You are on page 1of 32

Интерпретација на романот

„Пустина “
Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)
Македонскиот роман
 Првиот македонски роман „Село зад
седумте јасени“ од Славко Јаневски е
објавен во 1952 година (подоцна го
преименувал во „Стебла“)
 Втор македонски роман е „Крпен живот“ од
Стале Попов во 1953 г.
 Повеста „Улица“ од Славко Јаневски е
објавена во 1950 г.
Ѓорѓи Абаџиев(1910-1963)
 Роден е во Дојран, средно образование добил во
Горна Џумаја, Бугарија (денешен Благоевград).
Студирал право во Софија и бил член на
Македонскиот литературен кружок во Софија. Во
1948 г. се враќа во Македонија, станува писател,
публицист и историчар. Бил член на ДПМ и
директор на Институтот за национална историја.
 Романи: „Арамиско гнездо“ и „Пустина“ и
расказите: „Табакерата“, „Епопеја на ножот“,
„Последната средба“, „Изгрев“ и други.
Интерпретација на „Пустина“
 Литературен период: современа македонска
литература
 Литературен род: епика
 Литературен вид: роман (психолошко –
историски) - тој е првиот македонски
психолошки роман
 Наратор: во 3. лице
 Време и место: почеток на 20. век (1903), во
Солун, а потоа во еден затвор во Мала Азија
 Настан: историски - Солунски атентати
Инспирација за романот
 Еден вистински историски настан -
солунските атентати од 1903 г. кога група
млади Македонци (гемиџии, атенатори)
вршат низа атентати низ Солун (напад на
Отоманската банка, на поштата, на еден
брод...) со цел да го свртат вниманието на
Европа врз себе; Македонија и во почетокот
на 20. век се’ уште е под турско владеење.
Композиција: 8 глави
 1. Презир
 2. Реалност
 3. Распнување
 4. Карпа
 5. Пак заедно
 6. Жрепка
 7. Во детството
 8. Излез
„Пустина “– Ѓорѓи Абаџиев
 Пустина“ е историско-психолошки роман.
 Темата е земена од историјата, односно периодот пред
Илинденското востание, пролетта 1903.
 Опишани се солунските атентатори — гемиџиите
поточно внатрешната состојба на двајцата преживеани
извршители на акциите — Арсо и Глигор.
 Идејата во романот е дека секој на свој начин треба да
го плати долгот кон татковината.
 Авторот употребува дијалог, монолог — интроспекција
(влегување во сопствената внатрешност) и
ретроспекција (враќање во минатото).
1. Презир
 На почетокот од романот се запознаваме со двата главни лика,
Арсо и Глигор, кои по атентатите се затворени, како и со
филозофијата на гемиџиите:
 „На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои
не се херои… Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме
создадени да го порекнуваме она што постои“.
 Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат
како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со
судбината на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги
гледа сите со своите живи костенливи очи, неговото тело е
јадро, косата непокорна и дива. Неговата појава ги дразни сите
присутни, а неговиот ироничен говор уште повеќе. Тој им вели:
1. Презир
 „Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само
двајца. Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме
вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето
блато, та луѓето што носат осетливи носеви да го сетат
лошиот мирис… Само тоа. Што можеме ние друго?“
 За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само
чека да помине целиот циркус (судењето), за конечно да
дојде пресудата и смртта која ја ветил.
 Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со
акциите кои ги извршиле, за  потопувањето на францускиот
брод „Викторија“, за разурнувањето на Отоманската банка и
со казната што ја добиваат — смрт со бесење.
2. Реалност
 Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои владеат таму. Авторот
воведува нови ликови: Џемаил-ага, насилник и господар во затворот, кој од сите зема
пари за заштита, а оние кои немаат да му дадат, ги убива. Тој може да избега од
затворот, но не сака, бидејќи тука сите го почитуваат и се плашат од него за разлика
од надвор, каде е презрен. (Тој имал многу жени, но по љубовта со нив, ги убивал и
ги фрлал во море.) Патрокле е една од неговите жртви во затворот. Тој бил имотен
трговец, кој за да си го зачува животот, му дава пари на Џемаил-ага.
 Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и психички. Во затворот, Арсо
постојано седи во некој агол, не сака да разговара со никого, сè му е здодевно,
размислува, се навраќа на минатото, купува хашиш за да се самоубие и едвај чека да
дојде судниот час.
 Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во затворот, интересни
му се туѓите животни приказни, ведар е, полн со живот и изнаоѓа начин да избегаат
од затворот, но при бегството тој успева, а Арсо — не.
 Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен
затвор.
3. Распнување
Осамениот Арсо живее во минатото,
опкружен со звуците од дворот на затворот.
Се сеќава на сестра си Анѓа, на родителите
кои не ни претпоставувале во што ќе се
впушта, на ликовите од прочитаните книги на
кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја
наоѓаат смислата на своето постоење, за
разлика од него.
4. Карпа

Во четвртата глава преку сеќавањата на Арсо се прикажани


подготовките на атентатите — копањето тунел од берберницата
до банката.
 При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат,
па на карпа која речиси не може да се совлада, но Арсо бил
посилен и од неа. Тогаш тој бил упорен, силен и истраен.
 Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска
љубов кон неа и нејзината женственост и страст кои тој не
сакал да ги задоволи за да не ја врзе за себе. (Според Глигор,
таа е една обична жена која сака да биде задоволена и е
навредена од односот на Арсо кон неа.)
5. Пак заедно
 Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за
патешествието низ Сахара, за девојката Смарагда која го
лекувала. Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот
Едип кој бил многу сиромашен и имал несреќна семејна
судбина. Синот му бил осуден, а жена му и ќерките болни.
Се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот
оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот.
Затоа тој го водел низ пустината, но при невреме, во една
песочна бура Едип исчезнал.
 Арсо се разболува, паѓа во бесознание и во своето бладање
и халуцинации ги меша неговата девојка Ана и девојката на
пустината Смарагда.
6. Жрепка

 Во оваа глава е опишано сеќавањето на


Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи
излегол од зградата на банката пред да
експлодира, но тоа го направил од хумани
причини. Забележал семејство со дете кое
не можел да не го спаси, ги фрлил
последните бомби и не успеал да се
самоубие.
7. Во детството
 Болниот Арсо оди уште подалеку во своите
сеќавања — во своето детство. Тој бил
многу добар и примерен ученик, а на една
приредба се покажал и како многу надарен.
Покрај тоа, му помагал на татка си во
дуќанот, но шивачкиот занает не го
привлекувал, па го пратиле во Солун да учи.
8. Излез
Последната глава е враќање кон реалноста: Глигор решава да
копа тунел од ќелијата за повторно да избегаат. Арсо не сака
да учествува, тој е сосема паднат во духот. Со својата
ведрина и оптимизам, Глигор го бодри, му вели дека тој ќе
копа, дека задачата на Арсо е само да лежи врз дупката и да
стражари, дека тој ќе му помага во сè.
 Но, за Арсо нема бегање, неговиот излез е смртта — она

што го ветил на другарите пред атентатите.


 Затоа на крајот Арсо се обесува, оставајќи на ѕидот мала

трага од себе: „Тука згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор


бега преку ископаниот тунел кон француската граница и
кон слободата.
Симболика на насловот
 Насловот има симболично значење –
пустошот во душата на атентаторот Арсо по
неисполнувањето на долгот кон
организацијата и кон мртвите другари
 Тема: Душевните превирања на двајцата
преживеани солунски атентатори
 Идеја: Човечката трагедија не лежи во
историските настани, туку длабоко во
самиот човек
Прв македонски психолошки роман е
„Пустина“
 „Пустина“ е првиот македонски психолошки
роман во кој наместо врз светот, акцентот е
ставен врз ликот кој размислува за светот:
„Каков е светот во кој живеам?“
 Ни ја прикажува душевната состојба на
своите ликови и редовно се служи со
постапката „сеќавање“ на ликовите, се
враќаат наназад во времето, неретко и во
своето детство - ретроспекција .
Главниот настан е веќе случен, солунските
атентати од 1903
 Романот започнува кога главниот настан
веќе се случил и тој не е опишан во делото -
тоа е познатата акција на солунските
атентатори од 1903 г., кои во знак на протест
што Европа останала незаинтересирана за
македонскиот народ под турско ропство, ги
нападнале бродот „Гвадалкивир“ и
Отоманската банка во Солун.
Арсо и Глигор
 Носители на романескното дејство се двајцата
преживеани атенатори Арсо и Глигор кои се наоѓаат
во затвор. Абаџиев не ги опишува подготовките и
извршувањето на акциите на атенаторите, туку
нивните душевни превирања по извршената акција.
 Пролетта 1903 г. група млади луѓе си поставиле
задача да нападнат значајни солунски објекти за да
го свртат вниманието на Европа, а потоа да ги
жртвуваат животите во име на борбата за национална
слобода на македонскиот народ
Арсо и Глигор во „Презир“
 Но, по игра на случајот остануваат живи Арсо и Глигор, ја
преживуваат акцијата и живи паѓаат во рацете на турските
власти.
 Арсо и Глигор во првата глава „Презир“ се наоѓаат во
затвор и насловот на главата покажува што чувствуваат
двајцата револуционери кон судот што треба да ги осуди.
Веќе во оваа глава се забележува модернистичкиот стил на
романот: текот на судењето е прекинуван со чести
ретроспекции (ликовите се враќаат наназад во мислите и се
потсетуваат на детали од акцијата). Конечно, пресудата е
донесена: Арсо и Глигор се осудени на смртна казна. Тоа е
првиот крупен настан во романот.
Арсо и Глигор во „Реалност“
 Втората глава се случува во еден затвор во Мала Азија
каде Арсо и Глигор чекаат пресудата да биде извршена.
Тие размислуваат за смислата на животот и за минатото
(ретроспекции). Размислуваат и за општочовечки теми:
за доброто и злото, за смислата и оправданоста на
бунтот и револуцијата и дали тие навистина можат да ја
исправат неправдата во човековото општество. Тука се
дава идејата на делото - ликовите стануваат свесни дека
нивната солунска акција, колку и да била со високи
цели, сепак се служела со оружје, со употреба на сила.
Имало и недолжни жртви, како едно дете на пример.
Револуцијата не е злостор
 За да се направи разлика меѓу злосторот на Арсо и Глигор,
се дава цела една галерија ликови од затворот, убијци кои
убивале за лична корист, а не за некои повисоки цели како
слобода на народот. Преку размислувањата на своите ликови
авторот порачува дека револуцијата не е злостор. Употребата
на оружје е оправдана ако станува збор за колективни
интереси. Не е исто да убиеш човек ако сакаш да го ограбиш
и затоа што сакаш да му ги скинеш прангите на својот народ.
На крајот од оваа глава добиваат ветување од еден човек
дека ќе им помогне да избегаат. Нема многу настани, ова е
психолошки роман кој инсистира на медитации и сеќавања
на ликовите (ретроспекции).
Смртта е чесна, животот е срамен
 Пресудата ќе послужи за уште посилна
психологизација на ликовите, дури и за нивно
разграничување. Иако имаат исти ставови, отсега
ќе се разликуваат.
 Глигор со голема радост ја прифаќа можноста да
избега од затворот, но Арсо не мисли така. Тој ја
има предвид смртта на своите другари и смета
дека нивната смрт го обврзува и него да умре,
зашто ако остане жив, тоа би било кукавичлук и
предавство
Смртта е чесна, животот е срамен
 Арсо се сеќава дека еден од неговите
другари дури седнал на бомба само жив да
не им падне во раце на турските власти. Тој
смета дека бегството е предавство кон
загинатите другари.
 Од овој момент Арсо и Глигор имаат
различни животни филозофии.
 За Арсо само смртта е слобода, а за Глигор
слобода е животот.
Смртта е чесна, животот е срамен
 Арсо дури прави план да се самоубие, да доживее
конечно ослободување од страшните животни маки
што му ги задава неговата грижа на совест – зошто не
умрел и тој, зошто останал жив?
 Глигор успева да избега од затворот, Арсо не. Иако
останал во затворот, тој не е погубен затоа што
султанот ги помилувал сите злосторници од затворот.
Тоа е премногу за душевните страдања на Арсо кој
одвај чекал да му ја стават бесилката на вратот и
херојски да умре, а сега е понижен и помилуван. Го
добива животот како милост од непријателот.
Распнување
 Третата глава „Распнување“ е една голема
ретроспекција во која ни е предадена
биографијата на Арсо; во времето на
семејниот дом; родителите; нивниот
патријархален морал; животните сфаќања;
младоста на ликот; неговото гордо и
патриотско воспитување, неговите другари
и најблиски.
СУДИР НА ВИТАЛИЗАМ И
МОРАЛИЗАМ
 И во следната глава „Карпа“ повторно сме со
ликот на Арсо (најголемиот дел од романот е
токму во мислите на Арсо); се сеќава како со
атентаторите копале тунел под една берберница
и налетале на една карпа, а симболиката е јасна
затоа што со натчовечки напори ја продупчуваат
карпата; прикажана е нескршливата волја на
човекот преку метафора на карпата која ја
симболизира Отоманската империја.
Судир на витализам и морализам
 Следната глава ни го дава Арсо во нов затвор („Пак
заедно“) каде тој престојува веќе 2-3 години. Вратата од
ќелијата се отвора и влегува Глигор. Неговото бегство
очигледно било неуспешно. Повторната средба ќе послужи
да дознаеме што му се случило на Глигор од моментот кога
со Арсо се разделиле (ретроспекција). Тој раскажува како
избегал во пустината, како јатакот Едип му помогнал, па
дури раскажува љубовна епизода со Арапката Смарагда
која го лекувала кога бил болен. Потоа и Арсо се сеќава на
својата љубов со Ана и се поставува важно морално
прашање: што има повисоки животни вредности – жената
или татковината?
Судир на витализам и морализам
 Во следните глави Арсо продолжува со своето
душевно самоизмачување, со чувство дека е
предавник со самото тоа што е жив и се сеќава на
детали од акцијата.
 Романот завршува со тоа што Глигор ископал
тунел за бегство од затворот, го повикува и Арсо
заедно да избегаат, ама тој веќе се обесил во
ќелијата.
 Романот е модерен и авторот не зазема страна кој
е во право, дали Арсо или Глигор.
Глигор - виталистички став
 Глигор има виталистички став кон животот. За него
животот е најголема вредност и треба да се живее без
товарот на големите идеали: треба да се ужива во сите
сласти што се нудат. Тој е трезвен и реалист. Фактот
што ја преживеал акцијата не го фрла во очај и
депресија, туку го задолжува да продолжи каде што
застанал и бегството му овозможува да продолжи да
дејствува за својот народ. Како жив тој ѝ е пополезен
на татковината отколку како мртов. За него излезот,
слободата е во бегство од затвор и живеење на
животот.
Арсо има моралистички став
 За Арсо животот е безвреден ако се нема
повисоки идеали за кои вреди да се умре. Смртта
(идеалот за кој живеел) го прави човекот голем, а
не самиот живот - моралистички став. Тој е чесен
млад човек кој е решен на саможртва за
татковината. По игра на случајноста останува жив
и започнуваат неговите душевни превирања и
страдања, чувство на вин ,па се чувствува како
предавник на организацијата и на другарите. Тој е
идеалист и за него излезот, слободата е смртта.

You might also like