You are on page 1of 16

Односи помеѓу човечките ресурси во организациската

структура

Кога станува збор за меѓучовечките односи во рамките на


претпријатието, се мисли на меѓучовечките односи помеѓу
вработените, помеѓу претпоставените и подредените, помеѓу
менаџментот и предпоставените од организираните групи и се она
што е поврзано (директно или индиректно) со човечките ресурси
во претпијатието.
Во врска со тоа, за поимот колеги може да се рече дека има две
основни значења:
-за луѓето кои се наоѓаат на различни хиерархиски нивоа во
организациската структура. Сите тие заедно претставуваат човечки
ресурси (односно човечки капитал), или со други зборови кажано
го сочинуваат персоналот (работниот колектив).
-колеги- вработени во еден департман, во една организациска
единица и кои имаат директни интерперсонални односи.
Меѓучовечките односи во претпријатијата се карактеризираат со следното:
- произлегуваат од поголем социјален контекст (под влијание на
опкружувањето);
-ориентирани се кон ефикасност;
-постои прифаќање на евалуација;
-генерално се мотивирани преку плаќање;
-меѓучовечките односи во претпријатието се неизбежни;
-транспарентноста на меѓучовечките односи зависи од големината и
комплексноста на претпријатието;
-постои недостиг и натпревар за ресурси.

Организациската структура како континуирана врска на меѓучовечките


односи, претставува основна карактеристика на организацијата.

Формализацијата претставува еден од основните елементи за детерминирање


на меѓучовечките односи во претпријатијата.

Поделбата на работата на претпријатието во повеќе организациски единици


значи и формална поделба на меѓучовечките односи во претпријатието.
Управување со диверзифицирана работна сила и
конфликтите

Демографски аспект-демографската структура на вработените е од големо


значење и помош за планирање на човечките ресурси. Податоците за
демографската структура откриваат дека организациите мора да смислат
стратегии со кои ќе се надмине разликата помеѓу понудата и побарувачката на
работна сила. Самиот факт за постоење за диверзифицирана работна сила по
многу основи, укажува на фактот дека можностите за појава на конфликт или
судир на интереси се бројни. Демографските промени можат да предизвикаат
различни конфликти и проблеми помеѓу човечките ресурси.
Терминот „конфликт” се користи на четири начини, да покаже:
1. Претходни услови за конфликтно однесување, како што е недостатокот на
ресурси;
2. Емоционални состојби на вклучените индивидуи, како што се стрес, тензија,
непријателство, вознемиреност;
3. Когнитивната состојба на индивидуите, т.е. нивната перцепција или свесност
околу конфликтните ситуации;
4. Конфликтно однесување, рангирано од пасивен отпор до видлива агресија
Групи и тимови

Тим е група на луѓе кои се стремат заедно кон иста цел. Тимовите се
соодветни за извршување на задачи кои имаат висока комплексност и многу
меѓузависни подзадачи. Индивидуалните работници претставуваат основа за
организирана работа и други активности. Тие формираат групи, пристапуваат
кон организации и со своето влијание ги менуваат.
 Човечки ресурси и групите
Групата претставува збир на луѓе кои се заемно поврзани со заеднички
интереси и помеѓу кои постои редовна интеракција. За групите може да
се рече дека ги има следните карактеристики:
-заедничка цел и интереси;
-редовна интеракција;
-водич;
-следбеници;
-правила на однесување;
-разлики во статусот;
-улоги.
 Формална и неформална група
Во проучувањето на организацијата од аспект на менаџментот
приоритетно значење имаат два вида групи: формални и неформални.
Групата се состои од две или повеќе лица кои стапуваат во интеракција,
при што имаат заеднички идентитет и цел. Кога целта на формирање на
групата е само дружење, односно задоволување на потребите на
членовите, тогаш станува збор за неформална група. Кога станува збор
за групи во рамките на претпријатието, најчесто се мисли на
формалните групи. Во формалните групи, поединците често не можат
сами да одлучуваат за членството, а тоа значи дека групите не се
формираат на доброволна основа.
Во неформалните групи во рамките на претпријатието се резултат
неформална интеракција помеѓу одредени вработени. Основни врски
кои постојат помеѓу членовите на неформалните групи во
претпријатието се пријателството и дружељубивоста.
 Тимска работа
Тимот се дефинира како мала група луѓе со комплементарни знаења и
вештини кои се посветени на реализирање на заедничка намера, заради
постигнување на деловните цели и заедничките пристапи, за што се
заемно одговорни. Во зависност од целта поради која се формира,
тимот може да се конфигурира на различни начини. Сепак, во праксата
најчесто се спомнуваат четири основни видови:
-тимови за решавање проблем;
-наменска работна група;
-вкрстени функционални тимови;
-самоуправувачки тимови.
 Функционирање на групата (тимот)
Функионирањето на тимот претставува начин на кој групата ја
спроведува својата активност врз основа на континуитетот.
-Кохезија претставува привлечност што ја има групата за своите
членови.
-Синергија значи дека целината, во конкретниот случај групата, не
претставува прост збир на деловите.
-Рефлексивност-кохезивната група не мора да биде и ефективна група.
Рефлексивноста може да се разгледува како постоење помеѓу два
параметри: задачата и општествената димензија.
-Иновација-во современите услови на глобализација и конкурентност
иновацијата претставува клуч за економски опстанок.
-Групно одлучување-постои во секојдневното работење на
претпријатието. Состаноците, одборите, проектните тимови, се само
некои примери за групно донесување одлуки
Здруженија на вработените

Здруженијата ги сочинуваат човечките ресурси кои се поврзани


меѓусебно поради заемна заштита, а тоа е право коешто им е
загарантирано со закон.
 Синдикати и работодавци
Синдикат е организација на работници која се залага за зачувување и
унапредување на условите за работа. Основни функции на синдикатите се:
Социјални функции: На своите почетоци, синдикатите обезбедувале различни
типови помош за своите членови при невработеност, болест, старост и
трошоци за закоп, но денес, во многу развиени земји, овие функции ги презема
државата. Сепак, и денес синдикатите обезбедуваат правна помош,
професионална обука и слично.
Колективно преговарање: Во случаите кога синдикатите се признат партнер во
индустриските односи, синдикатите водат преговори со работодавци и
државата за склучување на колективни договори, со кои се утврдува висината
на платата и останатите права од работен однос.
Индустриски акции: За исполнување на своите барања и заштита на
работничките права синдикатите често организираат штрајкови.
Политички активности: За промовирање на своите барања синдикатите вршат
и политички активности како: поднесување предлог закони, лобирање, или
финансиска поддршка за кандидатите или политичките партии кои ги
застапуваат интересите на работниците.
Синдикатите можат да се поделат според повеќе критериуми: Според
начинот на организирање постојат:
струкови синдикати, во кои членуваат работници од иста струка, без
разлика на индустриската гранка или местото на работење;
индустриски (грански) синдикати, кои се организираат на ниво на
индустриска гранка, без разлика на струката на своите членови;
општи синдикати во кои се зачленуваат работници без разлика на
струката, квалификацијата и индустриската гранка во која се
вработени.
Според типот на основната организација на синдикатот постојат
претпријатни (синдикатите се организираат на ниво на претпријатие)
и територијални синдикати (синдикатите се организираат на одредена
територија).
Според идеолошката определба постојат социјалдемократски,
комунистички, анархистички, демохристијански синдикати, како и
синдикати без одредена идеолошка ориентација.
Според отвореноста за примање членови синдикатите се делат на
отворени синдикати (кои не вршат дискриминација во поглед на
етнички, верски, расни, или идеолошки причини) и затворени
синдикати (кои вршат дискриминација по некоја од наведените
основи).
Колективно преговарање и спогодување

Колективно преговарање е процес чија цел е преку спогодување и дискусија да


се дојде до прифаѓање на правила и одлуки кои се од заеднички интерес и за
работодавецот и за здруженијата на работниците,а исто така и методите со кои
се регулираат и условите за вработување. Процесот за формално преговарање
најчесто се одвива во три основни фази:
-подготовка за преговарање
-преговарање
-завршување на преговорите
 Колективни договори

 Со колективен договор се доуредуваат во согласност со законот и другите


прописи, правата, обврските и одговорностите на работниците и
работодавецот од работен однос, како и обемот и начинот на остварување на
правата и обврските и другите одредби за прашања од интерес за
работниците и работодавецот, како и начинот и постапката за решавање на
меѓусебните спорови.
Ви благодариме на вниманието!

Изработиле:
Тим 2
*Дејан Белкоски
*Моника Прентоска
*Бојана Павлеска

You might also like