You are on page 1of 7

ОО У ,, Коста Рацин“- с.

Подареш - Р а д о в и ш

ДОЛГОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ
за реализација на наставната програма по математика
за VII одделение во учебната 2022/2023 година

Наставник

Раде Филиповски

Август, 2022
Вовед

Наставната програма по математика за седмо одделение на деветгодишното основно образование е


преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од
страна на Бирото за развој на образованието. Одобрување на адаптирањето на наставната програма е добиено
од експертите на Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination).
Наставната програма содржи збир на развојни наставни цели од наставниот предмет математика. Во нив
детално се опишува што ученикот треба да знае или што би требало да може да направи во секоја година од
основното образование. Наставните цели обезбедуваат структура за поучување и учење и препорака за тоа кои
способности и знаења на ученикот можат да се проверат.
Наставната програма по математика е поделена на шест подрачја: Броеви и систем на броеви,Алгебра-
Математички операции, Геометрија, Мерење, Работа со податоци и Решавање проблеми. Првите пет подрачја се
поткрепени со подрачјето Решавање проблеми, во коешто се опишани техниките, вештините и примената на
знаењето и стратегиите во решавањето проблеми. Мисловните стратегии се, исто така, клучен дел на подрачјето
Броеви. Оваа наставна програма се фокусира на принципи, шеми, системи, функции и односи така што
учениците можат да го применат математичкото знаење и да развијат холистичко разбирање за предметот.
Наставната програма по математика за шесто одделение на основното образование дава солидна основа врз која
можат да се надградуваат понатамошните фази на образованието.
Наставната програма се реализира со фонд од 4 часа неделно, односно 144 часа годишно.
Наставната програма по математика за седмо одделение е изградена на вредностите на Кембриџ и
најдобрата практика во училиштата. Таа е посветена на целта да се развијат ученици коишто ќе станат
одговорни, иновативни и ангажирани во едно активно и креативно учење.
Деловите од наставната програма што се однесуваат на оценувањето, просторните услови за реализирање
на наставата и нормативот за наставен кадар се додадени согласно член 25 став 5 од Законот за основно
образование.
Преглед на часови по теми

писмена работа
консолидација
Комбинирани
Време на

Часови за

Часови за
Тема вкупно
реализација

часови:
Прво полугодие:
Број и решавање проблеми 23 1 0 24
Алгебра и решавање проблеми 7 2 2 11
Геометрија и решавање проблеми 6 0 0 6
Мерење и решавање проблеми 12 1 2 15
Работа со податоци и решавање проблеми 8 1 0 9
65+1=66
56 5 4
полугодишен тест
Второ полугодие:
Број и решавање проблеми 19 1 0 20
Алгебра и решавање проблеми 15 1 2 18
Геометрија и решавање проблеми 16 1 0 17
Мерење и решавање проблеми 11 1 2 11
Работа со податоци и решавање проблеми 6 2 0 8
77+1=78
67 6 4
полугодишен тест
144
Концепт на програмата

Концепцијата на оваа програма е заснована на принципите на активната настава, која ја менува филозофијата на
образованието поставувајќи го наставникот не како изложувач на наставнитесодржини, туку како соработник со
поголемо искуство. Од друга страна пак, учениците не се само пасивни слушатели, туку добиваат активна улога.
Основна карактеристика на оваа настава е интеракцијата како процес на меѓусебни односи помеѓу ученикот,
наставникот и ресурсите заистражување. Учениците се групираат во зависност од нивните знаења и можности и
им седаваат различни наставни содржини. Активната настава се залага да воспостави нешто ново и прогресивно,
со што училишната средина ја хуманизира, а учењето го прави полесно и поинтересно.
Во активната настава се препознаваат два модела: модел на отвореност на наставата кон учениците и нивните
способности, мотиви и интереси и модел на отвореност на училиштето кон општествената околина и природната
средина како извор на знаење и како фактор за интегрирање на училиштето во животот на локалната средина.

Карактеристики на активната настава се следните:

· Активноста се однесува на работите што ги изведуваат учениците и наставниците. Секоја активност мора да
биде осмисленаи сфатена со што учениците ќе можат да увидат што ќе постигнат со неа.
· Интеракција е динамичен процес на меѓусебни односи меѓу учениците и наставникот чии резултати заемно се
условени и зависни.
· Интегрирано учење е кога учениците работат на задача или проект кои вклучуваат повеќе од еден наставен
предмет и пожелно е наставниците да работат заеднички на планирање и спроведување на часот.
· Истражување е кога истражувачките активности на учениците се состојат во тоа што во наставната програма
учениците учат по пат на решавање на проблеми.
· Индивидуализација и диференцијација го активира секој ученик да ја истакне својата индивидуалност преку
поставување на прашања, решавање на проблеми, бележење, со што врши и диференцијација.
· Социјализација е кога заедничкото учење поттикнува соработка помеѓу учениците и овозможува секој да работи
со секого,да помага или да бара помош.
· Мотивација се состои во тоа што поставениот проблем учениците го доживуваат како доверена задача што
треба да ја решат.
· Тимска работа е кога покрај учениците и наставниците се јавуваат во улога на членови на тим кој планира,
програмира,реализира и вреднува.
· Престилизација на ентериерот каде училницата треба да обезбеди простор за игра и за слободно движење на
учениците.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА:
-Училница, табла, училишен прибор, креди
-цртежи, модели на геометриски фигури
-учебник и збирка задачи и работни тетратки
-наставни ливчиња, тематски тестови, контролни задачи, квизови ( КЕДУКА)

КОРЕЛАЦИЈА
Внатрешна – поврзаност на содржините од темата а исто така и од други теми од таа учебна година и од
минатите учебни години
Надворешна – со содржините од претходните одделенија , примери од секојдневниот живот.

ЛИТЕРАТУРА
Учебник
 Наставни методи (метод на усно излагање,метод на писмена работа,метод на истражување,работа со компјутери ) и
форми на работа ќе бидат застапени при реализацијата на темата (заедничка, групна, во парови, индивидуална)

 Ресурси ќе бидат потребни (картички со месна вредност на броеви, картички со децимални броеви, геометриски
модели, геометриски справи, Интернет, образовни софтвери, ИКТ презентации, учебник, раб. листови,
тетратака,наставни ливчиња,евидентен лист,чек листи и др.)

Оценување на постигањата на учениците(формативно и сумативно)


За да се оценат постигањата на ученикот неопходно е:
- да се направи согледување на претходните искуства, знаења и вештини на учениците,
- да се разговара со ученикот за да се добијат сознанија за неговото логичко размислување, степенот на
разбирање и оспособеноста да го примени стекнатото знаење,
- континуирано утврдување и проверка на стекнатите знаења, способности и вештини.
Во текот на учебната година треба да се реализираат четири задолжителни писмени проверки на
постигнатоста на целите, по две во секое полугодие. Писмените работи треба да содржат задачи од сите
тежински нивоа (според Блум): со понудени одговори, со дополнување и со целосна постапка на решавање.
Во текот на наставната година, на полугодието и на крајот на учебната година ученикот се оценува со
бројчана оценка.
Табела за сумативно оценување

Годишна оцена
45% од прво полугодие 55% од второ полугодие
30% од 20% од 15% од 20% од 15% од 25% од 20% од 20% од 20% од 15% од
1А 1Б 1В 1Г 1Д 2А 2Б 2В 2Г 2Д
У П У П У П У П У П У П У П У П У П У П
60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40% 60% 40%

Просторни услови за реалзирање на програмата


Програмата во однос на просторните услови за реализацијата се темели на Нормативот за простор и
наставни средства донесен од страна на министерот за образование и наука.

You might also like