You are on page 1of 1

Почетна » македонски јазик » наука за јазикот » „Црнила“ од Коле Чашуле

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

„Црнила“ од Коле Чашуле


ПИШУВАЊЕ И ЧИТАЊЕ
македонска литература, современа македонска литература

МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, атентатот врз
Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.
СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРА .
Чашуле е нашиот прв автор кој собра храброст на ваков начин да
проговори за македонските црнила.
 Е-Тест
провери го своето знаење Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров
во кое „видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од
   македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси,
за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.
.
„Црнила“ е драма на идеја, односно драма со теза, која се остварува преку
апсурдот на еден лик дојден во непознат свет, но овде остварена и со
политички задни намери.
Идејата во драмата е осуда на човековиот морален пад, на
братоубиството, на забивањето нож в грб – честа појава во нашата
мрачна историја.
.
Дејството се случува 1921 година во Софија, а како мото се дадени
стихови на Анте Поповски:
.
            „Долу по полено, по врбацине, до срцево
            Сè е така и ноќ и нож в плеќи забиен
            Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака
            Ме плаши час од рака своја в плеќи.“
.
Композицијата на драмата е во четири дејства, а драмскиот простор е
домот на Христови каде се подготвува заговорничкиот предавнички чин.
.

Содржина на драмата „Црнила“

.
Прво дејствие

.
На почетокот од драмата е прикажана љубовната врска меѓу  Неда
(домаќинката) и Иван, врска која е режирана заради потребите на
Организацијата.
Двајцата се уплашени, се кријат, но не заради нивната „забранета љубов“,
туку стравот потекнува од Луков, главниот организатор на атентаторската
група. Неда за Луков, вели:
.
Неда:   Го чувствувам околу мене како сениште. Понекогаш ми се чини
дека сите сенки и црнила во овој дом како да се негови сојузници… како
да ме прогонуваат. Иване, сеќавам цел еден железен обрач дека се стега
околу мене! Иване, зошто Луков сите свои акции ги подготвува во мојов
дом? Зар организацијата не може да најде друг дом за таа цел…?
.
Неда дознава каква акција се подготвува, не може да верува дека ќе го
убијат Ѓорче Петров, но мора да молчи, зашто само со молчење се
преживува.
На вратата се појавува сосетката Милка (единствен лик надвор од
групата) која доаѓа на кафе и на малку дружба, за да избега од
затворениот круг во кој се наоѓа.
Преку нејзините зборови дознаваме за судбината на Македонците во
Бугарија, но и секаде во светот.
..
Милка:  Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на
овој век.
.
Во понатамошниот разговор таа е занесена од делото и ликот на Ѓорче
Петров, кого за првпат го видела пред две недели:
.
Милка: Тој не се откажал од Македонија.(…) Човек занемува пред него. И
му се сака никогаш да не престане да го слуша.
.
Откако Милка ќе си отиде, во домот на Неда доаѓаат Христов, мажот на
Неда, и Луков.
Уште веднаш се забележува доминацијата на Луков и стравот што сите го
чувствуваат од него. Се договараат за „службеното“ отсуство на Христов и
за неопходноста Неда да остане во домот.
Нејзе и забранува да се гледа со сосетката Милка, зашто според него таа
„жена има сосема нездраво…минато. Потекнува од фамилија на наши
политички непријатели – комунисти? Мажена е за еден од нивните
најактивни раководители. Нејзините, така чести посети во овој дом
имаат… известителна цел“.
Значи таа за него е смртен непријател и шпион. Затоа секоја дружба – во
името на Организацијата, со неа е забранета.
Потоа Луков, за да ја заплаши уште повеќе јасно и дава на знаење дека
тој знае за нејзината љубовна врска со Иван, но дека тоа не го
интересира, туку го интересира нејзиното однесување, нејзината
послушност и молк. Ја известува дека во нејзиниот дом ќе дојдат уште
четворица од групата, а со едниот од нив, кој никој не го познава, не смее
ништо да разговара, воопшто да не зборува.
.
Тогаш доаѓа Иван и кажува дека Младичот доцни и дека Методи останал
да го чека доаѓањето на следниот воз. А зошто доцни Фезлиев никој не
знае. Се забележува слабоста и попустливоста на Луков кон Фезлиев.
.
Второ дејствие

.
Второто дејствие се случува во истата пустелија…
Во собата седат Луков, Иван и Фезлиев, а тишината ја ремети само
полнењето и празнењето на шаржерот со кој си игра Фезлиев. Тие чекаат
да дојдат Методиј и Младичот. Во воздухот се чувствува нервоза,
разговорот едвај се поведува. Фезлиев зборува за Младичот и вели:
.
Фезлиев:  Си го претставувам: млад, полн со идеали… Тој мора да е од
оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија
и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не
стои никој друг туку Таа – Историјата со голема буква.
.
Кога конечно пристигнува Младичот, Луков веднаш му се обраќа со
ароганција и покажува кој е тука главен. Му префрла за доцнењето, за
несериозноста, а исто така ги кажува правилата на игра: тука мора да се
заборави името, родното место, таткото и мајката…
.
Искрениот и наивен Младич веднаш кажува дека тој нема веќе никого,
дека неговите родители биле заклани, па оттогаш организацијата му е
единствениот родител. Кажува дека за првпат е во Софија, дека никого не
познава и нема пријатели. (Тоа на Луков сосема му одговара, бидејќи
планира по акцијата да го ликвидира и Младичот.) Потоа му
образложуваат дека неговата задача ќе биде да:„…премавне еден многу
опасен предавник и изрод на нашиот народ.(…)станува збор за лице од
навистина демонски формат, за човек пеколно лукав, расипан…“
.
Младичот, целосно предаден на Организацијата, воопшто не прашува
кого треба да убие. Што и да е, ако е за доброто на Македонија – тој ќе го
направи.
.
Си ги кажуваат конспиративните имиња: Луков е Рилски, Иван – Сарски,
Методи – Сувогорски, Фезлиев – Тажен, а на Младичот му го даваат името
Орце (и му го погодуваат неговото вистинско име).
Се договараат атентатот да се изврши уште утредента, а зад затворена
врата, Луков му дава на Методиј уште упатства. Дека Младичот никако не
смее да знае каде се наоѓа, да биде целосно просторно дезориентиран, и
никако не смее да дознае дека треба да го убие Ѓорче Петров.
Фезлиев, потслушнувајќи го нивниот разговор, ја сфаќа гнасотијата на
целиот план и му кажува на Луков дека не сака да има ништо со
ликвидацијата на Младичот:
.
Фезлиев:  …кому му е и зошто потребно да извалка една таква
револуционерна чистота и добродетел, каква што е Младичот? Дури
отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви
треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да
останете неоткриени – човек што ќе умре, по извршениот атентат, од
вашата рака и што што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе
посакате! Вие однапред сте ја продале и неговата смрт.
.
Вечерта, Фезлиев се пријавува да стражари прв. Кога останува сам, го
зема шишето со ракија од кое жедно пие за да ја издржи оваа ситуација
во која се нашол, како и да заборави дека некогаш во младоста и тој бил
сличен на Младичот.
.
Трето дејствие

.
Третото дејствие се случува во истата пустелија, неколку часа подоцна.
Фезлиев стражари, потпрен со главата на ѕид, веќе пијан. Прв се
разбудува Иван, кој го обвинува Фезлиев што не го разбудил за да
стражари.
Неда го повикува Иван во нејзината соба и ја бара неговата љубов, но тој
е сосема поинаков, поуплашен и несигурен. Сака побрзо да избега од кај
неа, но и да избега од сè:
.
Иван:  Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и
каде сме? И дека сева оваа глутница што вие околу нас не ми е дојдена
преку глава? Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе
појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета
оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.
.
Во станот доаѓа Методи, подисплашен, и кажува дека стражата фатила
некој човек кој цела ноќ се врткал околу куќата и гледал во прозорците.
Тоа всушност бил Христов кој не сакал да ја остави Неда сама. Се будат
сите, станува и Младичот и во кујната, во разговор со Луков, тој ја кажува
својата единствена желба, да се види со еден човек – со Ѓорче Петров.
Скаменет, Луков го распрашува понатаму, а Младичот вели:
.
Младичот:  Ми се чини дека уште синоќа ви расправив – сите мои беа
заклани од Турците. Откако се заситија од колењето и грабежите Турците
го напуштија дворот. Токму во тој момент на нив удри четата. Турците се
дадоа првин на јуриш, потоа во бегање. Тогаш во дворот влезе човек со
голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава
наредби на комитите на наш јазик. Дури кога ги чув неговите македонски
зборови – се отцепи плачењето од мене. Тој ме чу, дојде и ме сметна. Ми
ги затвори очите да не гледам и ме изнесе од дворот. (…)
Сиве овие години Ѓорче беше за мене сè: и мој животен идеал и совест
човечка и самата – Македонија. Сиве овие години јас неотклоно ја следев
таа права линија: да бидам како него, да постапувам како што тој би
постапил, да се борам за она за кое се бори тој – со еден збор, да го
правам само она што би го направил единствено тој.
.
Младичот одамна не го видел Ѓорче Петров, па Луков се надева дека од
зад грб, како што е планирано убиството, тој нема да го препознае, само
бара од Младичот никому да не му го каже ова свое исповедување. Дури
ни Луков не може лесно да се помири со оваа приказна, па му вели на
Иван:
.
Луков:  …ни испратиле младич на кого Ѓорче му го спасил животот и кој
на светов го има само него – Ѓорчета. Свинштина.
.
Сепак, акцијата продолжува. На пијаниот и заспан Фезлиев му ги вадат
куршумите од пиштолот, а Младичот, Методи и Иван тргнуваат во
извршување на атентатот.
.
Четврто дејствие

.
Четвртото дејствие се случува на истото место.
Луков седи сам, нестрпливо чека и полека се опијанува. Тој напишал
писмо до Иванов, неговиот претпоставен.
Фезлиев се буди и го гледа поднапиениот Луков. Меѓу нив разговорот е
рамноправен. Фезлиев си ги бара куршумите од пиштолот, но Луков не
му ги дава и му вели дека треба да му го однесе писмото на Иванов.
Фезлиев го чита писмото каде е опишана целата историја на Младичот и
потребата тој да се ликвидира. На Фезлиев не му преостанува ништо
друго освен повторно да се опие.
Тогаш Неда бара да оди кај сосетката Милка со која се договарале да се
видат за да не дојде таа во нејзиниот стан. Кога Неда излегува, доаѓа
Методи затрчан и кажува дека е готово – дека Ѓорче е мртов. Тој ја
опишува акцијата, кажува дека немале проблеми, Младичот пукал, па
заедно со Иван продолжиле без никој да ги забележи, а тој отишол до
телото заедно со другите љубопитни луѓе за да провери дали е мртов.
Имале среќа, бидејќи некои луѓе почнале да трчаат, па полицијата
тргнала по нив.
Луков му го дава писмото на Методи да му го однесе на Иванов. Но,
Методи брзо се враќа и му кажува на Луков дека долу го чека колата на
Иванов кој пратил да го донесат кај него, а писмото да го однесат „горе“.
Тогаш стравот расте кај Луков. Тој одбива да оди оправдувајќи се дека
акцијата не е уште завршена, дека кога ќе се врати Иван, ќе оди кај
Иванов заедно со него. Збунетоста и стравот за првпат ги гледаме кај
Луков. Не можејќи да ја одбие наредбата тој сепак ќе отиде во
автомобилот што го чека, ќе го земе револверот од Методи и ќе му рече
да го испрати Иван по него веднаш кога ќе се врати. Методи уште повеќе
се збунува гледајќи го Луков во таква состојба. Останува со писмото в
раце, а Фезлиев, трезвено, му вели да го носи таму каде што му е
наредено – горе.
.
Конечно доаѓаат Младичот и Иван. Фезлиев го праќа Иван по Луков, а тој
останува со вознемирениот Младич. Тој тешко дише, забрзано, го стега
грч, му се повраќа и го фаќа несвестица.
.
Тогаш на вратата доаѓа Милка и кажува дека го убиле Ѓорче Петров.
Младичот се скаменува, му станува јасно што се случило. Крикнува од
болка, го грабнува револверот на Фезлиев и се заканува дека сите ќе ги
убие. Фезлиев, смирено, без страв, му вели да бега зашто тие го
испланирале и неговото убиство. Младичот истрчува надвор.
Неда сочувствува со Фезлиев, ги турка фотелјите, го растура станот како
божем некој да се борел. Но, Фезлиев е помирен со својата судбина и не
сака да бега од неа. Во станот се втурнуваат Луков и Иван и кога гледаат
дека го нема Младичот ги фаќа страв и бес.
Луков го удира со пиштолот Фезлиев и го заврзува со јажиња, а Иван го
праќа да го бара Младичот.
Затрчан и вознемирен доаѓа Методи со писменце во раката. Му кажува на
Луков дека го видел Младичот обесен во паркот и дека тоа писменце му
го зел од пазувата.
Откако го прочитува писменцето, Луков го испраќа со ново писмо Методи
кај Иванов за да ја образложат целата ситуација.
Останувајќи сам со Неда, Луков станува циничен и зборува, но всушност
си зборува самиот на себе:
.
Луков:  Во ова писмо, оној Младич, ме нарекува…предател. И ми се
заканува со Историјата. И порачува нејзе, на Историјата, да го задржи во
убав спомен. Како Историјата да е споменарник или момински дневник.
Е, драги мој,… Можеби, сето тоа, во некој друга Историја да е ново. Во
нашата – не е. Во македонската историја, драги мој, има само … предатели
… досега барем. (…)           
Сигурен сум дека дури и не помислувал дека врховниот циник,
македонската историја, тоа писмо ќе ми го предаде мене в раце. (…)
Останува само уште финалето на … комедијата. Си го претставувам утре
Иванов, со каква трогателност ќе говори над гробот на Ѓорче: „Скапи
 Ѓорче…“
.
Неда, не можејќи да ја издржи неговата грубост, цинизам и пијано
однесување, го зема пиштолот и го убива Луков. Во тој миг влегува
Фезлиев целиот раскрвавен. Тој ја успокојува, да не се плаши од него. На
вратата силно тропаат…
Доаѓа Иванов да ја расчисти ситуацијата. Но, Фезлиев, очаен, разочаран
од целиот негов живот, посакува да се ослободи од сопствените црнила и
со зборовите: „Господи, белки не умрел Македонецот во мене“– тргнува
во пресметката со Иванов.
.
.За ликовите во драмата „Црнила“ прочитај повеќе на следнава ВРСКА.

Маркетинг | Контакт | Политика на приватност © 2021 Македонски јазик и литература


| ЧПП

You might also like