You are on page 1of 8

Претприемништво

Од Википедија, слободната енциклопедија


Скокни на: содржини, барај
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни
стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.

Претприемништво претставува преземање на иновации, финансии и бизнис


идеи, со цел поекономично да се произведат економски добра. Зборот
претприемништво има многу значења. Од една страна, претприемач е личност
која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики кои ретко
кој друг ги има. Од друга страна, секој којшто сака да работи сам може да се
именува како претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор
entreprendre – што значи да превземеш. Во бизнис контекст, ова значи да
отпочнеш бизнис.

Содржина
[скриј]

• 1 Историја
• 2 Дефинирање на претприемништво
• 3 Подготовка за претприемништво
• 4 Претприемништвото во современата економска наука
• 5 Претприемач
o 5.1 Жени претприемачи
o 5.2 Разлика меѓу мажите и жените претприемчи
o 5.3 Како до успешен претприемач
• 6 Наводи

• 7 Надворешни врски

[уреди] Историја
Претприемачот е актер во микроекономија, а изучувањето на
претприемништвото почнало со работата на Ричард Кантилон и Адам Смит, на
крајот од 17 и почетокот на 18 век, но во голема мера беше игнорирано
теоретски до крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Во 20-тиот век, разбирање на претприемништвото должи многу на делото на


економист Џозеф Шумптер во 1940-тите и другите австриски економисти, како
што Карл Менгер, Лудвиг фон Мисес и Фридрих фон Хаек. За Шумптер,
претприемач е човек, кој е подготвен и може да пртевори нова идеја или
пронајдокот во успешна иновација.
Различни научници го опишаа како претприемачи, меѓу другото, барање на
ризик. Некои познати личности и нивните дела во претприемништвото историја.

За Френк Х. Најт (1921) и Питер Дракер (1970) претприемништвото е за


преземање ризик. За да се биде претприемач потребен е вид на човек кој е
подготвен да ја стави неговата или нејзината кариера и финансиска сигурност
на линија на работ и преземе ризици во името на неговата идеја. Најт
класифицирани три типа на неизвесност. Ризик, кој е мерлив статистички
,двосмисленост, која е тешко да се измери статистички,вистинска несигурност
што е невозможно да се процени или предвиди статистички .

Работата на претприемништвото често е поврзувана со вистинска несигурност,


особено кога тоа подразбира донесување нова идеја, што на пазарот никогаш не
постоела. Сепак, дури и ако на пазарот веќе постои, не постои гаранција дека на
пазарот постои место за одреден нов играч во таа категорија.

[уреди] Дефинирање на претприемништво


Австрискиот економист Јозеф Шумпетер при дефинирањето на
претприемништвото особен акцент става на иновацијата на:[1]

• нови продукти;
• нови методи на производство;
• нови пазари;
• нови начини на организирање.

Многу луѓе ги користат термините претприемништво и сопственик на мал


бизнис како синоними, но во реалноста овие термини се различни и има разлика
меѓу претприемништво и мал бизнис. Претприемништвото се разликува од
бизнисот на следниот начин:

Профит – наспроти традиционалниот начин на вработување и постепеното


зголемување на просечниот профит, претприемачите се милионери

Брзина на профитирање – малите успешни бизниси имаат профит од неколку


милиони во текот на нивното постоење, додека оваа бројка претприемачите ја
достигнуваат најчесто за 5 години

Ризик – ризикот којшто претприемачот го презема секогаш е многу висок

Иновација – претприемништвото најчесто е поврзано се некоја оддржлива идеја


и креативна идеја, додека малите бизниси најчесто не се од таков тип.
Иновативноста може да биде продукт или сервис, или пак во начинот на кој се
спроведува истиот

[уреди] Подготовка за претприемништво


Да бидеш претприемник значи дека си си свој сопствен шеф.
Вистината за претприемништвото е дека е работа без слава и раскош. Всушност
и најчесто претприемачите се оние кои треба да ги работат нечисти работи
особено кога никој и не знае за тоа.

Секогаш да се имаат предвид следните неколку работи:

Ставови Негативните ставови се првиот чекор кон пропаст на вашиот бизнис.


За да се одбегне ова – ќе мора да се променат ставовите и секогаш да се биде
позивен и да се размислува како претприемник. Обичниот работник чека
работите да се случат, а додека претприемачот прави работите да се случуваат.
Обичниот работник чека инструкции, а додека претпримачот дава јасни
инструкции. Обичниот работник чека некој да ги реши проблемите, а
претприемачот ја презема ситуацијата во свои раце за да ги реши проблемите.

Одговорности Секогаш треба да се биде подготвен да преземате одговорности


за вашопт бизнис и тековните случувања кои се поврзани. Успешноста во
претприемништвото не е само успешен бизнис план или пак работење со пари.
Кога бизнисот не оди како што треба не треба да се обвинува економскиот пад,
маркетот, економската клима, конкуренцијата или пак околината и да се чека
помош од Владата, туку треба да се преземе контролата во свои раце и да се
најде начин да се подобри. Ако се направи грешка, преземете ја одговорноста за
истата и научете од неа.

Верувања

Ако некое лице А верува дека може да почне бизнис за $50.000 – тогаш и ќе го
почне. Ако некое друго лице Б верува дека може истиот тој бизнис да го почне
за $1,000 секогаш ќе најде начин како да го направи тоа. Во реалноста на лицето
А – таа не може да види како може да го почне бизнисот за помалку од $50.000
и чувствува дека е во право. Нема ништо погрешно во тоа дали ќе го почнете
бизнисот за $50.000 или $1.000. Во прашање е само систeмот на верување на
особите и тој систем на верување ви ја дава сликата за која ќе мислите дека е
реална или лажна. Ваше е вие самите да одберете во кој систем на верување ќе
верувате.

Услуга

Бидете подготвени да им служите на луѓето околу вас. Само доколку им


служите на другите и им помагате да стигнат до своите цели само тогаш ќе
добиете што сакате од нив. Влезете во бизнисот со цел да служите и да давате и
тогаш ќе почнете да добивате. Услугата не значи услужување само на
корисниците. Услужувањеto на вработените и партнерите ја охрабрува
комуникација и води до засилување на тимскиот дух и креирање на победнички
тим.

Континуирано учење

Секогаш бидете подготвени да се надградувате себе си. Надградувањето не е


само за вработените во вашата компанија туку пред се за претприемачот. Има
многу вештини и техники кои му се неопходни на претприемачот и
претприемачот мора да ги учи постепено. Наједноставниот начин за тоа е
постојано да се посетуваат обуки, работилници и семинари.

Но, зошто би плаќале толку многу? Има една изрека која вели: „ Ако мислите
дека образованието е скапо, обидете се да го игнорирате не знаењето“. Наместо
да се мислите за цената на вашето образование, мислете на тоа како на
инвестиција. Вештините и искуството од книгите, семинарите и обуките можат
да ви бидат корисни цел живот, затоа гледајте на тоа како на животна
инвестиција.

Пред да се впуштите во претприемничките води, морате да направите неколку


промени во вашиот живот и да почнете да го правите она што другите не го
прават.

[уреди] Претприемништвото во современата


економска наука
Интересорањето на економистите за сверата на претприемништвото и
обезбедување на претприемачки амбиент се манифестира во периодот помеѓу
седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Во современата
терорија се прави разлика помеѓу релацијата " пазар-претпроемач" и
"дејстување на претпријатието-претприемач". Според Џоеџ Џидлер,
препријатието не е едноставен инструмемнт на пазарните сили, туку нивни
креатор. Така, претприемачот не само што врши комбинација на факторите на
прозиводството, туку нив ги иновира и развива. Денес, во современата
еконосмак наука претприемништвото се гледа во релокација и супституција на
факторите кон точките на најподуктивна употреба на микро план, иновација и
ризик.

[уреди] Претприемач
Главна статија: „Претприемач“.

Што го прави претприемачот претприемач? Сигурно постојат некои


специфични карактеристики, кои се потребни за успешен претприемач и за
среќа за оние кои сакаат да станат претпиремачи или сакаат да си ги развијат
своите претприемачки вештини, овие карактеристики можат да се научат:[2]

• cигурен во себе, полн со самодоверба и независен;


• cпособноста да постави јасни и мерливи цели;
• cпособноста да бара информации и ресурси за постигнување на целите;
• лидерски способности;
• да прифати дека грешките и ризикот се дел од успехот;
• да може да работи и по 50 часови неделно- не е типичен вработен;
• да поседува неограничена себе мотивација;
• да биде подготвен да се соочи и да ги надмине своите лични стравови и
ограничувања;
• датпреварувачки дух;
• градење на ефективни врски и соработка со тимовите;
• секогаш да поседува идеја или подобар начин за остварување на целите;
• искуство или знаење за некоја специјалност;
• желба да направи се за да успее;
• да има развиено силно чувство за насока;
• да поседува неограничен потенцијал – секогаш способен да расте, учи и
изведува подобро.

[уреди] Жени претприемачи

Жените претставуват еден голем и значаен дел од светската популација, со


несомнено големо влијание во сеопфатното општество. Ако мажите
претставуват кров на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темел
на таа куќа.[3] Доколку жените се набљудуваат во професионална смисла, може
да се забележат големи постигнувања во секоје подрачје. Па, мора да се
констатира дека во светските рамки влианието на жените континуирано расте.
Одредени сектори кои до вчера како да беа резервирани само за машките се
повеќе ги заземат жените.

Жените и нивната улога во претприемништвото добиваат се поголема


актуелност како во развиените земји, така и во земјите во транзиција. Во
развиените економии се следат сите фактори кои можат да придонесат за
развојот и тие фактори се користат максимално. Во светот континуирано се
појавуваат поволни услови за развој на женското претприемништво, политика,
наука. За тоа многу придонесуваат разните лоби групи. Се смета дека и падот на
наталитетот игра големо влијание на се поголемото значење на жените во светот
(доколку некој банкар има една ќерка секако дека ќе инвестира големи средства
во нејзината образование па со текот на времето тие ќе станат моќни фигури за
бизнисите). Што ги мотивира жените се повеќе да влегуваат во бизнис? Еве
неколку фактори:

• Обезбедување на егзистенцијата,

• Желбата за независност,

• Желба за самодокажување,

• Желба за самостојност во однос на мажот,

• Желба децата да го наследат бизнисот,

• Обезбедување на сигурност за староста,

• Желба за успех и независност,

• Потреба од сатисфакција во работата,

• Економски потреби...
На жените претприемачи потребна им е посебна помош во однос на
едукацијата, стекнување на специфични способности и знаења, финансирање,
техничка помош, влевање на самодоверба преку различни обуки, практична
настава и слично.

[уреди] Разлика меѓу мажите и жените претприемчи

Голем број на истржувања ги обработуваат проблемите кои произлегуваат од


половиот стереотип. Карактеристиките на успешни претприемачи повеќе им се
препишуваат на мажите отколку на жените.[4]

Се произлегува од традиционалното сфаќање дека претприемаштвото е машка


работа, дека машките имаат поголемо работно искуство поради биолошките
функции на женитеe (раѓање и одгледување на деца), кое влијае на помалото
образование и работно искусто. Стереотип е ако се мисли дека сите жени се
помалку способни за бизнис од мажите. Секое компаративно истражување кај
мажите и жените претприемачи повеќе ги нагласува сличности отколку
разликите. Испитувањето на вредносните системи покажало дека вредносните
системи кај мажите и жените претприемачи имаат повеќе сличности отколку
разлики. Едно истражување спроведено меѓу жените претприемачи и мажи
претприемачи покажало дека во големиот број на аспекти не постоеле
значителни разлики. Жените добиле повеќе поени во поглед на автономијата и
промените, а помалку во поглед на енергијата и прифаќање на ризикот. Значи
жените претпочитаат поле на дејствување каде што е возможно ново и различно
искуство со мали ограничувања, со извесен степен на сигурност за исходот и со
помало ангажирае на физички и ментални капацитети.

Со истражувањето е утврдено дека помеѓу половите не постојат разлики во


поглед на желбата за успех, автономијата, истражувањата, агресијата,
независноста, конформизмот, сфаќањето на целта, самодовербата, раководењето
и контролата. Со утврдува дека половиот стереотип е главна причина за
нееднаквото образование и искуство, што ги ограничува можностите за
отворање и проширување на претпријатијата па врз основа на тоа се формираат
стереотипи од типот на надреденост на мажите. Жените по својата
интелегенција, способност, снаодливост... во никој случај не заостануваат зад
мажите. Значи тие реално ги заслужуваат тие позиции. Некои типично женски
особености, како што се способноста за соживување со туѓи проблеми,
емоциите, силно изразената желба за интеграција, изразениот талент за
комуницирање, снаодливоста и слично се плус или минус во женското
претприемаштво, посебно во делот кога фирмата треба да се управува.
Навистина, бизнисот не познава емоции и туѓи проблеми и потреби, освен
емоциите и проблемите за сопствениот бизнис кои даваат енергија за
напредување.

Има мислења дека жените потешко можат да се прочитаат од мажите, па тоа во


деловните разговори може да биде значајна предност во т.н. невербално
комуницирање. Тајни, мислења, идни насоки за дејствување, стратегии и
планови ќе си останат неоткриени од претприамачот од другата страна, што
претставува силна предност во фаза на преговарање и договарање. Жените
претприемачи најчесто сакаат да работат во малопродажба, домашните
ракотворби, шиењето и други услуги, како и работи кои можаат да се
извршуваат од дома. Но има бизниси што ги поседувале жените кои подоцна
прераснале во голем бизнис. Овие бизниси започнале како и сите бизниси -
мали, но мабргу пораснале.

Жените доминираат во услужните дејности. Според истражувањата во иднината


односот замјоделство-индустрија-услужни дејности ќе биде во корист на
услугите. Тоа говори дека тие се наоѓат во секторот кој во наредниот период ќе
доживува раст. Воочена законитост е дека голем дел од фирмите што ги
поседувале жените остануваат мали. Зашто бизнисот останува мал? Дали е тоа
избор на жените или има други причини? За оваа има повеќе причини. Едната
причина се финансиите. Бизнисите што ги поседуваат жените би растеле побргу
доколку се овозможи еднаков пристап до капиталот каков што го имаат мажите.
Жените почнуваат бизнис со помалку пари. Тоа е зошто почнуваат бизнис во
услужните дејности, по природа се препознатливи, а имаат и поголеми
тешкотии околу набавка на финансии. Втора работа е желбата на жените да ја
имаат контролата во свои раце на бизнисот што го поседуваат и го одржуваат на
нивото кое им овозможува задоволство при работење. За жените
флексибилноста е поважна од парите.

[уреди] Како до успешен претприемач

За да се биде успешен претприемач потребни се следниве способности:[5]

1. Треба да се размислува за своите проекти и идеи како дел од поголемата


слика и да ги разбереш како деталите се вклопуваат и интегрираат во
целината. Овој начин на размислување е општо познат како системски и
може да се набават многу книги на оваа тема. Системското размислување
е ефективно за умешноста и вештините кои се потребни за креативност и
решавање на проблемите.
2. Треба да се поседува надмоќна потреба за достигнувања и да имаш силен
натпреварувачки дух, па дури и со самиот себе. Секогаш треба да се
трудиш да се надмудриш себеси и другите. Овој процес треба да биде
природен како и дишењето, а воедно треба да биде твојата движечка
сила.
3. Треба да се има одлучност и посветеност за да бидеш иследен во
обврските, полн со самодоверба и да ги имаш работите под контрола.
Исто така, треба да дејствуваш во позитивна атмосфера. Сите "морам"
треба да ги претвориш во "сакам", и да работиш на принципот "можам"и
"ќе го направам". Не се плaшиш од неуспех затоа што неуспех не е збор
во твојот речник, ниту пак опција – туку неуспехот се изедначува со
фидбек, а фидбекот е основа на секое учење.
4. Да се биде објективен, но треба да имаш способност да го процениш
ризикот реално во глобалната слика. Имаш способност за антиципирање
на развојот кои што ти го даваат решението во многу случаи. Го
користиш твојот инстинкт за големите крајни ефекти. Ги имаш
потребните ресурси и поседуваш одлични способности за решавање на
проблемите и посветеност за надминување на пречките како што тие се
појавуваат.
5. Треба да се има одлични комуникациски вештини. Знаеш колку е важна
јасната и концизната комуникација за успехот. Исто така имаш големо
познавање за бизнисот во којшто си.

[уреди] Наводи
1. ↑ Дефинирање на претприемништво, претприемач.мк
2. ↑ Претприемач, претприемач.мк
3. ↑ Жени претприемачи, претприемач.мк
4. ↑ Разлика меѓу мажите и жените претприемчи, претприемач.мк
5. ↑ Како до успешен претприемач, претприемач.мк

[уреди] Надворешни врски


• Подготовка за Петприемништво
• Претприемач

Преземено од „http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F
%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BC
%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE“
Категорија: Економија

You might also like