You are on page 1of 1

Странецот (француски: L’Étranger) — роман на Албер Ками, издаден во 1942 година.

Веројатно најпознатиот роман на Ками, но честопати се вбројува и меѓу најпознатите дела


на францускиот егзистенцијализам. Впрочем, романот покрај директно
егзистенцијалистичките теми како апсурдот, обработува и теми од други филозофски
правци како детерминизмот, нихилизмот, натурализмот и стоицизмот
. Ликот на Мерсо од „Странецот“ на Ками, е човек на новото време. Тој е отуѓен од
општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување.
Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во сфаќањето на
таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него.
Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее зашто и така мора
да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата мајка, дали ќе пие кафе и
ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест, дали ќе се ожени со Марија или не. Сè му
е сеедно.
Деновите ги минува незинтересирано, а кога му се пружа можност да оди во Париз и да
напредува, тој одбива. Не сака да промени ништо во својот безначаен живот. Од здодевност
го прифаќа и пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со законот.
Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се замеша во
тепачката иако тоа него не го засега. И на крајот таа незаинтересираност ќе го доведе во
ситуација да убие човек. Но, тој и понатаму е рамнодушен. Не се вознемирува заради
убиствито, не се покајува, не зажалува, па дури и не размислува за тоа. Како ништо да не се
случило.

You might also like