You are on page 1of 5

С.О.У ???????????????????????

???????????????????????? по македонски јазик

АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА

Изработил:

Охрид, април, 2020


Вовед
Второстепени реченични членови се оние кои не доведуваат до промена на
структурата на реченицата, ниту пак ја менуваат информацијата, туку нивното
отсуство само ја осиромашува. Тоа се: атрибут и апозиција.

Атрибут
Атрибутот ја определува именката во реченицата од гледна точка на некоја
особина. Атрибутот може да стои до било која именка (и до подметот и до
предметот).
На пр.: Вредната Марија чита убава книга.
Како атрибут може да се јават придавките и именките со предлози, а
врската што се воспоставува со именката до која стои е согласувачка или
управувачка (на пр.: убава книга и книга со убава содржина).

Придавски атрибут

Разликуваме:
– обичен придавски атрибут е кога придавката ја употребуваме во нејзиното
основно значење (убава книга);
– епитет е атрибут во кој придавката е употребена со метафорично
значење (сребрена коса);
– развиен атрибут е кога придавката не се јавува сама туку со именка со
предлог (книга извалкана со маснотија);
– изделен придавски атрибут е кога придавката може да ја поставиме на
различни места во реченицата.
На пр.: Во училната влезе растревожен еден човек.
Растревожен, во училната влезе еден човек.
Еден човек, во училната влезе растревожен.
Во овие примери се гледа дека растревожен по форма се сложува и се
однесува на именската група еден човек.

Именски атрибут

– на именката со некој предлог може да се додаде друга именка што ќе


врши атрибутска функција (книга со скинати страници; книгата на мајка ми);
– две именки една до друга, без предлог (дедо Петко, професорката
Емилија, група ученици, нацрт-план).

Апозиција
Апозицијата може да се јави покрај секој реченичен член освен
покрај прирокот. Со други зборови, апозицијата може да се користи
покрај подметот, предметите и прилошките определби. Апозицијата и членот до
кој се јавува апозицијата имаат исти вредности и често може да се менуваат
меѓусебно. Апозицијата  го кажува и надополнува значењето на зборот на кој се
однесува. Апозицијата секогаш се одвојува со запирки. Може да се јави покрај
секој реченичен член, освен покрај прирокот. Така на пример земена е
реченицата:
Вардар, најголемата река во Македонија, извира во Вруток.
Во реченицата, „Вардар“ е подмет, „најголемата река во Македонија“ е
апозиција, „извира“ е прирок и „во Вруток“ е прилошка определба. Според
наведеното горе, апозицијата и членот до кој се јавува апозицијата (во овој случај
„Вардар“) можат да си ги заменат местата и функциите:
Најголемата река во Македонија, Вардар, извира во Вруток.
Така, во оваа ситуација „Вардар“ е апозиција, „Најголемата река во
Македонија“ е подмет. Во двата примера местото е подметно, односно двата
реченични члена се подметни. Сепак апозицијата може да се јави и на месото на
директен предмет, индиректен предмет, прилошки предмет и прилошка
определба.
пр.
Јас го сликав Вруток, изворот на реката Вардар. - директен предмет
Слики му цртаме на Вруток, изворот на реката Вардар. - индиректен
предмет
Тој пееше за Вруток, изворот на реката Вардар. - прилошки предмет
Ние возевме кон Вруток, изворот на реката Вардар. - прилошка определба
На пр.:
Марија, најдобрата ученичка во нашиот клас, ја прочита лектирата.
(апозиција на подметот Марија – најдобрата ученичка во нашиот клас);
Најдобрата ученичка во нашиот клас, Марија, ја прочита лектирата. (тука
апозиција е Марија и исто така е на подметот);
И ја дадов книгата на Марија, најдобрата ученичка во нашиот клас.
(апозиција е најдобрата ученичка во нашиот клас – и се однесува на предметот;
кому? – на Марија). 

Користена литература
https://makedonskijazik.mk/
https://mk.wikipedia.org/

К. Бошковиќ, С. Илиевска, Македонски јазик за III година стрручно


образование, Министерство за образование и наука, 2011 г.

You might also like