You are on page 1of 4

Едгар Алан По: „Гарванот“

По е роден како Едгар По во шкотско-ирско семејство во Бостон,


Масачусетс, како второ дете на Елизабет Арнолд Хопкинс По и
Дејвид По Џуниор, патувачки актери. Татко му го напуштил
семејството во 1810 година. Неговата мајка умрела во Ричмонд,
Вирџинија, на 8 декември 1811 година, од туберкулоза и крајна
сиромаштија, а на 26 декември истата година, По бил земен во
домот на Џон Алан (по претпоставка, негов кум), успешен трговец
со тутун од Ричмонд, и неговата жена Френсис, кои претходно
немале деца. Иако неговото средно име, дури и во
енциклопедиите, често е напишано „Ален“, неговото вистинско име
било „Алан“ и е земено од неговото второ семејство. Џон Алан
никогаш законски не го посвоил Едгар.
           Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото
и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал
да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две
години бил во американската армија, за потоа целосно да и се
посвети на литературата. Работел како публицист и уредник на
повеќе списанија, но цел живот бил сиромашен и гладен. По смртта
на неговата млада сопруга тој ќе се растрои и ќе му се оддаде на
алкохолот и дрогата. Живеел во агонија, работел многу,
претчувствувајќи ја блиската смрт.
            На крајот на септември 1849 година, По заминал во Ричмонд,
каде го одржал предавањето „За поетскиот принцип“ и со
добиениот хонорар заминал за Балтимор. Таму, откако на една
роденденска забава пиел во име на здравјето на славеничката,
неговата жед за алкохол почнала да ја надминува неговата
самоконтрола. На 3 октомври, По бил пронајден во полусвесна
состојба на една клупа во Балтимор, каде веројатно поминал
неколку денови, по што бил однесен во болницата на
Вашингтонскиот колеџ, каде умрел на 7 октомври. По не бил
доволно свесен во ниту еден момент за да објасни како се нашол
во неговата состојба и носел алишта што не му припаѓале нему.
Неговите бладања биле обележани со повторувањето на еден збор
„Рејнолдс“, личноста која до ден-денес е непозната за
истражувачите на животот на По. В. Т. Бенди, еден од
истражувачите на животот на По, смета дека По извикувал „Херинг“
(вујкото на Едгар се викал Хенри Херинг), а некои извори тврдат
дека последните зборови на По биле „Нека Бог ѝ помогне на мојата
бедна душа.
            По е автор на поетските книги: „Тамерлан и други
песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“, „Песни“, „Гарванот и
други песни“; книгите куса проза: „Раскази, гротески и
арабески“, „Раскази“; новелата: „Доживувањето на Артур Гордон
Пим“; а во последниот период од животот ги напишал
песните: „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“.
            Популарноста прво ја стекнал во Европа, преведуван од
Шарл Бодлер, а потоа и во целиот свет.
Мотивот во песната „Гарванот“ е смртта на љубената. На почетокот
од песната е прикажан осамениот и разочаран поет, кој во
депресивна атмосфера и време (полноќ, декември), се обидува да
најде спас од мислите што го прогонуваат, од мислите за неговата
сакана која повеќе ја нема.
            Меѓу сонот и јавето, меѓу реалноста и халуцинацијата, слуша
тропање и се надева дека ќе најде соговорник кој ќе ја ислуша
неговата мака. Но, во собата влетува црно сениште – гавран, кој
горделиво се сместува врз бистата на Палада (божица на
мудроста). Гавранот е симбол на смртта, но и на поетовото второ
јас, па затоа во својот безизлез и очај започнува разговор со него.
Тоа е всушност монолог на поетовата растргана душа. Бара помош,
напиток за заборав, бара уште еднаш да ја види, уште еднаш да ја
допре, да ја гушне – и добива одговор на своите молби – никогаш
повеќе. Неговиот соговорник, гавранот, постојано му го повторува
тоа – никогаш повеќе. За на крајот, очајно, песимистички да
заклучи дека нема надеж за неговата болна душа.
Почетната слика на Гарванот е во Гетеов стил. По, кој се
идентификува со лирскиот херој, го воведува гарванот, кој како
неканет гостин тропа на портата во ниедно доба. Низа прозорецот
влегува кобната птица, тој црн гарван, кој овде само ја потврдува
скршеноста на духот. Дојдена како симбол на грозоморната
таинственост, птицата ќе посведочи за невозможноста еднаш
изгубената жена, изгубената љубов, мртвото сакано суштество да
се врати повторно. Гарванот слетува на бистата на Палада(божица
на мудроста). Херјот, папсан од болка по својата Ленора, низ
халуцинации го води дијалогот со црната птица. Гарванот долетува
во својата горделива поза како ужасно сениште, именувајќи се како
“Никогаш веќе”.Оваа синтагма се повторува во песната како црн
рефрен, како тешка содржина на очајот, на безнадежноста, на
смртта. Тоа, всушност, херојот води растрган дијалог со сопствената
растргната душа. Гарванот е само имагинарното поетово јас,
обременето до уништување, до самоуништување, па дури и во
физичка смисла. Песната е халуцинантна визија реализирана низ
персонификација, потврдува на скршеноста на духот. Песната е
мелодична, ритмичко совршено обликувана магија на звукот. Оваа
песна настанала како резултат на судирот на поетот со светот. Тоје
декадент, кому поради болната состојба на духот му ги намалуваат
вредностите. Како и да е, Едгар Алан По е предвесник на
симболизмот. Гарванот е поема за смртта на саканата жена-
естетизација на страдањето-естетизација на поетовата скршена
психа
 Во врска со оваа песна Едгар Алан По го напишал
есејот: „Филозофија на композицијата“ во кој ни ја открива својата
поетска постапка. Тој образложува дека многу рационално ја
обмислил темата и начинот на изложување. За да биде впечатлива,
се определил за убавината, за да биде поетична – за тагата и
спојувајќи ги тие две нешта дошол до мотивот за смртта на
саканата прекрасна жена. Во потрагата по техничко решение за
стожерот околу кој ќе се врти целата градба, заклучува дека треба
да има збор кој свечено и издолжено се изговара и треба да ги
содржи „о“ и „р“. Така доаѓа до зборот ”Nevermore“. За да се
повторува и изразот да биде посилен, прво си помислил да
разговара со папагал, но доаѓа до прекрасното решение за
гавранот, кој освен што ќе повторува, претставува и симбол на
нешто лошо, злокобно, на смрт. Исто така, при конструкцијата, тој
започнал од кулминацијата, односно од прашањето што му го
поставува на гавранот, а чиј одговор веќе го знаел – дали повторно
ќе ја држи во прегратките својата сакана?; а дури потоа се враќа на
почетокот и воведот во дејството.

You might also like