You are on page 1of 3

Семејство

ГРИЖА ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА - Прирачник за родителство


Д-Р Бенџамин Спок 250стр. 899 ден.

Безвременските совети на д-р


Бенџамин Спок, еден од
највлијателните педијатри на сите
времиња, искуствено потврдено го
олеснуваат патешествието наречено
– родител, поради што оваа книга
стана најпродаваната книга после
Библијата.

Д-р Спок бил првиот педијатар


воопшто, кој проучувал
психоанализа, за да се обиде да ги
разбере потребите на децата и
семејната динамика. Неговите идеи
за грижата за децата влијаеле на
многу генерации родители, да бидат
пофлексибилни и пољубезни кон
своите деца и да ги третираат како
поединци, односно како личности
уште од самото раѓање.

Грижа за деца и бебиња – Првата година од животот“ како книга, зад себе носи богата
историја, ширум светот и родителите. Таа отсекогаш била книга за трајни принципи и
вредности, но истовремено е и современа книга.

Еве 5 причини поради кои сме убедени дека Прирачникот за родители е добра идеја да
биде покрај вас во периодот пред вас:
1 .Ќе изградите самодоверба и сигурност во воспитувањето на вашето дете
2. Ќе добиете информации за бременоста и родителството
3. Ќе ја разберете детската психологија и развојот
4. Ќе научите за предностите на доењето
5. Ќе се справите со предизвиците на родителството: Прирачникот за родители ви
помага да се справите со предизвиците кои ги имаат родителите, вклучувајќи ја
работата и времето, комуникацијата со партнерот, критиките и советите од околината.
Исто така, ви нуди совети за грижа за вас саммите, бидејќи вашата добра состојба е
важна за успешното родителство.
Семејство

ПРЕСВРТ ВО АУТИЗМОТ
д-р Мери Линч Барбара 248 стр. 599 ден.

Ако сакате да ја претворите безнадежноста


во надеж и моќ, оваа книга е за вас!“
Оваа книга го промени животот на многу
семејства ширум светот.
Таа е практичен водич за родители и
професионалци за откривање рани знаци на
аутизам. Потоа во неа преку јасни чекори,
родителите и професионалците ќе откријат
како да им помогнат на децата да го подобрат
говорот, вештините за грижа за себе и за
социјализација, истовремено намалувајќи го
проблематичното однесување.
Мери Линч Барбера доктор на науки (PhD),
регистрирана медицинска сестра (RN),
сертифициран доктор-аналитичар за
однесување (BCBA-D). Таа е 20 години
интернационален експерт за аутизам и мајка
на син со оваа дијагноза.

ТАЈНАТА НА ДЕТСТВОТО
Марија Монтесори - педагог 214 стр. 499ден.

Марија Монтесори и нејзината методологија на


воспитување и учење на децата во образовниот
процес е класика која го дефинира во голема мера
денешниот пристап на државните училишта во
многу европски земји.
Таа е извор ма методи и неисцрпна инспирација
на многу приватни школи кои нудат и сакаат да
бидат конкуретни во понудата со интелигентини
модели на образование.
Во Тајната на детството Марија Монтесори го
опишува детето со топлина и со прецизност на
научник и со почит се однесува кон тајните кои ги
носи во себе. Прикажува различни техники
потребни за користење на детскиот потенцијал за
учење.
Семејство

КАКО ДА ВОСПИТАТЕ ПРЕКРАСНИ МОМЧИЊА

Иан Грант - психолог 256 стр. 549 ден.

Прекрасно упатство за успешно воспитување,


дисциплинирање, сакање, охрабрување и
инспирирање на момчињата, од раѓањето па сè
до тинејџерските години. Темите што се
провлекуваат низ секоја глава од оваа книга
кулминираат во 12 основни совети за
родителите, со чија помош нивните синови ќе
бидат успешни, позитивни и задоволни мажи.
Книгата на инспиративен и весел начин дава
упатства, совети, мислења, хумор, анегдоти и
практични решенија. Како да воспитате
прекрасни момчиња е книга за сите времиња.
Секој родител, секое семејство ќе увиди дека
оваа книга е одлично четиво – не ги
тривијализира проблемите со кои се среќаваат
родителите, туку покажува длабоко разбирање
за посебниот однос помеѓу родителите и
момчињата кои растат.

КАКО ДА ВОСПИТАТЕ ПРЕКРАСНИ ДЕВОЈЧИЊА


Иан и Мери Грант - психолози 280 стр. 549ден.

Сакајќи да бидеме исти во воспитувањето на


момчињата и девојчињата, можеби сме
заборавиле да го испочитуваме она што е
единствено за девојчињата, нивната посебна и
поинаква природа.
Оваа книга е преполна со совети кои ќе ви
помогнат да го подобрите и разубавите животот со
ќерката, да пронајдете начини да ја одржите
комуникацијата и начини своите вредности да ги
пренесете на следната генерација.
Што му е потребно на секое девојче:
- Да се воспитуваат од некој кој многу гу сака
- Многу топлина и забава, рутина и предвидливост
- Родители со силна престава за тоа каква млада
жена сакаат да испратат во светот.

You might also like