You are on page 1of 13

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” – Скопје


Филозофски факултет
Институт за социологија

Предмет:
Социологија на трудот

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Мотивација за работа

Ментор: Студент:
Проф. д-р. Милева Грујовска Александар Китановски

Скопје, март 2012


Мотивација за работа Александар Китановски

Содржина:

Вовед – стр. 3

1. Поим за мотивација – стр. 5

2. Елементи кои директно влијаат на мотивацијата – стр.

3. Мотивирање за работа – стр.

4. Пет чекори за мотивација – стр.

Заклучок – стр. 14

Користена литература – стр. 15

2
Мотивација за работа Александар Китановски

Вовед

Мотивирањето е многу важно за менаџерите, бидејќи менаџерите мора да го


насочат мотивирањето кај луѓето заради постигнување на организациските и
личните цели. Организацијата има потреба да ги мотивира вработените за
извршување на нивната стратегија.

Раните објаснувања за мотивацијата биле фокусирани на инстинкти. Vо


доцните godini na 19-ти и почетокот на дваесеттиот век pсихолозите пишуваat
сугерираат дека човечките суштества во основа sе програмиранi да се
однесуваат на одреден начин, во зависност од знаците на однесувањето на кои
биле изложени. Сигмунд Фројд, на пример, тврдi дека најмоќните детерминанти
на однесувањето на поединецот се оние на кои лицето e несвесно свесeн.
Според Мотивација и Лидерство при работа ( Портер, и Bigley, 1996), во
почетокот на дваесеттиот век истражувачите започнаа да ги испитuvaat другите
можни објаснувања на разлики во индивидуалната мотивација. Некои
истражувачи биле фокусирани на внатрешните пориви како објаснување за
мотивирано однесување. Други студии за ефектот на учење кај поединци
преставувало база на моменталнато однесување на последиците од минатото
однесување. Овие големи теоретски струења на истражување во мотивацијата
се класифицирани во две основни училишта: теорија за содржината на
мотивација и теорија за процесот на мотивација.

Но кога станува збор на еволуцијата на менаџментот, лидерството се


дефинира како процес на влијание кон останатите за достигнување на
целите а мотивирањето како воља или (снага на вољата) за достигнување
на целите.
3
Мотивација за работа Александар Китановски

Во таа насока во голема мерка способноста за раководење ги вклучува


менаџерите најдиректно со подредените а самата способност подразбира
доблест да ги мотивира, да влијае, да ги насочува и да комуницира со
подредените. Доколку тие фактори се позитивни тогаш персоналот ќе знае да
ја почитува неговата ефикасност во раководење а преку мотивираноста се
постигнуваат зададените цели за одредени задачи, проекти и програми.
Во однос на тоа, многу луѓе сами се мотивираат и бараат слобода за
извршување на работата, наведени спрема нивниот индивидуален начин на
решавање на зададените работни задачи и доколку менаџерот успее да го
најде клучот на внатрешната мотивираност на вработените тогаш можe да
смета на бескраен извор на продуктивност и позитивна реализација на
зададените активности.

Главните содржини за теории на мотивација се хиерархија на потребите


Маслоу, ЕРГ теорија- Alderfer , мотивирачка- хигиената теорија Herzberg и
McClelland теорија на научени потреби или теорија на три потреби.

Попознати модели или теории на мотивирањето се традиционален модел,


моделот на човечки односи и моделот на човечки ресурси.

1. Поим за мотивација

Зборот – мотив, води потекло од латинскиот збор – motivum, италијанскиот –


motivo, а значи – потстрек, побуда, повод, поттик, причина; или во уметноста –
основна мисла што го натерала уметникот да ја создаде творбата. Зборот
мотивација е изведен од зборот мотив, а води потекло од латинскиот збор –
motivatio, кој значи – образложување , наведување побуди или причини за
нешто.

Често пати можеме од некого да слушнеме – Не сум мотивиран за работа…


или – Победија, зашто имаа добар мотив. До целта полесно се стигнува кога
личноста е добро мотивирана. Мотивот кај различни типови личности не може
да биде ист.

4
Мотивација за работа Александар Китановски

Мотивирањето е сложен процес, од кој зависи успехот на секој поединец,


група, тим, проект, програма, па и успехот на целата институција. Разликите
меѓу поедини личности, како и карактеристичните модели на секоја личност,
произлегуваат од сличностите и разликите во мотивацијата, односно од целите
кон кои секој поединец се стреми.

Мотивацијата на поединецот претставува динамичен аспект на личноста. Таа е


енергетска и движечка сила на поединецот, ги насочува активностите и
управува со однесувањето, па претставува основа на личноста на секој човек.

Обично се мисли дека основен мотив за вработените се парите, т.е. платата


што како награда за вложениот труд ја добиваат, а за учениците – оценките.
Логично би било оние работници што се подобро платени, или работат во
фирми во кои што платите се повисоки, да вложуваат повеќе напори, да
работат со поголем мотив. Но, во праксата не е така… Мотивацијата е
индивидуален чин и зависи од многу фактори, а факторот наградување или
вреднување на резултатите е само еден од факторите, што влијаат на
мотивацијата. Инаку, како би се објаснила победата на просечна екипа над
фаворизираната или жарот, со кој некој работник „согорува“ во фирма за
мизерна плата? Најголемиот мотив секогаш доаѓа однатре, а секоја индивидуа
различно се мотивира.

Мотивацијата за учење е состојба кога личноста има мотив нешто да учи или
научи. За да можат учениците да постигнуваат успех во учењето, многу важно
е да се заинтересирани и мотивирани. Кај мотивираниот ученик, поголеми се и
мисловниот напор и степенот на мисловните активности, подобри се
концентацијата и вниманието, што доведува до поголеми резултати во
учењето.

Кога е во прашање мотивацијата во остварувањето цели и задачи во воспитно


– образовниот процес, мотивите се делат на надворешни и внатрешни мотиви.

5
Мотивација за работа Александар Китановски

2.     Елементи кои директно влијаат на мотивацијата

Мотиватори се фактори кои ја поттикнуваат личноста на дејствување и влијаат


на однесувањето на поединецот. Тоа  се награди или пак пофални зборови, кои
ја зглоемуваат желбата за задоволување на одредена потреба.Покрај
внатрешните „движечки сили“, многу  важна е околината и ситуацијата во која
личноста се наоѓа.

Елементи кои директно влијаат на мотивацијата се:

потреби – предизвикани внатре кај поединецот, што го тераат нешто да бара


или одбегнува;

притисоци – кои се предизвикани од интеракција со околината;

теми – предизвикуваат однесување/ реакција на одредени сегашни настани;

Интеракцијата на овие три елементи ја чини мотивацијата и ја тера личноста на


активност.Во процесот на образование се поставуваат основните прашања
врзани за мотивацијата, а тоа се:

- Дали е работа на наставникот да ја формира мотивацијата кај ученикот?

- Дали е работа на наставникот да ја пронајде мотивацијата кај ученикот?

За да одговориме на ова прашање, треба да тргнеме од следните факти:

- образованието е процес на социјализација,

- учењето треба да биде низ искуство, со активно учество,


6
Мотивација за работа Александар Китановски

- постоење на основен интерес за она што се учи,

- постоење на лични мотиви,

- треба да постои „импулс“ во процесот, кој ќе може да го „запали фитилот“.

За мотивацијата, т.е. за „палењето на фитилот“, важни се:

- Самодоверба при индивидуалната и групната работа;

- Влијание на средината, (семејството, воннаставни активности, спорт,


претходни искуства…

- Психомоторни активности, (водење забелешки, активно слушање,


поставување и  остварување цели и функционирање во група)

3. Мотивирање за работа

Мотивацијата почнува со поставување на определена цел, а патот кон


остварување е следен од придонес кон работата според соодветни критериуми
на однесување. Многу менаџери немаат доволно познавања и разбирање од
областа на мотивацијата и ова е практично докажано. Истражување на десетте
најважни фактори за мотивација на работа за што требало да се постигне
консензус помеѓу стотина менаџери. Во исто време се анкетирале и нивните
вработени, кои исто така треба да ги наведат најважните фактори на
мотивација на работното место. Еве ги резултатите:

Рангирање според менаџерите (што мислат тие дека најмногу ги мотивира


нивните вработени):
1. Пари;
2. Сигурност на работната позиција;
3. Шанса за унапредување;
7
Мотивација за работа Александар Китановски

4. Работни услови;
5. Интересна работа;
6. Организациска лојалност;
7. Дисциплина;
8. Почитување;
9. Конструктивна комуникација;
10. Да се биде инсајдер, дел од тим.
 
Рангирање на вработените (што навеле вработените дека ги мотивира кон
поефективно извршување на секојдневните обврски на работа):
1. Почитување;
2. Да се биде инсајдер, дел од тим;
3. Конструктивна комуникација;
4. Сигурност на работата;
5. Пари;
6. Интересна работа;
7. Шанса за унапредување;
8. Организациска лојалност;
9. Работни услови;
10. Дисциплина.
 
Очигледно е дека менаџерите имаат различно гледиште на ранг-листата на
мотиватори за вработените. Не е изненадување дека не се мотивира секој од
цифрите што ги гледа на трансакциската сметка, не се задоволува и не се
мотивира секој од материјалниот надомест за вложениот труд или фактот дека
ова вработување ќе трае до крајот на работниот век. Многу поважно е на
работното место да владее атмосфера на заемно почитување, чувство за
припадност и идентификување со визијата и мисијата на тимот како квалитетна
комуникација и конструктивни дискусии.
 
Мотивацијата е причината за постигнување резултати што го надминуваат
очекувањето на менаџерот. Доколку сме мотивирани, крајниот изглед на
проектот ќе предизвика задоволство и гордост кај нас, а (не)задолжително и кај
8
Мотивација за работа Александар Китановски

менаџерот. Доколку не сме мотивирани, сигурно е дека нема да има задоволни


изрази на лицата.
 
Останува прашањето дали мотивацијата доаѓа однадвор или однатре? Дали
вработените се мотивираат од менаџерот или од наведените работи на
неговата ранг-листа или постои внатрешен спиритус мовенс во секој од нас
што нѐ тера да бидеме сѐ подобри? Психолозите имаат различни пристапи кон
дефинирање на мотивацијата и како функционира таа. Некои велат дека
мотивацијата, во суштина, е самомотивација, таа постои во нас, а се
манифестира во околината, други тврдат дека е тоа резултат на надворешен
стимул и доаѓа единствено од окружувањето. Веројатно тоа е и причината
поради која менаџерите се збунети и не знаат дали треба тие да ги мотивираат
своите вработени или да го бараат внатрешниот извор на креативност и
мотивација во секој вработен.
 
Позната е изреката што вели дека кога некој ја напушта компанијата, всушност,
го напушта својот шеф. Затоа, многу менаџери се дообучуваат за т.н. софт
скилс (soft skills) како што се способност за комуникација со различни профили
на луѓе во својот тим, способност за справување со конфликтни ситуации,
демонстрирање лидерство и развивање на емоционалната интелигенција.
Истовремено, во многу компании при процесот на регрутација на нови таленти
емоционалната интелигенција ги надминува неопходните технички знаења како
примарен критериум за вработување.

4. Пет чекори за мотивација

Како менаџментот постигнува мотивација на работното место во денешното


општество? Тоа е одлично прашање, затоа што успехот лежи во мотивирано
работно место. Без мотивација крајниот резултат е слаб квалитет на работното
место. Некои прашања кои требаат да се земат во превид кога станува збор за
постигнување мотивација на работното место се дадени подолу. Секое
работно место има различни ситуации. Сите правила не се однесуваат на
9
Мотивација за работа Александар Китановски

неповрзани случувања. Тие се различни во зависност од ситуацијата во


канцеларија, фабрика или градежна фирма. Тие сите ќе бидат различни.

Една работа која ќе остане иста е човечката природа, и начинот на кој


реагираме во различни ситуации. Еве пет фактори кои може да бидат
контролирани:

1.      Различни типови на личности

Ова е едно од најголемите прашања кои треба да бидат земени во предвид.


Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека сите луѓе се различни. Сите ние
имаме различни карактери и каприци. Сите ние нема да се согласуваме секој
ден затворени во канцеларија, кујна, фабрика заедно. Едноставно тоа не е
возможно. Не е начинот не кој сме созададени. Тоа што една личност може да
го смета за конструктивен критицизам, друга може да смета дека личноста се
однесува премногу “шефовски”. Една личност за себе може да смета дека е
продуктивна, а личноста до неа да смета дека тој/таа е мрзлива. Едноставно
тоа е начинот на кој луѓето размислуваат различно. За да може менаџментот
да си ја врши успешно работата, мора да ги разберат разликите кај луѓето и да
научат како да се справат со тие прашања. Мора да научат како да бидат
дипломатски настроени во вакви ситуации и да се осигураат дека работата ќе
тече во најдобар ред.

2.      Награди

Клучот за мотивација се целите. Значи, ако мотивацијата на работното место е


нешто што се посакува, во тој случај наградите за вработените се нужност. Тие
мора да бидат мотивирани за извршување на одлична работа. Дали тоа ќе
бидат унапредувања, бонуси или едноставно зборови на потврдување за добро
извршена работа, тие тоа го заслужуваат.

3.      Работна околина

Работното место мора да биде забавно и место во кое ќе се ужива во


вршењето на работата. Една личност поминува во просек 7-10 часа на тоа
место. Ако не е забавно и удобно место, тогаш мотивацијата не може да биде

10
Мотивација за работа Александар Китановски

постигната. Луѓето можат да работат, да се социјализираат и да се смеат во


исто време! Тоа може да биде постигнато.

4.      Независност

Вработените мора да бидат способни да мислат самите. Никој не сака да му се


кажува што да прави и кога и како секоја минута од денот.Вработениот мора да
знае какви се очекувањата и да му биде дозволено да ги постигне. Тие ќе бидат
горди ако извршувањето е нивна идеја и начин на вршење на работите.

5.      Простор за правање грешка

Честопати менаџментот на работното место не ги зема во предвид грешките.


Во случај да настане грешка никој не знае што да направи за да ја поправи.
Менаџментот има задача да направи план Б во случај нешто да појде наопаку.
И секогаш нешто поаѓа наопаку!

11
Мотивација за работа Александар Китановски

Заклучок

Една од задачите на менаџерите, па и на претприемачите бидејќи долго време


ќе ја имаат таа улога е да мотивираат. Постојат повеќе теории за мотивација и
една од најцитираните теории е Масловата теорија која можеби за првпат
воведува мотивациски потреби кои немаат врска со пари.

Идејата за мотивација во организациските системи на научна основа е стара


уште од времето на почетоците на Тејлоровиот научен менаџмент и неговите
истражувања во кои се обидува да ги зголеми перформансите.

Заклучокот е дека:

 За едноставни, механички и целосно испланирани работни задачи каде


не е потребно умствено размислување парите играат голема улога во
учинокот на тие луѓе. Ова значи дека за овие задачи, повеќе пари,
односно поголема парична награда, поголем и учинокот.
 За сложени задачи за кои се потребни умствени напори, креативност и
инвентивност парите не играат никаква улога дури може и да наштетат
во учинокот на луѓето кои работат на таквите работни задачи. Ова значи
дека тие луѓе бараат нешто друго, и за нив не поминува IF THEN (ако го
направиш тоа ќе добиеш толку) принципот

12
Мотивација за работа Александар Китановски

Користена литература

- Основи на Менаџмент од Тодор Кралев


- tutor2u -GCSE Business Studies “Theories of Motivation”
- Grant Shin-MotivationHandbook 201
- Маслоу, Аврам – Мотивација и личност- Њујорк, Харпер & Ров, 1954 година
- http://en.wikipedia.org/wiki/Fred_M._Taylor
- http://en.wikipedia.org/wiki/Alderfer
- http://en.wikipedia.org/wiki/David_McClelland
- http://en.wikipedia.org/wiki/Elton_Mayo
- http://en.wikipedia.org/wiki/Abraham_Maslow
- http://www.businessballs.com/herzberg.htm
- http://en.wikipedia.org/wiki/B.F._Skinner
- http://en.wikipedia.org/wiki/Edwin_A._Locke
- http://en.wikipedia.org/wiki/Motivation

13

You might also like