You are on page 1of 1

Втора писмена работа по македонски јазик

Копнежот по слобода изразен во романот “Големата вода” од Живко


Чинго

Слободата е како светлина и без неа ние би потонале во бездната на


темнината. Тежнеењето кон пронаоѓање на слободата е она што ни вдахнува
живот и оној кој што ќе успее да ја добие таа борба, не само што ја добива
слободата, туку добива и една од најголемите животни лекции. Секој од нас е
во потрага по некоја слобода, спознавање на самите себе, затворени меѓу
ѕидини од мисли, посакувања, надежи и потреби.
Романот “Големата вода” од Живко Чинго на најсликовит можен начин ни
го доловува тој копнеж по слободата. Ова не е само обичен роман во кој се
зборува за историските настани и тешките судбини на малите сирачиња од
еден дом, ова е приказна со една длабока и силна човечка порака.
Големата вода е метафора за големата надеж, за нашата лична потрага по
слободата, што ја очекуваме додека се искачуваме по Сентерленовиот рид,
измислен од страна на мечтите на Исак Кејтен. Лем и Исак се двете сирачиња
во домот и едниот и другиот жртви на војната, заглавени меѓу ѕидините на
Домот, во недостиг на родителска љубов и посветеност. Лем е кроток,
исплашен, заглавен во своите мисли и мечти. Спротивен на него е Исак, тој
има се што Лем нема, затоа и Лем постојано му се восхитува и во него го
гледа својот идол. Кејтен е дете кое има храброст да се спротистави на
строгиот ред, на воспитувачите, на целиот тој систем кој што е создаден да го
убие детството. Тој има бујна имагинација, надеж и верба дека слободата е на
дофат, единствено што само останува е да се продолжи со потрагата. Исак од
дрво ќе го направи ликот на својата мајка, тоа е всушност симболот на
длабокиот недостиг на двете деца. Меѓутоа и покрај се тие градат едно силно
другарство, имаат силна заедничка врска. Заедно чекорат по патот, кој иако
изгледа толку долг и толку недостижен, не е потежок од желбата и упорноста
на децата дека ќе го изодат, се со надеж да стигнат до самиот врв на ридот.
Кога секој од нас ќе ја стекне вистинската слобода, тогаш неговиот живот
ќе стане поисполнет, богат, како и вреден за живеење. И Исак и Лем сме ние
самите во една заедничка приказна. Приказна за вечната потрага по она што
ни недостасува, да бидеме среќен и исполнет човек.

You might also like