You are on page 1of 2

Мишел де Монтењ

"Најголемото нешто на светот е да знаеш како да си припаѓаш себеси"

Мишел де Монтењ, величествен франциски хуманист, писател и филозоф, скептик, критичар и


противник на схоластиката, создавач на литератирната форма есеј како алатка за истражување и
откривање на себеси. Преку нив тој ги истражува различните аспекти на човечката природа и
живот анализирајќи теми како што се уметноста на разговор, воспитување на деца, справување со
болка и тага, за стравот, за пријателството и многу други теми.

Мишел Екем де Монтењ е роден во богата племска фамилија во градот Периге, Франција
на 28 февруари 1533 во замокот Монтењ. Неговиот татко посветил големо внимание на неговото
воспитување и едукација. Го испратил првите три години да ги помине на село со германски
учител - лекар, кој не знаел француски јазик, со цел латинскиот да му стане прв. Неговите слуги
исто така биле задолжени да му зборуваат само на латински јазик. Со грчкиот јазик се запознава
преку предагошки метод кој повеќе вклучува игри, разговори и самостојна медитација отколку
читање книги.Француски научил дури на неговта шеста година. Се запишал на престижниот колеџ
во Гиена па во Тулуз завршил правни науки од каде ја почнува неговата правна кариера. Станал
советник на дворот во Периге а подоцна член на парламентот во Бордо. Во овој период Мотењ го
запознава Етијен де ла Ботие кој му станал добар и близок пријател. Смртта на Ботие оставила
голема празнина во неговиот живот и тој почнува да пишува да се справи со неговата тага.
Спротивно на неговата волја и под притисок на неговата фамилија се жени со Франсоа де ла
Касање, имале 6 деца од кои само едно преживеало. Тој се повлекува од јавниот живот во 1571
година, дал оставка во парламентот, се изолирал во својот замок и почнува да ги пишува своите
есеи. Во 1580 биле издадени првите две книги од неговите есеи. Потоа почнал да патува низ
делови од Франција, Германија,Австрија и Италија. Во 1588 ја напишал третата книга од есеи.
Tешко болен починал во 1592 година на 59 годишна возраст.

Монтењ смета дека воспитувањето и негувањето на децата е најважна и најтешка човечка


задача. Тој го споредува воспитанието со одгледување на растенија, како што вели дека
"засадувањето на семето до изртување е многу полесно отколку одгледувањето и доведувањето
до перфекција на растението откако ќе изрти, така и со луѓето, лесно е да ги создадеш но откако
ќе се родат почнуваат проблемите и грижата за да се воспитуваат и едуцираат". Тој сметал дека
тешко е да се видат природните стремежи кај децата додека се мали, за разлика кај животните
каде тие се очигледни и затоа ако не се увидат нивните правилни склоности се губи многу време
на воспитување и едукација во области за кои немаат талент. Според него воспитувањето треба да
биде практично и насочено на тоа да се направи целосно изграден човек а не само експерт во
одредена област. Бил голем противник на тогашното воспитување, ги критикувач учителите кои ги
претворале децата во "магариња товарени со книги" односно ги претвараат во некој кој
репродуцира знање кое не го разбира. "Не треба да го полниме умот со знаење, треба да го
инкорпорираме во него", што е и главна идеја на неговите педагошки погледи. Тој сметал дека
учењето на факти е само лажна замена за знаење. Потполно се согласувам со него зошто
неможеш да научиш да возиш автомобил од тоа некој што ни раскажал како се вози, треба да се
влезеш во авотмобил и да се обидеш да возиш. Бил противник на насилството врз децата
споредувајќи ги тогашните училници со затвори. Учителот треба да има пријателски однос со
детето од кој ќе се развие искрена љубов и доверба. Најголемо значење во воспитувањето му
придава на учителот, тој смета дека учителот подобро е да има добар карактер и да биде паметен
отколку да знае многу, но е добро да ги поседува и двата квалитета. Учителот е тука да ги примети
склоностите на својот ученик и да го насочи сам да истражува. Мислам дека и најважната улога на
педагогот е да му помогне на детето да го пронајде својот пат во денешниот бурен живот, а не да
го насочи по веќе одреден пат. Монтењ смета дека наставата треба да се адаптира на возраста на
детето а учителот треба да види на кое ниво е детето, и да се спушти на негово ниво. Учителот
треба да го натера ученикот се што чита и учи темелно да го испита и ништо да не прифаќа зошто
му го кажал некој авторитет. Така со користење на разумот туѓите мислења ќе ги усвои како
негови. Вели: "Јас ги цитирам другите за подобро да се изразам себеси." Осудува секакво учење
на памет и бара учителот да не го преоптеретува премногу детското памтење, знаењето што ќе го
стекне детето треба да го оспособи самостојно да размислува, да изведува правилни заклучоци
кои ќе го формираат неговиот карактер. Тој предлага дел од воспитувањето да се врши преку
патување и запознавање на различни луѓе и култури. Монтењ смета дека и физичкото
воспитување е важно за детето, за зацврстување на телото препорачува да научат јавање,
мечување,борење, лов. Детото треба да биде изложено на природните елементи, дожд, сонце,
ветер, ладно и да не им се плаши туку да им се опира. Единствено нешто што не се согласувам со
Монтењ е тоа што вели дека жената не треба да биде воспитувана, дека во умствените
способности заостанува зад мажот и треба да и е доволно да биде сакана,почитувана и да раѓа
деца.

Ќе завршам со мојата омилена мисла на Монтењ: "Let children be able to do all things, and
love to do only the good" .

You might also like