You are on page 1of 3

САМУИЛОВОТО

ЦАРСТВО
• Самоиловата држава која како во приказна прераснала во огромно царство
,почнала како кнежевство на честворица браќа.Заедничкото владеење
прераснало,кога двајцата постари браќа Давид и Мојсеј загинале,едниот кај
Костур, а другиот пред ѕидините на Сер,додека Арон со желба да владее сам
бил убиен од страна на најмладиот брат Самуил.Тоа се случило во 976 година
кога и почнува самостојното владеење на Самуил кој во 986 година кај
Ихтиманскиот Проод не само што му задал тежок удар на византискиот цар
Василиј II,туку на сметка на Византија го проширил своето владеење надвор
од Македонија,на северо-исток со Мизија,на југ со Епир и Теселија и на запад
со Албанија.По таа година тој како цар навлегува во територијата на
Дукљанскиот кнез Јован Владимир и откако го заробил него и чичко
му,Захумскиот кнез Драгомир и по Јадранското крајбежје дошол до Задар.По
неуспешната опсада на Задар тој преку Босна и Рашка се враќа во Македонија
наоѓајќи се на врвот на својата слава и величина.Следните години царството
почнува да опаѓа.Василиј II решил да удри во срцето на Самуиловата држава
Македонија и еднаш засекогаш да заврши со ова словенско царство
• Тоа било во трагичната 1012 година на Беласица,каде што по
тешкиот пораз во заробеништвото на Византијците паднале
14.000 Самуилови војници.За да ја скрши силата на Самуил кој со
помошта на својот син Гаврил Радомир успеал да избега,Василиј
II,кој наместо срце имал камен во градитте,решил сите 14.000
војници да бидат ослепени,така што на секој стоти да му става по
едно око,за да можат другите слепи да ги одведат кај Самуил кој
се наоѓал во Прилеп.По ова злосторство што го извршил Василиј II
над цветот на македонскиот народ,Самуил во споредба со своите
ослепени војници доживеал срцев удар и по два дена умрел.

You might also like