You are on page 1of 7

Универзитет на Југоисточна Европа Тетово

Предмет: Мал бизнис и претприемништво

ИНТЕРВЈУ
СО ПРЕТПРИЕМАЧ:
Сретан Самојловски, сопственик на ТП АС Бургер Тетово

Изработила:
Марија Арсиќ ID: 127871

Тетово, 2021 година


1. ИМЕ И ОПИС НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Моето интервју го правев со претприемачот Сретан Самојловски од Тетово, чие


претпријатие го носи името ТП АС Бургер Тетово.
ТП АС Бургер е основано во 2013 година со седиште во Тетово, првично само како
ресторан за брза храна, додека денес, 8 години подоцна, работи како ресторан кој служи
и брза, но и класична храна за ресторан и врши достава на територијата на целиот град.
Во претпријатието работи самиот сопственик, кој е главен готвач, но и негов менаџер и
еден конобар и еден помошник готвач.

2. ИСТОРИЈА НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕ НА


ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Пред да основа свое претпријатие, Сретан го завршува основното образование и се


запишува во ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово, угостителско – туристичка струка, бидејќи тоа
било во неговата зона на интерес многу одамна. Исто така, кога пристапува во војска по
повикот за учество, и таму работи во кујната и ги развива своите способности.
Подоцна, работи во повеќе ресторани и хотели во Тетово и околината. При работењето
во тие ресторани, се среќава со различни работни улоги: помошник готвач, готвач,
задолжен за кетеринг, декоратор и конобар. Благодарение на тие искуства, тој стекнува
доволно вештини и пројавува интерес за свој бизнис.
Непосредно пред да го започне бизнисот, работи во приватна фирма – ресторан и по
нејзиното затворање е прогласен за технолошки вишок. По објавен конкурс од Заводот за
вработување за самовработување, конкурира, и по поминати тестови успешно добива
бесплатна обука за претприемач. По завршувањето на обуката, била изработена бизнис
идеја која добила одлични оценки од комисијата, како и бизнис планот изработен потоа.
На овој начин, Сретен успешно го поминал конкурсот и добил грант за започнување на
сопствен бизнис во висина од 3.000 евра со свои лични дополнителни финансиски
средства.

3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ

При разговорот со Сретан, но и со неговите вработени и соработници, може да се


забележи дека тој е:
o позитивен; o добар менаџер ; o организатор;
o вреден; o превземач на o професионален;
o комуникативен; ризик; o чесен.
o трпелив;

2
4. ПОТЕКЛО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Претприемачот имал повеќе мотиви за основање на ТП АС Бургер: прво, да продолжи


да работи редовно и да заработува приходи откако бил прогласен за технолошки вишок,
но најголем мотив била желбата да се има претпријатие кое ќе го раководи самостојно.
Тој сметал дека има доволно искуство стекнато низ текот на годините и различните
работни места и бил спремен истото да го пренесе во сопствен бизнис.
Така, како одлична можност се прикажал конкурсот објавен од страна на Заводот за
вработување : Проектот ,,Самовработување“ како дел од Оперативниот план на активните
политики за вработување за 2013 година на Влада на Република Македонија кој се
реализирал од страна на Министерство за труд и социјална политика, УНДП, Агенција за
вработување на Република Македонија и Агенција за поддршка на претприемништвото на
Р.М (АППРМ)., на кој тој конкурира, успешно ги поминува обуките, изработува бизнис
план, и веќе при крајот на 2013 година го отвора својот тогаш ресторан за брза храна – ТП
за подготовка, послужување на храна и други угостителски услуги АС Бургер Тетово.
Денес, истиот работи и со брза храна, но и во својство на класичен ресторан.

5. ОПИС НА ИНДУСТРИЈАТА И ПАЗАРОТ

Бизнисот кој е во сопственост на Сретан Самојловски спаѓа во категоријата


угостителство и туризам. Бидејќи се работи за ресторан (угостителство), тој спаѓа во
услужната индустрија – се подготвуваат производи за потрошувачите, се послужуваат
истите и се извршуваат и други услуги за гостите.
Во однос на пазарот, ТП АС Бургер е лоцирано на прилично прометно место. Во
непосредна близина, истото има три конкуренти кои се занимаваат со истата дејност, но
тие не претставуваат закана за неговиот опстанок бидејќи истите се со променлив
карактер, односно на неколку месеци се менуваат сопствениците. Од друга страна,
побарувачката е голема бидејќи местоположбата е добра и ресторанот има привлечен
ентериер и располага со летна бавча. Цената на производите се формира на пазарно ниво
согласно цените на конкуренцијата. За цената на материјалите за работа се преговара со
производителите и дисконтите. Цените се константни и стабилни – со еден збор, ТП АС
Бургер секогаш се стреми да биде чекор пред конкуренцијата со цените, ставајќи ги на
прво место потребите на клиентите.
Добрата позиција на пазарот на ТП АС Бургер се должи на следниве елементи:
o солидна организираност и раководење со работата;
o перманентна контрола на квалитетот на производите;
o флексибилна ценовна политика на претпријатието;
o стручен и љубезен работен кадар;
o постојана промоција на бизнисот.

3
Исто така, за подобар пласман на пазарот, претпријатието ги користи социјалните
мрежи Facebook и Instagram за промоција, како и радио реклами.

6. ГЛАВНИ ИСТОРИСКИ НАСТАНИ ВО ПОЧЕТОКОТ И


ПОСТОЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Еден од најважните настани за претприемачот Сретан е и самото основање на


претпријатието, односно неговата одлука дека сака да започне сопствен бизнис,
конкурирањето на проектот, следењето и успешното извршување на сите обуки и
предизвици и добивањето на грантот, со кој успева да основа свое претпријатие во
конкуренција со многу апликанти од град Тетово.
Потоа, следен важен момент е поминувањето на три години од основањето, односно
веќе во 2016 година тој ги исполнува проектот, работи три години со добивка и не треба
да ги врати средствата назад и да го затвори бизнисот.
Следствено на тоа, на почетокот на 2017 година, Сретан се одлучува да го прошири
асортиманот на производи и да го измени начинот на работа, па така, ТП АС Бургер, од
ресторан за брза храна, станува ресторан кој служи и брза храна, но и класична
ресторантска храна приготвена на традиционален начин на кој се навикнати
потрошувачите, како и разни специјалитети од други земји и култури. Со овие измени во
работата, Сретан ги зголемува своите приходи и бизнисот станува поатрактивен за
потрошувачите, па се организираат и разни мали свечености со максимум 50 гости.
Најважен настан кој следува после горенаведените е пандемијата на Ковид 19, од која
беа погодени многу бизниси, па и ТП АС Бургер Тетово. Во моментите кога
угостителските објекти беа затворени, ТП АС Бургер Тетово бележи пад на приходите,
додека трошоците за кирија, вода и електрична енергија остануваат исти. Ублажување на
овие проблеми претпријатието добива со помошта на Владата согласно економските
мерки и пакетите за помош на бизнисите кои страдаа поради пандемијата.

7. ТЕКОВНА СОСТОЈБА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Тековно, претпријатието работи согласно мерките на Владата со цел справување со


пандемијата на Ковид 19, односно во ограничено време непосредно пред почетокот на
полицискиот час и работа само на летната бавча. Но, претпријатието и во вакви услови
успева да оствари добивка.
Официјално, според податоците од Централниот регистар на РСМ, тековната состојба
на ТП АС Бургер е:
o целосен назив на претпријатието – ТП за подготовка, послужување на храна и
други угостителски услуги АС Бургер Сретан Соколе Самојловски Тетово;
o седиште – Маршал Тито бр. 13, Комплекс Базар Тетово;

4
o датум на основање – 13.9.2013 година;
o неограничено времетраење и активен деловен статус;
o приватна сопственост, трговец поединец, микро претпријатие;
o приоритетна дејност/ главна приходна шифра: 56.10 – ресторани и останати
објекти за подготовка и послужување на храна.

8. ГОЛЕМИ ТЕКОВНИ И ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ


МОЖНОСТИ ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Тековен предизвик за претпријатието претставува актуелната состојба со пандемијата


на Ковид 19 и мерките кои се превземаат за справување со истата и предизвиците за
угостителските објекти – рестриктивните мерки според кои мора да работат. Согласно
истите, ТП АС Бургер Тетово се труди да работи со добивка и да опстои, со што успешно
се справува. За жал, како што вели Сретан, многу претприемачи и сопственици на слични
бизниси беа приморани да стават клуч на своите бизниси заради оваа пандемија.
Согласно условите кои ги постави пандемијата, но и мерките на Владата, во извесен
период ТП АС Бургер можеше да работи само со достава и пулт. Така, сопственикот
размислува за ангажирање на служба за достава, наместо досегашната достава преку
такси возила или на рака, со што мисли дека би ја зголемил работата кога на пример, би
имал брендирано возило.
При разговорот, Сретан се изјасни дека размислува за отворање на ресторан на уште
една локација во градот по завршувањето на пандемијата. На еден начин, сака да го
претвори претпријатието во фамилијарен бизнис, па во другиот објект да ги ангажира
синот и ќерката, кои би работеле како косопственици – менаџери, а во иднина
претпријатието да го водат тие.
Во рамки на постоечкиот бизнис и простор, Сретан планира да развие и кетеринг
служба, со која би раководела неговата ќерка, а би опфаќала организирање и
декорирање на најразлични свечености – веридби, свадби, крштевки, родендени, како и
подготовка и послужување на храната и услуги од конобари и готвачи по желба на
клиентите.

9. МОИ СТАВОВИ, ОДНЕСУВАЊА И ИНСПИРАЦИИ КОН


ОСНОВАЊЕ И ПОСЕДУВАЊЕ НА ЛИЧНО ПРЕТПРИЈАТИЕ
СПОРЕД НАОДИТЕ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИНТЕРВЈУ

Како и пред спроведувањето на ова интервју, така и после него, го задржувам ставот
дека за еден студент е најдобро да се потруди да основа свое претпријатие по
завршувањето на своите студии и да ужива во можноста да биде „сам свој шеф“, односно
да го води претпријатието според своите аспирации и желби.

5
Од спроведеното интервју, донесов заклучок дека најважна е желбата за основање и
водење на свое претпријатие, но најмногу и некое искуство стекнато пред тоа, како што
беше случајот кај претприемачот. Пред да се основа свое претпријатие, добро е да се
работи во неколку различни претпријатија (приватни фирми), но и на различни работни
места, бидејќчи кога ние ќе основаме и водиме едно претпријатие, треба да знаеме
точно кои обврски со себе ги носи едно работно место и кој работник точно ќе одговори
на истите.
На крајот, би сакала да заклучам дека секој треба да се потруди да ја спроведе својата
замисла во реалност, во рамките на своите можности и способности и никогаш да не се
откажува, бидејќи нели, денес вложуваме во она што сакаме да бидеме во иднина.
Лично, по спроведувањето на ова интервју и другите информации кои ги поседувам,
инспирирана сум да основам свое претпријатие во иднина во областа на маркетинг и
менаџмент.

Интервјуирал: Марија Арсиќ ID: 127871


Претприемач: Сретан Самојловски
Датум и локација: ТП АС Бургер Тетово, 15.5.2021 година

6
СРЕТАН САМОЈЛОВСКИ
Од Тетово

You might also like