You are on page 1of 8

Модерна литература 

(модерната) се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX


век.
Во тој период капитализмот доживува највисок стадиум — империјализам. Моќните
капиталисти се здружувале во трустови зад кои стоела и државата која освојувала
колонии — во Африка, Азија и Јужна Амарика, каде црпеле богатства и евтина работна
сила. Односите меѓу работниците и буржоазијата се заостриле до крај. На повидок биле
револуциите на пролетеријатот.
Ваквите општествени услови придонеле да се појави нов правец во литературата —
модерна; која обединува многу струења: симболизам, импресионизам, експресионизам,
надреализам, дадаизам, футуризам, имажизам, акмеизам итн.
Под поимот модерна литература се подразбира бегање од реалноста, но и потрага по
нов уметнички јазик и израз. Сите овие струења ги обединува антитрадиционалистичкиот
однос кон литературата и уметноста.

Модернистички струења
1. Симболизам — се појавува во Франција со девизата „уметност заради уметност“ на
теоретичарот Маларме. Претставата за светот и животот се предава во симболи кои само
асоцираат на вистината. Симболистите сакаат да сугерираат, да навестуваат, да го
оприсутнат постоењето на невидливото, на далечното и отсутното. Со симболизмот
започнува таканаречената модерна литература, а нејзини претставници се: Шарл Бодлер
и Едгар Алан По.

2. Импресионизам претставува пренесување на импресиите (впечатоците) од и за


надворешниот свет. Во импресионизмот се употребуваат многу бои, многу детали и
лирски описи, а отсуствува духовната и мистичната страна која е одлика на симболизмот.
Тука се инсистира на сетилноста, со што е сроден со натурализмот. Претставници се:
Артур Рембо, Рајнер Марија Рилке.

3. Футуризам — настанува во Италија, 1909 год.  Автор и втемелувач е Филипо Томасо


Маринети со Футуристичкиот манифест. Тој ја нагласува потребата од ново движење –
динамична уметност, во согласност со новото време. Се залагаат за отфрлање на
традицијата, на сето претходно во однос на поетскиот јазик и синтакса, употребуваат
многу вулгаризми, неологизми, варваризми итн. Ја величаат машкоста, борбените
вештини и сопственото јас. Поезијата е пишувана со слободен стих, а самиот Маринети
не бара совршени примери во природата и во човекот, туку во машината.

4. Експресионизам — се јавува во Германија, во предвечерието на Првата светска војна.


И тој претставува израз на новата урбана култура. Директно му е спротивен на
импресионизмот и го нагласува и предимензионира изразот и визијата на
катастрофалните состојби: болка, страв, ужас, глад, војна, смрт. Во експресионизмот се
дава значење на душата, која чувствува и ја впива целата слика, за разлика од самите
очи, кои гледаат но не чувствуваат. И тука се употребуваат многу бои, но тие не се
соодветни на природата.
Претставници се: Бертолд Брехт, Франц Кафка, Готфрид Бен, Георг Хајм, Георг Тракл,
Оскар Кокошка и др..
5. Дадаизам — (дада — играчка, дрвено коњче) се јавува во Швајцарија за време на
Првата светска војна, во циришкото кабаре Волтер. Дада — коњчето е замислено како
тројански коњ кој ги симболизира лажните цивилизациски вредности на Западот, особено
засилени со безнадежноста во контекст на војната. Духовен водач на групата е Тристан
Цара. Дадаистите имаат презирен однос кон уметноста и ја негираат. Сликаат предмети
од областа на бесмисленоста и примитивноста, рецитираат бесмислени песни само со
нивната звучна страна (музика на шумовите) итн.
.
6. Надреализам — надвор од реалното. Авторите го мешаат сонот и јавето, тоа се еден
вид привидувања, диктат на потсвеста. Се појавува во Франција, а претставници се:
Андре Бретон, Луј Арагон, Пол Елијар, Жак Превер и др.

Едгар Алан По

Едгар  Алан  По (1809-1849) бил поет од времето на симболизмот и негов најзначаен


претставник. Бил роден во Бостон, САД.
Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил
неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и
таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со
потаткото поради коцкарството на самиот По и ја изгубил неговата материјална поткрепа.
Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки.

Две години бил во американската армија, за потоа целосно да ѝ се посвети на


литературата. Работел како публицист и уредник на повеќе списанија, но цел живот бил
сиромашен и гладен. Смртта на неговата млада сопруга бил еден од натешките негови
мигови, со што тој ќе падне во емоционална нестабилност, ќе се растрои и ќе му се
оддаде на алкохолот и дрогата. Живеел во агонија, работел многу, претчувствувајќи ја
блиската смрт.

По е автор на бројни дела:

 Стихозбирка „Тамерлан и др.песни“


 Раскази „Златен инсект“, „Паѓање на куќата на Ушер“, „Срцето на предавникот“,
„Јама и нишало“
 Новела „Убиство на улицата Морг“, „Доживување на Артур Гордон Пим“
Поемата „Гарванот“ е едно од најпознатите литературни дела на Едгар, и се смета како
круна на поезијата на овој автор. Напишана е во прво лице, од перспектива на непознато
лице, а кое може да биде и самиот По.

Имено, во поемата се зборува за тагата на нараторот по својата рано почината млада


сопруга. Се опишува неговата опсесија по изгубената сакана личност чија смрт не е
расветлена.

Структрурата на оваа поема е сосатвена од 18 строфи со по 6 стиха, вкупно 108 стиха.


Покрај своите лирски елементи, содржи и елементи на проза поради појавата на заплет
на ликовите.

Започнува со опис на ситуацијата во која се наоѓа поетот, која ја прикажувал како гаден,
мрачен, застрашувачки амбиент. Описот се задржува до завршетокот на поемата и
станува уште посилен.

Гарванот

Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,


дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, – чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,


жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,


грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:


„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!
Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,


зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,


низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука сета


одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица


ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само


в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,


„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”
Но Гавранот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,


без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими


божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,


птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне


oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”
Шарл Бодлер

Шарл Бодлер (1821-1867) е претходник на симболизмот и со него започнува модерната


литература. Бодлер е роден во Париз, 1821 година. Рано останал без татко, кого мајката
брзо го заборавила и се омажила за друг. Очувот бил од вишите аристократски кругови и
добро го прифатил Шарл, но тој се чувствувал гневно и навредено, па постојано ќе ѝ
префрла на мајка си. Студирал правни науки, но повеќе ќе му се оддаде на боемскиот
живот отколку на учењето. Тој целосно ќе му се предаде на чувството на осаменост и
потиштеност. Мајка му сакајќи да го излекува го испратила на пат во Индија. Тој не
стигнува до таму, туку се враќа во Париз, каде го продолжува својот несреќен живот.

Во неговата поезија сè ќе стане подредено на неговите бизарни (настрани, чудни)


чувства, за тоа време дури страшни, што ќе биде причина неговата поезија да биде
окарактеризирана како „општествен престап“. Стихозбирката „Цвеќиња на злото“ наидува
на остра осуда од законот и Бодлер ќе биде изведен пред суд и ќе плати 300 франци
казна за „повреда на јавниот морал“.
За време на животот бил признат само од неколкумина свои истомисленици, но денес,
неговата збирка „Цвеќиња на злото“ се смета за едно од најзначајните лирски дела на XIX
век.

Цвеќиња на злото
.
Стихозбирката „Цвеќиња на злото“ е животното дело на Шарл Бодлер кое тој го работел
повеќе од 25 години. Тој, всушност постојано ја надополнувал збирката.
Бодлер поаѓа од ставот дека на поетот му е судено проклетството да се судри со светот.
За него, уметноста е пресоздавање на стварноста во симболички значења. Тој се обидува
да изнајде поетски јазик со кој ќе го искаже неискажливото во светот, односно
заднинското таинство на врските меѓу нештата. Тој се обидува да достигне на некое друго
ниво на свеста, симболичко ниво каде ќе ги открие тајните врски меѓу појавите и
предметите. Всушност, начелото на симболизмот е постапка според која нештата се
доведуваат во врска. Духовноста на човекот има најважна улога.
Песните се поделени во тематски циклуси: „Сплин и идеал“, „Париски
слики“, „Вино“, „Цвеќињата на злото“, „Побуна“, „Смрт“ итн.

Поимот сплин означува меланхолија и чувство на здодевност, многу модерен во негово


време. Тоа всушност ја означува потонатоста на човекот во светот на материјалното.
Бодлеровиот сплин ја означува здодевноста, чмаењето и маката на живеењето, но и
некоја магличава присутност во која се губи духовната јасност на погледот.

            Твојот отров ќе ни биде за срцето лекот.


            Да се нурнеме, зашто не гори пламен овој,
            До Непознатото — било Небо или Пекол —
            За таму да го најдеме чудесното ново!
            („Патување“)
Бегајќи од сплинот на животот тој е во потрага по непознатото — чудесно ново. За него не
е важно каде ќе го најде, од каде ќе дојде (од рај или пекол) — важно е да дојде до неа —
до убавината.

            Убавино, — ѕверу голем, чудовишен, гнасен,


            од небо, од пекол — сеедно од каде идеш —
            ми го отвораш со очите, со својот насмев,
            Бескрајот мој сакан, бескрајот никогаш виден.
            („Химна за убавината“)

Албатрос
 

Луѓе од бродот, често, за забава ги ловат


албатросите, птици што в морска шир се сами,
и што со големи крила рамнодушно пловат
над лаѓата што се лизга над горчливи јами.

Но кога ќе се најдат врз палубните штици


тие кралеви на ширта, до пред малку сјајни,
ќе станат одеднаш смешни и несмасни птици,
а крилата бели жално ќе се влечат крај нив.
Тој крилат патник сега колку станал беден!
Тој, некогаш толку убав, колку е грд вака!
Со своето луле клунот му го дразни еден,
куцајќи, друг летачот го подражава сакат!

Како принц на облаците поетот се крева,


се подбива со стрелецот и низ луња броди,
но штом е спуштен на земја, среде џган и врева,
неговите крила на џин му пречат да оди.

Песната „Албатрос“ претставува симболична слика на величината и падот.


Преку судбината на албатросот, таа прекрасна, слободна и горда птица, уловена од
морнарите на кои им служи за шега и разонода, е претставена величината, но и
трагедијата на поетите.
Гордиот албатрос — владетелот на морињата и небесната шир, фатен и спрострен на
бродската палуба, станува смешен и жален. Морнарите се изживуваат со него, го
малтретираат „со своето луле клунот му го дразнат“, му се смеат и го имитираат неговото
жално прпелкање.
Симболичната слика за албатросот во последната строфа преминува во реална.
Албатросот всушност е поетот – „принц на облаците“. Но, поетовата возвишеност и
вистинска вредност не е сфатена од обичните луѓе. Со огорченост поетот ја завршува
својата исповед — неговата позиција во светот каде што не го разбираат. Меѓу џганот, тој
се чувствува како албатрос со огромни крилја кому не му даваат да лета.
.
Со своите песни во проза, „Сплинот на Париз“ тој воведува нова форма во литературата.
Со ова, а и со неговите тематско-идејни новитети, со симболиката и со сплинот не е само
значаен за развиток на францускиот симболизам, туку е претходник на надреализмот и
воопшто на модерната литература.

You might also like