You are on page 1of 1

1.

Прашањето за судбината се развлекувало со векови, но главно секогаш го вклучувало човекот


низ сите тие моменити низ минатото. Зошто некои луѓе да живеат во мир и среќа – а некои не?
Зошто некои да живеат во благодетите на судбината, а други да бидат прогонувани. Да не ве
потресе приказната на Андреј Соколов и малиот Вања потребно е да имате камено срце. А јас го
немам. Шолохов преку ова дело успева да ни ја пикаже трагедијата и величината на рускиот
народ, кои се поставени пред едно големо искушение – војна. И покрај сите загуби, јунакот на
приказната –руски војник Андреј Соколов го задржува своето достоинство и наоѓа сила да
продолжи понатаму со животот. Но што е тоа што му помогна целосно да не падне во депресија и
да се откаже од животот? Верувам дека на прво место е големата љубов кон својата татковина.
Мислам дека тоа е патриотизмот, да го порази својот непријател и да се врати на нормалниот
живот по војната. Неверојатно е колку војната може да го промени живото на еден човек. Андреј е
едноставен руски човек, работник. Поголемиот дел од животот го поминува како возач. Создава
свој дом, семејство и деца. Тој за момент е среќен зошто му се исполнува сонот за семејство, но
војната му ги уништува сите планови. Тој го губи својот дом и поголемиот дел од семејството, но
тој не ја губи смислата за живот. Сите овие случувања го претвараат Соколов во нескротлив ѕвер, и
покрај тоа што е заробен од Германците, и покрај страдањата тој не се предава, сака да ги натера
другите да платат за нанесената болка. Во војната доаѓа до дното на сопствената трагедија.
Удиран е од судбината што му ја наметнуваат но морално истрајува и во омразата и болката наоѓа
сили за понатамошна добрина и љубов. Колку и да е тежок живото на еден човек, колку маки и
трагедии дам му се имаат случено, тој треба да живее, треба да им помогне на оние кои се уште
понесреќни од него. По војната животот на Андреј не станува ништо полесен, но судбината му се
насмевнува и му нуди уште една шанса, за да не биде сам му го испраша Вања, мало дете кое ги
изгубило своите родители за време на војната. Не постојат зборови со кои може да се опишат
чувствата на Соколов. Тој повторно добива шанса да ја подари својата љубов, и тоа е доказ дека
омразата му го нема заробено целосно неговото срце. Тоа е приказна во која Шолохов мајсторски
успеал да спои две навидум некомпатибилни елементи, христијанскиот морал преку жртвувањето
на детето и социјалистичкиот мотив, вербата на Шолохов дека детето ќе израсне како горд русин.

You might also like