You are on page 1of 35

Теорија на книжевност I

ФИЛОЛОГИЈА

Теоријата на книжевност спаѓа во поширока наука – филологија.

Филологија е наука за јазикот и наука за книжевноста.

Не може да се проучува книжевноста без јазик, ниту јазик без книжевност. Тоа
значи дека тие се взаемно поврзани, се преплетуваат, односно постои синергија
(соработка). Литературата се проучува преку јазикот и обратно, јазикот преку
литература (на пример: творби, песни, раскази).

Што е предмет на проучување на теоријата на книжевност?


Предмет на проучување на теоријата на книжевност е самата книжевност,
нејзините особености.

Книжевност / Литература

Поимот книжевност е речиси синоним на поимот литература, но сепак


литература е поширок поим бидејќи опфаќа поширок корпус од книжевни жанри
(или видови). На пример под терминот „литература“ се подразбира и: научна
литература, публицистика, итн., а не само белетристика за што обично се користи
терминот „книжевност“. Но, сепак, некои не прават разлика помеѓу овие термини.

Литературна наука

Каде спаѓа теоријата на книжевност?

Теоријата на книжевност спаѓа во литературна наука.

Литературната наука спаѓа во пошироката филологија.

1
Што содржи науката за книжевност?

1. Теорија на книжевност
2. Историја на книжевност
3. Литературна критика

Теорија на книжевност е дел од литературната наука која ги дефинира:


литературните поими, категории, дава дефиниции и теории.

Историја на книжевност е книжевната еволуција, развој на литературата. Таа


се занимава со појави, значајни историографски податоци за автори и дела,
колективни настани (литературни правци и кружоци, манифести на група
автори (како на пример на: Богомил Ѓузел и Радован Павловски), појава на
литературни групации и значајни индивидуи). Таа ги бележи фактографските
податоци.

Литературна критика ги оценува и проценува литературните дела. Домен на


литературните критичари е да се има критичен став за некое дело, прашање,
тема.

Што е предмет на истражување на теоријата на литература?

Предмет на истражување на теоријата на литература се делата, текстовите,


книгите, пишаниот збор, но и усната литература, односно изговорениот збор.
Тие се пракса на теоријата.

Постојат 2 типа на литература: усна (постара) и писмена (понова).

Бидејќи луѓето си раскажувале од колено на колено, до појавата на писмото


луѓето се изразувале усно или со знаци,

Поимот литература

Што е литература и каде спаѓа?


Литературата е уметност на убавата реч (на писмени дела, усни, дела за
изведба, итн.).

2
Таа спаѓа во уметност. Таа е уметност на изговорениот или пишаниот збор.

Каде се ја има литературата?

Насекаде – вели Ролан Барт: Литературата ја има насекаде околу нас. Ние
секојдневно примаме информации и пораки. Од океанот пораки сакаме да ја
препознаеме литературата. Литературата може да потекне и од секојдневниот
живот, од конверзацијата, а секако и од уметноста, од творештвото.

Во оној момент кога почнува фикцијата, ние зборуваме за белетристика,


односно за литература. Зборот „белетристика“ доаѓа од францускиот јазик и значи
„убава литература“ (уметничка литература).

Вежби:

Примери: Денес температурата е 17 степени.

Денес и небото плаче.

Ние сме преплавени со информации.

Треба да правиме разлика помеѓу: информација и порака:

информација порака

Информација (податок, вест) информација „плус“


(дополнителна информациј)
„Денес падна снег.“ „Небото плаче“

комуникација книжевност, уметност


(бидејќи има стилска фигура
персонификација)

3
Бараме повеќе литература во пораките, отколку што бараме во информациите.
Литературата се создава и во секојдневниот живот.

Дали литературата ја има „вон“ литературата?

Може да ја има во сликарството (фреските, зад нив има литература бидејќи


зад нив стои приказна, тие се правени врз мотиви на приказни), во триптихон –
кој содржи литература.

Може да ја има и во балетот (либрето), филмот (сценарио), драмата


(драмскиот текст), на телевизија, на радио, во стрипот, дури и во
компјутерските игри, во перформансите, во музиката, во скулптурата,
архитектурата, во тв-сериите, итн. Други места се графитите, рекламите,
дури и од медиумите може да зрачи литература, потоа секојдневниот говор,
народните пословици и поговорки.

„Раскажувањето е сеприсутно, во сите времиња и во сите култури.


Литературата ја има во сите времиња и простори, сите култури и кај сите
народи“ – вели Ролан Барт.

Поимот литература

Ако теорија на книжевност спаѓа во науката филологија и тоа како наука


за литература, тогаш самата литература спаѓа во уметност на писмениот или
изговорениот збор.

Што е литература и каде ја има?

Литературата е уметност. Ја има насекаде околу нас.

Дали 2 збора можат да бидат литература и како да препознаеме дали станува


збор за книжевност (уметност)?

ВЕЖБИ:

4
Дали уметност може да бидат два збора? (Или неколку).

Душата гори

Кучето лае

Пример.

1. Тој трча брзо.


2. Тој трча сјајно.
3. Тој трча мрачно.

1. Првиот пример го разбираме сите.


2. Вториот пример не го разбираат баш сите. Го разбира одредена група
(професионалци, коментатори, тренери, спортисти, колеги, фанови, итн.).
3. Третиот пример од кого ќе биде изговорен или напишан? Кој може така да се
изрази? – Писател, уметник, поет.

Го разбира само поетот или уметникот.

Што значи третиот пример?


Неговото значење е пренесено, а не е буквално.
Овој исказ има многу толкувања, нема само едно.
Ние субјективно го толкуваме, а не објективно.

Зошто пораката е субјективна?


Затоа што предизвикува чувства.

Како го замислуваме човекот?


Човекот го замислуваме страшно, мистериозно, тажно, можеби е стар или
болен, можеби е изнемоштен или е во тешка состојба и можеби бега од
нешто или некого.

Како ќе ги препознаваме исказите кои имаат стилска вредност?


Во оној момент кога исказот ја губи својата негација, тогаш се стекнува
со стилска вредност.
Кај таквите искази веднаш забележуваме необичност.

Примери на лексичка негација

5
Примери:
1. Тој трча брзо / бавно.
2. Тој трча сјајно / матно.
3. Тој трча мрачно / светло.

Какви се овие искази?

Секој пример е логичен освен последниот, кој делумно го разбираме.

Тоа е нова поетска слика. Односно стилски израз – прилошка метафора.

Исказот „небото плаче“ содржи: именка + глагол = глаголска метафора

Исказите од ваков тип може да бидат уметност. Тоа може да бидат синтагми,
итн.

Првиот пример е информација, вториот е личен коментар, третиот е


порака.

Информација Порака
точна, објективна Субјективна
Основна информација Содржи дополнителна информација

Како ќе препознаеме каде почнува или каде ја има литературата?


Ќе пробаме да го преведеме исказот и ќе сфатиме дека тој трча среќно,
позитивен е – значење кое е пренесено.

Буквално Пренесено
едно, кодирано значење кога и нешто друго може да значи
Информација може да има повеќе значења

Ние всушност зборуваме за разбирливост, за превод..

Дали ние преведуваме?


- Кога ја примаме литературата како читатели или кога ја толкуваме ние
всушност преведуваме.

Ние треба да почнеме да ја бараме литературата во зборот „мрачно“.


Анализата на синтагмата „трча мрачно“ е самата невообичаена, неконвенционална.

6
трча мрачно
Светлина темнина
Енергија без енергија
Оптимизам песимизам
Активност пасивност

Во следниот пример забележуваме внатрешен конфликт во синтагмата. Има


спротивставеност, опозиција.

СУБЈЕКТ ПРЕДИКАТ
Небото плаче
е ведро
се смее
е тесно

Пр. „лисјата играат“.

Секој исказ има основно значење (буквално), и пренесено значење


(фигуративно).

Но информациите немаат пренесено значење. (пр. денес врне)

Штом некој исказ има стилска вредност, почнуваме да зборуваме за


литература. Третиот пример ние го разбираме преку пренесено, а не како буквално
значење. Примери за необични синтагми:

субјект: предикат:

Небото се смее

Плаче

придавка: именка (субјект):

Сина мисла

7
Тесно небо

Невообичаени споеви на зборови / синтагми може да создадат фигура.


Литературата започнува во оној момент кога има дополнителна информација,
односно преносно значење.

Два или три збора може да бидат уметност, но не мора. Не секои два збора се
литература.

Во оној момент кога исказот ја губи својата негација, тој се стекнува со


стилска вредност.

Литературата како фикција

Фикција, белетристика

Што е литературата: дали е вистина или лага?

Фикција е измислено нешто, замислен свет, креативна имагинација.

Фикцијата ја има во творештвото, во уметностите, на пример во


сликарството, во ликовната уметност, во филмската уметност итн.
Што е вистина, а што е лага во литературата?
Дали литературата е вистина или лага?
Што е литературата, вистина или лага?

Литературата не е ниту вистина, ниту лага, туку е фикција.

Пр.: Расказот „Табакерата“ од Ѓорѓи Абаџиев во кој настаните се вистина, но


постои можност нешто да е додадено или измислено.

8
Дали ако читате книга со историски теми, содржините може да бидат:
вистински или измислени.

Има многу дела за историски личности како: Александар Македонски,


Наполеон, Гоце Делчев, Св. Кирил и Методиј, итн. Во тие дела може нешто да не
биде вистина, а нешто може да биде фикција.

Жанрови кои имаат историографија и факти се: историски роман, проза,


раскази, историски хроники, биографии, дневник, мемоари, монографија, итн.

Спротивно на реализмот е жанрот фантастика. Во старата литература


измислиците почнуваат со најстарите жанри: митовите и легендите.

Дали во нив сѐ е фантастика?


- Во жанрот фантастика може да има и нешто вистинито.

Дали јунаците од делата се вистинити и како ги викаме?

- Можат да бидат и реални и измислени и ги викаме ликови. Алиса,


Снежана, Раскољников – измислени ликови
Наполеон и Гоце Делев – се реални историски личности кои во делата
се викаат „ликови“.

Треба да правиме разлика помеѓу личност (лице – во реалниот живот) и лик


(во делата). Личност е суштество од крв и месо, а ликовите се суштества од хартија.

Што е јазик?

- Секој јазик се учи преку литературата и обратно; значи нема јазик без литература
и нема литература без јазик.

Кога учиме странски јазик учиме преку литература, не само преку граматика. И
кога создаваме литература, ние го збогатуваме, односно обновуваме јазикот
(арахаизми и неологизми).

Според Фердинард Де Сосир (швајцарски лингвист), јазикот е систем на знаци


кои изразуваат идеи. Тој е најсовршен систем на знаци и може да се спореди со
азбуката на глувонемите и со другите форми на комуникација. Знаците се фонеми,
односно буквите и тие комбинирани изразуваат идеи.

9
Секоја уметност има свое средство за израз. Во музиката, средство на изразување
се нотите, аналогно во литературата преку комбинација на буквите кои се
групираат во зборови, а зборовите во синтагми, синтагмите во реченици,
речениците во параграфи, параграфите во текст – ние добиваме значење.

Јазикот е средство на израз на литературата.

Говорот е материјализација на јазикот.


Практична, усна реализација на јазикот е говорот. Сите ние имаме свој говор,
начин на изразување, тоа е индивидуална способност и особеност на човекот.
Говорот спаѓа во ораторство.

Ако во јазикот има информација, тогаш во говорот има дополнителна


информација, која може да биде и фигура.

ЈАЗИК ГОВОР

Систем не е систем

Стандард не е стандард

Договор не е договор
(конвенција)
Информација информација плус
(јасно и недвосмислено) (дополнителна порака)
Колективно индивидуално

Пример за порака е: „Александар е лав.“

Основно значење на зборот лав е дека е животно.

Дополнителното значење е дека е цар на сите животни.

Дополнително значење: Александар е цар на луѓето.

Типологија на книжевност

(класификации)

10
Најстара поделба на книжевноста е на усна (народна) и писмена
литература.

Усната се пренесувала од колено на колено и така добивала различни


варијанти. Со видоизменувањето на усната литература се добива стилско
богатство. Говорот придонесува за развој на повеќе варијанти.

Постојат повеќе периодизации на книжевноста (стилски епохи, правци и


слично):

книжевни епохи: средновековна книжевност, барок, ренесанса, класицизам,


реализам, романтизам, модернизам, пост-модернизам, итн.

Постојат и други класификации кои се според:

- јазиците (на пример македонски јазик, англиски јазик, албански, турски,


итн.)
- национални книжевности (македонска книжевност, албанска книжевност,
турска, српска, итн.)
- според епоха и период (барок, итн.)
- според стилски правци (надреализам, експресионизам) – тоа се
колективни својства
- според намена (дидактичка, публицистичка, социјална, религиска,
научна, итн.)
- според форма (поезија, проза, драма, итн.).
- според родови и видови – тоа е традиционална литература (епика, лирика
и драма), (видови односно жанрови – има многу).

11
Типологија на
литературни родови и видови

Најстара поделба (или класификација) на литературата е на: родови и видови.

Поимот род е широк поим со кој се опфаќаат дела со слични белези и особини.

Литературни родови се:

- епика
- лирика
- драма.

12
Според Цветан Тодоров, француски теоретичар со бугарско потекло, родовите
може да се проучуваат според структуралните карактеристики (особености) на
делото. Може да има 3 варијанти:

1. Делото да е целосно усогласено со родот


2. Делото да не се покорува на правилата од родот
3. Делото да е хибрид (мешавина од спротивни нешта, пр. трагикомедија).

ЕПИКА

Еден од трите книжевни родови е епиката.

Постои: епика во стихови и епика во проза.

Во почетоците епиката била во форма на стихови, а потоа се пишувала и во


проза.

Аристотел е еден од најпознатите филозофи на Антиката и автор на значајни


епохални дела од областа на: филозофијата, реторика, итн. Во неговите дела има
зачетоците на теоријата на книжевност, особено од делото „За поетиката“ кое е
епохално дело. Секако и делото „Реторика“ е ремек-дело. Делото „За поетиката“ е
прва, но недовршена теорија на книжевност која дефинира поими, и има
дефиниција на трагедијата и на епот.

13
Важно е што Аристотел зборувал за diegezis (раскажување).

Како дознаваме за настаните во епиката?


- Преку нарација, односно раскажување.
Што е раскажување?
- Раскажување е редење на настаните од почеток до крај, но има и ликови
и описи во него.
Во кое лице се пишува епиката?
- Во трето.
- Епиката во стих има ритам и метрика
- Се обработуваат историски настани, за херојски теми, итн.

Eпика е книжевен род во кој се раскажуваат: големи историски настани, се


опеваат јунаци, итн.

Најпознат и најголем епски вид е епопејата, а помали епски творби се: епот
и епската песна.

Има многу прозни епски видови.

Најпознат прозен епски вид е романот. Но тоа е традиционалниот, класичен


вид на роман којшто има епска содржина. Но, модерниот роман не мора да има
елементи на епика. Во текот на својот развој романот се повеќе ја губи таа епска
суштина и особености.

ЕПИКА ВО СТИХОВИ

Најголемите епски дела се епопеи (пр. Епот за Гилгамеш, Рамајна,


Махапхарата, Илијада, Одисеја, Боженствената комедија итн.).

Епопеите можат да имаат: историска, митолошка и херојска тематика,


религиозна, филозофска, и др. Како структура имаат изградена композиција, тоа се
големи дела богати со: раскажувања и дигресии (отклонувања од темата),
повторувања, градации, хиперболи и др.

По големина, епските форми се делат на:

1. епопеја,

14
2. еп,
3. епска песна.

Епопејата е најголема епска форма. Таа наликува на роман, којшто подоцна ќе се


појави. Има дејства од масовен карактер, има многу ликови, заплети, дигресии, итн.

Епот е помала епска форма од епопеијата, но тој содржи еден централен настан,
има главен лик, и дигресии. Епот може да биде: историски, филозофски,
религиозен, херојски, дидактички (поучен), итн.

Епската песна е помала форма од епот, која зборува за мал, нецелосен епски
настан.

*Епско значи опширно.

ЕПСКИ ВИДОВИ ВО ПРОЗА

Најстари епски видови во проза се митовите, приказни со фантастична


содржина, создадени во првобитното општество. Митовите се креативни,
имагинативни, уметнички. Тие настанале од потребата луѓето да си ги објаснат
природните појави, настанокот на светот и човекот преку имагинативни
објаснувања. Настанале во недостиг од научни сознанија.

Постојат повеќе митологии: грчката, римската, кинеската, словенската и


др. Многу од митовите се вградени во други дела. Позати митови се: Митот за
Сизиф, Цар Едип, Прометеј, Дионис, Тантал и др.

Легенди се епски прозни видови кои имаат фантастична содржина, но за


разлика од митовите, тие се поврзани со вистински настани, историски личности
или постоечки места (топоси, градови, итн.).

15
Пр: „Легенда за Дојранското езеро“, „Легенда за бесмртната вода“, легенди
за градовите, и др.

Особено нашата традиција е богата со легенди. Има општи легенди и


локални.

Преданијата се слични со легендите, но се поблиски до историската вистина


и имаат пореалистична основа.

Космогониските преданија се преданија преку кои луѓето си објаснувале како


настанал светот.

Пр: „Предание за манастирот Заум во Охрид“, „За скопскиот мост на Вардар“ –


Цепенков.

Народните приказни се делат на фантастични и реалистични.

ФАНТАСТИЧНИ ПРИКАЗНИ

Сказните се омилен и популарен жанр. Сите култури имаат свои сказни или
фантастични приказни.

Постари видови се сказните – кои се фантастични приказни наменети за


најмалите читатели. Тие имаат измислени настани, ликови (кои често се и
натприродни суштества: самовили, змејови, ламји, и волшебни предмети).

Сказните имаат: заплети, борби помеѓу непријатели, борба за некоја цел, итн.
Во нив обично има поставено некоја цел (богатство, принцеза или друго). Тука е
важна борбата меѓу доброто и злото, и така се креираат црно-бели ликови,
односно позитивни и негативни. Тие имаат поучни, воспитни и етички пораки.

Најпознати авторски сказни на светот се оние на Браќата Грим. Но има и


многу други сказни, а мотивите ги има насекаде, во секоја култура и книжевност, и
има разни преработки.

Пр: Итрото овчарче – од Цепенков (тука има два апстрактни лика).

16
Басни се кратки поучни приказни за деца кои преку ликови на животни преку
алегорија ги опишуваат човечките особини.

Тие спаѓаат во фантастични приказни и најчесто се во проза. Алегоријата се


прави најчесто преку животните, но поретко и преку растенијата и предметите. Во
басните понекогаш има: хумор, иронија, потсмевање, сатира.

Велемајстор на сказните е Езоп, а од нашите простори Доситеј Обрадовиќ.


Преку басните се прикажани човековите недостатоци.

Пр: Езоп – за волкот (во примерот има елементи на хумор, поука,


наравоучение или афоризми на крајот).

Стилот на басните е поедноставен, адатиран за децата. Тие се универзални.

Приказни за животните се слични со басните, но се малку подолги од нив.


Кај нас ги има во традицијата на Цепенков.

Заклучок
Волшебните приказни во кои спаѓаат: сказните и басните се фантастични
приказни кои ја развиваат фантазијата на децата и чиатателите, во нив имаме
поларизација на ликови (добри-лоши). Најчесто се наменети за деца, но некои
можат да бидат и за возрасни. Тие ја развиваат фантазијата. Може да припаѓаат на
сатирата, поточно политичката сатира или друг вид на сатира.

Реалистичните приказни спаѓаат во епски прозни видови кои се раскажуваат


реални случки од секојдневниот живот. Имаат теми за: човечки особини (добрина,
трошење пари, чесност, мрзеливост, галантност, скржавост, мудрост, итрина,
итн). за различни карактери, за односи помеѓу луѓето (на пример: снаата и
свекрвата, или за тројцата браќа), итн.

Може да бидат хумористични. Биле многу популарни. На нашите простори


постојат во традицијата преку Цепенков, Шапкарев и др.

Куси епски видови во проза

17
Анегдоти се мали хумористични приказни во кои се раскажува случка (обично
смешна) од животот на некоја позната личност.
Пр: за мучкиот гениј Моцарт, за Кристофер Колумбо, за Анјштајн, и др.

Анегдотите лесно се паметат и се прераскажуваат. Обично содржат некоја


духовитост, но и мудрост.

Една од најинтересните куси епски творби е гатанката.

Гатанка е куса народна епска умотворба која се состои од прашање и одговор,


прашањето е метафорично претставување на предметот или појавата којашто треба
да се погоди.

Гатанките поттикнуваат способност за анализирање и погодување. Може да имаат


и воспитна порака, но некогаш се сведуваат само на укажување на предметот.

Особено се корисни за децатаза да ја развиваат логиката, но и своето општо знаење.


Кај децата секогаш упатуваат на размислување. Гатанката може да има различна
форма и структура. Најчесто е кратка реченица.

Кај писателите може да биде и во стихови.

Гатанките се интересни за учениците и помладите кои го осознаваат светот и


учат. Тие секогаш имаат клучен збор кој метафорички треба да се открие.
Пр: Стојан Тарапуза, Васил Мукаетов, Ели Маказлиева и др.

„Да е човек, не е човек, а со човек зборува.“ – (книга)


„Долга Неда, сенка нема.“ – (река/пат)
„Една тиква со 7 дупки.“ – (глава)
„Пожар гасне, ‘рѓа мие, безбојна е и се пие.“ – (вода)

Поговорки се кратки едночлени мудрости.

Бара влакно во јајцето

На лагата и се кратки нозете

Рани куче, да те лае

18
Сложни браќа град градат

Поговорката често претставува дел од пословицата која е поголема и


двочлена. Многу се слични и по содржина и по форма. Поговорките се
најкратки, но и во двете секогаш се кажува некоја мудрост.

Пословица е кратка народна мудрост составена од два дела:

Село гори, баба се чешла

Ако виното е кисело, срцето ни е весело

Денес везир, утре резил

Бадијала работи, бадијала не седи

Кучињата лаат, карванот си врви.

Брза кучка, слепи кучиња раѓа

Ако си овца, секој ќе те стриже

Без мака, нема наука

Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак

Тие се многу мудри, иако се кратки. Поучни се и корисни и за децата и за


возразните.

Некои може да имаат и стилски фигури, на пример: мака – наука. Тоа е


добро бидејќи полесно се паметат.

Преку нив стануваме помудри, бидејќи тие се концентрат од мудрости.

И обично се вика: Кусите приказни голем ум даваат.

Понекогаш се употребуваат и на крајот на некоја приказна како


поента (на пример во басните), како воспитна мерка, поука во детската
литература, но и во секојдневниот говор (на пр. Кучињата лаат, карванот си

19
врви; Брат брата не рани, ама тешко кој го нема, Брат за брат, сирење за
пари, Пара в рака, Мара за рака, Без леб, нема мотика!, Долга коса, краток
ум, Размили, па кажи!, Трипати мери, еднаш сечи, На лагата и кратки нозете,
Мрзата е краста, Убав збор, железни врати отвора), во политичкиот говор, во
Собрание, во парламентарниот живот, во кампањите, во односите со
јавност, во прозата (пр. кај Петре М. Анреевски „По раќање, жената
станува нива“ – тоа го кажува ликот, но може потоа да биде обнародена),
кај мудрите говорници, кај постарите луѓе, итн.

Идејата на кратката форма е со малку зборови, многу да се каже.


Поговорките и пословиците може да бидат од народнато творештво, но и од
светскота ризница (разни култури имаат мудри мисли). Нашето творештво,
особено народното е многу богато со овие творби и нив народот ги сакал. Му
биле утеха и од нив станувал помудар.

Писателот Стојан Тарапуза вели: „На зборовите да им е тесно, а на


мислите широко.“ ( од книгата Мудрозборки: „Мудрословија“).

Афоризми се кратки мудри мисли, кои може да бидат духовити.

Пр. Животот е прекраток за да го живееш два пати.

Има секакви изданија: лексикони, енциклопедии, џебни изданија, тематск изданија,


итн.

Ни помагаат во животот да бидеме мудри. Има и практични изданија. Тие имаат


економија на формата, концизни се што значи дека со малку зборови многу
кажуваат. Со нив ја развиваме чистата мисла и реториката. Некои пренесуваат
старо древно искуство. Тие се знак за традиција и мудрост.

Заклучок:

Кусите форми како: гатанките, пословиците и поговорките имаат воспитна и


едукативна (образовна) улога.

Брзозборки, игрозборки и бројалки се кратки епски прозни видови со кои


особено е богата македонската литературна традиција.

20
Во игрозборките авторот низ игра создава форма игрозборка која интересно
звучи, но не мора да има логичка смисла. Тоа се всушност игри на зборови.

Со игрозборките и со брзозборките се подобруваат говорните способности од


најмала возраст, а може и подоцна.

Брзозборките се брзи, куси, епски творби кои брзо се изговараат и се


повторуваат, најпрво со умерено темпо, а потоа сѐ побрзо.

Игрозборките и брзозборките се наменети за разговетност, јасност на говорот,


дикција, акцент, артикулација, динамика и ритмика. Брзозборките се потребни и
идеални за децата, за актерите кои вежбаат правоговор и култура на говор.
Понекогаш се смешни особено кога ќе згрешиме, но децата најубаво учат низ смеа
и игра.

Како се прават овие вежби?


-Со повторување, пожелно пред огледало, може со асистенција од помагала.

Бројалки се кратки форми со кои се подобрува говорната способност преку


броење. Преку нив учениците можат да учат нови броеви или зборови.

Во поезијата на Гане Тодоровски има игрозборки. Песната „Песна за Загорка“


почнува со игрозборка:

Пр. „Зага е загатка, Зага е гатка“.

Пр: Во песната „Две игрозборки“ се вели:

„О, Гане Гане,

оган е Гане!“

„Ура Гане, ура Гане,

ураган е Гане“.

21
Позната и убава игрозборка-песна е песната на Гане Тодоровски „Горда песна“.

Вицовите потекнуваат од народното творештво, тие се смешни куси форми, сѐ


уште актуелни народни творби.

Благослови се благопожеланија, посакување на желби.

Раскази, повести, романи

Расказот е еден од основните и најважни книжевни видови. Тој се јавува во


различни епохи и цивилизации во различни форми. Присутен е и во усната
литература и особено во писмената. Расказите се куси епски творби (но не најкуси),
кои што потекнуваат од народните приказни, но тие се авторско дело, а не се
(можеби од секојдневниот живот, но и не мора). Расказите се омилена форма и во
литературата за деца и во литературата за возрасни. Современата македонска
расказна литература е многу успешна и богата.
пр: Ѓорѓи Абаџиев – расказот „Табакерата“.

Повест и новела – по форма се помеѓу расказот и романот.


*Епската песна одговара на расказ, а голем еп или епопеја одговара на роман.

Романот е најголемо прозно епско дело во кое што има големи настани, заплетена
и сложена фабула, многу ликови (главни и споредни), многу описи и се зборува за
големи историски настани (Војна и мир – примерок на рускиот реализам). Тоа се
традиционални видови романи кои се јавуваат во 19 и почеток на 20 век, и затоа
класичниот роман спаѓа во епика.

22
Но, модерните романи како на пр: романот „Уликс“ од Џејмс
Џојс – дејство во едно деноноќие, но има и психолошки романи (Злосторство и
казна од Достоевски, Странецот од Албер Ками, и др. Романот „Вештица“ од
Венко Андоновски – постмодерен роман, има цитати, мејлови, мини-есеи, повеќе
раскажувачи, итн. и не е класичен роман). Модерниот романот веќе и не се вика
роман, туку нова проза. Во современата ера се работи на изневера на жанрот, со
што настануваат хибридните жанрови. Се јавуваат и нови видови кои што се
хибридни жанрови.

Во белетристика спаѓа сите литературните видови што ги набројавме досега, а


отсега ќе работиме за публицистички и научни видови.

есеј, статија, расправа, студија, полемика, биографија, автобиографија, патопис,


дневник, беседа, репортажа, критика, колумна, фељтон.

Публицистика и научно-книжевни видови

Публицистиката подразбира текстови што се печатат во весниците, списанијата,


се објавуваат јавно, на интернет и во одделни книги како публикации. Во
публицистички видови спаѓаат новинарска, журналистичка статија, фељтон,
репортажа, колумна и патопис.

Есеј е научно-уметнички прозен вид во кој на оригинален начин се толкува некое


прашање. Есејот, содржи и научни и уметнички (белетристички) елементи.

Може да разработува различни теми. Тој треба да има оригинална композиција и


сликовит стил. Есејот може да обработува литературни, културни, филозофски,
општествени и други прашања.

Статија е напис во кој се изнесуваат размислувањата за прашања во врска со


литературата, уметноста, политиката. Тоа се кратки текстови кои најчесто се
наменети за весници и списанија (новинарски статии).

Расправа е дело во кое научните тврдења се поткрепени со аргументи, а


изворите од кои се црпени се наведени во фусноти. Расправата се одликува со:
објективност, студиозност и документираност. Расправата има воведен дел, дел
каде се поставуваат тезите, разработка, аргументирано докажување и заклучок.
Дипломските работи, магистерските и докторските дисертации се вид на

23
научни расправи.
*Во расправа спаѓа и студија - исто така обемно научно дело (најчесто е на една
голема тема).

Полемика е напис или текст во кој се расправа за нечии сфаќања, или се


оспорува нечија теза и со аргументи се побива туѓото мислење. Полемиката е
остар судир на две спротивставени мислења. Ставовите се бранат со аргументи, но
и со јазичната способност на авторот. Важна е силата на аргументите во
комбинација со силата на јазикот (односно изразноста) - најсилните елементи во
полемиката. Често се случува во полемиките освен аргументите да се нападне и
личноста која ги произнесува. За успешноста на полемиката пресудуваат
читателите. Познати наши полемичари се Димитар Митрев, Димитар Солев,
Атанас Вангелов, Димитар Солев, Димитар Митрев и др.

Биографија е животопис на некоја личност, а најчесто се пишуваат за славните


личности од значајни области. Биографиите ги имало од сите и во сите времиња и
во сите култури. Биографија има секој човек затоа што во суштина тоа е дело од
значајните животни настани на поединецот. Постои

 професионална биографија - CV,


 романсирана (белетризирана) биографија - се служи со пластично и
уверливо раскажување и се прави во вид на спој од реалните податоци за
животот на личноста и уметничките елементи (фиктивни, измислени),
 автобиографија - животопис напишан од самата личност која се заснова на
лични спомени и е субјективна.

Дневник е позната литературна форма во која личноста води записи за дневните


настани. Оваа форма била особено популарна и модерна при крајот на 19от и
почетокот на 20от век и тоа често во литературна, белетризирана форма. Децата
исто така воделе дневници.
Пр: Дневникот на Ана Франк

Фељтон е краток текст со секојдневна тема, научно-популарна, општествено-


политичка или некоја пообична, забавна содржина. Најчесто се печати како
додаток во дневните и неделните весници, обично во продолженија. Фељтонот
претставува литературно-публицистички жанр. Има карактер на полесна
литература за забава (може да биде напишана дури со шеговит тон, но не мора).
Може да има сензационалност и навлегување во интимата на познатите

24
личности. Може да има и публицистички и литературен фељтон. Пр: Наш свет -
рубрика Фељтон

Репортажа е новинарски напис во кој на сликовит начин се раскажува настан


(можеби од денот, но без да се прави подлабока анализа). Субјективните
коментари и стилот на авторот внесуваат уметнички елементи во репортажата.

Патопис е публицистичко-литературен вид во кој се опишува или раскажува некое


патување. Патописот не мора да е објективен опис, бидејќи авторот внесува свои
видувања и свои доживувања. Познати се патописите на Евлија Челебија, Љубе
Цветановски, Јагода Михајлова-Георгиева и други.

Колумна е авторски текст за некоја актуелна тема. Таа е лично мислење,


авторско толкување, доживување на реалноста на свој начин. Може да биде на
политичка, општествена, социјална и многу други теми. Колумната е
комбинација на публицистичко-креативен, оригинален стил. Може да има
некоја мудрост, да разработат некоја тема опширно и кај нас се многу популарни.
Познати наши колумнисти се Атанас Вангелов, Венко Андоновски и други.

РОД ЛИРИКА

За родот лирика ќе зборуваме во вториот семестар.

Тогаш ќе ги објасниме и лирско-епските видови.

ХИБРИДНИ ЖАНРИ

25
Хибрид значи нешто составено од две или повеќе различни нешта. Хибридни
жанри се мешани жанри. Хибриден жанр добиваме кога доаѓа до мешање на
родовите и видовите. Особено поновата литература има хибридни жанри.

Традиционално, на пример, романот спаѓа во епика, но современиот роман


сѐ повеќе се оддалечува од епиката и затоа се повеќе се вика нова проза.

На пример поновиот роман на 20 век како „Уликс“ од Џемс Џојс се случува


само во 24 часа.

Пр. романот Вештица од Венко Андоновски е модерен хибриден жанр затоа


што внатре има: раскажувања, два паралелни романи (во различно време),има
писма, мејлови, приказни, роман во роман, есеистички парчиња, полемики, дури и
теорија на литература,итн.

Во пост-модерната литература особено се прават такви, но и други видови


иновации. Наши такви автори се меѓу останатите и Горан Стефановски со неговата
трагикомедија – „Демонот од Дебар маало“.

Горан Стефановски вели: „Жанрот е поглед на свет.“


Доколку земеме една обична тема по случаен избор, на пример „Едно момче сака
да се жени“ или „Скржавец“, од таа основна тема може да направиме различни
жанри: комедија, трагедија, трагикомедија, романса, мелодрама, трилер, акција,
детективски роман и уште многу други.

И помеѓу поезијата и прозата може да постои таква „игра“. На пример,


поезијата на Гане Тодоровски, наликува на раскажувачка поезија. Исто така во
творештвото на Петре М. Андреевски, за поконкретен пример да ги земеме
„Дениција“ и „Вечна куќа“, може да се забележи дека во некои дело ви личат на
раскази, заради присуството на раскажување, нарација. Додатно, тој на места врши
поетизација на прозата, од што изведуваме заклучок дека прозата може да има
поетски стил и обратно.

Пример за хибриден жанр е трагикомедија „Демонот од Дебар маало“ од


Горан Стефановски.

Претоп на видови

26
Едно литературно дело може да биде претопено во друг вид.
Пр: „Цар Едип“ првично е мит кој потоа станува трагедија.

Ана Каренина најпрво било роман, а потоа сме го гледале и филм. Исто и
„Војна и мир“. романот во стихови „Евгениј Онегин“ се претопил во филм.

„Македонска крвава свадба“ е драма – ја има и како филм, „Солунски


атентатори“ тоа е драма, а потоа тв-драма, романот „Црно семе“ од Ташко
Георгиевски го има и како филм. Драмата „Црнила“ од Коле Чашуле, ја има и како
тв-драма, романот „Големата вода“ го има и како филм.

„Хари Потер“ од книга во филм.

Детска литература

Литературата за деца е посебен вид литература која се развива во повеќе


жанрови. Ја има како поезија за деца, ја има како проза, итн.

Трагедија според Аристотел

Најстарите драми се пишувани во стихови, но денес драмите можат да бидат


и во слободни реплики. Драмата може да има различни форми и видови.

Во своето епохално дело „За поетиката“ Аристотел прави теорија на


трагедијата во делото, а помалку пишува и за комедијата.

27
Аристотел говори за терминот memezis, кој значи подражавање (имитација).

Трагедиите се пишувале на висок, возвишен стил (за повисоката класа),


Најстарите драми се пишувани во стихови, но денес драмите можат да бидат и во
слободни реплики. Драмата може да има различни форми и видови.

Драмата е имитација, ликовите имитираат дејства на сцената.

Аристотел вели дека memesisot им е иманентен (својствен, близок) на луѓето,


уште од раѓање. Сите луѓе сакаат и обожуваат memesis. Особено децата уживаат
во тоа да имитираат и преку тоа тие го осознаваат светот и животот. Така растат.
На пример: тие имитираат различни улоги и професии: учтел, доктор, итн.

Трагедијата Аристотел ја дефинирал во својата книга „За поетиката“. Тоа е


епохално дело со одлична теорија на трагедијата.

Македонскиот превод на делото од Михаил Д. Петрушевски се смета за еден


од најдобрите на светот (има предговор и коментари).

Според Аристотел драмите прикажуваат лица што дејствуваат


(имитираат, подражаваат) и прават memesis, за разлика од diegesis - што
значи раскажување и го има во епот.

ДЕФИНИЦИЈА НА ТРЕАГЕДИЈА СПОРЕД АРИТСТОТЕЛ

Дефиницијата на трагедија според Аристотел гласи: „Трагедија е


подражавање на сериозно и целосно завршено дејство со определена должина
во дотеран говор преку лица што дејствуваат, а што со жал и страв го
исполнуваат составот на таквите собитија.“

Трагедијата има 6 делови:

1. фабула, според Аристотел – e душа на трагедијата. А заплетот е состав од


собитија.
2. характери (карактери)

28
3. мисли (со кои се искажува нечиј став, размислувања).
4. израз
5. музика
6. сцена.

Најважни се дејствата, втрoстепени се ликовите (карактери), потоа следува израз


или стил, потоа е музика (хор) или музичка придружба, сцена – во денешно време е
сценографија.

Познати трагичари се: Есхил, Софокле и Еврипид.

ТЕОРИЈА НА ЗАПЛЕТ

(според Аристотел)

Делови на фабулата според Аристотел се:

1. пресврт (промена на текот на дејствување на работите во спротивен правец


по веројатноста или нужноста)
„Се случило спротивното, како последица на преземеното дело, овој да
загине, а оној да се спаси..“ – Аристотел.
Примери:

29
1. Цар Едип го бара убиецот на Лај, но на крајот го наоѓа во себеси.
2. Цар Едип го обивинува Креонт, а потоа сфаќа дека згрешил.
3. Наместо да биде казнет Креонт, казнет е Едип.

2. препознавање е премин од незнање кон знаење (или кон пријателство или


кон непријателство на луѓе кои што биле определени за среќа или несреќа).

Аристотел вели дека: „Најубаво е препознавањето кога воедно се случуваат


и пресврти, како на пример во Ојдип, зашто таквото препознавање и со
таквиот пресврт ќе може да се постигне или жал или страв.“

пр: 1. Едип дознава и сфаќа дека е таткоубиец и мајкољубец (пресврт +


препознавање)
2. Јокаста сфаќа и дознава дека е сопруга на својот син (пресврт +
препознавање)
3. Едип дознава и сфаќа дека им згрешил на Креонт и Тиресиј (пресврт +
препознавање)

3. страдање е нешто што причинува штета или болка, како што се убиствата
извршени јавно (пред нечии очи), измачувања, ранувања и сл.
пр:
1. Едип го убива Лај.1
2. Јокаста се беси.
3. Едип си ги боде очите.2

ТРАГИЧЕН ЕФЕКТ

Секоја трагедија, освен овие елементи на заплетот, има и трагичен ефект.

Трагичен ефект е кога страдањата се вршат меѓу свои луѓе (на пример: како
кога брат убива брата си, син убива татка си, мајка сина си, син мајка си итн.) - тоа
треба поетот да го бара – вели Аристотел.

Првиот услов е:

1
Не е на сцена.

2
И се самопрогонува.

30
- Злодело меѓу блиски (крв против сопствена крв).

Вториот услов е:

- Делото да го направил ликот од незнаење и дури подоцна дознава дека


убиениот му е некој близок, како во Софоклевиот Ојдип.

Пример за трагичен ефект во делото:

1. Едип го убива Лај;


2. Едип ѝ наштетува на Јокаста.

ТРАГИЧЕН ЛИК

Трагичен лик има кога доаѓа до страдање, убиства и ранувања меѓу блиски,
кога ликот убива од незнаење и кога тоа се случува по некоја нужност и
неизбежност. За да постои трагичен лик, мора да се исполнат 7 услови:

1. Луѓе од висок слој Едип е цар.

2. Незнаење Едип не знаел дека го убива татка си.

3. Заслепеност Едип е заслепен од моќта.

4. Грешка Едип греши кога го убива татка си.

5. Сопствена вина Едип греши по своја вина.

6. Препознавање на грешката Едип ја дознава вистината

7. Каење/страдање Едип се кае и страда.

31
Заклучок:
Трагичен лик е Едип, затоа што ги исполнува сите седум услови.

Постојат два вида на фабула: ПРОСТА и ЗАПЛЕТЕНА.

ДРАМА

Родот драма содржи повеќе видови и подвидови.

Драма е дело кое пред се е дејствување.

Обично драмите се дела наменети за сцена, но може и да не се изведуваат,


туку да се читаат. Најчесто се изведува на сцена, но може да биде и како
книжевно дело.

Драмата има реплики, дијалози, разговори.

Драмата е претставувачка уметност, таа претставува.

Претставувањето на ликовите и настаните се врши преку дијалог или


полилогија.

Театарот е медиум каде што се изведува драмското дело. Делото се


изведува на сцена, пред публика.

Драмскиот текст постои првично во форма на сценарио, кое потоа се


изведува од страна на актерите. Во својот почеток драмата била блиска до епика,
бидејќи имала настани (фабула), ликови. Во античката трагедија имало хор, кој
што бил раскажувач.

32
Постојат неколку основни видови драмски дела: трагедија и комедија, но и
повеќе подвидови.

Трагедиите биле напишани на висок или возвишен стил, а комедиите биле


напишани во слободни реплики со т.н. прост или вулгарен стил близок до
народот (за народната класа).

ОПШТА ТЕОРИЈА НА ДРАМА

На почетокот на секоја драма има претставување на ликовите.

Упатствата кои се дадени во заградите од страна на драмскиот автор се


викаат дидаскалии.

Дијалогот, монологот и полилогијата се основните белези на драмата.

Дијалогот е разговор меѓу двајца.


Монологот е говор на ликот сам со себе, а полилогија е разговор помеѓу повеќе
ликови.

Има разни видови драми.

Елементи кои драмата може да ги содржи се:

афиша (театарска листа) – се наоѓа на почетокот од драмата и во неа се содржани


информации за ликовите, времето и местото на случување, но и за: режисерот,
актерите, костимографот, итн.

пролог – се наоѓа на почетокот и нѐ информира за времето и просторот каде ќе се


одвива драмското дејство;

33
чинови – заокружени тематски целини на секоја драма, делови на драмата.
Во минатото имало строги правила за чиновите, драмата морала да има 5 чина, што
не важи и денес (на пр. операта има по 5 чина).

Но, денес драмите можат да бидат и: едночинки, драми без чинови, драми со слики и
сцени, пиеси, итн.

епилог – се јавува на крајот од драмата и во него се кажува некоја порака или пак
се дознава што се случува потоа со ликовите.

дидаскалии – упатства во заграда (за режисерот или актерите).

Класичната драма треба да содржи пет делови:

1. експозиција – вовед во драмата, запознавање со ликовите;


2. развивање на судирот (конфликтот) – почеток на заплет
3. кулминација – заплет (врв на конфликтот)
4. перипетија – пресврт на настаните (се случува нешто неочекувано,
непредвидено)
5. расплет – разрешување на конфликтот.

Конфликтот претставува судир кој се случува меѓу протагонисти и антагонисти.


Тоа се ликови кои имаат различни ставови и сфаќања и се борат за различни и
спротивставени цели. Конфликтот може да биде меѓу два и повеќе ликови, но може
да се одвива и во внатрешноста (психата) на само еден лик.

КОМЕДИЈА

Комедијата е драмска творба во која има комичен заплет и обично се


исмеваат некои комични особини на луѓето (недостатоците на луѓето и
негативните појави во општеството). Терминот комедија доаѓа од грчки збор кој
значи весела песна. Во комедијата судирот, дејството и ликовите се прикажани
комично, односно се гледа смешната страна на животот. Била пишувана на
прост, вулгарен стил, наспроти трагедијата. Авторот преку хуморот сака нешто да
ни каже.

Во зависност од тоа што се исмева, разликуваме неколку подвидови


комедии:

34
1. комедија на карактери – каде смешното се однесува на некоја карактерна
особина на главниот лик (вообразеноста, мрзеливоста, скржавоста,
лицемерието, љубомората, лекоумноста);
2. комедија на интрига – каде смешното се однесува на ситуациите,
сплетките меѓу ликовите, на кои им се случуваат неочекувани пресврти и
недоразбирања;
комедија дел арте – комедија која содржи типизирани ликови и се одвива
под маски;

Други подвидови на драми се:

1. трагикомедија – драма во која се преплетуваат комични и трагични


елементи;
2. фарса – кратко комично драмско дело кое предизвикува смеа или потсмев;
(„Демонот од Дебар Маало“ од Горан Стефановски)
Се јавила во средниот век, била играна на плоштади и пазари и служела за
разонода и забава
3. гротеска - комедија во која смешното се постигнува со пренагласување на
некоја особина на ликот кој е претставен како карикатура; содржи потсмев,
сатира;
4. антидрама – современа драма која ги отфрла законитостите на класичната
драма,
5. драма на апсурдот преку симболични и гротескни ситуации се покажува
апсурдноста на постоењето (пр: Чекајќи го Годо од Семјуел Бекет);
6. TV драма. Пример: „Црнила“ од Коле Чашуле.
7. радио драма
8. филм
9. ТВ серија – драма во повеќе епизоди;
10. Монодрама и други.
Во драма спаѓаат и: пантомима, балет (има либрето), опера, ТВ филм,
филм, ТВ драма, документарен филм, итн.

35

You might also like