You are on page 1of 2

Менаџмент на време

Одговори на прашања
1. Зошто во менаџментот е воведена дисциплината наречена менаџмент на време?
2. Што се подразбора под поимот менаџмент на работно време?
3. Кои се начините на организација на работното време?
4. Објасни ги накратко начините на организација на работното време.
5. Кои работи го спречуваат ефикасното користење на времето?
6. Што се подразбира под оптимално користење на времето според Стивен Кави?
7. Кои тактики теба да се користат за ефикасно користење на сопственото време?

1. Поради големото значење на времето како ограничен и необновлив ресурс, во


менаџментот се развива посебна дисциплина наречена менаџмент на време (time management)
2. Под менаџмент на работно време се подразбира употреба на различни техники и
начини за планирање и организирање на времето, со цел да се зголеми ефективноста и
ефикасноста на личното или на организациското време. Во таа смисла, менаџерите креираат
т.н. модуларизација на работното време преку флексибилни распореди, скратување на
работната недела итн.
3. Под организација на работното време се подразбира организација на распоредот и на
траењето на работата во различни временски периоди: ден, недела, месец или година.
Познати се повеќе облици на организација на работното време: лизгачко работно време,
флексибилно работно време, збиена работна недела, скратено работно време и сменска
работа.
4. Лизгачко работно време - се работи за организација на работата при која почетокот и
завршувањето на работата се во различни временски периоди, што подразбира дека не е
неопходно сите вработени да бидат на своите работни места. На работниците делимично им е
дадена слобода, а со тоа и одговорност сами да одлучуваат за почетокот и завршувањето на
сопствената работа.
Флексибилно работно време опфаќа период во кој сите работници без исклучок мораат да
бидат на работно место и флексибилни периоди кога работникот може, но не мора
задолжително да биде на работно место. Во рамки на флексибилното работно време од
вработените се бара да одработат стандарден односно утврден број на часови во период кој
може да варира од една недела до еден месец.
Збиена работна недела - неделниот број на работни часови (фонд од 40 работни часови) е
распореден на помал број работни денови во неделата. Ова најчесто подразбира скратување
на петдневната на четиридневна работна надела.
Скратено работно време - вообичаеното работно време на одреден вработен е пократко од
вообичаеното организациско работно време. Имено, вработениот ја дели работата со
останатите, кое најчесто се практикува во одреден период пред пензионирање или пак се
практикува скратено работно време за родители, како и скратена работа која се одвива во
смени
Сменска работа - се работи за меѓусебно заменување на работниците во организацијата на
одредено работно место, така што работното време на таа организација трае подолго од
работното време на поединците. Се разликува утринска, попладневна и ноќна смена, како и
т.н викенд смена.
5. ⦁ неорганизираност; ⦁ одложување и ⦁ неспособност да се каже "НЕ"
6. Во врска со управувањето со сопственото време, Стивен Кави (Stephan Covey) вели
дека оптималното користење на времето подразбира правилно решавање на односот помеѓу
итните и не толку итните работи од една, и битните и небитните работи од друга страна.
7. ⦁ Биди активен, а не реактивен ⦁ Постави цели ⦁ Утврди приоритетни активности ⦁
Задржи ја фокусираноста ⦁ Креирај реални временски рамки ⦁ Направи сега - не одложувај ⦁
Урамнотежи го својот живот.

You might also like