You are on page 1of 3

Гане Тодоровски

1. Животен пат

Гане Тодоровски роден во Скопје, 11 мај 1929 - 


македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен
критичар, историчар и публицист.

Гане Тодоровски завршува Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и


Методиј“ во Скопје каде што и докторира.
Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“.
Бил професор по хрватска и македонска книжевност — XIX век на Филолошкиот
факултет во Скопје.
Со книжевна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова
Македонија“, „Пионерски весник“,и „Нов ден“. Претежно се занимава со поезија и
препеви.
Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“,
„Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со
документарниот филм „Проштевање“ (1963), како ко-сценарист.
Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонијаа двапати е и
негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-
1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е
на МАНУ од 1997 година.
Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска
акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската
Федерација.
 Починува во Скопје, 22 мај 2010.
2. Книжевно творештво

● Во утрините (поезија, 1951)
● Тревожни звуци (поезија, 1953)
● Спокоен чекор (поезија, 1956)
● Божилак (поезија, 1960)
● Апотеоза на делникот (поезија, 1964)
● Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968)
● Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970)
● Снеубавен ден (поезија, 1974)
● Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974)
● Веда Словена (1979)
● Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979)
● Скопјани (поезија, 1981)
● Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983)
● Со збор кон зборот (студии и критики, 1985)
● Поход кон Хеликон (студии, 1987)
● Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987)
● Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987)
● Недостижна (поезија, 1995)
● Осамен патник (поезија на англиски, 1996).
Составувач е на антологиите:

● Песната - храброст (1975)
● Австриската поезија на ХХ век (1982) и други.

Како коавтор ги приредил антологиите:

● Словенечки поети (1956)
● Езерска земја (1967)
● Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968)
● Нова хрватска поезија (1973)
● Современа хрватска поезија (1981).

3. Особености на Творештвото

Поетскиот јазик на Гне Тодоровсски изобилува со индивидуализми, зборообразувани на


нестандарден начин зборови(кованици)

4. Анализа на песната “Сонет,,

Сонет –утврдена форма составенаид четиринаесет стиха организирани во четири строфи


од кои првите две се катрени а вторите две се терцини.

Во сонетот може да има рима од секој вид.

Шекспировиот сонет е составен од четири строфи од кои три се катрен со вкрстена


рима,додека четвртата строфа е дистих со паралелна рима

● Структура на строфи: Хетерострофична


● Број на стихови во строфи: Две катрени и две терцини
● Број на слогови во стих: Дванаесетерец
● Ритмичка организираност: Организиран стих
● Видови рима: Вкрстена

Можеби си спомен, нечујно што минал

● Мотив: Љубовна

низ моите мечти, оставајќи трага?

Можеби си зборот јас што сум го скинал

од усните свои, низ насмевка блага?

● Стилски изразни средства


a) Метафора

1.Можеби си спомен, нечујно што минал

низ моите мечти, оставајќи трага?

2.Биди песна звучна што низ слзи плиска?

3.Биди вечен гост на срцетошто страда.

b) Хипербола(Збор јас што сум го скинал од усните свои


c) Епитет (недофатена сенка,неплакана тага, далечна и нема)
d) Анафора(или-или)
e) Парафраза(Моја ,една, блиска)

5. Одговори на првиот тест од матура

1.Строфична

2.Епифора

3.Повторување на исти согласки и самогласки во зборовите од стиховите

4.Осаменоста

5.Терцини

6.,,Божилак”

Марија Ристеска IV-6

You might also like