You are on page 1of 2

„Странецот“ е книга која навидум изгледа дека го претставува само апсурдот и

незаинтересираноста на Мерсо да го почувствува животот. Пред предавањето на


факултет во средно ни објаснуваа дека човеков убил без причина, или дека бил
чукнат па затоа постапил така. Всушност има длабока филозофија во неговата
постапка.
Значи да ги разгледаме на почеток постапките што се чинат апсурдни.

Умира мајка му на Мерсо.


Тој - гледа комедија, оди на плажа, води љубов со девојката за која изгледа
незаинтересиран.
По овие постапки сите веднаш би помислиле дека Мерсо воопшто не ја сакал
мајка си и не се грижел за нејзината смрт. Но, тука има едно големо но што ја
менува суштината на целата книга.
Тргнувајќи од фактот дека Албер Ками спиел со книгите на Фројд значи дека
многу добро го познавал Фројдовото дело. Кога би ги анализирале овие негови
постапки според тој клуч ќе заклучиме дека.
Смеењето за време на несреќата или после несреќата (гледањето комедија после
смртта на мајка му) кај луѓето е честа појава, според Фројд всушност кога се
смееме во такви ситуации ние се плашиме и не сакаме да го покажеме стравот
длабоко во себе, па затоа се криеме зад насмевката. Одењето на плажа исто така
не мора да значи дека Мерсо не ја сакал мајка си, едноставно сакал да ги
разведри мислите и да ги оддалечи од агонијата што му се случила. И на крајот
водењето љубов, докажано е дека тоа е најдобар лек против стресови, го
ослободува телото и духот од сите негативни работи што му се случиле.
Клучниот момент во книгата е погребот на мајката. Тука се јавува еден старец
кој оди по Мерсо и му кажува: „Господине јас многу ја сакав вашата мајка, би
можело да се каже дека ние си припаѓавме еден на друг“. Со тоа му кажува дека
тој всушност бил интимен со неа. Додека се одвива таа сцена надвор сонцето е
пеколно жешко (тоа е мнемотехничкиот детаљ во делото). Подоцна Мерсо го
убива Арапот кога се повторува истиот мнемотехнички детаљ ко на почетокот,
сонцето свети толку силно што ликот се потсетува на старецот од погребот на
мајка му. Тој болно е заљубен во својата мајка, ја сака не како мајка туку како
жена. Во моментот кога старецот му ги кажува своите чувства тој создава
одбивност кон него, но го потиснува тоа во себе за повторно да исплива на
површина кога барем една единствена работа (во случајов сонцето) ќе го
потсети на сцената со старецот. Затоа што не можеше да го повреди старецот, ја
потиснаа таа желба во себе, а кога го почувствува мнемотехничкиот детаљ го
уби Арапот без размислување, што би рекле во состојба на афект.
На крајот ќе забележиме дека во Мерсо постоел прикриен Едипов комплекс. Тој
не е така рамнодушен и нема толку апсурден поглед кон животот, неговите
постапки се многу логични, но треба да се разгледаат од малку поинаков агол за
да се сфатат правилно.

Венко Андоновски

Идеите на Ками за апсурдот:


Во неговите есеи Ками презентира две дуолизми:среката и тагата, темнината и
светлината, живото и смртта, итн. Во митот овој диализам станува парадокс:Ние
ги вреднуваме нашите животи и егзистенции, но во исто време знаеме дека
евентуално можеме да умреме и нашите настојувања се бесмислени. Се додека
можеме да живееме со дуализам(јас можам да прифатам периоди на несрека,
затоа шѕо знам дека искуството на срека ке дојде), ние не можеме да живееме со
парадоксот (ислам дека живот мој е од големо значење, но исто така не е од
големо значење). Во митот Ками беше заинтересиран како ние го искосуваме
апсурдот и како живееме со него. Нашиот живот мора да има смисла за нас за да
го вреднуваме. Ако прифатиме дека живото нема значење и не го вреднуваме,
зар не треба да се самоубиеме? Мерсо, херојот на апсурдот од ”Странецот” е
убиец кој одговарал за своето злосторство. Разбирањето на Ками за апсурдот
промовира јавни дебати.

“Ако ништо нема значење можеби си во право, но овде сепак постои нешто што
има значење”. Второто писмо до германскиот пријател, декември 1943 година

You might also like