичката

 Да знае да изработи CV
 Да креира мотивационо писмо

Наставна содржина: Вежба: Подготовка на кратка биографија (CV) и мотивационо


писмо- ИКТ

Наставникот започнува дикусија за изработката на CV-а и мотивациони писма со цел


да го повтори материјалот од предходниот час.
Гираспоредува за работа на комјпутер и им поделува примерок од мотивационо
писмо како пример, а во исто време им ја посочува и објаснува работната позиција за
која се однесува мотивационо писмо. Им дава адреса на која треба да го препратат
мотивационото писмо
Учениците ги презентираат своитеCV-а и мотивациони писма и го објаснуваат
редоследот н апасусите кои се презентираат во писмото.

Примена на ИКТ: Изработка на кратка биографија во текст процесор.


Цели на примена на ИКТ:Да знае да подготви CV во електронска форма,
Дагоприменувастекнатотознаењеводадениситуации со примена на софтверски
апликации.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Метод на објаснување.

Наставни средства: Компјутер, мотивационо писмо и CV.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час.

Час 6

Цели: Ученикот/ученичката

 утврдување, систематизирање и презентирање на стекнатите знаења за темата.

Наставна содржина:Тематско повторување

Активности:

Наставникот изготвува инструмент за проверка на постигањата на учениците,


контролни прашања со кои ја согледува ефикасноста од наставата и учењето.
Наставникот ја следи работата на учениците.
Ученикот самостојно одговара на поставените прашања.

Наставни методи: Наставни форми:


Објаснување Индивидуална

Пишување

Наставни средства: Тематски тест

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно


оценување:проверка на точноста на контролните прашања.

Програмско подрачје: ПРЕТПРИЕМАЧКА ОКОЛИНА- КОИ СЕ


МОЖНОСТИТЕ?– (5 часа)

Р.бр. Наставни содржини Реализација

1 Глобализација

2 Поим и значење на претприемништвото Октомври-


Ноември
3 Претприемачки процес

4 Карактеристики на претприемачот ИКТ

5 Тематско повторување

Цели на наставната тема: ученикот/ученичката

 да се запознае со поимите глобализација и економски можности;


 да се запознае со поимите претприемништво и претприемачки процес;
 да се запознае со карактеристиките на претприемачот;
 да ја разбира улогата и придонесите на претприемачот во локалната заедница и
во општеството.

Час 1

Цели: ученикот/ ученичката

 Да се запознае со поимите глобализација и економски можности;

Наставна содржина: Глобализација

Активности:

Наставникот го запишува насловот на денешната наставна содржина на табла и


истиот им го објаснува на учениците. Им објаснува дека глобализацијата ги интегрира
општествата, ги хомогенизира идеите, верувањата и животните стилови. Но, од друга
страна, таа ја охрабрува разнообразноста и го диверзификува општеството.
Глобализацијата предизвикува страв поради губењето на идентитетот на општеството,
провоцира културен отпор и стимулира повторно откривање на ендогените традиции,
за да се поткрепат барањата за чувството на разлика. Води дискусија со учениците за
разбирање на претприемачката околина во смисол на економските можности во
Република Македонија и пошироко.
Учениците внимателно ги слушаат објаснувањата на наставникот и активно
учествуваат во дискусија на тема „глобализација“.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Презентација Работа во група

Наставни средства: Учебник

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици преку учество во дискусии.

Час 2

Цели: ученикот/ученичката

 Да се запознае со поимите претпријатие, претприемач и претприемништво;


 да разбере дека претприемаштвото е превземање на ризик и можности;
 да сфати дека претприемаштвото е главен двигател на иновативност,
конкурентност и развој.

Наставна содржина: Поим и значење на претприемништвото


Активности:

Наставникот го поттикнува интересот на учениците за часот преку дискусија


околу производи/ услуги од секојдневниот живот кои им се омилени на учениците и
кои редовно ги користат, мобилни уреди, компјутери, социјални мрежи, сендвичи и
пијалоци. Ги објаснува поимите претпријатие, производ, услуга, претприемач а од тука
и поимот претприемништво како процес во кој се задоволуваат незадоволените
потреби и се решаваатодредени проблеми на пазарот преку користење ресурси од
страна на еден претприемач сè со цел остварување профит. Наставникот прави план на
табла во кој се запишуваат клучните поими од денешниот час, а потоа дели наставен
лист со вежби за препознавање на потреби кој учениците го решаваат во мали групи.
Наставникот отвара дискусија за нивните потреби и желби во опкружувањето.
Учениците внимателно ги слушаат објаснувањата на наставникот и активно
учествуваат во дискусија. Ги воочуваат корените на претприемаштвото и поврзаноста
на потребите и желбите на купувачите со производството и продажба на одредени
производи или услуги а се со цел остварување на профит. Решаваат вежби за
препознавање на потреби, со цел развивање на претприемачкиот дух и креативен начин
на размислување. Учениците ги презентираат своите размислувања кои ги напишале во
наставниот лист.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Работа во група

Објаснување

Наставни средства: Учебник, прирачници, наставни листови, чек листа.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици преку учество во дискусии, тимска работа на конкретни вежби,
одговори на поставени задачи и нивна презентација.

Час 3

Цели: ученикот/ ученичката

 Да се запознае со поимите претприемништво и претприемачки процес.


 Да се запознае со фазите на претприемачкиот процес;
 Да сфати дека претприемачкиот процес треба да се повторува, обновува и
подновува со цел да опстане на вистинскиот пат.,

Наставна содржина: Претприемачки процес

Активности:

Преку усни прашања проверува колку учениците ги усвоиле изучените поими


од минатиот час, претпријатие, претприемач и претприемништво. Наставникот им
објаснува на учениците дека претприемачкиот процес всушност се состои од повеќе
фази кои редоследно се повторуваат а кои се од голема важност за успешноста на
претприемачот бидејќи претприемачот повторувајќи ги овие фази открива нови
можности на пазарот, ги тестира и ги развива тие можности за да креира нови и
успешни бизниси. Наставникот го објаснува претприемачкиот часовник, со акцент на
важноста на секоја фаза одделно.
Учениците внимателно ги слушаат објаснувањата на наставникот и активно
учествуваат во дискусија. Анализираат фази од претприемачкиот часовник,
дискутираат за нивното значење и влијание на успешноста на бизнисот. Ги
обележуваат фазите на претходно подготвен (испечатен) претприемачки часовник кој
се истакнува како потсетник во училницата.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Работа во група

Објаснување

Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, дигитална содржина


Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици.

Час 4

Цели: ученикот/ ученичката

 Да се запознае со карактеристиките на претприемачот;


 да ја разбере улогата и придонесите на претприемачот во локалната заедница и
во општеството.

Наставна содржина:Карактеристики на претприемачот ИКТ

Активности:

Наставникот им објаснува на учениците дека на овој час ќе се потрудат заедно


да ги претстават карактеристиките кои треба да ги има еден успешен претприемач, но
дека сепак тоа е тешко прашање кое нема конечен дефинитивен одговор инаку секој би
ги следел тие особини и би бил успешен. Преку бура на идеи на табла се запишуваат
најважните особини кои треба да ги има еден успешен претприемач и се дискутира за
истите. Наставникот им презентира на учениците видео интервју преку ЛЦД проектор
со еден усепшен македонски претприемач кој ќе зборува за успехот на сопствениот
бизнис и иновативните потфати кои ги превзел за да дојде до него. Учениците
добиваат задача внимателно да слушаат и да се обидат да ги препознаат позитивните и
најважни особини на овој успешен претприемач. Потоа се дисутира за истите.
Наставникот им дели вежби на наставен лист во електронска форма кој учениците
индивидуално го пополнуваат, а има за цел да го истакне нивниот креативен и
претприемачки дух.
Учениците преку бура на идеи заедно со наставникот ги идентификуваат и
објаснуваат најважните карактеристики на еден успешен претприемач. Слушаат видео
презентација и активно одговараат на поставени прашања од наставникот. Секој
ученик пополнува наставен лист со вежби и задачи од изучената наставна содржина.

Примена на ИКТ:Проследување на видео презентација на успешен македонски


претприемач (http://www.makedonija24.mk/play/kristijan-danilovski-ako-si-dovolno-dobar-
e-uspees-i-od-makedonija?options%5Bcurrent_component_instance
%5D=video_list&options%5Bvideo_list%5D%5Bfilter_request%5D%5Btitle%5D=
%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0).
Изработка на наставни листови во електронска форма, со помош на текст процесор.
Цели на примената на ИКТ: Учениците
Дасенасочатконистражувачкаисамостојнаработаприменувајќигостекнатотознаење,надо
градувајќисепрекуистражувањенаИнтернет.
Дасеоспособуваатза учење надвор од училиште преку видео туторијали и образовни
софтвери.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Презентација Работа на компјутери


Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, дигитална содржина, наставен
лист

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици.

Домашна задача:Учениците добиват анкетен лист со прашања кои ќе им помогнат да


остварат интервју со локален претприемач, според кое ќе треба да изработат статија со
дефинирање на фазите од претприемачкиот процес, издвојување на карактеристиките,
иновативните потфати, како и околината во која функционира неговото претпријатиеи
влијанието врз неа.

Час 5

Цели: ученикот/ ученичката

 да се согледа континуитетот на учење на учениците и колку тие успешно ги


совладуваат новите наставни поими.

Наставна содржина: Тематско повторување

Активности:

Наставникот ја објаснува целта на денешниот час како и начинот на кој истиот


ќе се реализира. Ги објаснува прашањата и задачите од тестот, времето кое го имаат
уечниците на располагање за решавање на истите, ги истакнува критериумите за
вреднување на покажаните знаења на учениците и им ги дели тестовите за работа на
учениците. За време на целиот час, ја следи и насочува работата на учениците, ги
разјаснува прашањата кои им се недоволно јасни на учениците.
Учениците индивидуално одговараат на прашањата од контролниот тест.

Наставни методи: Наставни форми:

Објаснување Фронтална

Анализа Индивидуална
Синтеза

Наставни средства: Контролен тест со прашања од изучените содржини од наставната


тема

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Уснаповратнаинформација, точни одговори на поставените прашања и задачи


од контролниот тест, како и описна оценка за квалитетот на спроведеното интервју и
изработениот есеј на тема, успешен претприемач од локалната средина.

Наставната тема 3:ПРОИЗВОДСТВЕНИ И УСЛУЖНИ ПРОЦЕСИ-


СОЗДАВАЊЕ НА ВРЕДНОСТ– 7 ЧАСА

Р.бр. Наставни содржини Реализација

1 Потреби и барање можности за бизнис

2 Креативност, инвентивност и иновации ИКТ

3 Фактори на производство и видови на производствени и


услужни процеси
Ноември-
4 Производи и услуги Декември

5 Вежба: Изработка на дизајн/ скица на некој нов производ


ИКТ

6 Развој на претприемачки идеи

7 Посета на производствена фирма во околината на


училиштето

Цели на наставната тема:

Ученикот/ученичката:

 да ги распознава потребите и можностите за бизнис;


 да се запознае со поимите креативниост, инвентивност и иновации;
 да ги разбере иновациите како основа за економскиот развој.
 да се запознае со основните фактори на производството;
 да се запознае со основните видови производствени и услужни процеси;
 да знае да користи техники за генерирање и селекција на идеи;
 да знае да користи различни техники за развој на претприемачки идеи.

Час 1

Цели: ученикот/ ученичката

 да ги распознава потребите и можностите за бизнис.

Наставна содржина:Потреби и препознавање на можности за бизнис

Активности:

Наставникот иницира дискусија за развивање на нови идеи за нови производи


или услуги. Им поставува прашања на ученици за тоа каков производ би сакале да
направат, каков производ би сакале да постои во иднина. Наставникот им презентира
на учениците презентација преку ЛЦД проектор за можностите за започнување на
бизнис, им дава вежба преку интернет. Учениците активно се вклучени во дискусијата.
Учениците добиваат задача внимателно да истражуваат на интернет преку понудени
линкови од страна на наставникот за бизниси на деца под 16 години. Потоа се
дискутира за истите.
Учениците работат во парови и ја изработуваат вежбата понудена од
наставникот во електронска форма.

Примена на ИКТ:Истражување на интернет (https://www.legalzoom.com/articles/top-


ten-small-business-owners-under-16 , http://www.inventivekids.com/ )
Цели на примената на ИКТ: Учениците
Дасенасочатконистражувачкаисамостојнаработаприменувајќигостекнатотознаење,надо
градувајќисепрекуистражувањенаИнтернет.
Дасеоспособуваатза учење надвор од училиште преку видео туторијали и образовни
софтвери.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Презентација Работа на компјутери


Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, дигитална содржина, наставен
лист

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици.

Час2

Цели: ученикот/ ученичката

 да се запознае со поимите креативност, инвентивност и иновации

Наставна содржина:Креативност, инвентивност и иновации ИКТ

Активности:

Наставникот преку Power Point презентација им објаснува на учениците за


креативност, за бариери на креативноста. Им објаснува за инвентивност и
иновации.Додека објаснува и демонстрира, наставникот им поставува прашања и на
учениците односно активно ги вклучува во текот на часот. Учениците добиваат задача
внимателно да истражуваат на интернет за креативност.Потоа добиваат вежба и ја
решаваат во групи.
Вежбата е : Учениците добиваа делови од испечатена слика. Целта е да се состават 2
идентични јавачи без притоа да се виткаат деловите. Учениците работат во парови или
грпуи - зависно од бројот.
Примена на ИКТ:Истражување на интернет
(www.google.comhttp://www.igape.edu.mk/index.php?
option=com_content&view=article&id=114&Itemid=232&lang=mk ,
http://lokalno.mk/zhenite-koi-go-promenija-svetot-so-svoite-inovacii/ )

Цели на примената на ИКТ: Учениците


Дасенасочатконистражувачкаисамостојнаработаприменувајќигостекнатотознаење,надо
градувајќисепрекуистражувањенаИнтернет.
Дасеоспособуваатза учење надвор од училиште преку видео туторијали и образовни
софтвери.

Наставни методи: Наставни форми:


Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Презентација Работа на компјутери

Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, дигитална содржина, наставен


лист

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици.

ЧАС 3

Наставна содржина: Фактори на производство и видови на производствени и


услужни процеси

Цели:

• Да се запознае со основните видови технологии

• Да развива дух за тимска работа

• Да се оспособува да ги презентира своите идеи и задачи

Да се запознае со видовите на проеизводство

Поими:производство, поединечно, сериско, масовно производство

Наставни форми и методи: фронтална – усно излагање, дискусија ,


демонстрација, презентација

Активности на часот:

 Наставникот ги објаснува целите и текот на часот


 На ЛЦД- проектор ги презентира едноставните процесите на
производство
 Им презентира повеке процеси на производство на леб, пица.......
 На работен лист им задава задача за 10 до 15 минути врз основа на
бизнис моделот за бизнис идејата, како и дизајнот од претходната тема
да ги пополнатпотребните влезови, резултатите, односно излезите
одсамата компанија и да ја претстават трансформацијата навлезовите
во излези и да ги објаснат ги потребните клучнипроцеси.
 Ги следи презентациите на учениците и се синтетизираат и
генерализираат идеите

Наставни средства и помагала: работен лист, компјутери, ЛЦД-


проектор,

Проверка на знаењето и оценување:

• наставникот ја следи и вреднува:

- активноста и ангажираноста на ученикот за време на часот;

- усните одговори на прашањата поставени од наставникот

- начинот и содржината на презентацијата на материјалот

- учеството во дискусиите.

• Оценувањето е формативно со усна повратна информација

4 час
Наставна содржина:Производи и услуги

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 Да ги разликува и разбира поимите производ и услуга;


 да го сфати значењето на производите и услугите како предмет на продажба на
претпријатието.
Наставни методи:

 Дијалошка.
Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Наставни средства:

 Учебник, наставен лист, чек листа.


Активности на наставникот:
Наставникот преку усни прашања ги проверува знаењата на учениците од минатите
наставни единици, што е претпријатие, со што се занимава едно претпријатие. Преку бура на
идеи ги поттикнува учениците на размислување да набројуваат различни производи и услуги
од секојдневието кои ги добиваат во замена за пари. Наставникот ги проширува нивните
знаења со дополнителни информации околу клучните поими од оваа наставна содржина.
Наставникот ги организира учениците во тимови, и им дава задолжение врз основа на нивните
досега стекнати знаења да се обидат да идентификуваат можни проблеми или незадоволени
потреби на луѓето во непосредната средина, потоа да генерираат идеи кои ги решаваат
идентификуваните проблемите, па во следниот чекор да изберат една од горе набројаните
идеи за која ќе креираат бизнис. За избраната идеја, да се обидат да опишат производ или
услуга која го решава пролемот, целни купувачи и како бизнисот ќе заработува.

Активности на учениците:

Учениците одговараат на усни прашања на наставникот, внимателно ги слушаат


неговите објаснувања и активно учествуваат во дискусии. Именуваат и прават листа на
производи и услуги кои тие или нивните најблиски ги добиваат од различни производители,
претпријатија во замена за пари, со што треба да ја согледаат разликата помеѓу производ и
услуга. Работат во тим, на решавање на конкретни задачи дефинирани од страна на
наставникот.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

5 час
Наставна содржина:Развој на претприемачки идеи

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 Да знае да користи техники за генерирање и селекција на идеи;


 Да знае да користи различни техники за развој на претприемачки идеи.
Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Наставни средства:

 Учебник, прирачници, компјутерска опрема, дигитални содржини.


Активности на наставникот:
Наставникот го поттикнува интересот на учениците за часот преку прашањето: Каде
можат да се најдат потенцијалните претприемачки идеи? По кратка дискусија, наставникот ги
дефинира шестте подрачја кои можат да помогнат при откривање на претприемачки идеи
(Промени, проблеми, постојни производи и услуги, знаење кое го нема секој, конкуренција,
пронајдоци и технолошки подобрувања). Едно по едно ги запишува на табла и ги објаснува на
учениците. Наставникот објаснува која е разликата помеѓу интерни и екстерни можности за
бизнис. Набројува и образложува различни методи за рангирање на бизнис идеи (модел со
поени, SWOT анализа и сл.), кои на учениците како идни претприемачи би им биле од голема
корист при изборот на бизнис идеја која понатаму ќе ја развиваат.

Активности на учениците:

Учениците одговараат на усни прашања на наставникот, внимателно ги слушаат


неговите објаснувања и активно учествуваат во дискусии.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

6 час
Наставна содржина:Вежби: Изработка на дизајн/ скица на некој нов производ ИКТ

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 Да ја развива својата креативност;


 Да научи да ги препознава потребите на потенцијалните купувачи на различни
производи.
 Да го дизајнира производот или услугата како резултат на претприемачката идеја
Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, индивидуална, практична работа на компјутер.


Наставни средства:

 Учебник, компјутер, проектор, чек листа.


Активности на наставникот:

Преку усни прашања и проверка на пополнетите наставни листови, накратко се


потсетуваме на генерираните идеи од минатиот час. Наставникот ја објаснува целта на
денешниот час, начинот на работа и вреднување на работата на секоја од групите.
Дискутира со учениците: Кои карактеристики ќе ги поседува производот/услугата?
Како ќе изгледа производот или услугата? Учениците во мали групи, или парови,
почнуваат со осмислување на дизајнот на производот или услугата од генерираните
бизнис идеи од минатите часови, изработуваат скица на истиот. Притоа може да се
користат различни алатки, готови софтвери, пакетот OpenOffice, KolourPaint, различни
веб алатки за дизајнирање и слично по идеја на учениците. Наставникот ја следи и
насочува работата на учениците. Наставникот дава свои видувања и насоки за подобрување
на изработките на производите.

Активности на учениците:

Внимателногислушаатобјаснувањатананаставникот,гиизнесуваатсвоитемислења,поставуваатп
рашањаидискутираат. Користејќи различни софтверски алатки работат на осмислување на
дизајнот на конкретен производ или услуга од генерираните бизнис идеи. Ги презентираат
своите изработки и се избира најдобриот дизајн.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

Примена на ИКТ: Изработки на учениците во KolourPaint, Open office Writer, Open office
Impress или други софтверски алатки по нивен избор.

Цели на примената на ИКТ: Поттикнување на креативноста на учениците и нивно


оспособување за користење на компјутерот како моќна алатка за изразување на
нивните вештини и знаења.

7 час
Наставна содржина:Посета на производствена фирма во околината на училиштето

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 Да ја согледа примената и потребата од стекнатите знаења во реални ситуации;


 Да се запознае одблиску со карактеристиките и начинот на кој се спроведува
еден производствен процес;
 Да се запознае со организациската структура и начинот на кој функционира
едно претпријатие;
Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Наставни средства:

 Учебник, прирачници, компјутерска опрема, дигитални содржини.


Активности на наставникот:

Преку соработка со различни видови на претпријатија од непосредната околина


организира посета на учениците во некое од тие претпријатија. Ги запознава учениците со
целта на оваа организирана посета, што се очекува од нив да видат и да научат. Заедно со
учениците осмислуваат прашања на кои би сакале да добијат одговори од вработените во тоа
претпријатие. Ги придружува учениците во посетата, координира активности и ги поврзува
теоретските знаења на учениците со реални ситуации.

Активности на учениците:

Заедно со наставникот посетуваат некое претпријатие/ производствена фирма во


непосредната околина каде се запознаваат одблиску со фазите на еден производствен процес,
ги поврзуваат стекнатите знаења од часот со искуства на вработените во тоа претпријатие.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

Домашна задача: Подготвување извештај за реализираната посета на производствена


фирма.

Наставната тема 4:ОСНОВИ НА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ,


МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА– 12 ЧАСА

Р.бр. Наставни содржини Реализација

1 Поим за пари, финансии и финансирање

2 Извори на финансирање

3 Буџет и буџетирање
4 Вежба: Изработка на едноставни буџети ИКТ

5 Улога и суштина на маркетингот Јануари- Април

6 Основни инструменти на маркетингот

7 Вежба: Дизјан на пакување за производот ИКТ

8 Вежба: Изработка на рекламни кампањи за производот/


услугата ИКТ

9 Вежба: Изработка на рекламни кампањи за производот/


услугата ИКТ

10 Вежба: Користење на интернет маркетинг за производи/


услуги ИКТ

11 Продажба

12 Тематско повторување

Цели на наставната тема:

Ученикот/ученичката:

 да ја распознава вредноста на парите;


 да ја сфати важноста од правилното управување со парите;
 да идентификува колку чинат производите и услугите;
 да идентификува сопствени и туѓи извори на финансирање;
 да се запознае со основните елементи на буџетирањето;
 да ја разбере придобивката од буџетирањето;
 да може да ги процени резултатите од финансиската одлука;
 да се запознае со поимот маркетинг;
 да се запознае со основните инструменти на маркетингот;
 да осознае и да користи различни маркетинг активности;
 да ја осознае моќта на сегашните и идните алатки на маркетингот (интернет,
социјалните медиуми и сл.);
 да се запознае со различните видови на продажба
ТЕМА 4 : ОСНОВИ НА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ, МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

Наставна единица 1: ПОИМ ЗА ПАРИ


Активности:

Наставникот преку Power Point презентација им објаснува на учениците за Пари


- општоприфатено средство за размена на производите и услугите во една заедница
(општество).

Пред појавата на парите размената на производите и услугите се извршувала преку


таканаречената трампа. Трампата е размена на предмет за предмет, стока за стока, производ
за услуга ,и тоа без посредство на пари.

Во текот на историскиот развој, голем број производи служеле како пари. Вообичаено, кај
сточарските народи, добитокот служел како пари. Номадските народи како средство за
размена употребувале кожи. Како средство за размена се употребувале и определени
парчиња накит. Кај војнички настроените народи за таа цел често служело и оружјето. Покрај
споменатите добра, кои служеле и како употребни вредности, па и поради тоа биле многу
барани, како средства за размена служеле и предмети кај кои е тешко да се утврди поводот
поради кој биле избрани за таа улога, како, на пример, човечки или животински черепи,
огромни камења и друго.

Парите се јавуваат во физичка форма на монети и книжни банкноти , и во поново време во


електронска форма (дебитни и кредитни картички,електронско плаќање и сл.)

Во текот на презентирањето наставникот поставува прашања на учениците за да увиде колку


тие го следат. Учениците одговараат на поставените прашања. Учениците ја разгледуваат
следната табела и со наставникот дискутираат околу вредностите кои ги има во неа односно
околу валутите и околу нивната промена.

2. Валута - парична единица во некоја земја.

Земја Валута Ознака Соодност со денарот

Македонија Денар Ден.

Америка Долар $ 1$ - 51.96 ден.

Англија Фунта £ 1£ - 71.60ден.

Европска Унија Евро € 1€- 61.49 ден.


Кога бев млад, мислев
дека парите се "Со пари можеш да
најважната работа. Сега, купиш куќа но не и дом. Парите се одличен слуга
кога остарев – тоа го Да купиш кревет , но не и но лош господар.
знам. сон. Да купиш човек , но - Францис Бејкон -
не и љубов. "
– Оскар Вајлд –

Само кога последното дрво ќе умре и


Секој ден е сметка во
кога последната река ќе биде затруена,
банка ,и валута е времето.
и кога последната риба ќе биде
Никој не е богат,никој не е
уловена, ќе разбереме дека парите не
сиромав , сите имаме
се јадат.
24часа.
– традиционална поговорка на
- Кристофер Рајс -
индијанскиот народ Кри --

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Презентација Работа на компјутери

Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, презентација

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици.

Наставна единица 2 : Поим за финансии и финансирање


Активности на час: Наставникот преку Power Point презентација им објаснува на учениците
за финансии - изразот потекнува од латинскиот збор finantio , што значи рок на плаќање.
Денес зборот финансии се употребува во двојно значење , и тоа : 1. како парични работи на
физичките и правните лица , и како 2. активност на државата за собирање, управување и
располагање со парични средства.

Финансирање претставува обезбедување на парични средства за одредена намена.

Им објаснува за Основни финансиски поими:

 Приход - се добива кога ќе се помножи вкупната количина на продадени производи со


цената на производот.
 Трошоците претставуваат вредносен (паричен) израз на потрошените елементи на
производството.
Основна поделба на трошоци:
o Фиксни - Фикснитетрошоциседолгорочнитрошоци.
Вообичаенововкупниотизносостануваатисти,
независноодобемотнапроизводство.Несеменуваатприпроменанаобемотнапро
изводството(независатодмалипроменивоодноснаголеминатаналинијатанапрои
зводствоилиинтензитетотнапроизводство).

(Пр. трошоци за амортизација, наемнина на простор , телефонски трошоци , плати на


вработени, камата и сл.)

o Варијабилни - променливи трошоци , чијашто големина зависи од обемот на


производство , односно тоа се трошоци што се менуваат со менувањето на
активноста на бизнисот.
(Пр. суровини и материјали , енергија , транспорт и сл.)

Варијабилни трошоци = Вкупни трошоци - фиксни трошоци

Меѓутоа, покрај трошоците на непосредното производство, во претпријатијата


настануваат и други трошоци-деловни и режиски трошоци, кои се во врска со
функцијата на производството (пр: трошоци на продажба, трошоци на разни набавки,
организирање, потоа платите на директорот, другите менаџери и сите вработени кои
не се директно инволвирани во производството, како и сите заеднички трошоци-
греење, осветлување,чистење и сл.)
 Профит - (лат. profectus - добивка, корист) - Финансиска добивка, заработка изразена
во пари, остаток по одбивањето на сите трошоци за производство.

Профит = Цена - Цена на чинење

 Цена на производ - (продажна цена) паричен износ за кој се продава определен


производ или услуга на одреден пазар. Во цената влегуваат трошоците за
производство на производот, трошоците за маркетинг и сл. и врз неа влијаат понудата
у побарувачката (на пазарот).
 Цена на чинење - Претставува збир на трошоците за производство на еден производ.
Цена на чинење =Профит - продажна цена
Цена на чинење = варијабилни трошоци / принос

Учениците се активно вклучени во текот на часот. Одговараат на поставените прашања од


страна на наставникот. Ја изработуваат практичната вежба зададена од наставникот за да го
пресметаат профитот со помош на електронски калкулатор, цена на чинење.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Тандем

Презентација Работа на компјутери

Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, презентација

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици.

Наставна единица 3: Извори на финансирање


Активности на час:Наставникот ги испрашува учениците за претходната наставна единица а
потоа преку power point презентацијаја демонстрира наставната единицаФинансирање.
Финансирањепретставува користење и манипулација со пари. Обезбедување на пари за
започнување на бизнис претставува еден вид на финансирање. Овие пари се нарекуваат
капитал за започнување на бизнис.

Доколку претприемачот нема или не може да обезбеди доволно пари потребни за бизнисот
втората опција е да се користат пари на други лица.

Постојат два начина да се обезбедат пари од други лица за бизнисот. Тие извори на
финансирање се:

1. Извори на сопственички, т.е. траен капитал


Бизнисот се откажува од одреден процент на сопствеништвото за парите кои ги добива. Овие
пари остануваат на трајно користење во бизнисот, односно истиот нема обврска да ги врати
тие пари на оној кој вложува. Ова значи дека вложувачот добива процент од идните добивки
од бизнисот врз база на процентот на сопствеништвото.

Изворите на сопственички, односно траен капитал кој не треба да се враќа, но има влијание
на сопственичката структура може да се појави во различни облици. Во практиката
обезбедување на финансии несекогаш како траен капитал на бизнисот влијае на
сопственичката структура, односно претприемачот останува единствениот сопственик, таков е
случајот кога се обезбедуваат пари со позајмица од роднини или пријатели.

Можните облици на извори на сопственички капитал се:

 Претприемачот.
 Неповратни финансиски средства.
 Роднини и пријатели.
 Бизнис партнери.
 Ризичен (или venture) капитал (venture capital firms).
 Бизнис- ангели
 Издавање акции.
 Реинвестирање на профитот.

2. Извори на позајмени финансиски фондови, т.е. финансирање преку


задолжување
Бизнисот позајмува пари и ги враќа во определен временски интервал со определено
зголемување за износ на камата за користење на тие пари. При еден ваков извор на
финансирање, претприемачот потпишува договор во кој се обврзува да го врати износот на
целиот долг зголемен за износот на каматата.

Овој втор облик на финансирање на бизнисот претставува позајмување, односно


задолжување при што претприемачот оди кај лицата или институциите и позајмува пари со
потпишување на договор дека во определен временски период ќе ги врати заедно со износот
на каматата.

 Позајмување од банка
 Лизинг
 Факторинг

Освен овие два начини на финансирање постојат многу успешни примери на таканаречено
„bootstrap” финансирање.

Bootstrap финансирање претставува збир на методи кои се користат за намалување на износот


на надворешен долг и капитално финансирање од банки и инвеститори.На ваков начин
бизнисите сами го финансираат почетокот или растот на бизнисот преку сопствена заработка,
заштеда или тековен имот. Не користат кредити или инвеститори кои би добиле удел во
бизнисот.Една од најголемите предности е што вашиот бизнис ќе вреди повеќе бидејќи
помалку ќе должи и што нема да плаќате високи камати за кредитите кои ги користите.

Наставни методи: Наставни форми:

Дијалошки Фронтална

Демонстративен Индивидуална

Презентација Работа на компјутери

Наставни средства: Учебник, прирачници, компјутери, презентација

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици.

Наставна единица 4 : Буџет и буџетирање


Зборот буџет потекнува од латинскиот збор bulga со кој се означувала кожна торба која при
поднесување на барањата на парламентот ја отворал министерот за финансии. Подоцна овој
збор доживеа трансформација во старофранцускиот збор budgette за да потоа помине во
В.Британија и се модифицира во зборот budget. Денес зборот буџет е општо прифатен во
најголем број на земји во теоријата и практиката. Постојат повеќе дефиниции за буџетот, и
авторите на различен начин приоѓаат кон дефинирање на буџетот.

Класичарите буџетот го дефинираат како акт на предвидување на приходи и разходи на


државата. Според СТОУРМ буџетот претставува акт со кој се предвидуваат/пресметуваат
приходите и расходите на државата за период од година дена. Исто така за буџетот се смета
дека тој е акт на претставничкото тело (парламентот) со кој се предвидуваат и однапред
одобруваат, за иден период (по правило за една година) распределбата на приходите и
расходите во рамките на финансирањето како и во врска со политичката и социјалната
природа. Постои сфаќање дека буџетот претставува закон во формална смисла на зборот, или
попрецизно само по својот надворешен облик.

Значи,
БУЏЕТОТ претставува премсетување на приходите и расходите
на одредена организација за едно однапред одредено време ,
односно една година.

Наставна единица 5 : Улога и суштина на маркетинг

Зборот маркетинг потекнува од зборот "market" што значи пазар и од суфиксот "ing" кој
означува некоја акција или процес , што би значело некое пазарно дејствие, акција што се
одвива на пазарот во економска смисла

Многу автори сметаат дека маркетингот се сведува на рекламирање и продавање што е


тотално погрешно бидејќи тие се само дел од многуте функции на маркетингот.

Маркетингот е процес или техника на промоција, продажба и дистрибуција на производот или


услугата , т.е. збир на функции вклучени во движењето на производите од производителот до
потрошувачот. Значи маркетингот ги опфаќа сите активности кои ги превзема една компанија
за своите производи да ги стави во рацете на своите крајни потрошувачи , исклучувајќи ги само
оние активности кои на некој начин можат да ја изменат формата на производите.

Фундаменталната задача на маркетингот и на луѓето кои се занимаваат со маркетингот е да се


стави во фокус на вниманието на купувачот и неговите потреби и желби. Според маркетингот
купувачот е секогаш во право! Целта на маркетингот е и да утврди што сака купувачот,
односно што за купувачот претставува вредност, желба или потреба и секогаш мора да се
излезе во пресрет на нивните барања, насочувајќи се кон одредена целна група каде може да
се оствари најголем профит. Тоа значи дека кога се формира маркетинг стратегија треба да се
сегментира пазарот односно да се најде целна група врз која ќе биде имплементирана
маркетинг стратегијата. Неможат да се задоволат сите потрошувачи одеднаш. (Пр. целна група
постари лица , жени , тинејџери , мали деца , млади родители , пензионери , невработени и сл.

Во маркетингот вообичаено, целите се дефинираат со помош на следните показатели:

обем на продажба,
пазарно учество,
остварениот профит,
создавање на корист и
врски со купувачите.

Маркетинг поими:
Побарувачка - количество на производи и услуги кои крајните потрошувачи се спремни да ги
купат.
Понуда - количеството на производи и услуги кои една компанија е спремна да ги пласира и
продаде на пазарот.
Продажба - процесот на размена на парични средства за добра и услуги.
Бренд - е колекција на искуства и асоцијации поврзани со услуга, личност или некој ентитет.
Задоволство на потрошувачите - степенот до кој една компанија ги исполнува желбите,
потребите
Интеренет маркетинг - остварување на маркетинг целите преку примена на дигиталните
технологии.
Таргет група - (уште се нарекува целна група) се група на потрошувачи кон кои одредена
компанија решава да ги насочи своите маркетинг напори и стратегии.

Наставна единица 6 : Инструменти на маркетингот

Маркетинг инструментите или маркетинг миксот е бизнис алатка користена од маркетерите и


сопствениците на бизниси. Се користи кога се одредува ценовната стратегија , промоцијата
или вредноста на брендот. Уште се нарекува и 4П.
Производ

Дистрибуција 4П Цена

Промоција

1. Се она што може да се понуди на пазарот за да предизвика внимание , купување , употреба


или потрошувачка и може да ги задоволи некоја желба или потреба претставува ПРОИЗВОД.
Со производот се судираат интересите на купувачите и на продавачите кои нудат производи на
пазарот, па оттаму имајќи ги во предвид и конкурентските односи , производот добива се
поголемо значење

2. ЦЕНА - претставува одлично кукурентско средство бидејќи ги верификува напори на сите


учесници во процесто на размената. Цената е важна за :
 потрошувачот - бидејќи од неа зависи дали тој ќе го купи производот или нема да го
купи ,
 и за продавачот - бидејќи со цената тој настојува да ги покрие вкупните трошоци од
своето работење и да оствари определени ниво на профит

3. ПРОМОЦИЈА - Со промоцијата се создаваат поволни услови за настап на пазарот и се


информираат потрошувачите за одделните аспекти на производот, a со тоа се влијае врз
нивното понатамошно однесување во процесот на купување.

4. ДИСТРИБУЦИЈА - ги вклучува активностите од завршувањето на производствениот процес ,


па се до продажбата , наплатата на производите и активностите кои следат потоа. Во рамките
на дистрибуцијата се отсварува физичкото движење на производите и трансферот на
сопственоста.

Освен основните 4П во маркетингот често се додаваат уште неколку инструменти :


- процес
- луѓе
- физички параметри
- продуктивност и квалитет

Наставна единица 7 : Вежба .Дизајн и пакување на производ

Активности на час: Наставникот иницира дискусија за дизајн на производ. Таа однапред им


имаше најавено на учениците за овој час да донесат интересни пакувања на производ,
односно да донесат некои пакувања за кои сметаат дека имаат различен, креативен дизајн.
Потоа преку power point презентација им објаснува дека со зголемување на понудата на
производите на меѓународниот пазар, на купувачите им се овозможува голем избор, па во
борба за освојување на меѓународните купувачи, компаниите влегуваат и со соодветно
дизајнирање и пакувања на производите.

Застарувањето на производот често се должи на застарување на дизајнот.


Учениците дискутираат со наставникот .
Со добриот дизајн, производот добива повеќе на атрактивност отколку на квалитет. Со
квалитетно дизајнирање може да се подобри естетската вредност на производот. Може да се
олесни и поевтини производство. Да се олесни пакувањето, транспортот и чувањето во
магацините и во продажните објекти. За потребите на дизајнирањето често се ангажираат
дизајнерски куќи, но и уметници кои можат да работат самостојно. Најчесто во рамки на
компанија се организира работење на дизајнерите, за да може компанијата да има комплетен
увид и контрола во дизајнерската работа, како и да спречи одлив на информации.

Пакувањето мора да задоволи повеќе цели. Треба да се користи за привлекување на внимание


на купувачите со својот изглед или атрактивност. Преку соодветно пакување треба лесно да
може да се дознае за внатрешната содржина, да може лесно да се отвара и затвара. Да биде
со соодветна големина за да може непречено да се смести на продажните пунктови. На
пакувањето треба лесно да се читаат натписите и упаствата.

Ознаките на производот мора да содржат:

 Име на производот
 Име на призведувачот или дистрибутерот
 Опис на составот и начин на користење и рокот на траење на производот
 Тежина во бруто или нето износ
 Земја на потекло
Потребно е да се води сметка и за обележување на мерните единици. Иако постои
меѓународен систем на мерни единици сепак функционираат и други мерни единици.
Особено во англиската доминантна зона паралелно функционираат други мерни единици
(Пример: литар-галон и слично), па доколку се процени дека тоа е неопходно на пакувањето
може да се истакнат и двете мерни единици.

Пакувањето треба физички да го заштитува производот од механички оштетувања и растурање


при далечни и тешки транспорти, што е честа појава во меѓународното работење бидејќи
транспортните патишта во различни земји се со различни нивоа на квалитет.

Пакувањето треба да го чува производот од расипување при долг престој на производот во


магацините или во продажните објекти. Одредени пакувања имаат за цел да го заштитат
производот од неповолни климатски услови, како од високи така и од ниски температури,
влага, песок и слично. При тоа треба да се води сметка, пакувањето да биде економично,
односно да не биде скапо, а со развојот на еколошката свест пакувањето не смее да ја
загрозува животната и работната околина, а треба да постои можност по употребата
пакувањето да може да се рециклира.

Пакувањата од страна на купувачите подоцна можат да добијат и други употребни вредности.


Пример: во пакувањата од сокови може подоцна да се чуваат млеко, алкохол и слично. Во
кутии и гајби може да се чува и транспортира и друга стока, што претставува дополнителна
корист за купувачите.

Учениците во компјутерска програма по нивен избор и со пребарување на интернет, во групи


треба да изработат дизајн на некое пакување, според примерите од наставникот.

Наставна единица 8 и 9:
Вежба: Изработка на рекламни кампањи за производот/ услугата ИКТ

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 да се запознае со поимот маркетинг;


 да се запознае со основните инструменти на маркетингот;
 да осознае и да користи различни маркетинг активности;

Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Наставни средства:
 Учебник, прирачници, компјутерска опрема, дигитални содржини.
Активности на наставникот:

Наставникот преку блог (веб страна) демонстрира, објаснува за рекламни кампањи.Им


дава примери на учениците. Започнува дискусија околу реклами. Активно ги вклучува
учениците во текот на часот. Ги наведува да размислуваат, да дават примери и идеи. Им
задава практична вежба на учениците, која ке треба во групи да ја изработат. Бројот на групите
ке биде според бројот на учениците.

Активности на учениците:

Активно се вклучени во дискусијата. Разгледуваат примери и слики од рекламни


кампањи на интернет. Работат во групи. Изработуваат рекламна кампања.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

Примена на икт:www.inovaciioraovica.blogspot.com

Наставна единица 10 :
Вежба: Користење на интернет маркетинг за производи/ услуги ИКТ

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 да се запознае со поимот маркетинг;


 да се запознае со основните инструменти на маркетингот;
 да осознае и да користи различни маркетинг активности;

Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Наставни средства:

 Учебник, прирачници, компјутерска опрема, дигитални содржини.


Активности на наставникот:

Наставникот преку блог (веб страна) демонстрира, објаснува за рекламни кампањи.Им


дава примери на учениците. Започнува дискусија околу реклами. Активно ги вклучува
учениците во текот на часот. Ги наведува да размислуваат, да дават примери и идеи. Им
задава практична вежба на учениците, која ке треба во групи да ја изработат. Бројот на групите
ке биде според бројот на учениците.

Активности на учениците:

Активно се вклучени во дискусијата. Разгледуваат примери и слики од рекламни


кампањи на интернет. Работат во групи. Изработуваат рекламна кампања.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење на


интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и другите
ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

Примена на икт:www.inovaciioraovica.blogspot.com

Наставна единица 11 : Продажба

Продажбата и продажната функција во еден бизнис претставува основа за нормално и


успешно функционирање на бизнисот. Секој бизнис мора да продава без разлика дали е тоа
производ и/или услуга.

Без продажба, нема приход, нема ни пари за финансирање на бизнисот. Тоа е основата на
функционирањето на секој бизнис.

Начини на продажба
Продажбата се одвива преку одреден вид на контакт помеѓу бизнисот (најчесто продажно
лице) и купувачот. Но, развојот на технологијата и интернетот во голем дел доведоа до
промени во можностите во начинот на изведување на продажбата. Сега не мора да постои
директно продажно лице за да се изведе самата продажба, но сепак во голем дел принципите
остануваат исти. Психологијата на човекот иако малку е изменета сепак размислувањето и
клучниот елемент на донесување на одлука останува приближно ист. Наместо човек, во
позадина е машина која е програмирана на некој начин да се однесува како човек.

Во најголем број на случаи за различни видови на бизниси продажбата може да се изведе на


следниве начини:
 Состанок. Состанок лице во лице помеѓу продавачот и купувачот. На еден ваков
состанок се презентира производот и/или услуга предмет на продажба и се преминува
во фаза на преговарање и договарење до конечна одлука – спроведување на продажба
или откажување на истата.
 Продажба на саеми. Ова е вообичаена продажба каде преку директна презентација на
производот и/или услуга на настани како самеи се сретнуваат продавачот и
потенцијалниот купувач.
 Продажба од врата до врата. Во овој случај продавачот оди од врата до врата
презентира и очекува да обезбеди продажба.
 Телефонска продажба. Овој начин на продажба претставува избирање на група на
телефонски броеви на кои во одреден период продавачот ќе се јави, ќе изведе
презентација преку која очекува да се спроведе процесот на продажба.
 Каталошка продажба. Овој вид на продажба се изведува кога бизнисот ги листа
производите и/или услугите во негов или нечиј туѓ специјализиран каталог кој се
распределува до потенцијалните купувачи и се очекува тие да нарачаат производ
и/или услуга.
 Поштенска продажба. Продажбата може да се изведува и преку пошта при што
купувачот нарачува производи кои му се доставуваат преку пошта.
 Продавница. Еден од најзастапените начини на продажба е продажба преку
продавница каде потенцијалните купувачи влегуваат, гледаат, избираат, пробуваат и
купуваат. Освен преку сопствени продавници бизнисите може да продаваат и преку
други продавници (продавници на други бизниси).
 Интернет продажба. Овој начин на продажба е кога имате веб продавница преку која
купувачот бира производ и/или услуга, плаќа со помош на кредитна картичка и
производот му се доставива преку пошта за физички производи или директно
електронски за електронски производ.
 Affiliate продажба. Претставува посебен вид на продажба која се користи на интернет
преку која еден бизнис станува affiliate (член на affiliate програмот) на вистинскиот
продавач (производителот) и тој добива награда од продавачот за секој пратен
посетител на сајтот кој извршил купување. Овој процес стана бум во последните
години и како интернет продажба се користи од сите светски познати интернет
бизниси.
Тема 5: Развој на комуникациските вештини- Што научив?
Р.бр. Наставни содржини Реализација

1 Колку е важно да се биде претприемач, лично и економски?

2 Претприемачко учење и тимска работа

3 Организирање на настан
Април- Јуни
4 Организирање на настан

5 Посета на саем

6 Презентирање на наученото

Цели на наставната тема:

Ученикот/ученичката:

 да знае да ги презентира утврденото знаење и своите вештините пред другите;


 да знае да соработува со другите (наставниците, соучениците, родителите,
бизнисмените и сл.) при споделувањето и развивањето на своето претприемачко
знаење и интересот за пошироката заедница;
 да знае да се поврзе со други училишта/индивидуалци за да истражува што
научиле други млади лица низ процесот на претприемачкото учење;
 да знае да го претстави својот личен развој, амбициите и зацртаните цели за во
иднина (пред соучениците, наставниците, родителите, заедницата и др.)

Наставна содржина: Важност да се биде претприемач, лично и економски

ЦЕЛИ:

 да идентификува различни кариерни можности (вклучувајки и избор на


средно училиште)
 да може да се стави во улога на претприемач
 да стекне вештина за презентирање на стекнатотот знаење и вештини
пред другите

Поими: претприемач, ризик, храброст, умешност, вештина,

Наставни форми и методи:фронтална – усно излагање, дискусија, дијалог,

Активности на часот:
 наставникот пред учениците ги истакнува потербите од развој на нивните
комуникациски вештини
 Дискутира со учениците на кои теми да преземат активности
 Учениците се делат во групи и прават презентација за претприемач

Проверка на знаењето и оценување:

 наставникот ја следи и вреднува:


- активноста и ангажираноста на ученикот за време на часот;
- усните одговори на прашањата поставени од наставникот;;
- учеството во дискусиите.
- Квалитетот на индивидуалните и групни изработки
 дава усна повратна информација за важноста на одговорите
и потребата од комуникациски вештини

Наставна содржина: Претприемачко учење и тимска работа

ЦЕЛИ:

 да идентификува различни кариерни можности (вклучувајки и избор на


средно училиште)
 да може да се стави во улога на претприемач
 да стекне вештина за презентирање на стекнатотот знаење и вештини
пред другите

Поими: претприемач, ризик, храброст, умешност, вештина,

Наставни форми и методи:фронтална – усно излагање, дискусија, дијалог,

Активности на часот:

 наставникот ја демонстрира веб страната http://www.pretpriemac.com/timska-


rabota-efektivnost/
 Дискутира со учениците на кои теми да преземат активности
 Учениците се делат во групи и ја истражуваат веб страната, ги
преземаат најбитните работи за претприемачко учење и тимска работа а
потоа презентираат

Проверка на знаењето и оценување:

 наставникот ја следи и вреднува:


- активноста и ангажираноста на ученикот за време на часот;
- усните одговори на прашањата поставени од наставникот;;
- учеството во дискусиите.
- Квалитетот на индивидуалните и групни изработки
 дава усна повратна информација за важноста на одговорите
и потребата од комуникациски вештини
Наставна содржина:Oрганизирање на настани-ИКТ

Цели:

 Да сФати дека вештина на комуникација е силно маркетиншко оружје на


лицето што бара работа
 Да знае како да се претстави пред другите
 Да ги научи најважните совети пред да се претставува на јавни настапи

Поими: маркетинг, претприемач,

Наставни форми и методи:фронтална – усно излагање, дискусија ,


демонстративна,практична

Активности на часот:

- наставникот дискутира со учениците за организација на настани како на


пример за хуманитарни настани, за продажба на цртежи, за саеми на
ракотворби. Им презентира организација на саем на веб страната
http://inovaciioraovica.blogspot.mk/ .Ги дели учениците во групи. Секоја
група има за задача да организира настан по свој избор.

Наставни средства: материјали од интернет, материјали кои што учениците


предходно ги користеле во предходните теми, брошури, флаери и сл.

Проверка на знаењето и оценување:

 наставникот ја следи и вреднува:


- активноста и ангажираноста на ученикот за време на часот;
- усните одговори на прашањата поставени од наставникот

начинот и содржината на презентацијата на материјалот


- учеството во дискусиите.
 Оценувањето е формативно со усна повратна информација

Подготовка за нареден час: на учениците им се нагласува дека наредниот час


ке имаат можност да ги претстават своите изработки пред соучениците,
наставниците , стручните служби.
Наставна содржина:Oрганизирање на настани-ИКТ

Цели:

 Да сФати дека вештина на комуникација е силно маркетиншко оружје на


лицето што бара работа
 Да знае како да се претстави пред другите
 Да ги научи најважните совети пред да се претставува на јавни настапи

Поими: маркетинг, претприемач,

Наставни форми и методи:фронтална – усно излагање, дискусија ,


демонстративна,практична

Активности на часот:

- наставникот овој час ке ја оцени организација на настан изработена од


секоја група. Групите презентираат со помош на проектор. Во текот на
презентирањето наставникот дава пофалби или критики. Останатите
ученици поставуваат прашања на групата која што презентира.

Наставни средства: материјали од интернет, материјали кои што учениците


предходно ги користеле во предходните теми, брошури, флаери и сл.

Проверка на знаењето и оценување:

 наставникот ја следи и вреднува:


- активноста и ангажираноста на ученикот за време на часот;
- усните одговори на прашањата поставени од наставникот

начинот и содржината на презентацијата на материјалот


- учеството во дискусиите.
 Оценувањето е формативно со усна повратна информација

Наставна единица: Посета на саем

Цели:

Ученикот/ ученичката:

 да знае да се поврзе со други училишта/индивидуалци за да истражува што научиле


други млади лица низ процесот на претприемачкото учење;

Наставни методи:

 Дијалошка, демонстративна, објаснување.


Наставни форми:

 Фронтална, работа во мали групи.


Активности на наставникот и учениците:

Наставникот организира посета на саем. Ги запознава учениците со целта на оваа


организирана посета, што се очекува од нив да видат и да научат. Заедно со учениците
осмислуваат прашања на кои би сакале да добијат одговори од организаторите на саемот. Ги
придружува учениците во посетата, координира активности и ги поврзува теоретските знаења
на учениците со реални ситуации.

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:

Усна повратна информација, одговори на усни прашања, следење и бележење


на интересот и активноста на часот, дискусија на час, соработка со наставникот и
другите ученици, изработка на конкретна задача на наставен лист.

Цели: Ученикот/ученичката

 утврдување, систематизирање и презентирање на стекнатите знаења за темата.

Наставна содржина:Презентација на наученото

Активности:

Наставникот им поставува прашања на учениците од изучениот материјал и


утврдува годишна оцена на секој ученик. Учениците одговараат на поставените
прашања од страна на наставникот.

Наставни методи: Наставни форми:

Индивидуална

Монолошки метод

Наставни средства: учебник

Наставни инструменти и постапки за формативно и сумативно оценување:чек


листа

You might also like