You are on page 1of 5

Самоилово царство

Изработил:Стефан Гаврилоски

Самоилово царство — средновековна држава на територијата на денешните


Македонија, Бугарија (без Тракија, романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црнa
Гора (без приморјето), Албанија, Косово и северозападна Грција, која под водство на цар
Самоил постоела од 976 до 1018 година. За престолнина на царството се смета Охрид,
иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови. Најголемиот дел од
населението било словенско. Некои византиски , хрватски , арапски и други историчари
од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи Византијците и другите
народи ги нарекувале некои соседни словенски народи на Византија Бугари. Во овој
период, името Македонија било име на византиската тема Македонија. Според тезите на
многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни словенски
народи во Самоиловото царство. Од друга страна според македонскиот проф. Иван
Микулчиќ од почетокот на десетиот век словенските племиња на широкиот простор од
Дунав до Егеја и од Јадран до Црното Море го биле прифатиле заедничкиот етникон
"Бугари". Ова, заедно со покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за
официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на тие Словениво византиската
култура, кое го промовирало формирањето на посебен идентитет.
*Населување на Словените и создавање на царството

Долгите налети на Словените кон Балканот, при крајот на 7. век, резултирале во изменет
состав на населението на Македонија, коjа се стекнала со нови жители и станала
словенска територија . Уште долго таа останала под византиска власт, а подоцна (во
средината на 8. век) била присоединета кон Бугарија. По падот на Првото Бугарско
Царство и опаѓањето на Византиското Царство, Самоил, вешт воен водач и државник,
создал силна држава чии граници ги опфаќале Македонија, Тесалија, Епир, Албанија и
поранешните крајбрежни склавинии Дукља, Травуња, Захумје и регионот Неретва, дел од
Србија (Рашка), Западна и Северна Бугарија.

* Државни карактеристики

Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот папа Григориј V како „бугарска“),
секретеријат и бирократија. Официјален јазик на Самоиловото царство бил
старословенскиот, иако како дипломатски јазик бил користен и грчкиот. Охридската
архиепископија тој ја подигнал на степен на Патријаршија, а Охрид станал религиозен
центар и главен град на царството.
За судството од тоа време не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел
бил врховен судија.

* Македонска војска

-Структура

Самуиловата војска во почетокот била составена од војници од територијата на


Македонија, а подоцна од војници од немакедонските територии кој биле вклучени во
рамките на царството. Воениот кадар на кој главно се потпирал Самуил, го сочинувале
луѓе со потекло од Македонија. Од нив најбројни биле слободните селани, потоа војните
занаетчии и војници собрани од градовите. Војската се состоела од два основни рода:
коњаница и пешадијата како најбројна. Пешадијата покрај специјално извежбаните
војници ја сочинувале и машкото население кое било способно да војува. Кога се водела
одбранбена војна посебно место и значење имала коњаницата. Главен командант на сета
војска бил царот Самуил, а по неговата смрт и неговите наследници Гаврило Радомир и
Јован Владислав. Според византиските извори, Самуил бил способен војсководач кој
успешно и се спротивставувал на византиската војска. Најголемиот дел од војсководачите
биле истовремено и управници на одделни македонски области. Некои од византиските
извори овие управници ги нарекувале Филакс, каторхонт итн. Низ целото Самуилово
царство биле изградени градови и тврдини, а за тоа соопштува и Јован Скилица кој
истакнува дека управителот Кракра на градот Перник кој носел титула Филакс на Василиј II
му се предал со други 35 архонти - управници на тврдини. Во овие тврдини и градови
биле сместени војските кои на повик на врховниот командант влегувале во акција.
- Опрема и оружје

Пешадијата била опремена со штит кој имал елипсовидна и тркалезна форма и копје со
знаменце и висулки. Таа била вооружена со мечови и лакови за фрлање на стрeли. Таа
ималa труби и знамиња. Коњаницата била подобро опремена. Војниците биле облечени
различно од зависност на социјалниот статус и носеле селска облека до најбогата опрема.
На главата носелe шлемови, а поголемиот дел од телото им било покриено со железо.

*Губење на независноста

По Битката кај Беласица во 1014 армијата под водство на императорот Василиј ІІ


Бугароубиец ја порази војската на Самоил при што 14.000 војници биле заробени,
ослепени и пратени на Самоил. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре
по три месеци, на 6 октомври 1014. По неговата смрт Самоил го наследува неговиот син
Гаврило Радомир. Набрзо, тој ќе биде убиен од страна на неговиот братучед Јован
Владислав, кој владее до 1018, кога и конечно Самоиловото царство потпаѓа под
византиска власт.

You might also like