You are on page 1of 31

МОРАЛНИОТ РАЗВОЈ

НА ДЕТЕТО
За разлика од поранешните верувања
дека детето “по природа” е добро или
лошо, денес е прифатено сфаќањето
според кое детето не се раѓа ни
морално, ни неморално, туку аморално,
што значи дека неговото поведение не
се определува со моралните стандарди.
Според современите сфаќања, детето пред да
почне да се однесува на морален начин, мора да
се запознае со моралот на групата на која и
припаѓа.

Тоа запознавање се одвива главно на два начина:

преку поуките од постарите; и

имитирањето на личности од својата околина.


Како се стекнува моралноста,
односно како се усвојуваат
моралните принципи на
однесување?
Теории за моралноста и
начинот како таа се стекнува
Бихевиористите сметаат дека
моралноста се стекнува со
условување.
Психоаналитичарите стекнувањето
на моралните принципи го
објаснуваат со процесот на
идентификација со родителите.
Когнитивната теорија (Пијаже)
истакнува дека моралната свест не се
формира со просто усвојување на
принципите на родителите.

Пијаже моралниот развој го смета


за составен дел на интелектуалниот
развој како поширок процес.
Тоа значи дека карактеристиките
на мислењето на секој развоен
степен имаат свое влијание и
врз моралното судење и
поведението.
Егоцентризмот на мислењето кај децата
кој се согледува во недоволната способност
да гледаат на појавите од аголот на другите
луѓе, според Пијаже, е поврзан со
“моралниот реализам”- односно верувањето
дека моралните норми се апсолутни,
непроменливи и дека постојат независно од
луѓето.
Детето во почетокот не е во состојба
да ги воопштува моралните
принципи, ниту таквите принципи
да ги применува на одделни случаи.
Според Пијаже моралноста на детето во овој
стадиум од развојот е хетерономна, а тоа значи
дека детето има неограничена доверба дека
морално е она што возрасните бараат да се направи.

Како вистинито (морално) се смета она што се


совпаѓа со зборот на возрасниот, што е далеку од
автономија.
Пијаже смета дека таквото држење може да се
поправи само со соработка и рамноправна
дискусија што покасно доведува до автономија.

Ваквата соработка подразбира и заемна контрола,


спречувајќи го самоволното убедување својствено
на егоцентризмот и слепата доверба во
авторитетот на возрасните.
Сето тоа доведува до опаѓање на едностраното
почитување во односите дете-возрасен, така што
хетерономијата го отстапува местото на свеста,
односно наместо егоцентризмот и моралниот
реализам, кај детето се гради поим за правда и
заемност како основа за развој на автономниот
морал.
Во оваа фаза на моралниот развој се
јавува свест за потребата кон
придржување кон определени правила
на однесување.
Карактеристика на автономната моралност е слободата
на моралното расудување која значи непристраност од
една страна и слобода од надворешни извори на
присилувања и принуди од друга страна.

Како морално се оценува она што е во согласност со


усвоените норми кои се приспособени на самата
личност.
За предучилишното дете може да се каже
дека не е во таа мера зрело
(интелектуално, емоционално и вољево) за
да може кај него да се развие моралната
совест која ја има возрасниот човек.
Како услов за развој на автономниот морал кај децата,
Ками го наведува намалувањето на моќта на
возрасните, преку воздржување од примената на
награди и казни и преку поттикнување на децата да
градат сопствени морални вредности и оспособување
да одлучуваат самостојно.
Поповиќ смета дека моралниот напредок не
може да се сведе на притисоци и принуди,
бидејќи авторитетот не е извор на правда,
која е израз на независното морално
расудување.
Оваа правда, која се заснива врз еднаквоста
може да се оствари само во слобода и во
односи на заемно почитување и соработка.
Сепак, Поповиќ смета дека објективната одговорност
карактеристична за моралниот реализам не може да се избегне
и дека воспитната мудрост се состои во тоа- со претерана
острина да не се запре детското напредување кон субјективната
одговорност и кон морално-независното расудување.
Претераните забрани, острите казни, одбивањето на разговорот
на рамноправна основа, непочитувањето на детската личност,
скратувањето на објаснувањата- сето тоа заедно го запира развојот
и ги остава децата во состојбата во која се (морален реализам).
Во оваа смисла барањата и наредбите не смеат со својата острина да го
ограничуваат слободното размислување на децата за другите и разбирањето на
туѓите намери и причини, што претставува пат да се дојде до сопствени
гледишта.

На тој начин кај децата ќе се развива мислењето за сопствените постапки.


Затоа се препорачува децата да ги набљудуваат постапките на другите и да ги
споредуваат со своите, да се разговара за добрите и лошите постапки на разни
личности од секојдневниот живот, но и за приказни, бајки и историски
настани што ќе им помогне да стекнуваат први поими за правдата и
еднаквоста.
Сепак, основен пат за развој на моралноста кај децата е процесот на
нивната социјализација.
Голем број на педагози сметаат дека “главната задача на социјализацијата во формирањето на моралноста не
би требало да биде само пренесувањето и всадувањето на специфични и фиксирани норми и стандарди, туку
пред се, во воспитувањето на детето да чуствува како своја потреба да се раководи со правдата и правичноста,
да води сметка за другите при однесувањето, и кај него да се развијат позитивни социјални мотиви”.
Во текот на процесот на социјализација, кој е неделив од моралниот развој,
децата постепено се оспособуваат за:
самостојност; и

самодисциплина.
Овие особини на предучилишна возраст се изградуваат преку заедничките игри, кога
кај децата, благодарение на учењето и разбирањето на потребата од правила во
играта, се јавуваат и почетоците на моралноста.
Во игрите децата интуитивно и на сосема конкретни примери ја сфаќаат потребата за
почитување на правата и слободата на другите, преку правилата кои овозможуваат да се
дојде до остварување на сопствени права и слободи.
Карактеристично за социјалниот и моралниот развој на предучилишните деца е тоа
што најдобар поттик за ваквиот развој претставуваат примерите од конкретните
животни ситуации.
Вербалните поуки, дадени надвор од контекстот на животните збиднувања и без
практични поводи, немаат никакво позитивно дејство врз социјалниот развој на децата.
МОРАЛНИОТ РАЗВОЈ
НА ДЕТЕТО

You might also like