You are on page 1of 2

Денес е 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, а овој датум е

симболично избран поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија) што се


присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

Бидете со нас, а не за нас е пораката што ни ја испраќаат сите деца кои


секојдневно живеат со предизвикот наречен Даунов синдром. Овие деца се
наши соседи и другарчиња, кои единствено што сакаат е да бидат прифатени
како рамноправни учесници во општеството кои имаат свои права, свои
потреби и кои се способни да градат инклузивно општетсво во кое сите ќе
бидат еднакви!

Затоа, најдобро место да се биде денес е тука, во Дневниот центар за деца со


посебни потреби, во друштво на овие дечиња и нивните негователки,
прекрасни личности кои со голема љубов и посветеност секојдневно се грижат
за потребите на овие деца.

Денес, на наше големо задоволство, со нас е г-ѓа Ружица Чонеска, дипломиран


одделенски наставник, кој повеќе од -------- години е дел од овој центар.
Истовремено, таа е и родител на детенце со Даунов синдром, на нашиот Јани,
едно среќно, паметно и посебно детенце кое шири љубов и позитивна енергија
каде и да се појави.

1. Г-ѓа Ружица, кога и како започна вашата приказна во Дневниот центар за


деца со посебни потреби?
2. Која е вашата најголема инспирација, што ве инспирира да ја работите
оваа работа најдобро што можете?
3. Како изгледа еден ваш работен ден, со колку деца работите, кои се
вашите активности и обврски со тие деца?
4. Дали сакате да споделите некоја успешна приказна или момент кој ве
оставил без зборови, некое ваше искуство од вашата работа?
5. Кои се предизвиците со кои секојдневно се соочувате и како ги
надминувате истите?
6. Како ги вклучувате родителите и старателите во процесот на поддршка
на децата со посебни потреби?
Г-ѓа Ружица, како што кажавме и во најавата, вие сте родител и на детенце со
Даунов синдром.

Какво дете е Јани?

Во каков свет живее тој?

Дали сметате дека Крушево е убаво место за растење на вашето дете?

Дали би сакале да споделите некои моменти од вашата лична приказна како


родител на детенце со Даунов синдром?

Како изгледа еден ден со Јани?

И на самиот крај, како вашето лично искуство влијае на вашата работа со деца
со посебни потреби?

Ви благодариме од срце што ја прифативте нашата покана и што ни дозволивте


барем накратко да бидеме дел од вашата убава приказна, од една страна полна
со многу предизвици, а од друга страна полна со голема поддршка,
безрезервна посветеност и огромна љубов што ја носат овие дечиња во себе и
како сонце не грее сите нас!

Почитувани, да ја прегрнеме различноста, да подадеме рака, да испратиме


заедничка порака на поддршка и разбирање на децата со Даунов синдром!

Денешниот ден, 21 март е ден кој носи многу симболика и пораки - ден на
пролетта, ден на лица со Даунов синдром, ден на поезијата, па дури и ден на
боите!

Нема нешто поубаво од шарен свет, во кој секој е вреден!

Затоа, да го обоиме овој свет со многу љубов, среќа и разбирање!

You might also like