Professional Documents
Culture Documents
1
1. ОПШТО ЗА МЕНАЏМЕНТ
2
Всушност, може да се рече дека:
3
a/ Класична школа:
Основачи се Фајол (Fayol - Франција) и Тејлор (Taylor - САД). Работеле во исто
време, но во различни земји. Тие ги истражувале теоретски и практично
можностите за подобрување на производството и за зголемувањето на
продуктивноста на трудот. Фајол бил теоретичар, а Тејлор практичар. Тејлор ги
развил принципите за научното управување и ја создал функционалната
организациона структура.
б/ Бихејвористичка школа
Недостаток на класичната теорија е што се ограничува само на техничките
аспекти на производните проблеми и го елиминира човекот како значаен учесник
во процесот на работата. Затоа, одредени научници, а пред сé социолози и
психолози, се ориентирале на човековиот фактор во процесот на работата. Тие
настојувале да докажат дека човековите односи и однесувањето, како и
различните социолошки и психолошки потреби имаат големо влијание на
ефикасноста на човековиот труд. Така настанал нов пристап во теоријата на
менаџментот кој се занимава со истражувањето на однесувањето на луѓето во
процесот на работата. Овој пристап ја респектира целокупната сложеност на
човеквото однесување и меѓучовечките односи и настојува во теоријата на
менаџментот да внесе нови принципи и погледи. Овој пристап во теријата е
познат како бихејвористички. Еден од пионерите на овој пристап е Elton Mayo.
г/ Контигенциски пристап
Ова е еден од поновите пристапи во менаџментот со кој се смета дека не постои
теорија или пристап кој може да гарантира ефикасност на организацијата, туку
мора да се избере збир од пристапи со кои се опфаќаат факторите и
надворешните врски на организацијата. Затоа се смета дека треба да се определи
најсоодветна организациона структура која ќе одговара на конкретната ситуација.
4
Според овој пристап правилното одредување на организационата структура
зависи од изборот на најдобра комбинација на следните фактори: околината,
технологијата, човековите вештини и мотивацијата.
д/ Останати пристапи
Покарактеристични останати пристапи се:
Операционите истражувања (главни претставници се Morgensten и Daanzig)
Школа за политички науки (претставник: H. Simon)
Неокласична теорија (претставник е Drucker кој се залагал за воведување
на тимската работа и за концептот - управување со помош на цели) и
други школи.
5
Според одредени автори менаџмент функциите се класифицираат какo:
Планирање,
Организирање,
Координирање,
Мотивирање и
Контролирање.
6
Каде лидерство е мотивирање, координирање и задолжување на
членовите на организацијата за да ја сфатат улогата што ја играат во
постигнувањето на целите на организацијата.
7
Други автори разликуваат два вида на менаџмент во зависност од
проблемите што треба да се решат и одлуките кои се донесуваат, и тоа:
Оперативен и
Стратегиски менаџмент.
Оперативниот менаџмент е насочен кон решавање на оперативни
проблеми и кон донесување на оперативни одлуки во врска со: одредени
набавки (на: материјали, суровини, енергенси и сл.), извршувањето на
работата, за производството, за градењето и сл.
Стратегискиот менаџмент е насочен кон донесување на одлуки поврзани,
пред сè, со претпријатието и со односите на претпријатието и окружувањето.
Стратегискиот менаџмент, всушност значи преземање на низа активности кои
се однесуваат на подготовка на претпријатието за во иднина и за
обезбедување на што подобра зависност меѓу претпријатието и
окружувањето на тоа претпријатие. Всушност, со стратегискиот менаџмент се
постигнува усогласување и рамнотежа како меѓу одделните системи на
претпријатието, така и меѓу претпријатието и неговото окружување
(економско, политичко, правно...).
8
Врвен
менаџмент
(директор)
Врвен
менаџмент
(заменик
директор)
9
Средниот менаџмент го сочинуваат група на луѓе кои се одговорни за
работењето на секторите или одделите во рамките на фирмата.
Средниот менаџмент го сочинуваат директорите на секторите или
одделите.
Нискиот менаџмент е група на луѓе кои се одговорни за конкретното
извршување на дневните активности. Тие се задолжени и за насочување
на работата на работниците кон остварувањето на целите и задачите на
секторот или одделот. Нискиот менаџмент го сочинуваат надзорници кои
ја надгледуваат работата на работниците.
1.7. МЕНАЏЕР
_____________________________________
Менаџер е личност која остварува
одредени цели со директен напор на
другите луѓе. Всушност, менаџерот го
насочува напорот на другите луѓе за
осварување на целите на организацијата
(Сл.1.3).
Значи: менаџерите директно не
извршуваат било каква активност туку тие
го насочуваат и координираат напорот на
членовите на организацијата кои им се
хиерархиски подредени. Сл.1.3: Менаџерот насочува
_____________________________________
10
Менаџерот треба да има технички, хумани и концептуални вештини:
- Техничка вештина е способност да се користат технички постапки
или опрема од специфичното подрачје.
- Хуманата вештина е способност за комуникација, мотивација и
водење на поединци и на групи.
- Концептуална вештина е способност за планирање,
координација и интегрирање на сите интереси и активности на
организацијата.
11
1.7.1. Нивоа на менаџери
Мен.на
високо н.
ниво
Работници
12
Исто така, менаџерите од средното ниво ги надгледуваат и координираат
менаџерите од ниското ниво и се одговорни за пронаоѓање на најдобар начин
за организирање на човечките или другите ресурси за да се насочи работата
на секторите кон постигнувањето на целите на фирмата. Менаџерите од
средното ниво задолжени се за пронаоѓање на начини да им помогнат на
менаџерите од ниското ниво и на вработените подобро да ги извршуваат
задачите. Затоа менаџерите од средното ниво треба да имаат хумани
вештини.
Менаџерите од ниското ниво ориентирани се кон менаџмент функциите:
мотивирање, координирање и контролирање. Треба да имаат и технички
вештини. Одговорни се за секојдневниот надзор врз работата на работниците.
Примери за менаџери на најниско ниво се надзорниците на работен тим во
погон за производство на арматура или оплата и кој погон често пати спаѓа во
секторот за производство. Менаџер на ниско ниво е и главниот механичар кој
го надгледува тимот од механичари во одделот за механизацијата и др.
Концеп-
туална
Хумана
Техничка
13
2. ПРЕТПРИЈАТИЕ
14
Приватно претпријатие - Капиталот на приватното претпријатие е во
приватна сопственост. Најчесто настануваат како резултат на
претворањето на идејата на некој поединец (претприемач) во бизнис, т.е.
отворање на приватна фирма.
Претпријатие со мешовита сопственост - Најчест случај на претпријатие
со мешовита сопственост е претпријатие со комбинација на јавен и
приватен капител. Пр.: капиталот на јавните претпријатија може да биде
мешан, доколку во формирањето на претпријатието освен државата или
локалната самоуправа учествувале и други правни или физички лица.
1
Се базира на поделбата од Фајол кој ги групира функциите во претпријатието во 6 основни
функции: техничка, комерцијална, финансиска, функција за безбедност, сметководствена и
административна.
15
субјективните фактори при работењето на претпријатието со цел избор на
кадри за што подобра реализација на работите.
- Водење е процес на насочување и поттикнување на другите кон
постигнување на мисијата и целите на претпријатието.
- Контролата ги опфаќа активностите кои ги презема претпријатието за да
обезбеди неговите акции да доведат до постигнување на целите на
претпријатието.
Заменик
директор
Реализација на Служба за
проекти хигиена
16
2.4. ДЕТЕРМИНИРАЧКИ ФАКТОРИ НА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Општо
Екстерното окружување игра многу важна улога во работењето на претпријатието.
Со него се опфаќаат факторите за кои може да се рече дека се вон границите на
претпријатието и кои имаат или можат да имаат влијание врз неговото работење.
Факторите кои се опфаќаат со екстерното окружување се меѓусебно поврзани и
динамични. Односно, екстерното окружување постојано се менува. Таквото
окружување има огромно влијание врз работењето на претпријатието. Од друга
страна, пак, и претпријатието во одредена мера може да влијае на своето
окружување. Затоа за претпријатието е многу важно да ги проучи факторите со
кои се соочува при своето работење. Бидејќи екстерните фактори се многубројни,
многубројни се и нивните можни комбинации. Од тие причини при проучувањето
на факторите внимание треба да се посвети на клучните фактори при работењето
на претпријатието.
Со проучувањето на екстерните фактори треба да се опфатат постојните состојби
на факторите, но и нивните можни идни состојби и нивното директно или
индиректно влијание врз работењето на претпријатието и врз неговиот иден
развој. Внимание треба да се посвети и на минатите состојби на факторите и
нивното влијание врз досегашното и постојното работење на претпријатието.
Проучувањето на екстерното окружување е сложен процес. Но, од друга страна,
пак, посоченото истражување ќе му овозможи на претпријатието да го усогласи
своето работење со тоа што окружувањето го бара од него. Односно, ќе се
создадат услови за намалување на негативните влијанија од окружувањето врз
работењето на претпријатието, а со тоа и за подобрување на условите за работа
на претпријатието и за зголемување на неговиот профит.
Заради квалитетно проучување на екстерните фактори на работењето на
претпријатието, најпрво е неопходно да се изврши нивна класификација.
Класифицирањето на факторите не е едноставно. Главна причина за таквата
констатација е фактот што екстерните фактори се многубројни, променливи и
тесно поврзани. Најчесто екстерните фактори на работењето на претпријатието се
групираат во следните две глобални групи фактори:
а/ општо окружување - окружување кое е заедничко за работењето на
сите претпријатија,
б/ специфично, т.е. посебно окружување - окружување кое е
карактеристично за работењето на конкретното претпријатие.
17
А/ Општо окружување
Научно-техничко-технолошки фактор
Политички фактор
Правен фактор
18
Економски фактор
Б/ Специфично окружување
19
2.4.2. ИНТЕРНО ОКРУЖУВАЊЕ
20
соодветна едукација, способности и работни искуства не е можно успешно
работење на претпријатието.
При проучувањето на персоналот внимание треба да се посвети и на:
неговата мотивација,
условите за работа,
тимската работа,
надградувањето на персоналот (подобрувањето на неговите
вештини, знаења...) и др.
21
3. УПРАВУВАЊЕ СО ИЗГРАДБАТА НА ИНВЕСТИЦИОНИ
ОБЈЕКТИ
Секој проект е уникатен, бидејќи тој има различни цели, о бем, рокови,
трошоци и се одвива во различни услови на опкружување.
За поимот “проект“ во литературата се среќаваат мноштво дефиниции од
кои повеќето се слични. Во нив како главни карактеристики на
проектите се издвојуваат следните:
22
времето (рокот и термините),
трошоците,
комплексноста,
уникатноста,
целите...
23
3.1.2. УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ - ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
24
Понатаму овој концепт почнал широко да се применува во различни земји
од светот, од различни институции, консалтинг организации, поединци...
Сите тие создале сопствени пристапи за своите потреби и за своите услови
(поголемиот дел од нив како база го користат претходно споменатиот
концепт). Затоа денес во светот постојат и нашироко се применуваат
најразлични видови концепти за управување со проектите и нивни пристапи.
Меѓутоа мора да се напомене дека сите тие концепти и пристапи имаат и
одредени заеднички карактеристики, а тоа се:
1) избор и користење на соодветна организација, т.е.
организациона структура на проектот
2) формирање и примена на соодветен информационен систем и
користење на соодветни софтверски пакети за управување со
проектите,
3) примена на техниката на мрежно планирање (ТМП) како
најприфатлива техника за планирање, мониторинг и контрола на
реализацијата на проектите, како и примена на Гантограмите.
3.1.3.1.1. Вовед
Определувањето т.е. дефинирањето и користењето на најпогодната
организациона структура на самиот проект е една од основните
карактеристики на сите концепти и сите пристапи за управување со
проектите.
25
организациони структури имаат свои предности и недостатоци едни во
однос на други.
Проектна организација
26
Доколку проектниот тим е од постојан карактер, тогаш тој се организира
како сектор, служба или одделение и по завршувањето на еден проект
тимот најчесто започнува со управување со друг проект.
Доколку проектниот тим е од привремен карактер по завршувањето на
проектот најчесто тој се распушта. Членовите на проектниот тим се враќаат
во организационите единици од каде што дошле, на истите или на други
работни места или се вклучуваат во нов проектен тим.
Проектниот тим најчесто се формира од поединци кои работеле во
функционалните единици и кои се специјалисти за одделни области. За
управувањето со проектот може да се ангажира и професионален тим т.е.
тим специјализиран за управување на проекти.
Функционална организација
27
реализацијата на проектот покрај проектниот тим, учествуваат и
специјализирани организациони единици од постојаниот состав на
функционалната организација на претпријатието.
Проектните тимови ги вршат работите на планирањето, мониторингот и
контролата на реализацијата на проектите, а пак секоја орган изациона
единица од функционалната организација врши дел од работите на
проектот за кој дел е специјализирана.
Таквата организациона структура најчесто се користи кога претпријатието
треба да реализира повеќе проекти, а нема доволно кадри да форсира
проектна организација.
Планирање
28
Поради обемноста на работата и сложената обработка на плановите кои
треба да се планираат при изградбата на ИО, успешно планирање е можно
само со примена на сметачи и соодветни софтверски пакети.
29
поврзани и кои заедно го сочинуваат проектот во целина. Во зависност од тоа на
кој начин е извршено разглобувањето на проектот на неговите составни делови
т.н. работни пакети во голема мерка зависи и квалитетното управување со
проектите т. е. квалитетното планирање, мониторингот и контролата на проектите.
Разглобувањето на структурата на проектите на работни пакети се врши со т. н.
WBS (the work breakdown structure) техника со која всушност се врши поделба на
проектот на неговите составни делови - подпроекти по одредена организационо -
технолошка логика. По истата логика, овие подпроекти понатаму се разглобуваат
на нивните составни делови - целини и потоа се продолжува и понатаму со
нивното разглобување, сé додека не се дојде до основните делови на проектот -
активностите (сл.3.3).
На овој начин може многу лесно да се состави список на активности кои треба да
се извршат за да се реализира одреден проект. Тоа овозможува квалитетно
планирање, мониторинг и контрола на сите видови проекти.
Proekt-Izvedba
na dva temela
Podproekt Podproekt
Temel 1 (T1) Temel 2 (T2)
Iskop T1 Iskop T2
Armirawe T1 Armirawe T2
Oplatirawe T1 Oplatirawe T2
Betonirawe T1 Betonirawe T2
30
Техника на мрежно планирање
31
Во оваа фаза на работа на мрежниот план му се дава временска
димензија. Односно за секоја активност од проектот се определува
времето потребно за нејзино извршување. Понатаму мрежниот план се
решава при што за сите активности се пресметуваат нивните временски
параметри.
И1 А1 О1 Б1
И2 А2 О2 Б2
Мониторинг и контрола
32
Собирањето на информациите треба да се врши во точно определени,
претходно дефинирани интервали (неделно, на 10 дена, 20 дена, месечно и
слично), а по потреба и вон тие интервали. Тие информации би се
однесувале на реализацијата на сите активности во одделните временски
пресеци. Информациите треба да бидат обработени и средени во
извештаи. Со овие извештаи би се прикажала реалната состојба при
реализацијата на проектите.
За квалитетен мониторинг и контрола потребно е и назначување на
персонал за сите активности околу следењето и контролата. Исто така,
основен предуслов за квалитетно одвивање на мониторингот и конт ролата
е примената на сметачите и користењето на соодветни софтверски пакети
(исто како и при планирањето).
33
од аспект на можноста да се влијае врз нив и сл. Затоа можни се повеќе
различни пристапи за класификација на факторите на опкружувањето.
ИО
Б В
Б: Услови на локацијата
1. географско - топографски
2. геолошко - геомеханичко - хидрогеолошки
3. хидролошки
4. климатско - метеролошки
5. останати:а)археолошко-историски;б)естетски;в)демографски;г)сеизмички...
34
3.1.5. ОСНОВНИ ОСОБЕНОСТИ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД
АСПЕКТ НА УПРАВУВАЊЕТО СО НИВНАТА ИЗГРАДБА
35
3.1.6. ГЛАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ
ОБЈЕКТИ
36
Bројот, видот и времетраењето на фазите зависи од:
- видот и комплексноста на проектот,
- од усвоениот пристап за поделба на животниот циклус на
проектот на фази и сл.
време
37
1. подготовка;
2. изработка на потребната документација за изградба;
3. изградба и
4. експлоатација.
Т1 Т2 Т3 Т4 време
38
Се изработуваат различни видови прединвестициони студии и
анализи. Видот на студиите и нивната содржина зависи од видот на
објектот.
Како особено значајна студија може да се истакне студијата за
подобност т.е. прединвестиционата студија или т.н. физибилити
студија (која е детално разработена во економската литература).
Се утврдува дали е оправдано да се продолжи со натамошните
активности околу изградбата на ИО, односно се донесува
инвестициона одлука од која зависи дали ќе се продолжи или ќе се
прекине со натамошните активности околу изградбата на објектот.
39
истражувања за подетално согледување на условите на просторот на
идниот објект.
Се изработува основен проект.
- Инвеститорот ја дефинира проектната програма за изработката
на основниот проект и се изработува основниот проект. Во
основниот проект се прикажува идниот ИО. Се даваат: неговите
димензии, обемот на работите, количините на материјалите,
потребната опрема, потребните ресурси, трошоците, роковите и
слично.За опфаќање на сите видови на работи со потребните
детали основниот проект содржи повеќе подпроекти.
- Се врши стручна проверка на основниот проект – ревизија, која
се организара од страна на инвеститорот.
Во втората фаза се затвора финансиската конструкција на проектот.
Исто така се обезбедуваат различни дозволи, одобренија и согласности
за изградба.
Во втората фаза од животниот циклус на ИО спаѓа и изработката на тендер
документацијата како за градежните работи, така и за опремата, дел овите,
инсталациите и слично. Се прибираат, анализираат и се споредуваат
понудите, по што се избираат најповолни понудувачи.
Во текот на оваа фаза неопходно е да се спроведе планирање, мониторинг
и контрола на одделните процеси и планови како и вршење на завршни
работи од аспект на управување т.е. забележување на сите стекнати
искуства при реализацијата на втората фаза.
40
а) Реализација на сите видови градежни работи
Изградбата на ИО се состои од изведба на многубројни активности
т.е. изведба на цел комлекс на градежни работи и тоа:
Подготвителни;
Главни и
Завршни работи.
Во главните работи може да се вбројат и активностите околу
набавката, транспортот и монтажата на опремата и инсталациите. Но,
тие може да се разгледуваат и како посебен вид на работи.
41
г) Технички преглед и обезбедување на различни согласности и
Одобрение за пуштање на објектот во употреба
42
3.3. ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
43
Генерално гледано, проектниот менаџер треба да има одредени
познавања:
- општи познавања од повеќе научни дисциплини кои се во
тесна врска со изградбата на ИО.
- пошироки познавања од области како што се: управувањето со
проектите, планирањето, информатиката, економијата, правото,
организацијата и технологијата на градбата и слично. Притоа
мора да се напомене дека тој не треба да биде специјалист за
овие научни дисциплини или нивни одделни области, туку да
има генерални познавања.
Поради успешното организирање на сите активности околу
изградбата на ИО менаџерот мора да поседува добри организаторски
и раководни способности. Тоа значи дека треба да е способен да
управува со разнородните активности кои се однесуваат на
реализацијата на ИО како проекти. Исто така треба да поседува и
способности за решавање на многубројните проблеми кои би се
јавиле при изградбата, способности за комуникација, способности за
креирање на работна атмосфера и координирање на рабо тата на
многубројните учесници во изградбата (вклучувајќи го и проектниот
тим).
Од големо влијание врз успешната изградба на ИО се и карактерот
на личноста на проектниот менаџер. Тој треба да поседува добри
човекови особини, т. е. да биде цврста и стабилна, а воедно и
амбициозна личност.
Сите овие способности, знаења, вештини како и карактерни особини треба
да ги поседува раководителот на проектот. Меѓутоа сите може да ги
поседува само идеален проектен менаџер. Во пракса е многу тешко да се
најде таква личност (која ги поседува сите нив). Односно, секој
потенцијален проектен менаџер има свои позитивности и слабости. Затоа
во пракса најчесто се применуваат два реални пристапи за избор на
најадекватна личност за проектен менаџер.
Кај првиот пристап најпрво се дефинираат барањата (условите) што
треба да ги исполни проектниот менаџер, а потоа од сите кандидати
се избира оној кој исполнува најголем број услови.
Во вториот пристап, од сите услови што треба да ги исполни
потенцијалниот проектен менаџер се избираат оние кои се пресудни
за реализацијата на проектот и се избира кандидатот кој ги исполнува
сите нив или најголемиот дел од нив.
При изборот на проектниот менаџер кај ИО, мора да се има предвид и
фактот дека одредени барања (услови) како на пример познавања на
одредени области, кандитатот може да ги стекне (исполни) преку
посетување на одредени курсеви, семинари, специјализации и слично.
44
Исто така мора да се напомене дека во одредени земји управувањето со
проектите мора да биде од страна на високоспецијализирани стручни кадри
- проект менаџери (пројецт манагер). Тие треба да поседуваат соодветен
сертификат (уверение) за управување со проекти. Со сертификатите,
всушност, се потврдува дека кандидатот е способен, т.е. ги има сите
квалификации, способности и искуства за успешно и квалитетно
управување со проектите.
45
дефиниран уште на почетокот на животниот циклус на проектот. Односно
уште на почетокот на проектот треба да се задолжат лица за извршување
на активностите околу учењето од проектите. Со тоа се овозможува
собирање, обработка, анализирање и контрола на значајните податоци за
изградбата. Притоа треба да се има предвид дека информациите се
многубројни и разновидни. Некои од нив се поважни, а други помалку.
Голем број од тие податоци со тек на време застаруваат, пример: податоци
за трошоци, па затоа е неопходно нивно средување во форма погодна за
натамошно искористување. Други, пак, податоци можат да бидат многу
корисна база за подобрување на изградбата на тековните објекти како и на
идните објекти. Такви податоци се:
- проблемите кои се јавиле при изградбата и начинот на
реагирањето,
- очекуваните и добиените резултати,
- податоците за времетраењата на активностите,
- применуваната технологијата и механизација на изградба и
слично.
46
СОДРЖИНА
1. ОПШТО ЗА МЕНАЏМЕНТ
1.1. МЕНАЏМЕНТ – ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА
1.2. РАЗВОЈ НА ТЕОРИЈАТА ЗА МЕНАЏМЕНТ
1.3. ПОВРЗАНОСТ НА МЕНАЏМЕНТОТ СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
1.4. ФУНКЦИИ НА МЕНАЏМЕНТОТ
1.5. ВИДОВИ МЕНАЏМЕНТ
1.6. НИВОА НА МЕНАЏМЕНТОТ
1.7. МЕНАЏЕР
1.7.1. Нивоа на менаџери
2. ПРЕТПРИЈАТИЕ
2.1. ОПШТО ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕ
2.2. УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕТПРИЈАТИЕ
2.3. ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ
47
3.1.3.2. ПЛАНИРАЊЕ, МОНИТОРИНГ И КОНТРОЛА НА
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ОБЈЕКТИ
3.1.4. ФАКТОРИ КОИ ЈА ДЕТЕРМИНИРААТ РЕАЛИЗАЦИЈА НА
ПРОЕКТИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ОБЈЕКТИ
3.1.5. ОСНОВНИ ОСОБЕНОСТИ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД
АСПЕКТ НА УПРАВУВАЊЕТО СО НИВНАТА ИЗГРАДБА
48