You are on page 1of 3

ГЛАВА 1: УЧИЛИШТЕТО КАКО ОРГАНИЗАЦиски

СИСТЕМ

Организациите, во суштина, се групи од луѓе кои дефинираат политики, создаваат структури,


управуваат со ресурсите и се опфатени со активности за да ги достигнат посакуваните
резултати во духот на нивните сопствени индивидуални и заеднички вредности и потреби,
(Beare et al.) (1:101)

Под организација се подразбира свесно создадена општествена единка со релативно


дефинирани граници која функционира на релативно свесна основа составена од луѓе кои ги
координираат нивните активности за остварување на општите цели. (2 : 73) Секоја
организација ги вклучува следниве елементи: материјално - технички ресурси (просторот,
опремата, средствата за работа), финансиски ресурси (средствата остварени по различни
основи, капиталот) и қадровски ресурси (расположивиот потенцијал за работа).

Гледано од аспект на кадровските ресурси, кои се многу комплексни и слюжени, секоја


организација вклучува:

• луѓе (личности) кои ќе ја извршуваат работата; • овие личности се меѓусебно поврзани


(интеракциски односи); интеракциските односи треба да бидат пропишани во една структура;
секоја личност во организацијата гледа можност за остварување на своите цели.

Интеракцијата на сите овие елементи овозможува остварување на заедничките цели. Гледано


од аспект на 30дењето и извршувањето, како основни функции на работењето, организацијата
се јавува како обединувачки и движечки фактор. Во делот на управувањето на организацијата
се определуваат целите, условите процесот и резултатите од работата на организацијата, а за
таа цел секоја организација треба да воспостави определени критериуми, норми и стандарди.
Во извршувањето на процесот се создава вистинскиот резултат и се задоволува поставената
цел за која и се формира организацијата - се реализира tаисијата. За успешно реализирање на
процесот потребно е добро водење на организацијата. Во зависност од природата, карактерот,
сложеноста, развиеноста, комплексноста и други фактори на организацијата, ќе произлезе и
соодветната организациска и водствена структура. Основен предуслов за функционирање на
раководната структура за водење на организацијата е делегирањето на одговорности и
трансфер на надлежности.

Зборот организација (3:6) најчесто асоцира на СКЛюп од канцеларии и бироа, прецизно


зададени модели и шаблони, опис на работи и работни задачи со различни нивоа на
одговорност. Но, постојат многу други начини на размислување за организацијата и Постојат
многу различни видови на организации. Најчесто при спомнувањето на терминот
организација, првата помисла и асоцијација е за некоја верзија на пирамидално хиерархиски
склоп. Но, ваквата претстава е само делумно комплетна, бидејќи овој склоп дава само еден
аспект на една организација, а тоа е формалната димензија. .

Со ваквиот ограничен поглед не се опфатени следните фактори ( 3:12):


однесувањето на лидерот; неформалните односи во организацијата и надворешните
соработници на организацијата; делегирањето на моќта и влијанието; различните потреби,
согледувања и мотивираноста на поединците во организацијата.

Организацијата може да се третира како општествен Систем кој претставува единство на


заемно поврзани елементи. Таа содржи многу карактеристики на природен или механички
систем. Впрочем, она што се случува во организацијата и однесувањето на поединците во
организацијата може најдобро да се разбере ако на организацијата се гледа како на
динамичен и отворен општествен систем отколку на статичка целина која содржи официјални
простории.

Два внатрешни фактори или димензии можат многу да ни помогнат во појаснувањето на


суштината и карактерот на организацијата. Тие две димензии се (3:7,8); институционалната
димензија и индивидуалната (персонална) димензија.

Институционалната димензија на една организација ја сочинуваат официјалните улоги


застапени од поединци. Овие улоги, всушност, се динамични аспекти на соодветните позиции
(места), канцеларии и состојби во организацијата и тие го дефинираат званичното однесување
на луѓето што се на овие позиции, во овие канцеларии и што ги продуцираат овие состојби.
Притоа постојат определени нормативно регулирани права и одговорности.
Институционалната димензија на организацијата , може да се изведе од формалната
организациона целина. Од гледна точка на формалната организација одговорностите се јасни

и тие нема да предизвикаат тешкотии во работата во поглед на одговорноста и власта во


проблем ситуации.

Но, не е доволно само да се разбере организацискиот склоп и да се прочитаат описите на


работите и работните задачи. Готребно е да се има предвид и природата на персоналната
(индивидуалната) димензија. Тоа значи да се има предвид природата на индивидуалните
способности, индивидуалните стилови и друго. Така на пример, добрите работници имаат
потреба од амбиции и определен напор за да постигнат поголема продуктивност, Социо-
психолозите ова го нарекуваат потребидиспозиции. Битно е да се напомене дека
карактеристика на здравата организација е рамнотежата помеѓу индивидуалните и
институционалните цели и задачи.

Организирањето претставува комплексен процес на воспоставување, прилагодување и


поттикнување на извршување то на нормите и односите меѓу луѓето. Основните принципи на
процесот на организирањето се: воспоставување на правила на однесување за подредените;
дефинирање на правила за пристоНост и одговорност; определување на начини на
пренесување на компетенциите на подредените и потребата за култура на организацијата.

Организирањето претставува деловна рамка за менаџментот. Процесот на менаџментот се


одвива меѓу луѓето, но внатре во организацијата. На методите на менаџментот и на
организациската структура влијаат следните фактори:

луѓето; природата на работата; деловните системи и процедури (произлегуваат од природата


на работата).
Како заеднички карактеристики за образовните институции, од аспекект на карактерот на
нивната организација, можат да се наведат следните:

Во училиштата, вработените се со релативно доста висок степен на образование, а се од многу


различни области и струки.

Во училиштата се реализираат процеси кои се повторуваат, но и се еднократни, Затоа


организациската структура на училиштето е динамична категорија, којашто е потребно
постојано да се прилагодува на потребите однатре, но и од окружувањето.

Activate Windows Во училиштата постои висок степен на хетерогеност меѓу ѕо tо settings to


activate Windows учесниците во воспитно-образовниот процес. Во тој

You might also like