You are on page 1of 3

6.

ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА КАРИЕРА

Вештини за управување со кариера (carrer management skills - CMS)

Вештините за управување со кариерата (carrer management skills ) им овозможуваат


на луѓето да управуваат со развојот на сопствената кариера. Тие се однесуваат на:
- начините на собирање и користење на информации за себе, за образованието и за
светот на работата;
- донесување и спроведување на одлуки за реализација на кариерни премини (од
образованието во светот на работата, од една работа на друга итн.).
Вештините за управување со кариерата им овозможуваат на поединците на
структуриран начин да собираат, анализираат, синтетизираат и организираат информации
за себе, за образованието и за професиите и да донесат одлука за развој на сопствената
кариера, а со тоа и за својата позиција во иднина. Се работи за вештини потребни за успех
во предизвикувачкото работно опкружување кое постојано се менува. Стекнувањето вакви
вештини подразбира поседување на:
⦁ свест за себе;
⦁ свест за променливиот свет на работа;
⦁ способност за превземање одговорност за својата кариера и личниот развој;
⦁ способност за управување на односите помеѓу учењето и работата во сите фази на
животот.
Големите и брзи промени во светот на работата го менуваат значењето на природата
на работата и на кариерата. Во подготовката за премин од системот на образование во
вработување, како и за премин од едно работно место на друго, битно е да се знае какви се
промените на пазарот на труд:
⦁ голема конкуренција за слободните работни места;
⦁ непостоење на работни места за цел живот, туку во текот на кариерата луѓето
менуваат неколку работни места;
⦁ поголем број на вработени во малите и средни претпријати што подразбира помала
поделба на трудот и користење на поширок спектар на компетенции (знаења, вештини и
способности);
⦁ се поголема зачестеност на самовработувањето;
⦁ се поголема потреба за предвидување и планирање на промените на пазарот на
труд;
⦁ се поголема потреба за продолжување на образованието за да се остане
конкурентен и вработлив;
⦁ се почести флексибилни работни ангажирања;
⦁ постои се поголема потреба за соочување со несигурноста на работното место.
Управување со кариерата

Обуки за стекнување на вештини за управување со кариера се спроведуваат низ


различни програми за подготовка за вработување:
⦁ програми за помош при барање на вработување преку самоинформирање;
⦁ групно или индивидуално информирање (во облик на работни клубови, саеми на
работа и работилници);
⦁ групно или индивидуално советување;
⦁ програми за усовршување, оспособување и преквалификација.
Со оглед на се поголемата употреба на информатичката технологија, олеснет е
приодот кон услуги за самопомош со што се олеснува пристапот кон работните места и
пазарот на труд како и до информации за понатамошно образование и советувања за
кариера.
Услуги од овој тип во нашата земја дава Агенцијата за вработување на Република
Македонија како и голем број консултантски фирми кои вршат групни професионални
советувања. Со тоа им се помага на луѓето да:
⦁ ја зголемат свеста за себе, за своите знаења, за вештините и способностите што
доведува до поголемо задоволство од работата и лично исполнување;
⦁ ја зголемат сопствената компетентност, а со тоа и мотивацијата за работа;
⦁ имаат јасна идеја за промена на работата;
⦁ ги препознаваат и проценуваат постоечките способности;
⦁ стекнат увид и разбирање за она што работодавачите го бараат;
⦁ стекнат подобри способности за артикулирање на плановите за кариера;
⦁ ја подобрат способноста за писмена и усна самопрезентација (биографија,
апликации, интервју, презентација и друго)
Советници за професионална ориентација треба континуирано да спроведуваат
активности за информирање и советување на младите луѓе кои бараат прво вработување
по завршеното средно образование. Во самите средни училишта како и во високо
образовните институции потребно е да се спроведуваат информирања и советувања и
слични видови услуги. Советници за професионално насочување треба да се вклучат во
работа со студенти со цел развој на работни вештини, стажирање и волонтирање, стручно
оспособување за работа без засновање работен однос и оспособување за работа во рамки
на наставниот процес.
Прашања за проверка на знаењето:

1. На што се однесува поимот вештини за управување со кариера?


2. Што овозможува посдувањето на вештини за управување со кариерата?
3. Какви способности имаат поединците кои стекнале вештини за управување со
кариерата?
4. Со што се одликува современиот пазар на тудот?
5. Што овозможуваат обуки за стекнување на вештини за управување со кариера?
6. Кои институции во Република Македонија нудат професионални советувања за
управување со кариерата?
7. Кои продобивки имаат луѓето од професионалните советувања за управување со
кариерата?

You might also like