You are on page 1of 2

'' Влијанието на функционалните и дисфункционалните карактеристики на

конфликтите врз работењето на организацијата ''

Конфликтноста е честа појава во човечкото општество. Тој е неопходен. Ќе нема


конфликт кога нема донесување на нови одлуки,кога нема промени, а тоа е состојба
на мирување на организацијата. Меѓутоа, денес на конфликтите се гледа како на
неизбежна појава, која може да има позитивно и негативно влијание врз
функционирањето на претпријатието.
Конфликтот не е допирлив феномен. Тој постои во главите на луѓето кои се
учесници во истите. Конфликтите се појава на одредено однесување,и обично се
мисли дека е лоша и негативна појава. Со оглед на фактот дека организациските
конфликти постојат и создаваат различни ефекти врз функционирањето на
претпријатието,но и врз вработените, се наметнува потребата од согледување на
неговата содржината, преку неговото дефинирање, утврдувањето на видовите и
причините за организациски конфликти, како и обработка на стратегии за нивно
решавање. Од аспект на страните вклучени во конфликтот, разликуваме различни
видови. Интерперсоналните конфликти произлегуваат од индивидуалните
карактеристики на личноста и нивното манифестирање. Тие настануваат како резултат
на неусогласување на целите и активностите што ги поседува едно лице, а не
одговараат на другите. Од друга страна пак интрагрупните конфликти се јавуваат во
рамките на групата. Тие се манифестираат како конфликт на улоги,резултат и
интеракција. Трето ги имаме интергрупните конфликти кои се резултат на групната
идентификација, очигледните групни различности и фрустрациите. Очигледните
групни различности можат да се јават во различни форми – групирање на различни
катови на претпријатието, посетување различни училишта и слично. Следно,
интраорганизациските конфликти се јавуваат помеѓу различни претпријатија на
пазарот.Тоа е резултат на создавањето интересни сфери и групи на пазарот,
конкуренција на ресурси, купувачи и добавувачи. Различноста на интересите внатре
во организацијата ги предизвикуваат конфликтите. Таа различност што ги
предизвикува се сублимира во причините за нивното настанување.
Изворите на конфликтите се многубројни и со развојот на општеството тие се
зголемуваат и продлабочуваат. Како причини за настанување на конфликтите можеме
да кажеме дека се групната меѓузависност која се јавува како резултат на фактот што
луѓето работат заедно и се обидуваат да создадат пријатна клима на работење.
Различноста на целите која се јавува како резултат на различните очекувања што ги
имаат вработените во врска со нивното место во рамките на претпријатието во
целина. Конкуренцијата за ресурси е организациска причина за настанување на
конфликтот,степенот на наобразба претставува еден мошне квалитетен причинител
посебно во ситуација ако и другите причинители се присутни. Предрасудите се
однапред определен став за нешто или некого без да се земат предвид објективната и
субјективната вистина. Системот на плаќање што е изграден во претпријатието е
потенцијален извор на конфликт и тоа особено се чувствува кога не постои
конзистентност на неговата примена. И на крај но не и по своја важност, брачната
состојба и припадност на различни националности и религиозни групи,влијаат врз
начинот на однесувањето во организацијата на индивидуата и е потенцијал за
причините на конфликтна состојба.
Во процесот на управување со конфликтите можно е да се применат различни
стратегии. Изборот на соодветната стратегија е определен од видот на конфликтот и
резултатот што се сака да се постигне со неговото решавање. Притоа треба да се
направат обиди кои освен што ќе го разрешат,ќе ги елиминираат и причините како
извори за негово настанување. Ако се работи за конструктивен конфликт, треба да се
помага до оној момент додека не се утврди дека преминува во деструктивен, или пак
негативно влијае вез работната атмосфера и врз здравјето на вработените.
Отстранувањето на проблемите се извршува со примена на индиректни и директни
стратегии. Без оглед на тоа која стратегија ќе биде користена можни се неколку
исходи, победа-пораз,победа-победа и пораз-пораз.
Во однос на реализација на работата, конфликтите треба да се одржуваат на
оптимално ниво, што значи да се контролираат и охрабруваат, но само додека водат
кон унапредување на работната реализација. Штом конфликтната ситуација започнува
да пречи на работата и се фокусира само кон релациите меѓу вклучените страни,
потребно е истата веднаш да се прекине. Процесот низ кој треба да се помине за да се
приближат гледиштата и ставовите на заинтересираните страни е всушност
разрешување на конфликтот.

You might also like