You are on page 1of 1

Зошто не би му помогнал некому

Кога би имал волшебно стапче светот би го претворил во вистинска


бајка. Кога бев мал растев како среќно дете. Моите родители се грижеа
да не ми недостасува ништо, моето детство беше опкружено со љубов.
Зошто го раскажувам ова? Сега имам 14 години и јас се чувствувам
силен за да можам да се справам со предизвиците на овој свет. Многу
често на телевизија гледам несреќни случаи, сиромашни семејства,
болни деца, истоштени старци и што уште не!
Школските другари многу често сакаат да прават намерни и
смислени неправди спрема деца кои се скромни и посиромашни. Како да
избегаме од оваа сурова вистина, како да му помогнеме на сиромавиот,
болниот, изнемоштениот?
Многу често размислувам на оваа тема и низ мојата глава се вртат
зборчињата како? зошто? Зошто не би му помогнал некому?
На светот постојат луѓе со добри срца кои секогаш се спремни да
му помогнат на другиот во неволја. Луѓе кои располагаат со материјални
добра, кои од се срце би ги дале на некој што ги нема, а во моментот би
му значеле многу. Исто така и надлежните институции треба да бидат
спремни да му помогнат на секое семејство, на секоја индивидуа кога ќе
се најде во незгодна ситуација.
Јас со моите 14 год. помошта и поддршката ја давам секаде и на
секого кому му е потребна и во моите можности. Можам да му помогнам
на баба ми и дедо ми, да се чувствуваат среќни и задоволни со еден
убав збор, со тоа што ќе му купам леб или ќе им донесам апчиња кои им
се потребни многу. Кога одам по улица ако сретнам изнемоштен старец
ќе му помогнам да ја премине улицата, во градски автобус ќе го отстапам
местото на некој постар.
Сакам да кажам кога не би биле себични, злобни, лоши, секој ден,
секој миг можеме да помогнеме некому. Помошта наша кон родителите е
да не ги нервираме, да учиме да бидеме послушни и да ги сакаме. Секој
кој што прави добро, со добро и ќе му се врати. Ако јас правам добрини и
помагам некому, ако ТИ, ТОЈ, ТАА, го правиме истото во светот нема да
постојат несреќни, тажни, гладни, болни луѓе. И тогаш сите ќе бидеме
среќни, затоа што среќата на другите е и наша среќа.
Им порачувам на сите мои врсници да го смениме лошото со добро,
омразата во љубов, нетрпението во трпение, злобата во добрина. Да ги
почитуваме наставниците, затоа што тие ни се втори родители, да учиме
затоа што знаењето е големо богатство, да ги решаваме секојдневните
недоразбирања со разговор, со внимание.
И за крај зошто да не му помогнеме некому на кому нашата и
вашата поддршка и помош им е неопходна! Да знаете среќен ќе биде и
оној кој дава помош, среќен ќе биде и оној на кого му е дадена таа
помош.

You might also like