You are on page 1of 3

Група 3 - Човековите права и

Нирнбершките закони - „Дневникот


на Ана Франк“

Правата денес и прекршените права за време на Втората светска


војна!

Некои од правата од Универзалната декларација за човекови права:

• Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe


oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo
чoвeчкaтa припaднoст.

• Сeкoj имa прaвo нa живoт, слoбoдa и сигурнoст.

• Никoj нeмa дa бидe пoдлoжeн нa тoртурa или нa сурoв, нexумaн или пoнижувaчки
трeтмaн или кaзнa.
• Сeкoj имa прaвo нaсeкaдe дa бидe признaeн кaкo личнoст прeд зaкoнoт.

• Сeкoj имa прaвo нa eфикaсни прaвни лeкoви прeд нaдлeжнитe нaциoнaлни судoви зa
дeлaштo ги кршaт oснoвнитe прaвa штo му припaѓaaт спoрeд устaвoт или зaкoнoт.

• Сeкoj имa пoтпoлнo eднaквo прaвo нa прaвeднo и jaвнo судeњe прeд нeзaвисeн
инeпристрaсeн суд, при oдрeдувaњeтo нa нeгoвитe прaвa и oбврски и вo услoви нa
кaквo и дae кривичнo oбвинeниe прoтив нeгo.

• Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe


нaсeкoja држaвa. За време на

Втората светска војна има прекршени многу права, ова се само некои од нив:

• Евреите не биле слободни.

• Тие немале право на живот, слобода, а и ни на сигурност.

• Тие биле нехумано носени во логори и врз нив биле вршени многу видови на
тортура.

• Не смееле да се лечат кај доктори каде се лечат сите останати.

• За нив не постоело нешто наречено суд тие биле веднаш носени во логори, од кои
ретко имало некој кој преживеал.

• Ретко некој од Евреите имал скриено засолниште, во кое се криел, едноставно никој
од Евреите немал право да се движи слободно.

Подолу можете да видите неколку примери за прекршени човекови права во денешно време
добиени како резултат на истражување направено за потребите на наставата по Граѓанско
образование:

1. Случај на повреда на работното место која резултирала со смрт на работникот. Во


извршената истрага, Државниот Инспекторат за труд (ДИТ) утврдил дека работодавачот не ги
почитувал законите со кои се обезбедуваат безбедни работни услови односно на работникот
не му овозможил:

• здравствен преглед за работа под посебни услови,

• соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа.

Со оглед на големиот број несреќи на работно место во нашата земја и честите фатални исходи
на несреќите на градежни локации, Хелсиншкиот комитет апелирал на брзо постапување на
ДИТ во случајот на повреда на работното место.

2. Случај на прекршување на работничките права во текстилна фабрика во Пробиштип.


Работодавачот не водел електронско евидентирање на полното работно време и на
прекувремената работа што ја вршат работниците. Ова не е во согласност со Законот за
работни односи. На ваков начин, не може да се потврди колку часа работат работницте и дали
се соодветно платени за сите часови за кои работеле. Хелсиншкиот комитет иницирал
постапка пред Државниот инспекторат за труд за спроведување вонреден инспекциски надзор
во фабриката.

3. Случај на дискриминација врз основа на родов идентитет во пристап до здравствена


заштита. Случајот се однесувал на трансродова жена на која фармацевтката во аптека не и го
дала лекот и покрај постоење на соодветен рецепт од матичен лекар. Заради ова, била
поднесена претставка до соодветните институции: Фондот за здравствено осигурување,
Народниот правобранител, Комисија за заштита од дискриминација и Фармацевтската комора.

На следниот линк можете да погледнете за Хелсиншкиот комитет за човекови права!

https://mhc.org.mk/za-nas/

Квиз за утврдување на знаењето!

• Прашања:

1. Кои права биле прекршени за време на втора светска војна?

2. Кои права денес се почитуваат?

3. Дали има права кои се прекршуваат и ден денес?

4. Колку институции за заштита на човековите права имало во 1990, а колку сега?

5. Каде се наоѓаат најголем дел од институциите за заштита на човевковите права?

You might also like