You are on page 1of 2

„Печалбари“

Парите го вртат светот. Тие се главно средство за егзистенција на човекот. Со нив тој
обезбедува дом, храна, облека, разни задоволства, па дури може да ја купи и својата
слобода. Но парите имаат и опачина, друго лице, кое има погубна моќ. Тие честопати се
причина за војни, убиства и трагедии. Една таква трагедија силно го вознемирила и Антон
Панов, што го поттикнало да ја напише драмата „Печалбари “.
Мотото на драмата „Печалбари“ ја прикажува експлоатацијата на сиромашните и бунтот
против обесправувањето и класното раслојување, кое упатува на главниот мотив во
драмата, а тоа е смртоносната моќ на парите. Покрај тоа, во драмата е претставен и
битово-социјалниот живот. Ставовите на Костадин укажуваат дека тој е претставник на
новите сфаќања. Одбива да оди на печалба, но би сторил се за неговата љубов – Симка.
Како противтежа на Костадин, во драмата се јавува ликот на чорбаџијата Јордан кој е
насликан како себична личност која парите ги става на прво место без да се сети дека ги
повредува саканите. Сето ова упатува на тогашниот социјален живот во кој владееле, од
една страна парите, а од друга сиромаштијата и печалбата.
Очекувањата на таткото Митре се скромни: да купат мала нива и да се ослободат од
бездушните газди. Всушност, аргатлукот на кој е принудено целото семејство е причина за
заминувањето на Ангеле на печалбата. Желбите и ветувањата на Ангеле се поголеми: да
се ослободат од долговите, да ја омажат сестра му, да купат своја земја и да изградат
убава куќа. Иако тоне во сиромаштија, на пчетокот од драмата семејството е среќно.
Односите меѓу членовите се здрави и цврсти, а љубовта заемна и искрена. Исто така,
избива на површина и нивната чесност, скромност, религиозност и моралност.
По 20 години печалба, физички изменет и остарен, но со полн куфер златници, Ангеле се
враќа дома, најпрво посетувајќи ја својата сестра. Кате е среќно мажена, а родителите
живеат спокоен и комотен живот. Единствена грижа им е желбата за што поскоро
враќање на синот. Новата голема куќа, нивите и аргатите укажуваат дека Ангеле добро
заработувал и ги исполнил ветувањата.
Раскажувајќи им на својата сестра и зетот за животот во Америка, Ангеле како да го
најавува расплетот на трагедијата. Тој како да ја претчувствува својата лоша судбина и
вели: „Јуда е парата! За пусти пари човекот најмилото си го продава“.
Изненадувањето што сака да им го подготви на родителите се претвора во кошмар.
Преправајќи се пред нив дека е случаен патник штотуку вратен од печалба и фалејќи се со
заработеното куферче пари божем само со неколку години печалба, Анѓеле ја поттикнува
алчноста и зависта кај својот татко Митре. Чесноста, моралноста и хуманоста, кои само
миг претходно ги покажал со тоа што во домот примил непознат човек на спиење и
вечера, кај Митре се заменуваат со алчност и завист. Иако сите негови потреби се
задоволени, а фазата на сиромаштија е зад него, тој се заслепува од сјајот на жолтиците.
Непрепознавајќи го гостинот, тој го убива родениот син, а со тоа го уништува целото
семејство.
Претставувајќи на сцена еден ваков морбиден настан, Крле сакал да го промени односот
на човекот кон парите. Парите го движат целото драмско дејство. Нивното отсуство е
причина за заминување на печалба, а присуството повод за убиство. Тие се и потреба и
проклетство, а во случајов утепувачка. Дури и Митре каејќи се за сторениот грев вели: „Ох,
пусти пари, пусти да би останале!

You might also like