You are on page 1of 8

Етиката е наука за моралот, т.е.

за она човечко однесување (мисли и постапки) коешто се мери со


доброто и со злото. Етиката се занимава со духовните вредности на луѓето, со тоа како и дали
луѓето избираат добри цели, и како се застапуваат за тие цели во текот на својот живот. Етиката
претставува филозофија на моралот, таа е дел од филозофската наука, која го дефинира доброто и
лошото однесување на личноста, го систематизира и го утврдува. Постојат повеќе насоки во
теоријата на моралот, развивани и негувани низ вековите, како во науката, така и во практиката.

Етиката ги истражува оние човечки намери и дејства што може да се мерат како добри или лоши-
добрите се следат и се извршуваат, а лошите се критикуваат и се избегнуваат. Оваа активност
произлегува од суштината на моралот, тој се остварува само ако ги изразува постојните морални
односи и укажува на тоа какви треба да бидат меѓучовечките односи. Ова е основната културно-
цивилизациска дејност на етиката и се состои од постојано негување на вистинското историско
наследство и претставува основа за секој понатамошен чекор во хуманизацијата на човечката
природа и освојување и проширување на хоризонтот на сопствената слобода на секој човек.

Традиционално, науката за етика се дели на три основни насоки:

1. Нормативна етика-ги вклучува практични начини за утврдување на еден морален курс на


дејствување, односно го проучува воспоставувањето на нормите или На стандардите на
однесување. Најбитно прашање, притоа, е дали оцената за тоа кои дејства се правилни или
погрешни треба да се темели последиците или според тоа колку се во на согласност со моралните
правила. (на пример,, не лажи!"). Научниците кои ги прифаќаат теориите според кои последицата
e основа за донесување оцена се нарекуваат консеквентијалисти, според насоката
консеквентијализам, а теориите што ги прифаќаат моралните правила како основа за донесување
на оцена/суд се нарекуваат деонтолошки, а науката деонтологија.

2. Метаетика- се занимава со природата на етичката оцена (суд) и теориите, односно со


теоретското значење на моралните предлози и определување на нивната вистинска вредност.
Некои главни прескриптивизам, натурализам. ce: емотивизам, Прескриптивизам,натурализам.

3. Применета етика- претставува примена на нормативните етички теории во практичните


морални проблеми ( во која спаѓа и деловната етика, правната етика, медицинска етика итн.).

2. Деловна етика

Во современи услови на деловно работење, деловната етика станува неизбежна компонента на


теориите за раководењето (менаџментот) и обврска на раководителите (менаџерите) да ce
однесуваат етички кон сите вработени и заинтересирани во една организација. Деловната етика,
како дел од етиката, се смета за применета етика, но едновремено се вбројува и во нормативната
етика, со оглед на фактот што содржи во себе елементи на деонтологијата, но и нормативи и
правила за однесување во текот на работењето и стопанисувањето.

Општествената димензија на деловното работење станува доминантна, прашањето на социјална


правда сé поприсутно во практиката и во академските дебати и теории, расте заложбата за
негување и за прифаќање на неекономските вредности, како битни и неразделни во системот на
работењето на општествената одговорност раководители на организациите, расте организациите
и нејзините ракпводители.
2.1.Вредност однесување и морални норми

Науката за раководење/менаџмент опстојно ги истражува и ги анализиира нужните особини на


раководителот во една организација, како многу битни во креирањето на поволна клима за
деловНО работење во организацијата, чија крајна цел и задача е остварување на добивка и
позитивни финансиски резултати. Улогата на раководителот е примарна BO создавањето Ha
добрите деловни односи BO организацијата, и надвор од неа, во задоволување на интересите на
сите вклучени во процесот на деловното работење.

Секој раководител како личност, поседува основни особини: а) лични особини, како екстраверност
(отвореност кон светот). негативно дејствување, пријатност, истрајност, оригиналност.
самооценување, желба за успех, одржување на добри односи со сите. желба за власт, утврдување
на одговорност,

б) вредности (како лични верувања за животните цели)-кои може да се крајни - оние кои секој
човек се стреми да ги достигне или пак ги имавеќе утврдени; инструментални - начин на
однесување што се обидува човекот да го следи: норми - неформални правила за однесувањето
што се смета за важно за најголем број членови на групата, вредносен систем - систем на крајни и
инструментализирани вредности кои се водечки принципи во животот на една личност:

в) ставови - означуваат личен збир на чувства и верувања, а најважни се: задоволство од


работното место и работата и организациска обврска да се дејствува така што се придонесува за
јакнење на ефикасноста, ефективноста и добивање на компаративна предност; Тука се поставува
прашањето дали има разлики во ставовите на раководителите во различни земји.

г) волја - како чувство или состојба на умот (понекогаш негативната волја може да има предност);

Д) емоции (силни чувства), а емоционалната интелигенција способност за разбирање


расположение и CO И e за справување сопственото CO емоциите на другите, со нејзина помош
раководителите ја вршат својата задача, разбирајќи и сочувствувајќи со вработените, што
придонесува за ефективно водство во организацијата.

2.3.Етички стандарди

Етичките стандарди се принципи во однесувањето, што се следат и ги афирмираат универзалните


вредности во човечкиот живот како доверба, добро однесување, праведност, добрина. Секоја
професија, организација си има свои утврдени стандарди како правила за работење и за
однесување, според сопствените потреби и значење. Тие се разликуваат од една до друга
организација, а честопати не се спроведуваат многу лесно, поради низа отпори, незнаење, нејасно
дефинирање и сл. Но, она што е битно е фактот дека треба да постојат и да се применуваат како
патоказ за нештетно и коректно однесување и работење.

2.3.2. Модели за определување на етичноста на одлуките на раководните лица/менаџерите

Во литературата" се среќаваат повеќе, но четири се сметаат за основни модели за утврдување на


етичноста на одлуките, а тоа се: утилитарен модел на етиката, индивидуален модел, модел на
морални права и модел на правичност.
Моделот на доблесна етика го става акцентот на моралните принципи- идеали како Што се
совршеноста, посветеноста конзаедничките добра. Основа на овој приод е човекот со доблести,
кој се прашува секогаш што треба да сторам", како треба да правам"

Доблести се: ставовите, карактерните особини, чесноста, искреноста, интегритетот, верноста,


самоконтролата, внимателноста. Овој етички пристап во раководењето укажува да се обрне
внимание на заедницата во која се работи и каде што живее. Овој модел може да се каже дека е

еден вид база за другите етички приоди/модели.

1. Утилитарен (корисен) модел на етика

Утилитарниот (корисен) метод - според овој метод етичко решение е она морално
решение/одлука коешто носи најмногу добро на најголем број луѓе.

Утилитаризмот како етичка филозофија е претставен од Џереми Бентхам и Џон Стујард во XIX век.
Според овој метод од носителот на одлуки/решенија се очекува да го пресмета ефектот од секое
алтернативно решение, кое се однесува за сите заинтересирани страни вклучени во соодветниот
проблем/прашање и да избере она што го оптимизира задоволствОТО најголемиот број луѓе.
Бидејќи за вистинското пресметување може да биде многу сложено, неговото поедноставување
се смета за соодветно. (На пример, едноставна економска рамка на податоци може да биде
искористена со пресметка на вредноста на доларот и добивката од доларот. Исто така, одлуката
може да се донесе така што ќе се земат предвид само оние кои се директно зависни од неа, а не
оние кои се индиректно опфатени.)

Утилитарната етика се користи како основа за решавање на моментално настанати проблеми


решавање (консумирањето за алкохол и цигари на работа, во некои случаи и по работа;
користење интернет, само по себе е добро трошење на времето, но доколку се злоупотреби и се
гледаат несоодветни содржини како порнографски страници и сл., тогаш се поставува прашањето
дали не е пополезно да се забранат определени страници со цел да не продуктивноста во
работењето на ce намали интернет, целата организација ултимативно страда.) Добар пример за
користење на овој метод е ако раководителот може да направи утилитаристичка одлука, да
намали 35% од вработените за да може да ги зачува работните места на другите 65 % на
вработените во организацијата.

2. Модел на индивидуален приод

Овој модел претставува етички концепт чии дејства се морални кога се промовираат најдобрите
долгорочните интереси на поединецот, што водат конечно кон најзначајното добро. Поединците
сметаат на најдобрата предност на долг рок за нив, како мерка за добрата одлука. Сепак,
индивидуализмот не се прифаќа и не е многу популарен во современите и големи организации, а
е поблизок до сферата на слободен избор.

Етиката на индивидуални права денеска во современи услови, е заменета со ,,етиката на општо


добро 3в. Поимот на ,, општо добро" е дефиниран уште од античките филозофи Платон,
Аристотел, Цицерон, а во поново време Џон Роулс, како ,добро" со основни услови кои се еднакви
сите (пример: достапност за на здравствен систем, образование итн.). Потоа, според овој приод,
се развива и теоријата за социјално одговрни организации,борбата против загадувања на
човековата околина итн.

3. Модел на младентолошки пристап)

Приодот на морални права е етички приод кон моралнте одлуки ги поддржуваат најдобро правата
на оние луѓе кон кои се што насочени. Овој пристап/модел тврди дека луѓето имаат
фундаменталниправа и слободи кои не може да бидат одземени од нечија индивидуална одлука.
Тоа е етичко решение со кое се чуваат и се штитат основните права и привилегии на луѓето,
засегнати од решението/одлуката. Според тоа, правилно етичко однесување е она кое најдобро се
сложува со правата на оние луѓе кои се опфатени во него. При одлучувањето, според овој метод,
треба да се земат предвид овие шест морални права.

1. Правото на слободна согласност. Индивидуите треба да бидат третирани според правото на


слободна согласност. 2. Правото на приватност. Индивидуите може да одлучат да се однесуваат
како сакаат надвор од работата и да имаат контрола над информациите за својот приватен живот.
3. Правото на слободна волја. Индивидуите може да одбијат некоја наредба која ги крши нивните
морални или религиски норми.

4. Право на слободен говор. Индивидуите имаат право на непристрасно слушање и фер/праведен


третман. 5. Правото за правен процес. Индивидуите може да ја критикуваат етиката или
законитоста на однесувањето на другите.

6. Право на живот и безбедност. Индивидуите имаат право да живеат без опасност или насилство
врз нивниот живот безбедност.

4. Модел на правичност

Пристапот на правда е етички концепт при што моралните одлуки мора да бидат засновани на
стандардите на еднаквост, фер/праведност и неделивост. Според овој модел, етичкото решение е
она кое на еднаков начин, односно непристрастен начин, ги распределува користа и штетата меѓу
заинтересираните страни во организацијата.

Во литературата39 се наведени три вида правда што се грижа на раководителите, тоа


компензаторната правда. Дистрибутивната правда- бара различниот третман на луѓето да не ce
дистрибутивната, процедуралната И биде базиран на самоволие. Поединците кои се слични, со
слични особини и резултати, треба да бидат слично третирани. На пример, мажите и жените не
треба да добиваат различна плата доколку ја работат истата работа. Луѓето кои се разликуваат во
однос на работните способности, знаење, умеење и одговорност, може да бидат третирани
различно во сооднос со нивните способности и со нивната одговорност во остварување на
организациските цели.

Процедурална правда бара правилата да се спроведуваат праведно/фер. Правилата треба јасно да


се прикажат и да бидат постојано и непристрасно спроведувани.

Компензаторна правда-значи дека на индивидуите треба да им се надополни направената штета


од другите или за она за што не се одговорни. Оваа теорија не бара сложени пресметки, како оние
кои ги споменува утилитарниот пристап, ниту пак ги оправдува личните интереси како што го
прави тоа индивидуалистичкиот приод.
2.5. Етички кодекс

2.5.1. Извори на етичкиот кодекс

Изворите на етиката се формални стандарди и правила што се темелат врз сфаќањата за доброто
и за лошото, а што ги употребуваат раководителите кога постапуваат соодветно во заштита на
интересите на сите заинтересирани и вклучени страни во процесот на деловното работење.

-Социјалната етика (општествена), претставува збир од стандарди, шт упатуваат на тоа како


членовите на општеството треба да се справатмегу себе, како што се правилно и праведно
однесување, надминување на сиромаштија и правата поединецот. Социјалната етика на
произлегува од општествените закони, обичаи, практики и од непишаните вредности и норми,
ставови што влијаат врз мегусебната комуникација меѓу луѓето.

Секоја земја има внарешни вредности и норми, според кои се утврдува, се дефинира како треба
да се однесуваат луѓето во определена ситуација. Сепак, социјалната етика е различна во
различни општества. Не сите морални норми вредности ce И интернационализира, односно
секаде немаат исто значење. (Поткупот и митото во западната цивилизација се осудува и законски
се казнува, а во исламскиот свет, а и во ниско развиените земји се смета за нормално однесување
во деловниот свет).

Професионалната етика ја претставуваат стандардите, кои укажуваат како членовите од една


професија, како треба да се однесуваат, кога то не е сосема јасно, како да се направи и да се
спроведе тоа. Во рамките на една организација, професионалните правила и норми определуваат
како вработените од повеќе видови професии, треба да донесуваат решенија и да дејствуваат во
определени ситуации. Овие правила и норми може да станат етички кодекс на организацијата.

-Професионален морал

Постојат четири општи обврски кои треба да се почитуваат во гите организации" Тоа се: обврска
да не се нанесува зло, да се почитува слободниот претприемачки дух, потреба за чесност и
обарската за соодветно однесување на организацијата, во согласност со договорите кои ги
склучува, по своја волја.

Индивидуалната етика ги претставува личните стандарди и вредности (крајни и


инструментални/помошни) кои ги користат поединците во комуницирањето/општењето и
меѓусебното дејствување.

Изворите на индивидуалната етика ги вклучуваат влијанијата на семејството, колегите, разни


институциии општествоТО КАКО BO училиштето и воспитувањето, влијанието на црквата и
религиозните сфаќања и верувања. Искуствата добиени во текот на животот- преку членство во
важни општествени институции, (клубови, асоцијација, здруженија итн.). Исто така, придонесуваат
да се развијат личните стандарди и вредности коишто ги применуваат луѓето кога избираат ШТО е
добро или лошо и кога преземаат определни чекори или донесуваат соодветни решенија.

4.2. Приоди кон социјалната одговорност

Општествената одговорност на организацијата е тесно поврзана со нејзината стратегија, која треба


да ги има предвид моралните и етичките норми и вредности на општеството.
Организацијата е дел од економскиот систем на една земја, и применувајќи ги принципите на сите
фактори (елементи, потсистеми, системи) во општеството. Одржливиот развој подразбира развој
на стопанството, на општеството и заштитата на животнат средина. Тоа е патот по кој се развиваат
современите организации во светот, па оттаму и теориите за раководење, му даваат посебен
акцент на прашањето на општествената одговорност на раководителите/менацерите, што
сериозно е прифатено во високоразвиените земји и економии. Проблемите како што се:
одржување на стандардите за квалитет на производите, сигурноста, загадувањето, може да се
решаваат само преку заедничка иницијатива и кооперативност на организациите, локалната
самоуправа и земјата во целост.

Покрај потребата да се однесуваат во рамките на законот, примената на етичките стандарди и


вредности сè уште еден чекор кон јакнење на општествената одговорност. Сопствената етика на
раководителите, дејствува врз нивното однесување и сопствените вредности влијаат на фактот
дали тие го прифаќаат приодот на проактивност кон социјалната одговорност или не.
Организацискиот стички кодекс, исто така, влијае врз. нивото на совест кај раководителите за да
ги поддржуваат интересите на сите нивни заинтересирани поединци или групи.

Во Литературата се среќаваат неколку приоди кон општествената одговорност на раководителите:

1. приод кон опструкција,

2.приод на одбрана,

3.приод на приспособување,

4.приод на проактивност.

1. Приод кон опструкција

Приодот кон опструкција е приод на раководителите/наџерите во една организација кој означува


непочитување на етичките норми на однесување, неодговорно однесување кон вработените и
околината, со изразени активности и акции со кои се прикрива неетичкото и противзаконското
однесување .

2. Приод на одбрана

Приодот на одбрана означува постоење на минимална обврзаност кон социјалната одговорност.


Раководителот го прави неопходното, само она минимално што е нужно за да биде задоволена
формалната, законска обврска, односно да се направи само она што го бара законот и ништо
повеке. Всушност, овие раководители не се однесуваат на социјално одговорен начин.

Приодот одбрана, на Го почитува законскиот аспект на општествената одговорност, а со тоа


укажува на определена обврска кон етичкото однесување. Раководителите кои го прифаќаат овој
приод. го почитуваат законот и стриктно одговараат на законските барања, но не прават никаков
напор да покажат поголема социјална одговорност од онаа што ја бара законот. Раководителите
кои го имаат овој пристап, се трудат нивните вработени да се однесуваат законски и да не им
наштетуваат на другите.
3. Приод на приспособување

Приодот на приспособување претставува балансирана и умерена обврзаност кон социјалната


одговорност, иако понекогаш постојат и дејствувања и активности што означуваат желба да се
направи и повеќе отколку што бара законот

Овој приодот ја прифаќа потребата за поддршка на социјалната одговорност. Раководителите КОИ


одбираат приодот на приспособување, се согласуваат дека членовите на организацијата треба да
се однесуваат законски и етички и тие се обидуваат да ги стават BO рамнотежа интересите
различните заинтересирани. На Раководителите со ваков приод, донесуваат одлуки кои сакаат во
очите на јавноста да бидат прифатени како одговорни.

4. Приод на проактивност

Приодот на проактивност означува имање на голема обврска кон социјалната одговорност, со


желба да се направи многу повеќе отколку што бара самиот закон.

Раководителите кои го почитуваат приодот на проактивност, се однесуваат најодговорно во


донесување на решенија и одлуки со што ce задоволуваат интересите на заинтересираните страни
Во организацијата, но и во непосредната околина, во локалната заедница и општеството. Тие на
најодговорен начин се однесуваат хумано, кон луѓето, заштитата на животната и работна средина
што ја дочекуваат потребата за однесување на социјално одговорен начин, се ангажираат да
научат повеќе за потребите на различните заинтересирани групи и индивидуи и ce подготвени да
ги употребат ресурсите На организацијата за да ги унапредат интересите не само на акционерите
и сопствениците, туку и на другите заинтересирани, а особено на вработените (да ги задоволат
нивните потребни за да се мотивирани да работат поефикасно).

5.1. Раководење со различна работна сила

Во литературата, особено во учебниците за менаџмент/раководење длабоко се анализираат


прашањата на дискриминацијата и нејзиното искоренување, особено поради фактот што во
последните децении е забележано големо движење на работната сила светот, што BO резултира
во зголемувањето на различностите во работната снага, а тоа пак води кон посебно проучување и
наогање решенија за надминување на негативните последици во работењето на органицациите.

Одделни автори, сметаат дека различната работна сила има две Димензии: примарна и
секундарна. Во примарната димензија/аспект на различностите на личност влегуваат. пол години,
националност/етничка припадност,една раса, сексуална/полова припадност, физичка способност.

Во секундарната димензија на различностите на една личност обрзование, религиозни верувања,


Боено искуство. географска Локација/одредница, приход, брачен и родителски статус.

Постојат повеке ставови за адекватно раководење, поврзани со различностите во една


организација.

Етноцентризам означува верување и практикување на ставот дека единствено една група и


супкултура се супериорни/надмокни над другите групи, што во однос на раководењето и
справувањето со различната работна сила е многу тешко остварливо.
Од друга страна, монокултурата претставува култура што прифака применува само единствен
начин и збир на вредности и верувања,што може да предизвика проблеми кај малцинските групи
(како пример. обоени жени, хендикепирани, хомосекцуалци итн.)

Затоа раководителите претпочитаат да применуваат етнорелативизам, верување што означува


еднаквост на сите групи супкултури, односно плурализам, што означува
приспособувањеорганизацијата кои повеќе супкултури. Прифайањето и примената на овој начин
на раководење обезбедува целосно интегрирање на сите вработени во процесот на деловното
работење. Дистрибутивна правда, како морален принцип, се однесува на распределувањето на
зголемувањето на платата, унапредувањата и на другите ресурси на организацијата, базирани на
значајни придонеси што ги прават поединците во организацијата на праведен начин, односно врз
што немаат контрола. Распределбата на овие ресурси треба да се заснова врз вистинскте
придонеси кои ги оствариле поединците (како што се времето, напорите, образованието,
вештините, способноста и работата), а не на ирелевантните личникарактеристики врз кои е
невозможно да се има контрола (како што се полот, расата или возраста). Раководителите имаат
обврска да обезбедат постоење на дистрибутивна правда во нивната организација.

Процедурална правда е морален принцип, со кој се нарекува користењето на праведни постапки


за да се определи како да се дистрибуираат резултатите/добивката на членовите на
организацијата. Овој принцип се применува кај вообичаените постапки како што се оценување на
работата на подредените, одлучување кој треба да добие зголемување или унапредување и
одлуки за отпуштање работници во определени случаи.

You might also like