You are on page 1of 62

1

Содржина

1.Милена Златеска...Македонија...Република Хрватска


2.Звонко Танески...Песна на Каменот...Република Словачка
3.Јован М Миноски-Москоф...Бранители...Република Македонија
4.Викторија Македонска...За Гоце!...Република Македонија
5.Светлана Босилкова Далевска...Грабежливо Семе...Република Македонија
6.Јованка Англовска Змејковска...Гоце делчев...Република Македонија
7.Игор Лозаноски...Дојде време мајко да се разделиме...Република Македонија
8.Елеонора Николовска...Г.В...Република Македонија
9.Божана Тренческа...За тебе Македонијо...Република Македонија
10.Каролина Ристеска...Зрно Љубов...Торонто-Канада
11.Благица Стојчевска Благоротка...Илинденци Наши...Република Македонија
12.Никодин Чернодримски...Поразен сум...Република Македонија
13.Блажо П Стојаноски..Кога ќе го слушнам гласот...Република Македонија
14.Биљана Челик..Крв Македоноска...Република Македонија
15.Лили Бошевска..Секој по нешто за Татковината...Република Македонија
16.Ленче Ристевска...Мајка Македонија..Република Македонија
17.Маријана Митревска...Македонија...Република Македонија
18.Радица Ѓорѓевиќ...Македонска идила...Република Македонија
19.Живко Деспотовски...Небесна Горноселија...Република Македонија
20.Розита Христовска...Небото да се отвори...Република Македонија
21.Зора Ивановска...Песна за Гоце Делчев...Република Македонија
22.Гордана Каракашевска...Песна за Гоце...Република Македонија
23.Соња Таировска Ѓурчак...Часовникот на денот...Република Германија
24.Виолета Јовановска...Благословената земја...Република Македонија
25.Магдалена Јованова...Историска Легенда...Република Македонија
26.Мери Арсовска... Во Време Невреме... Република Македонија
27.Елена Христоска...Страдалница...Република Македонија
28.Ана Дедова...Македонија мајка страдалничка...Република Македонија
29.Виолета Ачкоска...Ваташка Тага...Република Македонија
30.Нове Богојески...Македонија...Република Македонија
31.Марина Стојанова..Да не те сакам,не можам...Република Македонија
32.Нермина Субашиќ...Странски..Република Босна и Херцеговина
33.Панче Младеновски...Македонија...Република Македонија
34.Благојка Филипчева...Од срце откорната...Република Македонија
35.Иле Наумов...Народе чујте и почујте...Република Македонија
36.Менде Димовски...Историја...Република Македонија
37.Тони Павлески...Страданија...Република Македонија
38.Весна Шереметкоска..Неспокој...Република Македонија
39.Маиф Чорбич...Историска Македонија...Република Босна и Херцеговина
40.Виолета Јосифовска...Симбол Херојски...Република Македонија
41.Мимоза Лазова...Таму е Македонија...Република Македонија
42.Пепио Николоски...Хартиена држава...Република Македонија
43.Билјана Поповска...Аманет...Република Македонија
44.Трајанка Тања Стоилковска...Родина...Република Македонија
45.Јован Башески..Го слушна ли Делчев пискотот наш..Република Македонија
46.Леонид Десковски....Македонија...Република Македонија
Ментор-Наставник по Македонски Јазик-Анета Јумбрукова-Алексова
47.Ева Станковска...Гоцеви Видици...Република Македонија
Ментор-Наставник по Македонски Јазик-Петар Иваноски
3

48.Стефани Србиновска...Утрински Мугри...Република Македонија


49.Соња Манасиевска Конеска..Нов Ден...Република Македонија
50.Гордана Такец...На мојата Земја...Република Македонија
51.Димитар Димитровски-Такец...Два Илиндени...Република Македонија
52.Атанасовска Ема...Татковино...Република Македонија
53.Владо Поповски...Дванаесет Млади...Република Македонија
54.Митра Дупчинова...Земјо моја...Република Македонија
55.Зоран Костески...Бесмртни идеи...Република Македонија
56.Силвана Крстовска..Таму е мојата татковина...Република Македонија
4

„Патриотизмот не се учи- тој доаѓа од срцето,


патриотизмот се чувствува.“

Македонецот најчесто го изразува својот патриотизам преку песните, активно лобирање за


својата земја, почит и промовирање на нејзините национални вредности. Македонија е како
непресушна инспирација за секоја генерација Македонци било каде и да живеат во светот.
Имено, без осознавање и прифаќање на својот народ, не можеш да ги прифатиш ни другите.
За да се биде патриот не мора да си војник, политичар, државен службеник, доволно е да
имаш љубов и преданост кон својата земја, кон својот народ.
Патриотизмот, односно чувството на припадност и љубов кон својата земја и народ е
нешто вродено. Како што се идентификуваме по сопствените имиња за да се
препознаваме како индивидуи, така се идентификуваме и по земјата во која живееме и
народот на кој му припаѓаме. Со еден збор речено, националниот идентитет е нераскинлив
дел од нашиот личен идентитет. Кога го губиме националното чувство на припадност,
губиме дел и од сликата за самите себе..
Животите на илјадниците мажи и жени ја благословија и задолжија нашата Татковина,
многу повеќе отколку што било кој намерник и современик може да ја разниша. Затоа со
огромна почит, се поклонуваме на идеалот и делата на нашите предци кои го исполнија
својот долг кон татковината и идните генерации, во време на значајни предизвици за
Македонија. Нивната порака е безвремена, нивната жртва е вечна.

„Развивање на патриотизaм и национализaм се


должност и задача за секој од нас ...“
5

МАКЕДОНИЈА
Зошто?
Зошто кога ќе го слушнам
твоето име срцето ми затреперува?
Зошто кога ќе ја слушнам твојата песна,
солзи ми потекуваат?
Зошто Тешкото, душата ми ја пара?
Ах, друго оро нема!
Друга песна и не пејам.
Срцето ми трепери за мојата татковина,
а таа се вика Македонија.
Колку и да е далеку,
едно камче в џеп носам.
Колку и да е далеку,
Знамето во рака се вее.
Колку и да е далеку,
коренот кој ме храни таму е.
Нема да се исуши.
Македонка сум!
Колку и да е далеку,
мојот дом ме вика.
Колку и да е далеку,
мојата слава ме чека
и гробовите плачат.
Како можам да те заборавам
татковино моја?
Сè што имам, спие во твојата прегратка.
Рашири раце!
Допри во далечината!
Земи ме и мене.

Милена Златеска
Република Хрватска
6

ТИ И ЈАС

Ти и јас – врел камен


со капка жед во око.
Не радуваат обични нешта како деца
ако речам дека порасна
во моево небо – ќе се изгубам.
затоа Ти и јас татковино
сме песна што не се пее.

ПЕСНАТА НА КАМЕНОТ

Во коренот на постоењето
каменот е јатка
на едно минато
раскрвавено време
црна пајажина
разорена земја
купишта пепел
отворена јама
голи скелети
и сето тоа во еден народ
собран во името –
Македонија.

Звонко Танески
Република Словачка
7

БРАНИТЕЛИ
Да ги видиш, не ќе ги познаеш
стојат будно на браникот на нечиј сон
заборавени од надоаѓањето штуро
згазени од времето...од луѓето
в срце грутка земја носат
скржаво скриена од погледи туѓи
да ги слушнеш, не им веруваш
токму нозе кај стапнале в трње
криенка животот кај играл со смртта
верата кај само ја разблажува крвта
мислата клета, таа птица преселница
ни на земји, ни на небо...скита
да ги нема, не чувствуваш празнина
водотекот не запира веднаш
парче по парче умира една земја
не бранета...

Јован М.Миноски – Москоф


Република Македонија
8

За Гоце!
Голем скунав денес ти правам
Овде пред ковчег со мошти свети
Целиот свет нека разбере знае
Единствено делото вековно ќе трае.

Дланките во молитва ми се прекрстени,


Енергетски вибрации во мене тлеат,
Ликува душа македонска
Често во спомен поети ти пеат
Е, зошто неможам да прифатам
Вревливи туѓинци сакаат да те присвојат.

Милувам да беседам за борец храбар


А, има ли кој да ме послуша
Клатното на часовникот на животот
Е звук од доблесна душа,
Дар од Господа подарен
Ореол на света глава поставен
Нека разберат тирани клети
Еден е Гоце Делчев македонски наш
Цар за правда, борец за победа.

Викторија Македонска
Република Македонија
9

ГРАБЕЖЛИВО СЕМЕ
Од пеколот дојде сурија
настрвени волци,
посеа алчно семе во утробата на Мајката
Се силеа да надраснат
жолчност кај поколение,
го важеле за јагнешка питомина
Од дрво делкал кавал за песна
од сур камен
колец искоматувал
и во око го забодувал
Влегов во собласни времиња
од брат против брат,
на закрвен барут мирисаа,
Од далеку ме прогонуваше, од гробјето
закоба на откорнатите синови
Во корените на Македонија
сенката на Гоце ми шепотеше
за верба, за слобода, за видик
кон сончева заложба
Ја предизвикав вистината
да верзира со мене
“Од што стрвниците
го ослободувале народот, ако катаден
од месото, кожата му ја одлепувале!?”
“Од се’она што свето му било-
крикна болно стварноста
Семе грабежливо и алчно
од кој-и-да-е народ
ни на живо-ни на мртво
во стеблика би се извило

Светлана Босилкова Далевска


Република Македонија
10

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Го гледам прекрасниот портрет
на творецот на нашата судбина.
На оној, кој белината на сите наши утра
сликовито и јасно ја исткајал.
На оној, чија крв залезот го пои
и влева надеж во сечија душа,
надеж за нов, подобар ден.
О, Гоце, име македонско,
незаборавно!
Ти си симбол за желба,
симбол за храброст.
Големината твоја е во твојот збор.
Твојата солза е сета жуборлива река.
Твојата мисла е секое ново утро.
Твоите очи се две големи сонца,
а твојот шепот-мелодичен ветар.
Твојот поглед сите не гали,
ни грее срца,
ни буди љубов,
љубов кон нашата земја,
љубов која ти најмногу и ја даде,
венчан со неа во најдлабок сон.

Јованка Ангеловска Змејковска


Република Македонија
11

Дојде време мајко да се разделиме

Дојде време мајко да се разделиме.


Има друга мајка на која ѝ требаме.
Не плачи мајко. Избриши ги солзите.
Ќе се вратам еден ден! Ветувам.

Ако не ме видиш мајко, на твојот праг


помоли се на Исус и тука ќе сум јас.
Напи се за мене и насмевни се.
Твојот поглед нека скита кон висините.

Дојде време мајко да се разделиме.


Такава била судбата. Нек е проклета.
Гушни ме сега мајко, па да кинисам.
Друга мајка ме чека да ѝ помогнам.

Ако не ме видиш мајко, на твојот праг


помоли се на Исус и тука ќе сум јас.
Напи се за мене и насмевни се.
Твојот поглед нека скитакон висините.

Дојде време мајко на ништо или сѐ.


Гората ме чека и комитите.
Не плачи мајко. Избриши ги солзите.
Ќе се вратам еден ден! Ветувам.

Ако не ме видиш мајко, на твојот праг


помоли се на Диос и тука ќе сум јас.
Напи се за мене и насмевни се.
Твојот поглед нека скита кон висините.

Не плачи мајко. Нема потреба.


Сѐ ова го правам за Македонија.
Не плачи мајко. Избриши ги солзите.
Ќе се вратам еден ден! Ветувам.

Игор Лозаноски
Република Македонија
12

Г.В.

Гордоста на мојот народ


Одекнува во моите уши
Целиот врисок со себе го носи
Ехо се слуша по планините и долините
Вечната борбеност и копнеж
Истрајност на родот наш

Величествените срца на оваа земја


Исконски чукаат да ја изнедрат
Добрината на сите неоткриени пријатели
Искрата љубов за ова парче наше
Цело време тлее како дел од факелот
Иднината што ја осветлува.

Елеонора Николовска
Република Македонија
13

ЗА ТЕБЕ МАКЕДОНИЈО
Бевме фиданки откинати од ветрот
што со луни се борат
и само една мала жичка
чинам нашите прадедовци ја ткаеле
не сврза еден до друг.
Низ оган и пукот одевме рамо до рамо
и само една песна
што низ распуканите усни чувме
прадедовците да ја пеат
ја пеевме и ние.
Со твоето име на усните
одевме голи и боси сите заедно
Денот молскавично брзо мина во неврат
однесе тага однесе секаков бол
И тогаш твоето име Македонија
не згасна од нашите усни
Во пазувите на денот неизмерно горди
облечени во сончеви поли
го градевме нашето денес и утре
секогаш одејќи по тебе.
Секоја рака кула на мирот гради,
секое срце со твоето чука
и тој тропот низ песна ветерот го носи.
Во секој дом огниште на нашите сништа
дрвјата горејќи за тебе пеат,
нивниот пламен,пламен на нашите срца
жарот ,жар на нашите усни
а твоето име Македонија
легенда што секој ја знае.

Божана Тренческа
Република Македонија
14

ЗРНО ЉУБОВ
...посветена со љубов на мојата Македонија...

Што е Таа на овој свет?


Таа е зрно љубов.
Што е Тој на овој свет?
Тој е почва што ја храни.
Љубовта расте со благослов
и дава плод.
Љубовта не згаснува
како свеќа што догорува,
Таа се шири
во жешка топлина
во срцето...
Љубовта е како Сонцето
секогаш е тука и кога
Тој не го гледа зад облаците.
И кога е ноќ љубовта е тука
во темнината Таа жива е
како Месечината што блеска
како Ѕвездите што треперат...
Ако ја разбереш љубовта
ако го посадиш зрното
и ако плодот се в'гнезди
во ново зрно и нова почва
Таа со срце го видела Бог,
а Тој од земјата создаден
вистински ја благословил
со љубовни плодови
за навек, век и веков.

Каролина Ристеска
Торонто-Канада
15

Илинденци наши

Гоце Делчев и Даме Груев


Питу Гули и Никола Карев
Илинденци наши
длабоко врежани
во историјата наша
аманет оставија во наследство
на потомецот македонски.
Родината наша цела да е
каменот македонски
да си остане таму
каде Господ Бог го ставил
пред векови дамни,
каде предците наши
запишаа вечно под него
Илинден!
Тоа е Македонија.

Благица Стојчевска Благоротка


Република Македонија
16

Поразен Сум

Зборовите почнаа да бегаат од мене далеку,далеку


Додека Јас со сув шепот и кажував на мајката земја
Поразен сум Македонијо
И немам сила веќе да отидам во прегратките на Светлината
Ја напуштам играта,бидеќи не се простува Предавството
Зошто бев дел од молкот кој ме прекриваше
А ти болно крвареше.

Малку ќе бидам зол,само малку


Нема да бидам претерано суров
Не,не`е ова закана
Ми треперат усните,ми треперат рацете од ова
Во утробата ми прскаат мали вулкани
Ова е тој проклет час на безизлез.

Музи
Не се подбивајте повеќе со мене
Ви бев понизен,понекога и беден слуга
Се топам
Наскоро може и да ме нема
Оставете ме на мира покрај моето срце нека мине танкиот ветар
И птиците на моето небо се уморија од летање
Не успеав
Поразен сум
Со мојот последен проштален здив ве молам
Закопајтеме на Месечината.

Наскоро сите закони и сваќања ќе ја изгубат смислата


А потоа вселенските длабочини ќе се отворат
Не полнетеги засега со празни илузии
Поразен сум
Очекувам само Божја прошка за каењето.

Никодин Чернодримски
Република Македонија
17

КОГА ЌЕ ГО СЛУШНАМ ГЛАСОТ


Koга ќе го слушнам гласот на распеаната птица
на студен камен посакувам да седнам
со денови сакам да го оставам срцето
да ужива во неjзината песна
се дури душата не ги согори распламтените трупци
што ја согоруваат мојата татковина
Кога ќе го слушнам гласот на величенствениот кавал
ми доаѓа да заплачам ко мало дете
да заронам солзи од длабочините на моите мисли,
нека потечат ко пороен дожд
над судбината проклета
ко црн облак надвисната над мојата татковина .
Кога ќе го слушнам гласот на возвишената зурла
ми доаѓа да станам од студениот камен
да викнам по судбината проклета ,да прашам
кој те прорече штом ги газиш моите мисли
и ме тераш да понирам во подземните лавиринти
за да исчезнам од овој проклет свет
Кога ќе го слушнам силниот удар на чивте тапаните,
тогаш, ете токму тогаш, посакувам бесмртник да бидам
во оро македонско да ја заиграм сета тага , сиот бол
та и сета надеж да ја скорнам ,
да викнам на сиот глас, вино да ми донесат ,
вино немерено
да нарамам пушка берданка ,во бој да тргнам
во бој за мојата мила татковина .

Блажо П Стојаноски
Република Македонија
18

КРВ МАКЕДОНСКА
Сопственоста не ни е дозволена, Крвта ни е алал.
Остра предавничка сабја забиена во мајчина утроба.
Смртна пресуда за нас или за вас!?
Тивок шепот како говор на предавство,
Не, не, пазарот не е готов, Сега ќе го правиме.
Кој ќе даде повеќе негова е МАКЕДОНИЈА.
Ние го даваме најскапоценото,
Крвта МАКЕДОНСКА, Срце и душа МАКЕДОНСКИ.
Вие што давате или се продавате?!
Во воздухот тага на незаборавен крвопис.
Нашето кале не гори, не се руши.
Ние гориме но не догоруваме.
МАКЕДОНЦИ со отворено срце,
Гради полни болка, тела искамшикувани.
Алово црвен бајрак развиорен,
Остра сабја со сончев блесок извадена,
Вашиот сатар не ја сече нашата глава.
Храбро влегуваме во шумата на душманот
Топлина крвава, студови крвави.
Таму каде ќе капне крв МАКЕДОНСКА на земја МАКЕДОНСКА,
Пак јунак МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНИЈА ќе роди.
Нашиот крик од Вашето предавство,
Црниот гавран на смрта го чу.
Оловниот ферман за смрта ви го спрема.
Суден ден, МАКЕДОНЕЦ, остра сабја, длабоки корени.
Сега ќе се види, сега ќе се чуе....

Биљана Челик
Република Македонија
19

Секој по нешто за татковината


(Тринаесет јавачи на самоуништувањето)

Едни, те пљачкосаа.
Други, те распарчија.
Трети, те раздадоа.
Четврти, те запалија.
Петти, те предадоа.
Шести, те распродадоа.
Седми, те обесчестија
Осми, те разграбаа.
Деветти, глава и јазик ти секоа.
Десетти, име ти зедоа.
Единаесетти, знаме ти изгазија.
Дванаесетти, сеир си гледаа
Тринаесетти, име ти заборавија...
Но сите и на мене заборавија,
на онаа која не те заборава,
оти во мене, уште одекнуваш
неискорната од дамарите.
Те пишувам, како песна од ноти и зборови.
Те пеам, како химна на достоинство.
Те слушам како приказна, од прабаба раскажана.
Те пијам, како вода, во пештерски манастир излиена.
Те изникнувам, ко крик за живот, пред глава да ми сечат.
Те извикувам, ко последен повик  за непокор.
Те воскликнувам, гласно од душа: Македонија!

Лили Бошевска
Република Македонија
20

Мајка Македонија
Ридови, планини, езера, реки,
сe во грст една рака може да се собере.....
Земјата кој секој да ја згазе сака
да ја милува пожелува,
некој само малку во неа љубов посеал...
други пак живот го подарилe за слободата да царува името,
Македонија гордо да се изговара.
Гоце Делчев,Питу Гули,Јане Сандански јунаци Mакедонски
ќе се бориме браќа до последната капка крв
за Mакедонската грутка да остане нашa..јуначки Гоце кажа.
Мостовите на пријателството со брзо темпо неможе да се градат!
До кога.. вака?
Каде сте Mакедонци оваа грутка во која има љубов и топлина
од рака да не ни ја земат?
Мајко Македонијо не израсна чеда твои сме
ќе останеме покрај тебе како Македонци
должници сме кон тебе да те милуваме
и зачуваме никогаш да не се заборави
името твое Македонија.
Земјата Македонска каде сонцето не грее,
а славејот песна ни пее.

Ленче Ристевска
Република Македонија
21

МАКЕДОНИЈА
Мојата мила ми земја Македонија
Со векови страдална , со крв пролеана
Со цареви и херои во историја е запишана
Таа има приказна која неможе да биде избришана
Од колено на колено раскажана
Со тешки маки е создадена…
А пак Македонска песна од душа и срце испеана
Преку најмилото ни дете амбасадор на земјава
Со ангелски глас светот го освои
Неговата песна со векови ќе постои

Мојата мила ми земја Македонија


Полна со природна убавина
Со храмови и градби,кои за душа се лек
А пак знамето Македонско со крваво сонце
Сега со гордост да го вееме
Сонце нас пак ќе не грее , песна пак ќе запееме

Мојата мила ми земја Македонија


Секогаш ќе биде пред свршен чин донесена
Затоа што имаме вредни нешта создадени и родени во неа
Секој би посакал да ги има
Да бевме сложен народ за нас не ќе имаше зима
Но јас уште еднаш сите Македонци ги замолувам :
Чувајте ја мојата мила ми земја МАКЕДОНИЈА !

Маријана Митревска
Република Македонија
22

Македонска Идила
Плодна си бие мала,
во своето седало мило,
има се што е свето
лозни корени од митови.
Митови на себе лежат,
горди се на песна ежат,
Македонско сонце рајно,
изгрев на најродно едро.
Во спомен на своите синови
горди поети творат,
лебеди со бели крилја,
најголеми сласти мијат.
Езерска шир на свои
три езера песни пее,
не е наша убавина ваша,
Изморена одмор бара.
ливади, гори и шуми
градови и села се наши
лов на следен терен
изминете редно го вие.
Наш се народ краси,
лесен сон, семе лие,
рожба и среќа лебед ни е
Мит од крева песна плете.

Радица Ѓорѓевиќ
Република Македонија
23

НЕБЕСНА ГОРНОСЕЛИЈА
Не знаевме како поинаку да ја толкуваме слободата
освен како слободна птица што сама високо лета,
над небесната Горноселија, над овие соголени врвови,
низ изретчената разлистена корија
кога ќе надојдеа кисели северни дождови,
истовремено се јавуваше сончевиот проблесок од истокот
и тогаш на иста раскрсница се сретнуваа маглите и сонцето,
иако беа непријатели со две спротивни војски
сепак на одминување се поздравуваа и секој се витосуваше,
удолу низ раскопаните долови, а таму црвената глина
ги отпретуваше стапалата на новодојдени грнчари.
Не умеевме да користиме странски јазици
овде владее законот на еден јазик и ништо не се сменува,
се' додека не речат овдешните војводи
време е да се зберат селаните на сред село,
да ги остават гумната недовршени,
добиците здив да поземат
и кој каде се затекнал на пладне,
седнати да го вкусат мирисот на зелниците
жедта да ја разладат со ладна матеница.
Со нас седнуваа и птиците колвајќи трошки
најадени одлетуваа на стеблата,
овде никогаш не се раскараа и во ниедно доба
сами ги палеа огновите и сами градеа камени тврдини,
оздола војски идеа со гласни труби
и туку слушаш пукотни стрелби.
Овде сонцето, дождовите, месечевото соѕвездие
не се скараа со небото сино,
сложни останаа при секој напад од туѓи војски
и громови удираа во запретани заседи.
Останаа лузните од војните од свршено време
само историјата ги повторува датумите
на изродени велепредавници,
кои сами се запретаа на голи ридје
без свое време на умирање и без датум и година на раѓање.

Живко Деспотоски
Република Македонија
24

НЕБОТО ДА СЕ ОТВОРИ
Открај-накрај на земјава ни,
и вдолж и попреку
се оптегнало црнилиште
од морничаво виножито
во сите преливи на сивило,
ниту вино има за здравица
ниту жито за леб на трпеза.
Штури нивје вриштат
по семето непосеано
црно, глуво, пеплосано.
Сегде пустош и празнина.
Опустеле дури мравјалници,
поцрнеле булки
и замреле штурци.
Празни гнезда по стреите,
мртви души зад ѕидовите.
Еј, нагрдена личотијо!
Еј, здивена питомино!
Се вжарува образот на денот,
но не од пурпурот на залезот
туку од гнев и од срам
што молчат паталците
наместо силно да грмнат
и громови да стрештат.
Еј, жална мајчице,
илјадапати си умирала
и уште душа не даваш,
уште стоиш исправена
и правда чекаш Господова,
небесата да се отворат,
образот да ти го обелат.

Розита Христовска
Република Македонија
25

ПЕСНА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Пред бистата твоја стојам,
од 4-ти Мај 1903 па наваму
годините ги бројам,
вечен паметнику.

Гордост Македонска,
со почит кон тебе,
со една мисла во себе,
да чекориме по твојот пат.

Името твое денес го чествуваме


сеќавајќи се на делото твое,
со свежо цвеќе те китиме,
во срцата наши те чуваме.

Пред тебе стојат илјадници


Македонци,младинци,ученици,
наставници и борци,со завет:
За подобро утре на идните генерации
да станеме творци.

Слободата да ја чуваме,
татковината да ја градиме
во аманет оставена од
нашите претци.

Со крв испишани букви што


жарат до болка!
И се уште прашања:
Која си?
Чија си?

ТАТКОВИНО МАКЕДОНИЈО,НАША СИ!!!

Зора Ивановска
Република Македонија
26

Песна за Гоце

Гоце војвода, син македонски, кренал глас


за нашата Македонија да се избори, за спас.

Нека чуе сиот свет


Македонија ја ослободи од душманот клет.

Името ни е големо,
срцето ни е јуначко.

Гордоста ни е бескрајна,
земјата ни е дедовна, непокорна.

Ние сме род македонски на Гоце војвода,


тој ни остави аманет за нашата слобода.

Кренете глава гордо, високо Македонци,


една е Македонија земја библиска.

Со Делчев, Груев, Карев и Сандански се гордееме,


за нив, за Македонија слободна песни пееме.

Гордана Каракашевска
Република Македонија
27

ЧАСОВНИКОТ НА ДЕНОТ
Пишувам и молчам во чекалната
на едно распнато време.
Чекорам по страниците
на Македонскиот јазик и
ја продолжувам кирилицата.
Пишувам во книгата за сонот
кој го сонувам будно
го сакам денот,извикувам
Те сакам родино,
часовникот на денот го делам сотебе,
во љубовта нема далечина.
Времето одминува,
а звездите ми го осветлуваат патот.
Празни останаа улиците на стравот,
стрпливоста на денот се раѓа
со зората на времето
и носи радост.
Го слушам часовникот и шумот
кој се движи по моето лице
и ме кани во убавината на денот.
Часвовникот,чуку да раздадиме,
за мртвите, за живите,
ливадите останаа некосени,
под јамболијата на денот стега силен студ,...

Соња Таировска Ѓурчак


Улм Германија
28

Благословената земја
Еден бисер во рацете Божји стои
Благодатта негова, Света ја стори
Стапките од чекорите,
на Светиот апостол Павле,
на неа трагови оставија
Мала земја, но со љубов полна е
Многу животи, на херои згаснаа
За мајката нивна, Македонија
А таа, деноноќно
Во својата прегратка,
мирен покој им дава
Оваа земја,на вечна
Голгота е ставена
Секоја педа,со капка крв е оросена
Секој камен, солзи за неа,
до ден денес Пролева
Ти... Мајко воскресна
од рацете на злосторниците
Секогаш ќе имаш сила
Секоја Голгота да ја победиш
И ние сме тука покрај тебе
Рака да ти подадеме
Мој роден крај
Ѕвезда во рајска градина
Вечна Македонија

Виолета Јовановска
Република Македонија
29

ИСТОРИСКАТА ЛЕГЕНДА
Историската легенда, која живее вечно во
нескротливиот дух на идните поколенија,
од лулка па и после надгробната плоча,
творат тие спомени за борецот,
се дур чекори некој на оваа почва.
Теророт, секогаш ни е неподнослив,
кога поробувачот воден од мисла
дека копнежот и силната верба,
не се доволни за победа.
Ајде ти, заштитнику на народот,
разбуди ги повторно закоравените споменени,
отпеј ги Гоцевите умотворби,
од нас за него створени.
Од Македонски поколенија водени.
Нема да постои дилема,
која нашиот народ неможе да ја разреши.
Оти темелите наши се судбински вродени.

Магдалена Јованова
Република Македонија
30

ВО ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ
Црна земја ораница,
плодна,како утроба на млада невеста.
Спремна храбри синови
од лоза херојска да раѓа.
Моми убави, на снага тенки високи
на лице бели црвени
со топла насмевка на усните
и скриена солза во очите.
Сите од едно сонце огреани
со Гоцева мисла задоени.
Темен се облак зададе,
пороен дожд земја ми поплави,
дожд од солзи насобран,
солзи за мртви излеани
солзи од мртви пролеани,
мртви во гроб што се превртуваат.
Силен ми ветер задува,
огнени јазици ми донесе
земја во прав и пепел ми претвори.
Онаа земја што в′раце
херои ја дежеа и во неа се колнеа со
-СМРТ ИЛИ СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Мери Арсовска
Република Македонија.
31

СТРАДАЛНИЦА
Кога ќе седнам да пишувам за тебе,
секогаш жалам,
и се прашувам
каде изчезна духот на борецот,
ама можеби писание ти било
да бидеш земја страдалница,
и кога те укоруваат
и кога те проколнуваат
и кога те понижуваат
и кога те продаваат
тебе никогаш изворот не ти запира,
сонцето не ти заоѓа,
љубовта не ти престанува,
коренот не ти се корни,
семето ти никнува.
И можеби срцево ми плаче
што си земја страдалница,
ама како орден те чувам на моиве гради,
оти сум горда Македонка.

Елена Христоска
Република Македонија
32

МАКЕДОНИЈА, МАЈКА СТРАДАЛНИЧКА


Има ли крај на твоите страдања,
Македонијо, земјо моја мила,
на скршените твои крила?
На душманите клети,
против идеалите свети,
на непријателите грабливи врани,
на безспокојот твој од сите страни.
Има ли крај на твоите маки?
Судбината други да ти ја кројат,
додека раните ти ги бројат.
К'о цвет нежен во олујна бура,
со ветришта силни од сите страни,
уште правдина со векови бараш.
Страдалничка си мајко Македонијо,
иако храбри јунаци роди,
од Пирин и Вардар,
до беломорските води.

Ана Дедова
Република Македонија
33

ВАТАШКА ТАГА
Желни за сонце дванаест пупки рози
Непроцветани останаа во денот студен.
Пролетта не ја дорастеа тие,
а летото веќе беше на прагот.
Како во лош сон не свенаа од мракот
туку невиден ѕвер се надвиснал над нив
па ги кине, лист по лист ги гмечи.
Луѓе божји, каков злостор да убиваш рози,
во крв запенета да се сладиш,
без милост да ги сечеш и газиш.
Наместо пев на птици и радост
крик на црни гаврани крешти
и писок на мајки завиени во тага.
Ах рози мили, ах тие млади души
Птици од кафез желни да замавнат крила
не им било судено, слобода да видат.

Виолета Ачкоска
Република Македонија
34

МАКЕДОНИЈА
Со златни букви
врз божји камен
име навезено,
со свето длето
в карпа издлабено,
од памтивек
на поколенија
пренесувано.
Газена,ограбувана,
поробувана,разделувана
и пак создавана.
Од пепелта
како феникс
изникната,
како троскот
и пиреј
неуништива.
И војски врвеле,
и војни се воделе,
пепел,чад
и пламен.
Ропство клето,
зандани темни,
а синџири тешки,
нерамна борба,
живот или смрт,
но силна верба
во изгрејсонце
и слободарско утро .
Аманетот уште стои :
Името вечно,
вечно да трае.

НОВЕ БОГОЈЕСКИ
Република Македонија
35

ДА НЕ ТЕ САКАМ
НЕ МОЖАМ
Реалност, длабоко вкоренета,
вистина исконска
ти, Македонијо си!
во моменти безумни
со зборови непромислени-те кудам
без причина - ти судам,
ветрови кога дуваат
и низ мене поминуваат,
студ, тело ко со окови ми стега
а во око солза ми мрзне
тебе ти се лутам,
во денови едни тага,
во други, надеж ти нудам,
а во туѓина кога ќе појдам
со моите најмили и тебе
во срце и душа ќе те понесам,
во птица ако треба ќе се сторам
година секоја
кај тебе ќе доаѓам,
на крштевки, свадби, слави
ќе се радуваме, веселиме,
рака ќе си подадеме
на верност ќе се заколнеме,
Македонијо вечно
вековна да ни бидеш!
Македонијо мајко
збор верен, збор искрен кажувам,
да не те сакам
ете, само тоа не можам!

Марина Стојанова
Република Македонија
36

СТРАНСКИ
Трошна куќа, мрачно утро,
на прагот нема да ја заборавам мајка ми
кога тргнав во друг свет
да се најде подобра среќа.
Солзите се слеваа по неговото старо лице,
изглед како камен во тажни очи,
свесен дека таму нема среќа
каде странец морам да служам засекогаш.
Нејзините зборови се ретки како среќата,
секогаш како што ја познавам,
и јас постојано повторував исто
дека морам сама да ја пронајдам среќата.
Поминаа деновите, годините со нив,
во странска среќа не цвета
Го сфатив погледот од стариот праг,
со тажни очи ми кажа сè.
Во мојата меморија, сликата е иста,
татко и мајка, драга татковина,
среќата е таму каде што си,
Македонија и прагот на раѓање.

НЕРМИНА СУБАШИK
КАЛЕСИЈА
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
37

М А К К Е Д О Н И Ј А

ДА МЕ БОЦНЕШ
БИЛО КАДЕ
ЌЕ ПОТЕЧЕ ОД МЕНЕ
МАКЕДОНИЈА
ЌЕ ПОТЕЧЕ КАКО ЛАВИНА
ШТО ЌЕ ГИ ЗАСЛЕПИ
ЈАВАЧИТЕ НА АПОКАЛИПСАТА
СО СВОЈАТА УБАВИНА
ПА ВО УМОТ ЌЕ ИМ СЕ ВГНЕЗДИ
ПА ЌЕ ИМ ГИ ЗГМЕЧИ СИТЕ НАЕЗДИ
И ПО ИСТОРИЈА
И ПО ТОА ШТО МИ СТОРИЈА
ДА МИСЛАМ ДЕКА НЕМАМ КАДЕ
КОГА ЌЕ ТРГНАМ НА ПАТ
ОД КРАТОВСКОТО ПО СВЕТСКОТО ЏАДЕ
ЌЕ ПОТЕЧЕ ОД МЕНЕ
МАКЕДОНИЈА
ДА ИМ ГИ ПОПЛАВИ НА СИТЕ
УЛАВИТЕ МИСЛИ И ДУМИ
ДЕКА УЈДУРМИ МОЖАТ ДА ПРАВАТ
ПО НАШИТЕ ШУМИ
ЌЕ ПОТЕЧЕ И ОДВЛЕЧЕ
СЕ ОНА ШТО СТОИ НА ПАТОТ
ДА МИ СЕ СИМНЕ ОД ВРАТОТ
КАКО ШТО СЕ ВЕЛИ
АМАНЕТОТ ОСТАВЕН ПРЕД ВЕКОВИ ЦЕЛИ
ЗА ТАТКОВИНАТА ДА ЖИВЕАМ И ТВОРАМ
И ДА УМРАМ АКО МОРАМ
ПОСАКУВАМ ДА МЕ БОЦНАТ
ЗА ДА ВИДАТ ЈАВАЧИТЕ
ДЕКА ЗУЛУМИТЕ И ЗАКАНИТЕ
ОДАМНА ИМ ДОЦНАТ

Панче Младеновски
Република Македонија
38

ОД СРЦЕ ОТКОРНАТА
МАКЕДОНИЈО!
Освојувана низ вековите,
Ограбувана од диви хорди,
Обесправувана од низа племиња,
Оневозможувана да постои,
Обезличувана, за да не опстои,
Откинувана од срцата!
МАКЕДОНИЈО!

Откорнувана од коренот,
Ожалостувана со генерации,
Обиколувана од сите страни,
Опкружувана од непријатели збрани.
МАКЕДОНИЈО!

Отфрлувана од „великите”
Отуѓувана од силниците,
Онеспособувана од поробувачите.
МАКЕДОНИЈО!!!

Онеправдувана си низ вековите,


Определувана со кого, каде и кога?
Оросувана со мајчините солзи,

Благојка Филипчева
Република Македонија
39

Народе чујте и почујте


Ми го одзедовте моето знаме!
Тоа сонце што моите прадедовци
гордо го носеа на своите штитови
бранејки ја својата земја...
И ги убиваа бедните гнаси како вас
што сега сакате со него да се китите...

Но едно да знаете...
На кукавицата
и Орлови крилја да и ставите....
Кукавица
пак ке си остане!

Сакате да ми го земете името!


тоа славно име
што во Библијата е запишано.
Но...
Македонци Во душа и срце
никогаш нема да бидете!

Македонците...
Македонка мајка ги раѓа!
А вие копилиња...
Никогаш,ни приближно
Македонци нема да бидете!

Јазикот ни го негирате!
Оној свет јазик
што писмото ви го донесе,
и кој во сите православни храмови
Господ и Христос ги проповеда.
Тој свет јазик...
Вие Татарски племиња
ниту бил ваш
ниту некогаш ке биде.
Ниту пак историјата славна,
хероите големи на овој народ,
просветителите...
Се додека постои светот...
40

И векот...
МАКЕДОНСКИ ЌЕ ОСТАНАТ ! ! !
Иле Наумов..Република Македонија

Историја
Има сторија за нашата историја
За Македонија од праисторија
За поделбата, градбата и крадбата
За жртвите, плачот и страдбата

Нашата учителка magistra vitae


Не е таа што некој ја прае
Во туѓи мисли злокоб што чмае
За да нè снема - секој знае

Таа сторија за нашата историја


Незаедничка ја направија
Многумина во недоумнина ставија
И неизбришливи траги оставија

Кој ги корне и прави одбегници


Нашите главни преродбеници
Гоцета, Јанета и другите дејци
Славни борци и челници?!

И какви сме ние Македонци


Без нашите браќа претходници
Без нашите Егејци и Пиринци
Нашите асномци и иселеници?!

Менде Димовски
Република Македонија
41

СТРАДАНИЈА
Еднаш кога мојот народ страдаше,
гробовите имаа свој лик,
карпите имаа свој знак,
сноповите и срповите не поврзуваа,
воденичките камења заветуваа,
крстовите на чело осветлуваа.

Еднаш кога мојот народ страдаше,


песнопојки меѓу нас имаше,
разбирлив беше жуборот на реките,
топлина не водеше по сокаците,
се распознававме по скутарето,
имаше почит меѓу олтарот и минарето.

Еднаш кога мојот народ страдаше


со Коста, Блаже, Тина, Васе
по македонски се довикувавме,
селото град го сторивме
и пак молкум се доближивме,
никому не пречевме, не предизвикувавме.

Денес, кога мојот народ страда,


лакомо си копаме во корените,
од инает си ги ништиме гените,
за пари, ортаклук со отровници фативме
не мислејќи на Божјиот грев
свртивме оружје во сопствениот мев.

Тони Павлески
Република Македонија
42

НЕСПОКОЈ

Татковино моја!
Како да сум спокојна
кога мир не ти даваат,
кога те мразат, распнуваат,
те кршат, те делат,
те прогонуваат, те силуваат.
Од каде им храброст
на бездушниците,
по светоста да ти газат и плукаат ?
Хулигани од сите врсти те сквернават,
бараби од сите страни
и од секогаш те толчат,
корените сакаат да ти ги ништат.
До кога ќе пијаат омраза од бунарот
кој никогаш не пресуши
а одама е ископан?
Боже дај и сила на оваа земја
да го сочува сонот,
на илјадници јунаци
кои земјата со крв ја натопиле,
кои слобода не дочекале.
Уште малку сила,
да го сопре бродот со своето име,
кој на дното ја носат оние
кои ја грабаат со рака на срце.

Весна Шереметкоска
Република Македонија
43

ИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА
Овие први траги датираат од времето на паолитот
Неа Никомидија беше првата цивилизација што се појави
Во Подварје ги потиснаа злобните луѓе од винчанската култура
Кој преживеа со обработка на тешки метали
Иако не живеевме во тој период, ја знаевме нејзината возраст

Античка Македонија навистина многу ни кажува


Каде што едно време стана имот на Хелен
Но, пред тоа една компанија со славни колонисти шеташе по улиците
Каде што го основаа почетокот на нивното создавање
Со голема тешкотија каде војните ја решаваа судбината

Се разбира, не беше сè толку црно


Бидејќи во тој период, луѓето ја ценеа правдата
И таа држава со години научи да има право на живот
Каде во еден период таа немаше право на глас
Сето тоа заради утврдените правила на чело на владата

Поминаа години оваа земја да биде лидер


И поминав низ пекол за да стигнам до Рајот
Ние Македонците сакаме да кажеме дека сме специфични
Затоа што имаме историски засновани обичаи и националности
Каде никој не може да и ја допре душата

Патриотизмот сè уште може делумно да постои


Веруваме дека еден ден ќе биде подобро
Вредноста на сè е вербата во подобра сутеа
Затоа што заедно ги надминуваме сите неволји
Од животниот фактор исклучително значаен!

Маид Чорбич
Република Босна и Херцеговина
44

СИМБОЛ ХЕРОЈСКИ

Дојде ми крвав ден,


ден за борба,буден.
Дојде ми студен час,
час за војна,суден.

Стапна ми злобни чекори,


злобни чекори,в наши кории.
Згазе ми тло,татковинско.
Од наши предци,создадено.

Та ми исплаши,
и големо и мало.
Та ми зацрни,
и старо и младо.
И ми наруши,
мирот в праг.
И ми стори,
денот мрак.

Тогаш,мајка
сина прашува.
В нејзини очи,
жар пламнува.
Кога Гоце,
неа одговара.

Во заклетнички чин,ветив.
Чекаат ме, моите чети.
Да исполнам едно,морам.
За ова парче,се ќе сторам.

Така Гоце,живот дава.


Вечна ти,твоја слава.
В наши срца,македонски.
Остана ми,симбол херојски.

Виолета Јосифовска
Република .Македонија
45

ТАМУ Е МАКЕДОНИЈА
Таму, кај што тече Вардар
Кањон,убавина на една земја
Пресвета, горда македонска
Таму, високо на Шара
Распукала голема до небото
Планина убава македонска
Таму,кај што републиката
Крушевска се прва создаде
Горда, света македонска
Таму, каде под Пелистер
Ко очи две се наполнија езера
Чиста,бистра душа македонска
Таму, високо на Плаошник
Словото свето Климентово
Охридска, убавина македонска
Таму,над мостовите велешки
Деновите од дамнина Рацинови
Тешки, но горди македонски
Таму ете баш таму, да се знае!
Таму уште пошироко и таму
Многу надалеку по светот
Во душа и срце длабоко
Низ дамари тече крв македонска
Ете таму е нашата Македонија!

Мимоза Лазова
Република Македонија
46

Хартиена држава

И едните и другите и третите


мајката ќе ни ја расплачат,
ама ние нема да се сетиме.

Отпорни на вода и оган,


овој народ е многу поган.

Без корен ли сме


ил` река без притоки,
посегаат европски канџи
душа ќе ни се искорни.

Од Бога крстени,
од душман прекрстени,
аир ќе видат ли
домашни предавници.

Еден Шип – наши бутраци


да не речам шутраци,
за грст жолтици,
за навек момоци.

Колку боли – колку боли.

Европо, курво стара,


земи си го ножот,
сама си се коли.

До вчера постоевме,
денес исчезнуваме,
како ретки животни
неприметно умираме.

Утре за нас, не постои...

Од домашни предавници
Македонија – дали ќе опстои.

Пепио Николоски
47

Република Македонија

Аманет
Окови и пранги
зулумот насекаде царува.
Ропство тешко,
надвиснало врз плеќи стари.

Не запира народот од маки


да се брани,
се раѓаат јунаци млади.

Храброста,
во крвта им врие
комита до комита дружина цела.

И војвода славен се јави.


Гоце Делчев, учителот наш.
Визијата негова го водеше напред,
кон целта.

Мисијата му влеваше храброст.


Смело се справуваше со аскерот, разгневен турски.

Здружени сите војводи славни,


коваа план на ропството да му стават крај.

Но предадени беа,
од родот свој.
Опколена дружината
славно загина, платија со животот свој.
Во Баница славна згасна и животот твој.

Но аманет ни остави
до денешен ден,
да се слави Гоцевата визија!

Светот го разбирам како поле за натпревар меѓу народите!


Само не и поле за угнетување.

Аманетот врежан во крвта стои.


Ќе опстои родот македонски,
жилав како Пиреј е тој.

Билјана Поповска
48

Република Македонија

РОДИНА
Во тебе се родив,
Во тебе живеам!
Во твојата утроба
Вечен дом за мир
И спокој ќе осветам.
Родино – за твојата борбеност
И ѕвездите говорат,
За тагата со месечев сјај проткаена,
Во ноќите со тивок шепот
И молитва притаена.
Горда Македонија,
Со широки полиња родни
Вкотвени езера сини
Питоми планини и гори...
Топли прегратки
За твоите чеда мили,
Развигорот во тебе
Нежно милува
Како раката на мама,
Болката во сон ја смирува.
Те љубам силно
Македонијо Мајко Мила!
Во песните опеана,
Со ората разиграна,
Со боите на знамето
Во светот развиорено...
Вечна да си Македонија!

Трајанка Тања Стоилковска


Република Македонија
49

Македонијо!
Откако си се мајко родила,
славно име си добила
и на среде Балкан си се распослала,
Македонијо, слобода си дочекала!

Често под ропство и во немир си била,


си доаѓала до слобода со сопствена сила!
Со славни имиња и херои од минатото,
Ни го подари нам најскапото!

Чест е да си чедо на Филип и Александар,


неверојатен е нивниот скапоцен дар,
крвта нивна и на нивните борци се леела,
низ борбите секоја војска македонски песни пеела!

Сите борби, сите денови се славни и тажни, но еден е прв,


над Крушево-Мечкин Камен имало република на самиот врв!
Да се споменат векови и години,
да се споменат борби во планини и долини,
да се споменат со крв натопени знамиња,
ќе речеме со солзи: „Било тоа в дамнина“.

Благодариме за песните недопеани до крај,


денес живееме со спомените, низ времето, во рај.
Должни сме сите, млади и стари,
да ја чуваме Македонија, бидејќи слободата не се купува со пари!

Леонид Десковски 9-2 одделение


ООУ„Кузман Шапкарев“ н.Драчево, Скопје
Република Македонија

Ментор-Анета Јумбрукова-Алексова,
наставник по македонски јазик
50

ГО СЛУШНА ЛИ ДЕЛЧЕВ
ПИСОКОТ НАШ
Го слушал ли Делчев
писокот наш од далеку
гласно што се слуша,
мајките плачат наши,
девојки коси корнат,
а мажите кој знае каде
тргнале и дали ќе се вратат.
А од комшилук се задала
по тебе орда да те земе,
гробот да ти урне и коските
парче по парче да ги збере.
Што бараат сега од тебе
на кои никогаш не си бил
дел од нивните стари,
отрцани шаблони
и политички рамки.
Не те сакаа ни жив кога
најдобар од сите беше,
а камо ли сега мртов
цел век под земја да
покриена лежиш.
Младите ваши не знаат
ништо за тебе сега,
а јас ќуствувам ветар по
лицето постојано што ме
шиба и заудира в гради
како разиграна гранка
пред дождот што стихови
вечни за тебе се нижат,
музика гласно нека свири
и заувек да останеш таков

Јован Башески
Република Македонија
51

Гоцеви видици

Овој вечен јунак наш,


во славниот Кукуш е роден,
со голема цел во животот воден.

За тебе пишувам песна јунаку наш,


ти најголем: патриот, револуционер
и борец за слободата на македонскиот народ.

Се бореше да бидеме слободни


како птици во лет , за спас од турско робство
цели векови пет.

Наша голема гордост е тој,


што за татковината наша
го дал животот свој.

Се борел со душмани клети,


за денес сонцето за нас
силно да свети.

Ева Станковска VII2одд. Република Македонија


Ментор-Наставник по Македонски Јазик
Петар Ивановски
52

,,Утрински мугри”
Темнина

Зад овие ридишта што темнина ги води,


Со крвави солзи , испукани раце.
Во земјата нож – забоден до гради,
Кога само би знаел што несреќи ‘ртил.
Грст зрна – аргатска мака,
Навидум чисти, сплотени, смели.
Клет товар врз џамот што спие,
Кој само за сабја отвара врата.
Жолт цвет - солза рони,
Една по една до бескрајни води.

Зрак

Од смачкано племе
До троскот и пиреј,
Напатени души со мисии свети.
Од Кирил и Методиј до ,,Везилка” и Блаже,
Во срце ги носам, со кавал ќе свирам,
А оттаму негде и славеј ќе викне:
,,Аз, буки, веди” – македонски круни.
За утрински мугри без сомнеж и грижи,
Небесен зрак - јазик и писмо,
Погребаа црнила под камен и свила.

Стефани Србиновска
Република Македонија
53

НОВ ДЕН
Некое семе никнало.
Подобро и да не било.
Коров и бршлен разлази
по тие ниви дедови.
Дедови и прадедови.
Некои води потекоа.
Па земја ми поплавија.
Дали се води,
ил солзи се?
Од мајки и црни вдовици.
Од дробни мали сираци.
Дали ќе сонце огрее,
зад тие темни облаци?
Па мома песна да запее,
славејот да го натпее.
Оро да вијат беќари.
По туѓи земји да не одат.
Туѓинци и измеќари.
Дали ќе сонце огрее
и семе да се посее?
Да исуши коров
и бршлени,
по тие ниви дедови.
Дедови и прадедови.
Да никне бела пченица!
Да светне зрак,
сред темница!
Нов ден,нов ден,
Боже дали ќе се роди!?

Соња Манасиевска Конеска


Република Македонија
54

На мојата земја
Што беше толку лична ТИ,
па среќата ти ја украдоа,
со врели погледи на сладокусците.
На што ли се надеваат?
Те гледам со векови,
ги следам твоите раѓања
и тивките умирања во стихиите.
Па стигнавме на почетокот.
Земја си моја и наша,
на мојот селски прадедо.
И одново силна ќе бидеш
8-мо септемвриска убавице.
Внуците ќе ти ја вратат каматата
и одново ќе вишнееш.
И ново сонце ќе те огрее
за да ти ја врати девственоста.
И пак лична ќе бидеш Македонијо
ОТИ САМО ТЕБЕ ТЕ ИМАМ
И ОД ТЕБЕ НИКАДЕ НЕ ЗАМИНАВ.

Гордана Такец
Република Македонија
55

ДВА ИЛИНДЕНИ
Би робје векутум.
Би црно црнило.
Би пранги, окови.
Би солзи, кукавици.
Улера и чумата би.
Би сотра, поштома.
Би ѓердан камења.
Би мувлет Уриет.
Би с'клет и пак БИ,
во синџири Македонија.

Надокрај пукна глутница;


нов ветер в'гори повеа,
партизан песни пропеа,
знаме со ѕвезда развеа
знаме со лика
ГОЦЕВА
и славните Илинденци.

Надокрај Вардар шумоли;


СЛОБОДНА Е МАКЕДОНИЈА

1967 г.

Димитар Димитровски Такец


Република Македонија
56

Татковино
Во рано зори, Сонцето прво се буди.
Во утринските пролетни
часови ја почувстував
топлината на мојата татковина.
Да сакаш, ама да сакаш од срце,
да копнееш и да мечтаеш од желба,
да имаш надеж, за подобри утра.
Ти татковино моја која ме топлиш
во зори со топлите зраци,
ти која и во мрак ме осветлуваш
со блескав зрак
Тебе татковино моја,
тебе која во душа те носам,
во ум не те вадам,
а не те ни давам.
Тебе татковино моја,
за тебе зборам за другите да разберат,
ти која издржа секакви борби,
ти која не потклекна на неправди и неуспех,
ти која не ја спушти главата, туку јунаци кои
се бореа за твоја правдина.
За тебе и со душа пеам,
За тебе и во срце те носам,
За тебе мила моја татковино,
Тебе на туѓ непријател не те давам,
Јас имам едно име и тоа е МАКЕДОНИЈА!

Атанасовска Ема
Република Македонија
57

Дванаесет млади
Одамна беше тоа клето
деветсто и трето лето,
дванаесет млади беа мета
иста судба ги снајде клета.

Со ист поглед жив што гори


со искра надеж за нови зори,
со иста мисла сите сонуваа
во сон неразбуден тие потонуваа.

Сенишна мисла околу се мотка


насмевка снема мила и кротка,
од ден мрачен тогаш веќе
морна и црна е секоја вечер.

Тогаш се кобен пронесе глас


херојска смрт ги стаса в час,
тажен се лелек низ село вие
јуначко срце престана да бие.

Живот на слобода пак ќе бликне


и цвеќе росно пак ќе никне
О, крвници проклети и клети
сонцето наше пак ќе свети.

Одамна беше тоа клето


деветсто и трето лето,
дванаесет млади песна ми пеат
таму горе под звездите бдеат.

Владо Поповски
Република Македонија
58

Земјо моја
Со матен и празен поглед
низ пожолтените лисја од книгите,
во пукнатините и пепелта,
пребарувам низ коските од предците,
кои младоста за нас ја изгубиле.
А ние многу богати сме биле
штом има уште за безмилосно крадење
на се што е свето длабоко вкоренето...
Корнете не, убивајте не молкум...
Нема да не уништите.
Низ иглени дупки ќе изникнеме,
во небо ќе се вивнеме.
Во длабините од крвта пролеана
сила имаме за да изникнеме,
да постоиме и ќе бидеме уште многу векови
Знаете ли зошто?
Затоа што ние сме пиреј,
не има секаде, нишките длабоко се исплетени.
црвени, срмени, златни,
взаемно преплетени не се отплетуваат,
не се отпишуваат,
запишани се по плочите на прадедовците,
во свети благословени книги,
испишани се сите историски мигови.
Тргнете ги канџите од нашето,
да не ве гламносаат нашите силни клетви,
оти ние имаме исконска сила,
се издигаме како пиреј, како феникс.
Од пукнатините, од пепелта развеана насекаде.
Ние сме Македонци, земјо моја...

Митра Дупчинова
Република Македонија
59

БЕСМРТНИ ИДЕИ

Неговото име е изрезбано во нашите срца,


вгнездено во нашата бесмртност,
неговата прогресивна мисла
го овековечи македонскиот род.

Гоцевата мудрост е закована


во нашите историски корени,
трасирајќи ја, нашата горделива иднина,
од неговите идеи, зрачи патриотска енегија,
трасирајќи ја, нашата посветла иднина.

Гоцевото вечно дело, ни два силна инспирација,


да ја продолжиме бесмртноста, на нашата земја,
да им ја пренесеме на нашите чеда,
визијата дека македонскиот род е Божја милост.

Кога ропството, му го проглтало животот


и во тој миг неговите копнежи,
течеле низ неговате крвави усни.

Од срцето му бликала гордост што е син


на поробена земја, кои макотрпно дејствувал,
крстарел низ неа,истурајќи им копнеж
за слободарски дух, на сите македонски синови,
за да блесне сонцето, во слободна татковина.

Исполнет со мудрос-снаодливост
високо на небото го зацврстил
македонскиот ген и го овековечил
вечно да грее ко најсјајна ѕвезда.
Гоцевите вечни идеи, врз нас истураат
пораки дека македонската нација е света и вечна.

Зоран Костески
Република Македонија
60

Таму е мојата татковина


Онаму каде Сонцето
најтопло и најсветло грее,
каде зората со бакнеж
ја испраќа ноќта
а новиот ден се раѓа со стремеж.
Онаму каде во ноќта
ѕвездите најсјајно светат,
каде што чиниш небесата танцува
во ритмот на твоето срце,
а Месецот мудрува и ти намигнува.
Онаму каде планинските врвови
им ја шепотат дамнината
на непостојаните волнени облаци
кои ја губат својата белина
и повторно се раѓаат уште побели,
красејќи ја бесконечноста не небесното синило.
Онаму каде што зреат
најплодните лебоносни жита
жолтеејќи се како златна нишка,
а кога ветрот нежно ќе ги помилува
тие шумолејќи ја откриваат тајната
за житието на предците.

Онаму каде што течат


најбистрите и најгромогласни извори,
каде што водата има вкус на ѕуница,
каде нејзиното нескротливо жуборкање
во душата го врежува
името на родната земја.
Ете, таму е мојата татковина!
Таму е мојата Македонија!

Силвана Крстовска
Република Македонија
61

Графички дизајн и изработка на Корицата

Никодин Чернодримски

Електронска Изработка на Антологијата

Никодин Чернодримски

Лектор
Сузана Гоцева-Стоун

Уредник на Алманахот

Никодин Чернодримски

Патриотски Алманах

Група Автори-Гоцеви видици

Скопје 2021 година

CIP-Каталогизација на публикацијата

Национална и Унервезитетска Библиотека “Св Климент Охридски”-


Скопје

Гоцеви видици 2021 година 60 страни

ISBN-978-608-4778-09-7
COBISS.MK-ID 53743109
62

You might also like