You are on page 1of 2

Преземено од https://makedonskijazik.

mk/

Атрибут
Атрибутот ја определува именката во реченицата од гледна точка на
некоја особина. Атрибутот може да стои до било која именка (и до
подметот и до предметот).
На пр.: Вредната Марија чита убава книга.
Како атрибут може да се јават придавките и именките со предлози, а
врската што се воспоставува со именката до која стои е согласувачка
или управувачка (на пр.: убава книга и книга со убава содржина).
1. Придавски атрибут
Разликуваме:
– обичен придавски атрибут е кога придавката ја употребуваме во
нејзиното основно значење (убава книга);
– епитет е атрибут во кој придавката е употребена со метафорично
значење (сребрена коса);
– развиен атрибут е кога придавката не се јавува сама туку со именка
со предлог (книга извалкана со маснотија);
– изделен придавски атрибут е кога придавката може да ја поставиме
на различни места во реченицата.
На пр.: Во училната влезе растревожен еден човек.
Растревожен, во училната влезе еден човек.
Еден човек, во училната влезе растревожен.
Во овие примери се гледа дека растревожен по форма се сложува и
се однесува на именската група еден човек.
2. Именски атрибут
– на именката со некој предлог може да се додаде друга именка што
ќе врши атрибутска функција (книга со скинати страници; книгата на
мајка ми);
– две именки една до друга, без предлог (дедо Петко, професорката
Емилија, група ученици, нацрт-план).
Апозиција
Апозицијата со други зборови го кажува и надополнува значењето на
зборот на кој се однесува. Апозицијата секогаш се одвојува со
запирки. Може да се јави покрај секој реченичен член, освен покрај
прирокот.
На пр.:
Марија, најдобрата ученичка во нашиот клас, ја прочита
лектирата. (апозиција на подметот Марија – најдобрата ученичка во
нашиот клас);
Најдобрата ученичка во нашиот клас, Марија, ја прочита лектирата.
(тука апозиција е Марија и исто така е на подметот);
И ја дадов книгата на Марија, најдобрата ученичка во нашиот
клас. (апозиција е најдобрата ученичка во нашиот клас – и се
однесува на предметот; кому? – на Марија).

You might also like