You are on page 1of 25

БИЗНИС ПЛАН

__Ресторан Healthy Life__

Скопје 12.01.2020
1. Вовед

Денес се повеќе се зборува за тоа дека секојдневната исхрана е штетна за нашето


здравје. Исто така продуктите кои што ги конзумираме секојдневно се исполнети со
штетни материи за нашето здравје. Премногу шеќери, масти и отровни материи со кои се
контаминирани и основни

те прехранбени продукти. Нашата цел е оваа состојба да се измени. Начинот на исхрана


да е правилен и исполнет со сите потребни состојки за да можеме да функционираме. Со
оглед на фактот дека се што денес конзумираме е “нездраво“ и дека динамичното
секојдневние ни налага да се храниме неправилно и да внесуваме штетни материи во
организмот всушност се основен мотив за ние да се одлучиме да основаме ваков вид на
бизнис. Во нашата земја се повеќе има заболени лица од масти, дијабетис и другиболести
кои се предизвикани од неправилниот начин на исхрана. Многу мал дел од граѓаните се
претпазливи и се грижат за правилниот начин на исхрана. Всушност сметаме дека овој
бизнис освен што ќе им помогне на луѓето да се хранат здраво исто така ќе придонесе да
се намалат болестите и секако ќе ја исполни нашата основна цел односно остварувањето
на профит.

Healthy Life ресторан кој е визија за подобра и поздрава исхрана која ќе нема
никакви штетни хранливи материи и ќе овозможи луѓето да си ги извршуваат своите
обврски без проблеми бидејќи здравата храна односно правилниот начин на исхрана ќе
овозможи да се активираат сите функции на човековото тело.

Во Р. Македонија овие видови на ресторани за жал не изобилуваат, но тоа е


позитивно за нас бидејќи со тоа сме поблиску до остварувањето на нашата основна
цеОпшти податоци за бизнисот

Име на бизнисот: Ресторан – Healthy Life


Адреса:

Тел/факс:

Е-маил: healthy.life@yahoo.com

Лице за контакт:

ЕМБ на фирмата: 2089563

Даночен број на фирмата: 4030999102674

Жиро сметка : 200000000005469

Деловна банка: Стопанска банка АД. - Скопје

Датум на прва регистрација: 15.03.2020

Структура на сопственост: приватна

Број на вработени: 18

Шифра на дејност: 56.10

2. Опис на проектот

- Состојба во гранката

Разгледувајќи ги услужните гранки на ниво на РМ и пошироко дојдовме до


заклучок дека и покрај тоа што угостителството како услужна гранка е многу застапена
сепак има простор за започнување на еден ваков бизнис. Всушност многу малку од
рестораните денес внимаваат на примената на здравата храна, односно сметаме дека
има простор во угостителството за ваков бизнис бидејќи со самото засновање на бизнисот
ќе се влијае врз свеста на граѓаните за правилната исхрана која ќе помогне да се го
сочуваме здравјето. Односно повеќето ресторани нудат храна која овој ресторан не ја
нуди и во тоа се гледа предноста за развој и успех.
Единствен проблем на кој наидовме при истражувањето и анализирањето на
гранката всушност се потрошувачите. Бидејќи тие се навикнати на храната која ја нудат
обичните ресторани не можеме да претпоставиме како ќе реагираат на овој вид на храна
која ја нуди нашиот ресторан, но со оглед на фактот дека денес во светот се повеќе се
зборува за здравата храна и правилниот начин на исхрана сепак сметаме дека овој
проблем е решлив бидејќи потрошувачите би можеле да увидат кои се придонесите и
позитивните страни на самата храна како и на тоа дека истата помага да го сочуваме
здравјето и да живееме во спокојство и хармонија.

- Цели и очекувања

Отварањето на овој ресторан освен што ќе ги задоволи потребите на


потрошувачите, односно ќе им помогне да си го сочуваат здравјето и да имаат правилен
начин на исхрана кој ќе ги заштити од болест, исто така сметаме дека ќе придонесе за
остварување на профит, подоцна и екстра – профит. Вложеното очекуваме да се врати во
рок од 1 година, а подоцна и да се оствари добивка која ќе овозможи за проширување на
овој бизнис.

Исто така очекуваме дека овој вид на бизнис ќе послужи како пример за
останатите, да применат здрава храна во нивната услуга и ќе придонесе за подигање на
свста кај потрошувачите и во иднина тие ќе го препознаат доброто во правилната исхрана.

- Опис на производство

Услужна – угостителска дејност ресторан за здрава храна.

- Вид на инвестиција

Инвестиции во фиксни средства 560.000 денари

Инвестиции во тековни средства + _365.000_денари

Вкупна инвестиција – 925.000 денари


- Финансиска структура

Учество на компанијата (сопствени средства) 525.000 денари

Донација + 300.000 денари

Други инвеститори ___ + 100.000 денари

Вкупна инвестиција = 925.000 денари

- Временски план на реализација на инвестицијата

Ресторанот Healthy Life се очекува да започне со работа 2 месеци по добивањето на


дозволата за работа, односно инсталацијата на сите потребни срества и опремување на
просторот на ресторанот.

- Нови работни места

Земајќи го фактот дека станува збор за ресторан кој нуди здрава храна при самото
отпочнување со работа потребно е да се вработат 18 вработени луѓе меѓу кои 4 ќе бидат
со завршено високо образование,6 ќе имаат завршено средно стручно угостителско
образование, 3 ќе имаат завршено средно стручно образование и обука за готвење на
здрава храна, 4 ќе бидат со завршено средно или основно образование и секако
раководителот на ресторанот.

3. Маркетинг план

- Опис на услугата

Ресторанот нуди услуга која ќе ни овозможи да живееме здраво, односно понудата е


здравата храна која се подготвува на најсофистициран можен начин на готвење, во
посебни услови кои се предвидени со меѓународните стандарди за подготовка на здрава
храна. Самиот објект е удобно место акде што можеме да си ја задоволиме потребата од
храна. Има погодна атмосфера, тивка музика и доволно светлина. Исто така имаме и
надворешен дел кој се користи кога временските услови се погодни. Услугата не се состои
само од нудењето на здрава храна, туку и самиот прстор, амбиент и удобност. Ресторанот
е место каде можете да го поминете времето за ручек со вашето семејство и притоа да се
храните здраво и да се грижите за вашето здравје. Исто така дел од услугата е и самиот
прбор во кој се готви и сервира храната. Тој прибор пред се се состои од керамичка
облога која го спречува упивањето на масти во храната и го сочувува свежиот вкус на
храната. Кога станува збор за храната таа опфаќа многу видови на јадења ( предјадење,
главно јадење и десерт) кои се комбинираат и го прават нашиот организам отпорен на
многу болести.

- Споредба на услугата со конкуренцијата

Во близина на нашиот ресторан се наоѓаат повеќе реномирани ресторани кои


претставуваат конкуренција , но позитивната страна е во тоа што Healthy Life е еден од
малкуте ресторан кој нуди здрава храна, односно храна која не подлежи на штетни
хранливи материи. Во поглед на услугата квалитетот на храната која ја нудиме се
издвојува од конкуренцијата бидејќи и се посветува повеќе внимание при подготовка и не
се користат општите состојки, туку природни состојки кои и даваат таков карактер на
храната. Во поглед на цената исто така можеме да направиме позитивна предност пред
конкуренцијта, но тоа би не чинело дополнителна загуба во првите месеци на работење,
бидејќи доколку ги симнеме цените на стартот на работење може да наидеме на проблем
кој може да доведе до пропаѓање на бизнисот, но тој проблем ќе се реши со маркетинг
стратегијата односно промоцијата.

АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНТСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Особини Предложен бизнис Конкурент 1 Конкурент 2


Ресторан Healthy Life Бон-апетит Eko-food
Квалитет на произ. 1 2 2
Цена 3 1 2
Еколошки аспект 1 2 3
Заштитно име 4 2 1
Употреба 1 1 2
Посебни вкусови 1 4 4
Рангирање:

1 – Истакнато 2 – Многу задоволително 3 – Добро 4 – Доволно 5 – Незадоволително

- Локација на бизнисот
Ресторанот е лоциран во населба Аеродром во новиот трговски и резиденцијален
комплекс Capitol Mall & Residence. Сметаме дека оваа локација е најпогодна за отворање
на нашиот ресторан за здрава храна бидејќи, овој трговски центар е еден од најпознатите
центри и еден од најпосетените во нашата земја. Исто така бидејќи нудиме услуга
сметаме дека овој бизнис на оваа локација е многу блиску до потрошувачите,
добавувачите и сите субјекти во опкружувањето. Исто така со самото отворање на овој
трговски центар ќе се изврши и најава на нашиот ресторан кој е единствен во трговскиот
кој нуди здрава храна.

- Пазарна област

Healthy Life е проект кој се стреми да се прошири на пазарот низ цела земја, па и
низ Балканот. Како проект за здрава храна сметаме дека со голем напор, внимание, труд,
и ефикасност можеме да создадеме ланец на ресторани кои ќе преминат во бренд кој ќе
биде познат во Р. Македонија и другите земји на Балканот. Но за почеток сметаме дека
треба да се освои пазарот на Скопје. Со отворање на еден ресторан ќе видеме дали вреди
да се вложува во бизнисот и да се шири низ другите градови во земјата и пошироко на
Балканот.

- Главни купувачи

Овој ресторан не поставува посебни стандарди ниту пак одредена група на граѓани
кои се централни односно главни потрошувачи. Всушност овој ресторан и храната која ја
нуди е наменет за сите генерации ( од најмлади до најстари ) односно за сите оние кои
сакаат да се хранат здраво и да си го заштитата организмот од било какви штетни материи
и болести. Сите оние кои се подготвени да се хранат здраво и да се откажат од брзата
храна, храната полна со масти и шеќери се всушност нашите главни купувачи – оние кои
се добредојдени во нашиот ресторан. Кога станува збор за купувачите како дел од
основните фактори за опстанок на бизнисот треба да се обрне поголемо внимание за
начинот на давање на услугата односно на самиот изглед на послугата, потоа учтивоста,
самиот ентериер на ресторанот и со тоа ќе постигнеме подобар квалитет на услугата и
голем број на посетители кои ќе бидат наши главни купувачи.

- Вкупна побарувачка

Кога станува збор за вкупната побарувачка на нашиот “производ“ всушност треба


да се направи целосно испитување на пазарот и на сите оние ресторани кои нудат здрава
храна на своето мени. Во Македонија многу мал дел од рестораните нудат здрава храна и
всушност тоа е предност за развој на нашиот бизнис бидејќи со тоа вкупната побарувачка
на нашата услуга ќе порасне и со тоа ќе можеме да ги вратиме вложените средства за
помал временски период.

Најнапред, со отварањето на овој ресторан очекуваме побарувачката да се одвива


на пониско ниво, односно нумерички гледано очекуваме дневно да доаѓаат по 50 лица
кои ќе остваруваат трошок од 1500 денари во првите три месеци работа. Подоцна со
самиот маркетинг (активен - од страна на претпријатието и од потрошувачите) очекуваме
вкупната побарувачка да порасне и дневно да го посетуваат 150 – 200 потрошувачи кои ќе
остварат трошок за услугата од 1000 до 1500 денари и подоцна по изминување на една
година активно работење бројот на дневни посетители да порасе и да оствариме поголем
профит. На годишно ниво очекуваме најмалку 70 000 до 80 000 посетители.

- Истражување на пазарот

Во опкружувањето на овој бизнис нема многу слични на него, односно има


ресторани кои нудат храна која не е здрава односно храна која изобилува со штетни
хранливи материи. Сите овие ресторани кои во својата услуга освен што нудат храна тие
исто така нудат и алхохолни пијалоци кои не се својствени за “Healthy Life“. Токму тоа
прави предност во однос на конкуренцијата, односно со самото тоа што денес луѓето се
грижат за своето здравје и внимаваат каква храна конзумираат пред се тие сакаат да се
хранат правилно и здраво и да ги внесат сите потребни материи, а да ги избегнат оние кои
се штетни за нивниото здравје и тоа придонесува да сметаме дека во иднина нашиот
ресторан ќе биде посетуван од сите генерации односно потрошувачи кои се совесни и се
грижат за своето здравје.

За формирање на подобри односи со посетителите истражувавме и заклучивме дека


амбиентот и послугата се многу важни, односно просторијата треба да е доволно светла,
затоплена и да има атмосфера која ќе им овозможи удобност, а послугата треба да биде
ведра и секогаш подготвена за комуникација.

- Листа на продавачи/увозници

Услугата која ние ја нудиме е многу малку застапена во областа во која е сместен
бизнисот. На пазарот нема многу продавачи кои ја нудат оваа услуга. Всушност нудењето
на храна е многу застапено на пазарот во РМ, но понудата на здрава храна е многу ретка,
односно нема многу голема распостранетост на пазарот. Сметаме дека предност
стекнуваме во тоа што при анализиравње на пазарот наидовме на само 2 ресторани кои
нудат здрава храна и на повеќе ресторани кои нудат храна која е вообичаена и која ја
конзумираме секојдневно. Овие два ресторана “Бон-апетит“ и “Eko-food” продажбата на
својата услуга ја остварува во секој период во годината, но не константно се истиот
интензитет. Забележавме пад на продажбата на крајот од летната сезона и на почеток на
зимската. Овие два ресторана се едниствени кои ни конкурираат бидејќи само тие нудат
слична храна на нашата. Сепак кај конкуренцијата не се гледа никаков напредок во
период од 2 години што покажува дека појавата на Healthy Life ќе има предност во поглед
на докажувањето. Стандардите за квалитет кои ги применува конкуренцијата ги
применуваме и ние, но храната која ја нудиме сметаме дека е чекор понапред од таа на
конкурентите бидејќи располагаме со посебни рецепти за подготовка на здрава храна.

- Удел во пазарот

Сопред направените истражувања на пазарот, конкуренцијата, потрошувачите и другите


субјекти сметаме дека нашиот ресторан ќе има влијателна улога и удел во пазарот
бидејќи е еден од ретките и неколкуте ресторани кои нудат ваков вид на храна. Сметаме
дека со самото постоење и успешно функционирање на ресторанот подолг период
значително ќе се зголеми неговото влијание на пазарот. Од истражувањето создадовме
табела која е водич за одредување на уделот во пазарот. Сметаме дека уделот на пазарот
на нашиот бизнис ќе се движи од 20% -30%

Водич за одредување на удел во пазарот

Број на конкуренти Нивна големина Особини на производ Удел во пазарот


(во % )
Два Мали Слични 20-30
- Предвидување на продажбата

Кога станува збор за продажбата, сметаме дека продажбата на нашата услуга ќе се одвива
со успех односно очекуваме дека побарувачката за здрава храна ќе се зголеми и со тоа ќе
оствариме поголем профит преку продажба на здравата храната која ја нудиме
вклучувајќи ги и останатите споредни услуги. Секако во првата година не очекуваме да
работиме со максимален аутпут односно не очекуваме голема побарувачка односно
продажба на нашата храна, но по секој изминат месец очекуваме позитивен раст на
побарувачката. Во првата година пресметавме дека би оствариле профит кој ќе биде
негативен (мал) или еднаков со вложените средстава. Но со постојано работење и со
изминување на повеќе години успешно работење сметаме дека ќе настапи
забележителен пораст на продажбата и со тоа ќе оствариме повеќе профит. Се очекува во
првите месеци од годината да се зголеми побарувачката / продажбата и да одржува таква
тенденција, но поради падот на продажбата по завршувањето на летнта сезона (крај на
Август и Септември) ќе се настапи пад на побарувачката и потоа повторно да се
нормализира продажбата и да настапи зголемување на продажбата на нашата услуга.

- Продажна цена

Продажната цена приближно пресметано за порција од храната која ја нудиме ќе се


движи од 350 до 400 денари.

А – Над-трошковен метод

Продажната цена е основен показател на работењето на секој бизнис, колку


поекономично работење толку пониска цена, со оглед на тоа дека ние нудиме здрава
храна трошоците кои би ги направиле ќе ги сведеме на минимум, но и покрај тоа ќе се
обидеме да ја одржиме прилично ниската цена на почетокот на работата на Healthy Life со
цел бизнисот да излезе од така наречената „ криза на лидерство“ односно да ја преброди
фазата на организациско раѓање.

Трошоците при производство во просек би изнесувале 175 000 денари на месечно ниво
(во нив спаѓаат трошоците за обртни средства, средства за подготовка на храната)
Трошоците за маркетинг, администрација и финансиските трошоци би изнесувале
приближно 195 000 денари (во овие трошоци се вклучени платите на вработените,
социјалното, инвалидското и пензиското осигурување, данокот како и самата промоција
на ресторанот, амортизацијата на машините за производство на храната и други
непредвидени трошоци).Вкупноста на трошоците би изнесувала 370 000 денари на
месечно ниво при што сметаме дека со направени трошоци од 370 000 денари би можеле
да произведеме околу 1000 порции од различен вид и дополнителен број од 500 порции.

Цената на овие порции реално врз бара на направените трошоци би чинела од 150 до 200
денари, но со профитната маржа цената на овие порции би чинела околу 350 – 400
денари

Вкупни трошоци = 175 000 + 195 000 = 370 000 денари

Вкупни приходи = 1000п * 400 ден. = 400 000 денари

Вк. Приходи – Вк. Трошоци = Профит

400 000 ден. – 370 000 ден. = 30 000 денари

Профитот на месечно ниво со ваков начин на пресметка би изнесувал 30 000 денари

- Промоција

Промоцијата на нашиот ресторан ќе се изведе на повеќе начини пред се со чинот на


самото отварање ќе се изврши и самата промоција на која сите посетители ќе имаат
шанса бесплатно да ги дегустираат сите производи кои ги нудиме. На самото отварање ќе
присуствуваат и мас-медиумите и со тоа ќе се изврши главната промоција на бизнисот.
Подоцна сметаме дека правилно е да продолжиме со промоцијата односно тоа ќе се
врши со делење на рекламни ливчиња (флаери) на кои посетителите ќе имаат шанса да ги
дознаат новите понуди на ресторанот како и користа од конзумирањето на здрава храна.
Исто така ќе направиме промоција по пат на брза, редовна и учтива услуга на нашите
потрошувачи односно вработените ќе ги исполнуваат нарачките навремено без грешки
(квалитетно работење). Дел од промоцијата ќе бидат и постерите, рекламните табли и
билбордите кои ќе бидат поставени насекаде низ градот. Исто така промоција ќе
извршиме на сите најпознати и најкористени социјални мрежи (Facebook, Twitter и др.).
На овој начин се надеваме дека ќе го првлечеме вниманието на потрошувачите и ќе се
зголеми бројот на постители на ресторанот.

- Маркетинг стратегија

Нашата маркетинг стратегија е тоа да одржуваме што е можно пониски цени, правејќи
помали трошоци се додека ресторанот не се претвори во поголем и постабилен бизнис.
Планираме додека оваа фаза на развој не помине промоцијата да ја зголемите со тоа што
финансиските средства кои можеме да ги вложиме во промоција да ги искористиме на
најдобар можен начин. Најпрво да оствариме директен контакт со потрошувачите
односно да имаме комуникација со цел да го претставиме ресторанот и неговите
погодности. Потоа со делење на флаери и др пропагандни летоци да оствариме помалку
трошоци за промоција, но сепак да ја изведеме на најдобар можен начин. Во околината
на ресторанот ќе оставаме флаери ( во влезови на згради, во поштенски сандачиња и сл.)
како и поставување на билборди и постери низ целиот град. Сметаме дека директната
промоција ќе биде најдобра маркетинг стратегија која ќе ја воспоставиме, но исто така и
промоцијата на ресторанот по пат на попусти кои нема да бидат на голема штета на
бизнисот.

- Трошоци за маркетинг

Кога станува збор за трошоците при промоција сметаме дека на почетокот треба да
вложиме повеќе финансиски средства бидејќи промоцијата е елемент кој е многу важен
за понатамошен развој на претпријатието. На почетокот од работата сметаме дека во
никој случај не можеме да работиме со добивка. Всушност со самото тоа што вложуваме
повеќе средства за промоција ќе ни се зголемат трошоците.

Сметаме дека за почеток треба да издвоиме 120 000 денари за промоција на ресторанот.
Во овие финансиски средства би се пресметале трошоците за отварење – главна
промоција – присуство на медиуми, флаери, плакати, постери, билборди како и платите за
лицата кои ќе извршат директна маркетинг промоција и комуникација со потенцијалните
потрошувачи.
Трошоците за маркетинг се основа за понатамошен развој на претпрјатието. Поради тоа
ние сметаме дека промоцијата треба да биде изведена на најдобар можен начин и со
најдобра применета маркетинг стратегија. На почеток со работа средствата кои ќе ги
издвоиме за маркетинг промоција ќе бидат поголеми (120 000 ден.) во однос на
средствата кои ќе ги издвоиме за понатамошна промоција на бизнисот, односно ќе се
потрудиме тие трошоци да ги намалиме и да ги сведеме на разумна цифра која не би
претставувала проблем за остварувње на профит.

ТАБЕЛА НА ТРОШОЦИ ЗА МАРКЕТИНГ


Средства наменети за отворање – главна промоција на бизнисот 63 000 денари
Средства наменети за флаери, постери, билборди и други материјали35 000 денари
Средства наменети за плата на лицата кои ќе извршат промоција преку директна
комуникација со потенцијалните потрошувачи 22 000 денари
Вкупни средства наменети за промоција на бизнисот 120 000 денари

4. План за производство

- Погон, инфраструктура

Пред се нашиот ресторан ќе биде дел од новиот трговски центар Capitol Mall & Residence
во општина Аеродром. Просторот во кој е сместен нашиот ресторан се наоѓа е површина
од 80 м2. Во иститот објект имаме електрична енергија, вода како и сите други потребни
услови за работа. Ресторанот е пристапен за сите посетители на овој трговски цетар,
односно освен затворениот простор од 80м2 располагаме и со отворен простор – градина
која ќе се користи во летен период како простор за угостување на посетителите. Сметаме
дека овој простор со кој располагаме е доволен за да го задоволиме бројот на посетители
и да извршиме успешна реализација на сите работни задачи. Самата локација на бизнисот
според нас претставува предност поради тоа што со тоа сме во директна комуникација и
контакт со потрошувачите и на тој начин ќе можеме да ги запознаеме сите посетители со
нашите услуги и да стекнеме повеќе клиенти.

- Производствен процес

Пред се производствениот процес на нашиот бизнис е во главно содржан во подготовката


на здрава храна и пијалоци. Фазата на производство започнува на начин што се
набавуваат потребните материјали и суровини за работа односно за производство –
готвење на храна. Откако ќе се набават потребните суровини започнува процесот на
производство односно готвење. Најпрво се подготвуваат сите потребни материјали
(овошјето, зеленчукот, состојките, зачините и сл.) истите се мијат, прочистуваат и
складираат. Потоа се средува опремата за готвење (чинии и други садови кои се потребни
за готвење) потоа се обработува сета потребна храна за да се приготви јадењето. Откако
ќе се изврши овој процес на производство и ќе се добие целосно готов производ
(порција) следи фазата на услужување – послуга која е исто така многу важна. И последна
фаза на производствениот процес е подготовка на искористената опрема за повторна
намена.

- Опрема, машини, возила

Како опрема за нашиот бизнис ние го снабдивме бизнисот со 4 работни маси и 2


комплетни кујни. Исто така просторот го опремивме со 3 шпорети, 3 ладилници, 4
соковници како и сета друга опрема (сервис за послужување, садови за готвење и
шкафови). Целиот простор во кој се готви е опремен со сите потребни елементи, а на
готвачите и другите вработени им се обезбедени униформи и други специјални облеки
наменети за готвење според поставените стандарди за готвење на здрава храна. Исто така
бизнисот располага со 2 комбиња кои служат за дистрибуција на потребните материјали и
суровини кои се набавуваат и се користат при производство.

Суровини и материјали
За да можеме да извршиме производство на здрава храна пред се треба да набавиме
потребни материјали и суровини како што се зеленчукот, овошјето, зачините, сосовите,
риба и другите состојки за производство. Заради тоа сметаме дека однапред треба да ја
предвидиме количината на сите овие материјали и суровини.

ПОТРЕБНИ СУРОВИНИ И МАТЕРИЈАЛИ НА МЕСЕЧНО НИВО

Вид на суровина Количина (кг)


Зеленчук 600
Овошје 600
Риба 500
Зачини 50
Сосови 30
Свежо пилешко 200
месо
Други состојки 15

- Потребна работна сила

Како и во секој бизнис така и кај нас има потреба од работна сила. Работната сила е
исто така клучен фактор за развој на претпријатието односно бизнисот. За таа цел ние
сметаме дека за почеток со работа ни се потребни 15 вработени лица како и двајцата
партнери. За нормално функционирање на бизнисот нам ни се потребни 1 менаџер, 6
келнери, 3 готвачи, 3 хигиеничари, 1 финансиски работник и 1 правен консултант.

- Планирање на реализација

Нашиот бизнис се ориентира кон производство на здрава храна. При производството ние
се грижиме таа да биде разновидна и богата. Оваа храна опфаќа повеќе видови на
специјалитети. Пред се тоа свежите овошни салати, свежите зеленчукови салати,
овошните јогурти и сокови, соковите од зеленчук, риба приготвена на здрав начин со
маслиново масло и полнета со зеленчук, полнето пилешко и други вкусни специјалитети
кои се готват на здрав начин кои не содржат голем број на масти и шеќер. Исто така
нудиме и овошни торти и колачи во кои се применува само овошје и други здрави
состојки.

ТАБЕЛА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ НА ШЕСТ МЕСЕЧНО НИВО

Производи Количина (порции) (л)


Овошни салати 12 000
Зеленчукови салати 10 000
Риба со сосови 13 000
Полнето пилешко 9 000
Овошни сокови 10 000
Зеленчукови сокови 5 000
Вкупно производи 59 000

5. Организација и менаџмент

- Правна форма

Друштво за угостителски услуги - “ HEALTHY LIFE“ – ДОО Скопје

- Организациона шема – органограм


- Квалификации на претприемачот

Сопствениците на овој бизнис имаат висок степен на образование во областа на туризмот


и угостителството, но немаат доволно работно искуство од само 2 години во областа на
менаџирање и управување. Познаваат два странски јазици (англиски и германски) и тоа
придонесува да ги привлечат туристите во својот ресторан. Недоволното работно искуство
е причина за вработување на менаџер во претпријатието.

- Број на вработени и квалификации


Ресторанот располага со вкупно 15 вработени и 2 сопственика, сите со соодветно
образование и искуство, внимателно избрани поради квалитетите кои ги поседуваат и
услугата која можат да ја понудат на потрошувачите.

Листа на вработени во претпријатието:

• 2 СОПСТВЕНИЦИ (главни менаџери) – со завршено високо образование.

• 1 МЕНАЏЕР – со завршено високо образование и 5 години работно искуство.

• 1 ФИНАНСИСКИ РАБОТНИК – со завршено високо образование и 3 години работно


искуство.

• 1 ПРАВЕН КОНСУЛТАНТ –со завршено високо образование и 5 години работно


искуство.

• 3 ГОТВАЧИ – со завршено средно стручно образование и со сертификат за завршен


курс за подготовка на здрава храна и 8 години работно искуство.

• 6 КЕЛНЕРИ – со завршено средно стручно образование и курс за послуга како и


работно искуство од 4 до 6 години.

• 3 ХИГИЕНИЧАРИ – со завршено основно или средно образование, со и без работно


искуство.

- Канцелариска опрема

Ресторанот располага со:

-3 компјутери; - 2 телефони ; - 2 принтера; - 1 факс машина; - 1 скенер; - 3 работни


маси ; други материјали (харитја, пенкала, моливи, маркери, коректори, гуми, хефталки и
друго.)
Оваа опрема ни е потребна за нормално функционирање и исполнување на работните
задачи во претпријатието.

- Административни трошоци

• ТРОШОЦИ ЗА ПЛАТА – 165 000 денари

• КАНЦЕЛАРИСКИ ТРОШОЦИ – 5 000 денари

• ВКУПНИ ТРОШОЦИ – 170 000 денари

6. Финансиска анализа

- Инвестициски и финансиски план

Инвестицискиот и финансискиот план се клучни моменти во кои сопственикот на


претпријатието ќе увиди дали неговата бизнис – идеја и неговиот бизнис – план се
остварливи и дали истиот тој бизнис може да се пласира на пазарот и при тоа успешно да
работи.

При изработка на финансиската анализа, ние детално ги опфати и инвестицискиот и


финансискиот план. Инвестицискиот план ги содржи сите потребни елементи (сопствен
влог во фиксни средства, инвестиции во фиксни средства, инвестиции во тековни средства
како и дополнителните почетни трошоци.) со цел да се запознаеме со вкупниот број на
потребни средства за почеток со работа на бизнисот. Потоа во финансискиот план ги
наведовме средствата со кои располагаме и кој дел од нив се сопствени влогови, кој дел е
од банкарски кредит и донации.

Најважно е што увидовме дека средствата со кои располагаме се доволни за почеток со


работа и отварање на бизнисот со што вкупните инвестиции се совпаднаа со вкупното
финансирање. Средствата кои се основа за работа ги обезбедивме и со тоа дојдовме до
заклучок дека имаме огромни шанси за успех на пазарот.

Со цел подобро и подетално да се согледаат средствата кои се потребни и обезбедени од


наша страна, направивме табела на инвестицискиот и финансискиот план.

Инвестициски план ( вкупен потребен капитал) Финансиски план

1. Фиксни средства
1. Сопствен влог во фиксни средства
- Деловен простор 30 000
- Опрема за деловен простор 240 000
(шпорети, ладилници, соковници, кујни, работни маси, сервис за послужување..)____
- ВКУПНО 270 000

2.Инвестиции во фискни средства


3 шпорети 60 000
3 ладилници 60 000
4 соковници 30 000
4 работни маси 30 000
2 кујни60 000
Сервиси за послужување и готвење 30 000
2 комбиња - донации 300 000
- ВКУПНО 570 000

3.Инвестиции во тековни средства


-Зеленчук 600 кг 25 000
- Риба 500 кг 85 000
- Овошје 600 кг 25 000
- Зачини и сосови 40 000
- Пилешко месо 200 кг 40 000
- Други средства 40 000
- ВКУПНО 255 000
4.Други почетни трошоци
- Инвентар (маси, столови, шамк...) 100 000
- ВКУПНО 100 000
4.Сопствени средства
- Сопствена готовина 255 000
- Сопствени влогови 270 000
во средства________________
- ВКУПНО 525 000
Вкупно СОПСТВЕНИ средства во % од вкупната инвестиција 53, 45

5.Кредитни средства
- Банкарски кредит 100 000
- Донации 300 000
- ВКУПНО 400 000

Вкупно КРЕДИТНИ средства во % од вкупната инвестиција 46, 55


ВКУПНИ ИНВЕСТИЦИИ 925 000 ВКУПНО ФИНАНСИРАЊЕ 925 000

7. SWOT анализа
- Јаки страни (Strengths)

Јаките страни на нашиот ресторант се резултат на нашиот избор за почеток на бизнисот,


односно резултат на нашите способности и искуство во раководењето на ресторанти.

- Користење на исклучиво свежа и здрава храна (подготовката на сите оброци во


ресторанот се базира на здрава храна – зеленчук, овошје, риба, пилешко месо и друго.
Исто така при подготвување на храната не се користат штетни состојки, храната ги
задржува здравите хранливи материи.)

- Користење на MASTERPIECE садови за готвење (овие садови се набавени од


продавниците на “ZEPTER”. Во комплетот за готвење има тави, соковници, и други садови
кои се изработени од најквалитетен метал 316Л. Овие садови придонесуваат храната да
ги сочува потребните и здравите хранливи материи.)

- Менаџерско искуство (ние како сопственици и еден вработен менаџер имаме


завршено високо образование на факултетот за туризам и угостителство како и 5 годишно
искуство како менаџери на хотелот “Holiday Inn”.)

- Одлична организација и услуга на вработените (во тимот на келнери преферираме


да вработиме лица кои ќе имаат препорака од претходни работни места, лица кои се
љубезни, културни и брзи во услужувањето, готвачите да се врвни мајстори во приготовка
на здрава храна, а хегиеничарите да се исполнителни во своите обврски за одржување на
хегиената и амбиентот во ресторанот.)

- Добра амбалажа и сервис за послужување (при сервирање на храната се користат


садови за послужување изработени од метал од највисок квалитет 316Л, а за достава на
храната во домовите на потрошувачите имаме специјални садови кои се стилизирани да
го зачуваат храната и нејзиниот квалитет, на истите има лого на нашиот ресторан, а
соковите се сервираат во чаши кои се рециклираат и се користат само за една наменска
употреба.)

- Слаби страни (Weaknesses)

Поради неможењето да се функционира беспрекорно и како и сите бизниси нашиот


бизнис има и слаби страни кои ние со текот на работењето би ги довеле до минимален
степен.
- Висока цена на производот (цената на една порција ќе изнесува од 350 до 400
денари, а една порција ќе содржи (овошна салата и сок, зеленчукова салата и риба и
други комбинации на нашите производи.) Ова се релативно високи цени за нашите
потрошувачи, но бидејќи по првата година сакаме да работиме со добивка, мора да ги
израмниме вложените средства со заработката во првата година, за веќе од втората да
почнеме да работиме со заработка. Во иднина ќе се обидеме да ги намалиме цените на
услугите и производите.)

- Ограничен животен век на производот (бидејќи работиме со здрава храна имаме


проблем со нејзината корисност, однодно доколку во рок од 3 дена не го искористиме
овошјето или зеленчукот може да настане загуба на нивниот квалитет со што би биле
приморани да не го употребувме и да набавиме ново овошје или зеленчук со што би
настанале дополнителни трошоци.)

- Бавна достава до домовите на потрошувачите (поради недоволното време за


подготовка на храната ќе се соочиме со бавна достава бидејќи поторшувачите сакаат што
побрзо да им се достави храната, а нејзиното приготвување би ни одзело повеќе време.)

- Недостаток на промоција (поради не доволниот број на парични средства ние сме


спречени нашиот ресторан да го промовираме преку телевизиските медиуми, односно не
сме подготвени да направиме трошок за таков вид на промоција која сметаме дека е
клучен фактор за развој на бизнисот. Ќе можеме да извршиме промоција преку флаери и
билборди кои ќе ги запознаат само граѓаните на град Скопје со нашиот проект, а другите
градови на ниво на РМ ќе бидат запознаени само на отварањето на новиот трговски и
резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence бидејќи тогаш ќе има телевизиски
медиуми.

- Располагање со мал деловен простор ( Просторот во кој е сместен нашиот е


површина од 80 м2, тоа е релативно мал простор за нашиот бизнис бидејќи во тој простор
се опфатени делот за приготвување на храната (кујна), делот за тоалети и делот каде се
сместени нашите потрошувачи. Бидејќи сметаме дека ќе работиме со максимален аутпут
овој простор е мал за нормално функционирање на нашиот бизнис.

- Можности (Opportunities)

Можностите како дел од оваа анализа ние ги одредивме со помош на истражувањето на


пазарот, конкуренцијата и добавувачите, односно врз основа на истражувањето на
надворешното опкружување.
- Мал број и слаби конкуренти (во близина на бизнисот се наоѓаат мал број на
конкурентски бизниси од ваков тип, односно има само два ресторани кои нудат слична
услуга, но не применуваат технологија каква што применуваме ние. Бон-апетит и Eko-food
се ресторани кои нудат здрава храна, но истата не е приготвена на начин како што нашиот
персонал ја приготвува.

- Растечка потреба и побарувачка на здрава храна (во денешно време луѓето се


трудат да изгледаат убаво и да бидат здрави, за да ја остварат таа цел тие се повеќе сакаат
да конзумираат здрава храна. Бидејќи потребата од здрава храна се зголемува ние
сметаме дека ова претставува можност за нашиот ресторан да работи со полн капацитет.)

- Недостаток од ваков вид ресторани ( ваков вид на ресторани се појавуваат во


поново време и тоа претставува можност бидејќи има многу мал број на ресторани за
здрава храна, а интересот од страна на потрошувачите е се поголем, ова значи дека се
додека не се појават нови ресторани од ваков карактер ние ќе бидеме во предност и
можност за заработка па екстра – профитСоработка со нутриционисти ( во соработката со
нутриционисти согледавме можност за развој на нашиот бизнис. Бидејќи луѓето сакаат да
се посоветуваат за начините на здрава исхрана и бараат помош од нутриционисти ние
сметаме дека на овој начин можеме да извршиме промоција на ресторанот со што
нутриционистите со кои соработуваме би ги советувале своите пациенти за како да се
хранта и во меѓувреме не препорачаат како ресторан кој може да помогне да се одржи
здравата исхрана за нив.)Заинтересираност од страна на сите потрошувачи (нашите
производи не се наменети само за одредена група на потрошувачи, всушност храната која
ја нудиме може да ја конзумира секој кој сака да живее и се храни на здрав начин.
Бидејќи не постои граница во поглед на тоа “кој смее, а кој несмее да конзумира здрава
храна„ ние согледуваме можност со тоа што сите би ги купувале нашите производи без
разлика на пол, возраст, вера, националност и сл.)

- Закани (Threats)

При функционирањето на нашиот бизнис, ние секако би се соочиле и со одредени закани


кои произлегуваат од надворешното опкружување и кои носат ризик и пречки за
нормално работење и функционирање на нашиот ресторан.

- Ненавремена испорака на суровините од страна на добавувачите (овој вид на


закана произлегува од тоа дека не секогаш навремено би ги добивале потребните
суровини за работа. Бидејќи станува збор за гоелми количини на суровини ние се
соочуваме со доцнење на испораката односно доставата на суровините од страна на
добавувачите со што не би можел да функционира процесот на производство и со тоа да
се блокира работата на ресторанот.)

- Ниски наемнини на потрошувачите (како закана ниските наемнини се голем ризик


за нашиот бизнис. Бидејќи потрошувачите имаат низок дохот со кој одвај стасуваат да ги
задоволат основните потреби, сметаме дека нашите производи и услуга би претставувало
луксуз за нив и со тоа би ни се намалил бројот на потрошувачи.)

- Недостаток на суровини на пазарот (доколку во зимскиот период нема доволен


увоз на зеленчук и овошје, а исто така нема ни производство од страна на домашните
поризведувачи, би можеле да се соочиме со недостаток на суровини за работи кои би го
попречиле нормалното функционирање на бизнисот.)

- Нелојална конкуренција (како закана се појавува речиси во секој бизнис. Ние


сметаме дека нашите конкуренти кога ќе увидат дека ние користиме одредени средства
за работа кои тие не ги користат или дека нудиме производи кои тие не ги нудат би
можеле да го искористат тоа и да го применат во своето работење, но исто така би
можеле да влијаат врз потрошувачите со негативни коментари и критики на сметка на
нашето приготвување и квалитет на храната што претставува не фер работење т.е.
нелојална конкуренција.

- Висок данок на вкупен приход (високите даноци се закана за секој бизнис, со тоа
што на крајот од годината треба да платиме данок на вкупниот приход, кој е релативно
висок ние сметаме дека тоа е закана која има значајно влијание за понатамошниот развој
на бизнисот, но сепак се надеваме дека во иднина Владата на РМ ќе го намали овој данок
и со тоа би се намалил ризикот од непрофитабилно работење.)

You might also like