You are on page 1of 2

Филозофија на „апсурдот“ во Странецот на Ками

Романот „Странецот“ од Албер Ками е едно од најзначанјите четива на


современата француска, а со тоа и светска литература. Напишан е на многу
едноставен, дури новинарско-фактографски стил кој остава силен впечаток врз
читателот.
Во прво лице еднина „јас“, главниот јунак ни ги соопштува секојдневните настани
гледани од негов агол, со што Ками успеал многу сугестивно да ни ја долови
неговата психа, па одбивноста и одвратноста што на почетокот можеби ќе ја
почувствуваме, постепено прераснува во сочувство и сожалување за него.
Романот „Странецот“ го сочинуваат два дела во кои е прикажано современото
отуѓување на човекот од општеството. Тој е полифоничен роман во кој се дава
перспективата на општествената стварност и стварноста на поединецот.
Темата во романот е бесмислениот живот на Мерсо и судењето за уште
побесмисленото убиство што го извршува.

Уште на почетокот на романот остануваме зачудени од бесчувствителноста и


незаинтересираноста на главниот лик — Мерсо.

Романот започнува со:


            „Денеска умре мама. Или можеби вчера, не знам.“

Во продолжение дознаваме дека мајка му била во дом за старци, а тој добил


телеграма, па затоа не знае кога точно умрела.
Првиот дел на романот е опис на животот на Мерсо, неговото секојдневие,
неговата незаинтересираност и бесчувствителен однос кон нештата.
Вториот дел, пак, е приказ на судскиот процес во кој општеството му суди на
Мерсо, не толку за убиството што го извршил, колку за овој негов однос.

Типично за Ками, главниот лик во неговиот прв роман го заснова својот живот врз
апсурдност, станувајќи случаен злосторник и осуденик на смрт кој практично
доживува неуспех во лавиринтот на туѓите морални вредности. Апсурдот влече
низа вечни морални дилеми околу дефинирањето на животот, откривањето на
неговата суштина и значење, прашањето на смртта, креирајќи
своевиден конфликт помеѓу ирационалноста и носталгијата по она логичното,
поентирајќи кон смислата.
Ликот на Мерсо од „Странецот“ на Ками, е човек на новото време. Тој е отуѓен од
општеството не прифаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување.
Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во
сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува
околу него.
Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее зашто и
така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата
мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест,
дали ќе се ожени со Марија или не. Сè му е сеедно.
Деновите ги минува незинтересирано, а кога му се пружа можност да оди во
Париз и да напредува, тој одбива.
Не сака да промени ништо во својот безначаен живот. Од здодевност го прифаќа
и пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со законот.
Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се
замеша во тепачката иако тоа него не го засега. И на крајот таа
незаинтересираност ќе го доведе во ситуација да убие човек. Но, тој и понатаму е
рамнодушен. Не се вознемирува заради убиствито, не се покајува, не зажалува,
па дури и не размислува за тоа. Како ништо да не се случило.
Токму во овие особини на Мерсо, Ками ја претставува во целост својата идеја за
алиенацијата, за човековото оттуѓување, за индиферентноста и нонншалантноста,
филозофијата на апсурдот на човековото постоење.Она што Мерсо го кажува и го
прави неприфатливо за останатите луѓе — дека заради сонцето и неподносливата
горештина — убил човек! Без притоа да чувствува ни трошка каење ни вина...

Но, на крајот, кога ја добива смртната пресуда, во Мерсо почнува да се буди


нешто. Се крева револтот кај него заради неможноста од избор. Пресудата е
дефинитивна и конечна. Смртта е конечна. Тогаш за првпат не му е сеедно што
нема да поживее уште дваесет години, бидејќи секогаш има шанси за нов почеток
и за поинакво сфаќање на работите.
Затоа, бидејќи извршувањето на смртната казна е неизбежна, Мерсо помирувајќи
се со тоа, сепак посакува барем тогаш околу него да има многу луѓе. Да не биде
сам и осамен, како што бил целиот негов живот.
А тоа е всушност и излез и решение на апсурдната филозофија на Ками. Најважно
од се е дека треба да ја пронајдеме смислата на живеење бидејќи секој живот има
смисла.

You might also like