You are on page 1of 15

Женското писмо

(не) постои

Елизабета Баковска
12 март 2016 година
Апориски (контрадикторен?) концепт
Што е женско писмо?
Секој текст напишан од жена.
Што е жена?
Tota mulier in utero.
Дали жена е (само) биолошка одредница?
On ne naît pas femme: on le devient.
Дали идентитетот е фиксна категорија?
Do we ever stop becoming?
Но...
Ecris-toi: il faut que ton corps se fasse entendre!
Женско писмо Х 2
écriture féminine (од аспект на самото
писмо, внатрешно, инхерентно, речиси
лингвистички (т.е. со претпоставка дека во
јазикот постои женска иманентност)
women’s writing (од аспект на авторството
на писмото, т.е. надворешно, условено,
речиси есенцијалистички (т.е. со
претпоставка дека родовата припадност на
авторот веќе ја условува, детерминира
природата на писмото)
Belles lettres и пошироко

„Денес дискусијата за женското писмо се води


најмалку во три насоки: (1) женското писмо
како автентична литература на жени автори,
(2) женското метаписмо, или тн.
феминистичка критика пишувана главно (не и
апсолутно) од жени автори и (3) женското
параписмо (псевдописмо!) т.е. феминизмот
како социјално движење и политички проект,
како интердискурзивна и интермедијална
пракса“ (Катица Ќулавкова)
Toril Moi (1953)

Sexual/Textual Politics (1985)


Сексуална/Текстуална политика
(2001)
- англоамериканска феминистичка критика
(прагматично-ревизионистичка)
- француска феминистичка теорија
(филозофско-суштинска)
Virginia Woolf (1882-1941)

A Room of One’s Own (1929)


Сопствена соба (1999, 2012)
Professions for Women (1931)

„Жената мора да има пари и сопствена соба


за да може да пишува“. Сопствената соба“ како
сопствен простор, во материјална (просторна) и во
апстрактна (временска) смисла.
Virginia Woolf

Тековни состојби
 „…очигледно е дека женските вредности често се разликуваат
од оние што ги создал спротивниот пол; и природно е да биде
така. Но сепак преовладуваат машките вредности. Грубо
речено, фудбалот и спортот се ’важни’; обожувањето на
модата и купувањето облека се ’безначајни’. А овие вредности
неизбежно се пренесуваат од животот во прозата“
 „...првата реченица што ќе ја напишам ќе биде дека е погубно
за сите оние кои пишуваат да мислат на својот пол. Погубно е
да се биде чист и едноставен маж или жена; мора да се биде
женско-машко или машко-женско. Погубно е за жената... на
кој и да е начин да зборува свесно како жена. А погубноста не
е само метафорична; зашто сè што ќе се напише со таа свесна
пристрасност е осудено на смрт“
Hélène Cixous (1937)

Le Rire de la Méduse (1976)


Есеј-манифест.
„Зошто не пишувате?
Пишувајте! Писмото е ваше, земете
го, вашето тело е ваше, земете го!“
„Бело мастило“
Julia Kristeva (1941)

La révolution du langage
poetique (1974)
„Семиотичкото“ во јазикот,
Телото на Мајката наспроти јазикот кој
настанува со влегувањето во
симболичното, т.е. Законот на Таткото)
Luce Irigaray (1932)

Speculum, de l’autre femme


(1974)
Позицијата на субјектот е
машка.
Филозофијата отсекогаш
артикулирала фундаментални
епистемолошки, онтолошки и метафизички
вистини од машка перспектива.
Elaine Showalter (1941)

A Literature of Their Own


(1977)
Toward a Feminist Poetics
(1979)

- феминистичка критика,
„начинот на кој жената читател го менува нашето сфаќање
на еден даден текст, будејќи го за значењето на неговите
сексуални кодови;
- гинокритика, која ја гледа „жената како произведувач на
текстуално значење, со историски теми, жанрови и структури
на книжевноста напишана од жени.
Македонска феминистичка критика

Катица Ќулавкова, Феминистички стратегии


(1998)
Јасна Котеска, Македонско женско писмо
(2002)
Елизабета Шелева, Наташа Аврамовска,
Славица Србиновска, Весна Мојсова-
Чепишевска, Јасмина Мојсиева-Гушева,
Ангелина Бановиќ-Марковска, Соња
Стојменска-Елзесер
Оливера Ќорвезироска, Јадранка Владова,
Лидија Димковска
Име за паметење
Гордана Михаилова Бошнакоска
...сега таа му се мести врз свежиот ерективен орган, врз
сеќавањето на она што си го кууусеа и докууусувааааааххх,
мила моја сопатничке, ја дочекува неговата засушена уста,
додека го спуштаме нејзиното коооонечно тело, врз неговото
коооонечно тело, да се соединат коооооооонечно во овој
августовски летен пролетен ден...
И сега ја дочекува, после четиринаесет години, неговото мртво
тело сосема негибнато од земјата, од колепката на неговото
ненадејно заминување... Офффффф воздишки на допири на
нашата влажна летна кожа, на нашата незаборавена пладневна
љубов, во креветот на нашите пријатели од четириесет и
третата, додека ги лижевме окупаторските лижавчиња од
карамел шеќер,... додека си лежевме свежи, млади и ллллепи во
белите англе чаршафффи.
Мирис
Оливера Николова
Седиш со собрани коленици во собата на главната сестра на
породилиштето.
Нозете ти се ледени, стомакот напнат, небаре ти, на овие години,
ќе го возобновиш свесно чинот на раѓањето, на кој е осудена ќерка
ти...
Па сепак, се раѓа твоето прво внуче. Тоа ќе расте пред твои очи,
како што сега се раѓа со твојот слух, во соседната сала, меѓу
изобличените крикови на твоето чедо, кои, еве, не ги препознаваш –
дали свесно? дали несвесно оспорувајќи ги? – и кои, наместо да те
приближуваат до осуденичката болка на која имаш привилегија да
сведочиш, поради познанството со главната сестра, всушност го
оддалечуваат од тебе чинот на овој потресен напор, не да се започне
нов живот, туку тој да се пресоздаде.
Се вдвојуваат времињата, некогашни и сегашни, го прават
безлично сопственото доживување, ти стануваш безлична.
Палавиот Амор
Јадранка Владова
Многу е тешко да се погоди вкусот на жена ми. По сите изминати
години од бракот таа веќе не се присилува на неминовен восхит при
примањето на подароците. Таа е студена и многу брзо открив колку
нејзините восклици на воодушевеност при дарувањето, биле
всушност – преправање, стапица...
Без збор, бидејќи одамна минало времето кога верував дека
зборовите можат да помогнат во нашата комуникација, го ставив
Аморот во спалната соба врз шкафот кој ги делеше нашите кревети.
Безброј пати сум ја видел таа омраза во нејзините очи. Најчесто
кога моите малубројни пријатели ќе ме посетат со децата. Со таков
поглед ги сече детските палавости. А Аморот беше вистинско дете
кое кај секој нормален човек ќе предизвикаше нежност...“
Самиот тој, одмаздливиот Амор, во својата омраза, бесконечно
долго ја задржувал водата, која не пронаоѓајќи го отворот на устата,
со огромниот притисок го разнела неговото убаво тело на
парчиња... Требаше да го сочувам во мојата соба.

You might also like