You are on page 1of 25

Успешни рамки за

менторство и обучување

Ментор: Доц. д-р Марија Апостолова


Николовска
Изработил: Иван Смилески

1
1
Вовед

Менторството се смета за еден од


најопфатните методи за развој на
вработените. Менторството е насочено на
личниот развој, на стручното усовршување и
на кариерниот развој на посетителите на
менторската програма, но и на самите
ментори. Впрочем, да се биде ментор, не се
подразбира само професионална стручност,
односно професионална оспособеност, туку и
други специфични знаења и вештини кои
лицето во рамките на менторските програми
ги надоградува.

2
Вовед

Коучингот како стил на раководење, им помага на


луѓето кои што се вклучени во одредени проекти да
најдат поголемо задоволство во своето работење на
зададените проекти, да го развиваат лидерскиот
потенцијал и да најдат поголемо согласување со
личната и корпоративна визија. Коучингот кој што
се применува во доменот на деловното работење
овозможува согледување на деловните визии на
проектите, го зајакнува тимскиот дух, и го
инспирира и го зацврстува ентузијамот кај
вработените.

3
Дефинирање на поимот коучинг

Коучингот претставува интерактивен процес помеѓу коучот


(или тренерот) и клиентот кој однос го поттикнува клиентот на
учење и развој. Целта на коучингот е откривање и изградба на
сопствени капацитети и потенцијали за остварување на
највисоките цели и врвните достигнувања. Преку користење
на специфичните техники за време на самиот процес, преку
постоење на партнерски однос со потполна доверба и
прифаќање, тренерот го иницира растот и развојот на
клиентите во сите полиња.

4
Коучинг = Тренинг + Психологија + Менаџмент

Бидејќи коучингот е нешто што се случува меѓу две страни, две


индивидуи, тој вид врска, како прво, треба да е присутна и, како
второ, за да биде успешна треба да ја посакуваат двете страни.
Тренинг и „коучинг“

Тренинг и „коучинг“ се две различни работи, иако некои ги користат нив


како слично или исто.

Тренингот е структуирана форма на обука што е дизај-нирана за да му


обезбеди на вработениот знаења и вештини за да ги извршува задачите.

„Коучингот“, од друга страна, е процес што е дизајни-ран за да му помогне


на вработениот да се стекне со поголеми компетенции и да ги надмине
пречките така што ќе ги подобри работните перформанси или изведби.

Тренингот и „коучингот“ одат рака под рака: прво вие ги тренирате


вработените со многу стручни работи, а потоа ги водите со мотивирање.

5
Дефинирање на поимот менторство

Менторството претставува начин на кој што се повеќе се учи


во скоро сите сфери или облести во животот и работењето.
Менторството станува средство преку кое може да се
унапреди не само квалитетот на работењето кај поединците,
туку и квалитетот на работењето на самата организација во
целина. Во светот се развива културата на менторство како
начин за оспособување и унапредување на квалитетот во
работењето во различни области.

6
Менторството е всушност давање на помош (надвор од односот
раководител/вработен) од едно на друго лице кое сака да
направи значителна транзиција во однос на знаењето, работата
или размислувањето.
Тоа може да се примени во различни контексти.
На пример:
Да му се помогне некому кој е нов во организацијата или во
одредена улога да развие компетенции
Да му се помогне на некого во развивање на компетенции кон
поодговорно работно место.
Да му се помогне некому кој развива раководни компетенции.
Да му се помогне некому кој развива експертски
професионални вештини на пр. сметководство.
Да му се помогне на некого кој сака да развие поширока мрежа
на засегнати страни.

7
Некои од најважните разлики помеѓу коучингот и менторството се
Менторство Обука

Постојана врска која може да трае долго време. Врската генерално кратко трае. Односот и не е толку
За да се биде навистина успешен, менторот и важен, иако клиентот треба да биде отворен и искрен..
менторираниот треба да развиваат "блиски"
односи. Тие често стануваат пријатели.
Повеќето можат да бидат неформални и По природа, генерално се поструктурирани и средбите
средбите може да се одржуваат кога на се закажани на редовна основа.
менторираниот му требаат некои насоки и
поддршка
Агендата е поставена од страна на Агендата е поставена од страна на клиентот и е
менторираниот заедно со менторот, со цел фокусирана на постигнување на специфични,
обезбедување поддршка и давање насоки, за непосредни цели.
подготвување за идните улоги или специфични
развојни вештини
Насочување кон професионален развој на Насочување кон конкретни, лични,развојни
менторираниот, особено во однос на неговите области/прашања, можеби поврзани со однесувањето,
вештини и нивна примена во специфичната ставовите или самосвеста.
работа.
Се користи терминот "менториран", но Се користи краток термин, кој се фокусира на
терминот клиент или менторирано лице, исто специфични развојни области /теми.
така може да се употребува.
8
Истражувачки дел - Анализа на потребите од коучинг и
менторинг во АД ЕЛЕМ (АД ЕСМ)

9
10
11
12
Истражувачки дел – Анализа на анкетен прашалник

• Како примерок на истражувањето, се опфатени 60 вработени лица во


АД Електрани на Северна Македонија, кои се согласија да го пополнат
анкетниот прашалник кој што им беше доставен. Во прашалникот не е
опфатена демографската структура на испитаниците, бидејќи истата
не е во интерес на целите на истражувањето.

13
Дали сметате дека компанијата во која
работите вложува доволно во човечките ресурси?

14
Дали според Вас, вложувањето во човечките
ресурси преку менторинг и коучинг е секогаш
оправдано, од аспект на унапредување на
знаењето на вработените?

15
Дали со задоволство прифаќате да бидете дел од
одредена обука за унапредување на знаењето во
областа во која работите?

16
Дали сметате дека инвестициите во
унапредувањето на човечки ресурси се одразуваат
позитивно во работењето на компанијата?

17
Дали сметате дека учењето под менторство за
целите на професионалниот развој кој што е
релевантен за работниците, треба да биде
составен дел од нивните секојдневни
активности?

18
Дали според Вас, процесот на коучинг,
претставува една од важните можности за
успешно унапредување на човечките ресурси?

19
Преку кој облик на инвестиција сметате дека ќе
се постигнат најдобри резултати во
унапредувањето на човечките ресурси?

20
Од истражувањето може да се увиди дека
поголемиот дел од вработените во
компанијата во која беше спроведено
истражувањето, сметаат дека навистина,
само преку инвестирање во човечките
ресурси може да се постигне и нивното
унапредување. Со унапредувањето на
човечките ресурси, може да се постигне
соодветната конкурентност на
организацијата, како и да се постигне
соодветното задоволство на вработените.

21
Имајќи пред вид дека, како што е веќе
претходно нагласено, конкурентската
предност на организацијата се базира на
способноста на нејзините вработени,
работниците со знаење и степенот на
нивниот допринос на вкупниот резултат на
организацијата, претставува клуч за
успехот. За работниците со знаење,
учењето и работата се блиску поврзани.
Соодветниот пристап на организацијата за
обуки и усовршувања на вработените, како и
систематскиот пристап кон нивниот
професионален развој, се смета за вистински
деловен предизвик.
22
Заклучок

• Коучингот денес е една од областите во работењето со луѓето која најбрзо се развиваат. Како и секоја друга,
релативно млада област, коучингот се соочува со проблеми околу дефинирање на самиот поим, проблеми со
теоретските претпоставки и областите од животот во кои што е најприменлив. До денес се покажало дека
паркасата за коучингот е најпотребна во областа на спортот и бизнисот (при водење на проектите).
• Преку менторството може да се сподели знаење, мислење, можа да се даде совет, да се пружи поддршка. Може
само нешто од наведеното, но може и се. Тоа единствено зависи од самите мантори и односот со клиентите. На
квалитетот на менторскиот однос пресудно влијае начинот на кој е утврдена неговата структура која е последица
на јасни цели кои треба да се постигнат, бидејќи преку тоа на најдобар можен начин се обезбедува чувството за
цел, а за младите и несигурните една заштитна рамка.

23
Заклучок

• Од изнесеното во семинарската работа со наслов „Успешни рамки за менторство и обучување“, може да се


заклучи дека самото вложување, односно инвестирање, како и со соодветното управување со човечките
ресурси, однсоно со човечките потенцијали, преку најразлични планови и посебни системи за мотивација е
од големо значење за една компанија, без разлика во која област истата делува и наведеното претставува
успешна рамка за менторство и обучување. Имено, се потврдува дека, ефикасноста од инвестициите во
човечките ресурси, претставуваат основен фактор за нивното унапредување од сите аспектни стојалишта.
Преку воведување на менторинг и коучинг, може да се доведе до зголемување на задоволството на
вработените, нивната продуктивност и мотивираност и стремеж кон остварување на подобри резултати во
работењето и намалување на ризиците при истото.

24
Ви благодарам!

Иван

You might also like