You are on page 1of 1

Романтичарските белези во поемите

Романтизмот е книжевен и уметнички правец кој се појавил во Европа при крајот на


седумнаесеттиот век. Тој се јавува за време на големи општествени потреси и национални
движења. Во делата на романтичарите има голем број на белези кои ги прават овие дела посебни.

Романтизмот се проширил и до Америка, раѓајќи го еден од најголемите американски


писатели на сите времиња, Едгар Алан По. Неговата најпозната поема ,,Гавранот" се фокусира на
мрачен романтизам, што се рефлектира од неговиот мрачен поглед кон општеството, а и самиот
себе. Ова дело опфаќа два главни романтичарски белези. Тие се принципот на имагинација и
принципот на индивидуализам. По користи имагинација и го претставува гавранот како злобно и
натприродно суштество, а не како животно. Гавранот засекогаш ќе го измачува По за смртта на
неговата сакана Ленора. Тој постојано му се исмејува на поетот, како да му вели дека тој и Ленора
никогаш повеќе нема да се видат. По се потпира и на индивидуализмот во целата песна. Песната е
испеана во прво лице, осамен човек кој тагува за загубата на својата сакана. По доживува
осаменост кога тој е во емоционална траума. Во ,,Странствувањата на Чајлд Харолд", Бајрон ни го
открива ликот на Харолд. Главен белег во ова дело е потрагата за спокојно општество. Харолд е
млад човек кој наместо да се посвети на творечката работа, почнал да живее неморален живот.
Таквиот живот му здосадил, па решил да замине на далечни патувања каде ќе најде спокој и мир.
Тој се чувствувал како во родниот крај да е отуѓен и сам, но сепак кога решил да отпатува
чувствувал тага. Прво допатувал до Португалија и Шпанија каде очекувал да најде мир. Иако прво
се восхитувал на убавините на овие земји, подоцна се разочарал кога ги видел бедата и
сиромаштијата. Сево ова било последица на војната. Ова разочарување ќе го следи до крајот на
патувањето. Подоцна ќе отиде во Грција каде ќе го дочека истото. Немало повеќе античка култура
и демократија, туку робовладеење и крвопролевање. Тука ќе им помогне на Грците да се изборат
за слободата на својот народ. Подоцна ќе допатува и до други европски земји, но единственото
место во кое пронашол мир и спокој била природата.

Може да се каже дека романтизмот е еден од најважните периоди за книжевството. Со


неговите белези тој е уникатен и дури и денешните писатели црпат инспирација од
романтичарите.

You might also like