You are on page 1of 1

ВЛАСИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ВО СРЕДНИОТ ВЕК

 Потекло и територија
o Власите се староседелско претсловенско население или се доселиле од Дакија (денешна
Романија)
o Живееле во поголеми или помали групи во Македонија, Албанија, Грција и Бугарија
o Нивниот јазик спаѓа во групата на латино – романски јазици
o Како посебна етничка група имаат свој јазик и фолклор
o На свој јазик тие се нарекуваат Арм’њ
o Имале посебен начин на живеење – номадско одгледување на овци, па затоа не се
задржувале на едно место и не создале посебна материјална култура
 Историја и начин на живеење
o Власите прв пат се спомнуваат во VIII век во едно Житие на светогорските манастири за
покрстување на Словените “Ринхини, Влахоринхини и Сагудати”
o Значи власите живееле заедно со словените и го примале христијанството
o Неколку византиски писатели за власите велат дека биле номади – скитници
- од април до септември живееле во планините, а есента заминувале во потопли краишта
- Летните месеци на планините поставувале населби од шатори наречени мандри
o Се занимавале со земјоделство, а биле и истакнати трговци, војсководци и политичари
o Од 983 до 986 Самоил го опседнал градот Лариса
- Управникот на градот влавот Какавмен го молел граѓаните напролет да сеат жито, а на
лето да го жнеат
- Откако Самоил го освоил градот го сменил Какавмен и тој стапил во служба на Самоил
o Во 1066 г. власите и словените во Тесалија кренале востание поради високите даноци
кои ги наложил византискиот цар и тие се смириле откако тој ги прифатил ивните
барања
o Во средниот век, власите се спомнуваат во областите меѓу Костур и Преспа во Тесалија,
меѓу Солун и Сер, околу Струмица и на други места низ Македонија

You might also like