You are on page 1of 11

Методика на наставата по математика 1

Универзитет „св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“

Предмет: Методика на наставата по математика 1


Тема: Принципи во почетната настава по математика

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Весна Макашевска Теодора Стојоска 11517

Скопје, 2019

1
Методика на наставата по математика 1

Содржина

Вовед..................................................................................................3
Главен дел......................................................................................4-9
 Принцип на научност............................................................4
 Принцип на систематичност и постапост............................4
 Принцип на нагледност........................................................5
 Принцип на активност..........................................................6
 Принцип на трајност на знаењата.......................................7
 Принцип на индивудуализација на наставата...................8
Заклучок..........................................................................................10
Користена литература...................................................................11

2
Методика на наставата по математика 1

Воведен дел

Терминот прицнип е од латинско потекло и со него се означувва појдовната основа


на раководното начело, насока за работа. Дидактичките принципи се почетни,
основни поставки за организација и ефективна реализација на наставата по сите
наставни предмети и за сите одделенија. Во методитката на почетната настава по
математика се поаѓа од дидактичките принципи, со тоа што тие се приспособуваат
на особеностите на овој вид дејност. Од овде ќе разгледаме само неколку
принципи кои што се позначајни, а тие се: принципн на научноест, принцип на
нагледност, принцип на системтичност и постапност, принцип на активност,
принцип на трајност на знаењата и принцип на индивидуализација на наставата.

3
Методика на наставата по математика 1

Главен дел

Принцип на научност
Под принципот на научност се подразбира математичките содржини да
соодветстуваат на достигнатиот степен во развојот на математичката наука и
потребите на нејзиниот развој. Интерпретацијата на содржините да биде
прилагодена на возрастите на учениците. Изборот на содржините, карактерот и
организацијата на наставата треба да придонесуваат за остварување на целите на
образованието и секако на наставата по математика. Формите и методите на
почетната настава по математика да соодветствуваат на достигнувањата на
педагошката и психолошката наука. Тоа подразбира дека при изборот на
наставните форми и методи треба да се појде од возраста на учениците, и
воведувањето на математичката терминологија треба да биде во согласност со
интелектуалниот развој на учениците.

Принцип на систематичност и постапност


Овој принцип се појавува на два начина: како пристап за избирање и подредување
на наставните содржини (систематичност) и како пристап при усвојување на
знаењата. При систематското учење се постигнува повисока синтеза на знаења, во
која се вклучени одделни структури и се дава целост на сознателните процеси.
Логиката на математиката како наука го определува и системот во кој се усвојуваат
математичките знаења. Во наставата главен акцент се става на откривањето на
суштинските врски меѓу поимите и теориите во еден наставен предмет и во
неколку наставни предмети, при што соодветен одраз добиваат единството,
интегралниот карактер на предметите и појавите од реалниот свет. Почитувањето
на принципот за систематичност го помага намалувањето на информационата
оптовареност на учениците.

4
Методика на наставата по математика 1

Принцип на нагледност
Овој принцип за прв пат се појавил кај Ј. А. Коменски, а потоа го разработиле Ј. Х.
Песталоци и К. Д. Ушински. Принципот на нагледност е основен и во наставата по
математика и го помага реализирањето на другите принципи, бидејќи нагледноста
служи како надворешна потпора на умствените дејства. Во наставата по
математика најголема примена имаат цртежите, шемите, таблиците, графиците,
моделите и слично, со чија помош теориските знаења стануваат опипливи,
односно достапни за сетилата на учениците, со што се придонесува тие да станат
поразбирливи. Заради важноста на принципите на нагледност, овде уште еднаш ќе
се вратиме на моделите, цртежите, таблиците, шемите, графиците, математичките
симболи, дијаграмите и нивната примена во наставата по математика, иако некои
од овие не се користат во почетната настава по математика. Примената на
принципот на нагледност зависи од повеќе фактори:
 Возраста на учениците
 Апстракноста на наставниот материјал
 Опременоста на училиштето со наглесни средства
 Заинтересираноста на наставникот и неговата умешност да се служи
со нагледен материјал
 Изворите што ги користат учениците за стекнување на знаења,
умеења и навики.

Сл. 1 Нагледни средства

5
Методика на наставата по математика 1

Принци на активност
Под активност на ученикот се подразбира таква состојба на дејствување при која
сознателно се вложуваат умствени напрегнувања за здобивање со знаења, се
пројавува иницијативност при решавањето проблеми, критичност кон добиената
информација итн. Без активност на ученикот не е можно да се усвојуваат знаења и
умеења, а поради тоа таа мора постојано да се поттикнува од страна на
наставникот. За да може да се дојде до израз на потенцијалните можности на
учениците во самостојната равота, наставникот треба да ги поттикнува следниве
активности:
 анализа на битните својства на математичкит поими
 споредување на поимите, својствата, постапките според општост, како и
според нивната разноликост
 поучување на воопштување во процесот на самостојно здобивање со
знаењата
 поттикнување на примена на индукцијата и дедукцијата, зависно од
конкретниот наставен материјал што се обработува

Сл. 2 Активни ученици

Принципот на активност во наставата по математика поставува одредени постапки


во организацијата и реализацијата на наставата, со кои ќе се обезбеди
мотивираност на учениците и активна сознајна работа. Во таа смисла потребно е:
1. Обработката на новиот материјал секогаш да започнува со поставување на
проблем кој ќе послужи за воведување на учениците во новото, ќе
придонесе да се вспостави врска помеѓу материјалот што ќе се изучува и

6
Методика на наставата по математика 1

веќе изучениот материјал, за истакнување на значењето на новите знаења


во системот на знаења, како и за практично значење на новиот материјал.
2. Изучување на новиот материјал да се заснова врз искуството на учениците,
веќе здобиените знаења и формирањето на умеења. Врз основа на тоа се
органнизираат набљудувања, експерименти, практични активности, се
разгледуваат различни примери и задачи кои водат кон природно
формирање на поими.
3. Во наставниот преоцес да се применуваат разновидни методички
активности кои овозможуваат свесна и сознајна активност на учениците , да
се поттикнува нивниот интерес за материјалот што се изучува, со што се
мотивираат учениците за учебна дејност.
4. Кај учениците да се воспитува творечкиот приод при изучување на секој
елемент на знаење низ стимулирање на самостојна работа на учениците,
барање оргинални начини на решавање на една или на друга задача и сл.
5. Учениците да се навикнуваат а критичен однос кон резултатите од работата,
односно да се оспособуваат за самоконтрола, кратко и јасно искажување на
мислите ппри говор или при пишување.
6. Домашнит работи са се организираат правилно, тежината и обемот на
задачите да одговара на можностите на учениците, да им се даваат
неопходни упатства за решавање на задачите за кои се претпоставува дека
на учениците ќе им се создаваат сериозни тешкотии при нивното решавање.

Принцип на трајност на знаењта


Овој принцип произлегува од потребата знаењата и умеењата кои ги усвојуваат
учениците да им користат во животот, да служат како основа за продолжување на
образованието и да ги применуваат во практиката. Реализирањето на овој принцип
е можно само ако тој е тесно поврзан со принципите на сознајност, систематичност
и нагледност. Но, наставникот треба да води и особена грижа за остварување на
овој принцип, односно да создава и посебни услови за остварување на овој
принцип.
 Учителот треба да инсистира на помнењето на определена информација
веднаш по нејзиното разбирање, при усвојувањето на знаењата и умеењата.
 Да се организира и поттикнува интензивна мисловна активност, проследена
со соодветна нагледност.
 Наставните единици треба да бидат соодветно структуирани, при што тие
мора да се поделени во логички целини. Особено важен е завршниот дел од
7
Методика на наставата по математика 1

часот кога треба да се истакнат најважните информации. Ова може да се


постигне со пишување план на наставната единица, кој учениците мораат да
го запишуваат во нивните тетратки
 Организирање на систематско повторување на клучните знаења и умеења.
Притоа, непосредното повторување по реализирањето на дадена тема мора
да биде почесто, а потоа треба да се реализираат посебни часови за
повторување, на кои низ добро одбран систем на прашања и задачи ќе се
повторуваат клучните знаења и умеења.

Обезбедувањето трајност на знаењата и умеењата е можно само ако учителот


инсистира на трајност на знаењата за основните конструктивни елементи на
дадена тема, како што се поимите и основните теореми и нивната заемна
поврзаност и условеност

Принцип на индивидуализација на наставата


Иако учениците во едно одделение се на еднаква возраст, сепак примањето,
преработувањето и помнењето на математичките информации е различно,
индивидуално кај секој ученик. Учениците имаат различни математички
способности, различна математичка подготовка. Поради тоа не може да се
постигне добар резултат во наставата, а да не се почитува оваа разнообразност.
Токму со почитувањето на разнообразноста се изразува принципот на
индивидуализација на наставата. Овој принцип е особено важен за наставата по
математика, бидејќи со текот на времето се зголемуваат разликите во
математичката подготовка на учениците од даден клас. Всушност, принципот на
индивидуализација на наставата претставува грижа за секој ученик.
Во наставата по математика овој принцип се реализира на различни начини, и тоа:
 Изучување на индивидуалните математички способности и особености на
секој ученик
 Обработување на дадена лекција на различни начини во различни
паралелки и за различни групи ученици во иста паралелка. Самостојната
работа во паралелката, која на час може да се реализира преку подготвени
системи на задачи со различно ниво на сложеност, или домашните работи
треба да се диференцираат по тежина и обем

8
Методика на наставата по математика 1

 Иста математичка информација им се пренесува на учениците на различен


начин, за да се одговори на различните индивидуални особености на
учениците
 Принципот за индивидуален пристап најефективно се реализира со
различно реализирање на наставата како задолжителна, изборна и
факултативна.

9
Методика на наставата по математика 1

Заклучок

Дидактичките принципи се почетни, основни поставки за организација и


ефективна реализација на наставата по сите наставни предмети и за сите
одделенија. Некои дидактичките принципи главно се однесуваат на работата
на наставникот, други пак на дејноста на учениците, а трети на дејноста и на
едните и на другите. Дидактичките принципи се релативно стабилни иако во
даден временски период едни имаат приоритет пред други, а во друг
период доаѓа до промена.

10
Методика на наставата по математика 1

Користена литература

1. https://www.smm.com.mk/uploads/university_books/60d9b004fb5606de
b765e14d895ee9a0.pdf
2. Макашевска В. (2015): Методика на наставата по математика 1, Скопје
3. https://www.researchgate.net/profile/Risto_Malceski2/publication/27535
9193_Strategii_i_tehniki_na_ucene_i_poducuvane/links/553b304f0cf245b
dd7646024.pdf

11

You might also like