You are on page 1of 3

Час 6

Етичност

Вредности

Вредностите се општи идеи на луѓето кои го водат однесувањето и им помагаат да ја


разберат разликата помеѓу тоа што е правилно и погрешно.
Вредностите определуваат колкава важност им даваме на одредени работи или постапки,
со цел да одредиме кое однесување е најдобро или кој е најдобриот начин да се живее.
Поради тоа, тие претставуваат основа на целокупниот начин на живот на луѓето.
Тие покажуваат за што се застапуваме, кон што се стремиме, и тие се израз на нашата
свест за животот.

Културолошки вредности

Тоа се вредности пренесени од културата на која ѝ припаѓаме. Секоја култура негува свои
вредности и му ги пренесува на поединецот преку семејството и средината во која живее,
и самата култура во суштина е систем на вредности околу кои човекот го организира
животот.
Нашите лични вредности може да потекнуваат од од културата на која ѝ припаѓаат, но тоа
не е нужно. Тие може да бидат вредности кои сами сме ги стекнале од наше искуство и
слободно може да се разликуваат од еден до друг човек, иако припаѓаат на иста култура.

Морал

Моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во општеството и


ги уредува односите во општеството и меѓусебните односи на луѓето во заедницата.
Во основа на моралот се нашите основни вредности. Тие претставуваат правила за тоа
како да се однесуваме во одредени ситуации. Моралното однесување е нешто што треба
да се пофали, неморалното однесување е нешто што треба да се отфрли.

Науката која ги истражува човековите постапки и намери од призмата на доброто или


лошото со цел доброто да се реализира, а лошото да се отстрани е етика или наука на
моралот.
Постои личен морал, а тоа е кога човекот гради систем на сопствени етички (морални)
принципи во основата на личниот идентитет, и социјален морал кој претставува еден цел
систем на општоприфатени морални вредности во начинот на кој функционира
општеството.

Норми

Нормите се правила кои покажуваат што во општествената заедница е оправдано,


прифатливо и посакувано однесување на поединците во определени ситуации.
Моралните норми се морални правила кои ни укажуваат како треба да се постапува. Тие
се правила кои го дефинираат доброто и лошото, прифатливото и очекуваното.

Домашна работа:
Избери една ситуација од работниот лист 1.12, анализирај ја и одговори на следниве
прашања:
1. Која е вашата дилема во конкретната ситуација?
2. Кои вредности се спротивставени во ситуацијата?
3. Кои од наведените причини се однесуваат на личниот интерес?
4. Кои од наведените причини се однесуваат на грижата за другите луѓе, за
добросостојбата на целото општеството?
5. Дали некои причини се подобри од други? Зошто?
6. Дали е оправдано граѓаните да ги кршат законите за „добри причини“? Зошто да?
Зошто не?

You might also like