You are on page 1of 84

1

2
3
4

НИКОДИН ЧЕРНОДРИМСКИ

ПОКРАЈ ТЕБЕ СУМ СЕКОГАШ

СТИХОЗБИРКА

2022 ГОДИНА СКОПЈЕ


5

Стихозбирката е посветена

на мојата сестра

Ленче Трајкоска родена Јованческа


6

Наместо предговор

Знам дека оваа посвета напишана од Шери Вајт


важи за сите кои имаат сестра,меѓу кои сум и
Јас.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе


трчаш бос низ тревата и со кого ќе правиш торти
од кал. Некој со кого ќе трчаш низ прскалките
под жешкото летно сонце. Некој со кого ќе
правиш снежни замоци во зима...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе се


будалиш. Некој кој секогаш ќе може да те
насмее, но и расплаче...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека твоето срце треба да порасне и


да умееш да сочувствуваш. Знаеше дека треба да
научиш да споделуваш, да научиш како да се
помируваш, како да правиш компромис...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе се


караш многу, а со кого ќе научиш да опростуваш
уште повеќе. Знаеше дека железото со железо се
изострува и знаеше како да те направи посилен...

Затоа Бог создаде сестра.


7

Тој знаеше дека ќе ти треба уште еден пар очи


кој заедно со тебе ќе ја гледа сета гламурозна
магија и лудилото на вашето детство. Некој кој
ќе може да ја почувствува болката на спомените
кои одамна завршиле и кој ќе се насмевне со очи
полни со разбирање кога ќе зборуваш за старите
добри времиња...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба нешто повеќе од


најдобар пријател. Нешто што ќе создаде врска
со тебе доживотно...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба уво кое секогаш е


подготвено да те ислуша. Некој кој може да ти ја
каже вистината дури и кога не сакаш да ја
слушнеш, но и кој секогаш го гледа најдоброто
во тебе...

Затоа Бог создаде сестра.

Знаеше дека ќе ти треба огледало кое ќе го


рефлектира твојот живот. Некој кој ќе може да се
сети на сите твои приказни и кој ќе ги чува сите
твои тајни...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој секогаш ќе


внимава на тебе и кој ќе биде твојата најсилна
одбрана. Некој кој ќе биде твојот најголем
обожавател...
8

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба пријател за цел


живот, кој ќе биде покрај тебе во добро и во
лошо...

Затоа Бог создаде сестра.


9

Содржина

1. А вие,кои само лажно стенкате


2. Ајде да ја запееме онаа нашата
3. Ако ти јават
4. Бабите од досада ја купуваат ефтино
младоста
5. Вистино Моја
6. Вкусот на Животот
7. Во некоја недовршена приказна
8. Ги цедам последните чисти мисли
9. Грев голем е да се жалиш од судбината
10. Дали ова навистина е Љубов
11. Еден ден
12. Ехото на папсаното ..ах
13. Земјо Спружиме или Спржиме
14. Исконски Болскот
15. Јас сум од другата страна на Сонот
16. Кога времето ќе те заборави
17. Која е смислата на стварноста
18. Лилава тишина
19. Луѓе,се дави светот во мрак
20. Не го пикајте секаде носот
21. Не ме следете мене
22. Не се морничавете
23. Песна на вечната тага
24. Пишувајте поезија
25. Покрај тебе сум секогаш
10

26. Пред сто години


27. Се плашам дека повторно ќе го изгубам
сеќавањето за тебе
28. Сите ѕвезди од моето небо
29. Скаменета пустина
30. Сон
31. Умеам да господарам со зборовите
32. Црн ден
33. Роден во крвта на Сопствената Мајка
34. Предговор
35. Рецензија
36. Кратка Биографија
11

Повеќе за себе

Роден во крвта на сопствената Мајка,дојдов на


овој свет како Човек,кој треба да живее по
сопствената воља…(или Вољата на
другите)…без своја согласност станав и син и
брат…станав и нечиј сопруг и нечиј
Татко..станав СЕ…и во сето тоа се,ме немаше
мене…и во сето ова знам само едно..сега кога
решив Јас да бидам СЕ..за напред ми е
потребно премногу сила..назад не ме
примаат,ако продолжам тука да стојам ќе ме
повлечат некаде камењата кои ми ги
натоварија другите,кои ги нарекоа искрени
желби…Ова ви го кажувам додека накратко
одмарам…ако вечерва,или утре,почуствувате
болка …само да знаете,ЈАС чекорам…некаде
напред,во моето познато Утре…
12

Песната –Сон-е посветена на мојата покојна


Мајка Радојка Јованческа

СОН

Со солзи те сонувам
Со песна те барам
Твојот лик да го видам
И нежен глас да слушнам.

Сине мој !

О мајко!
Дојди и погалиме
И нежно шепними на уво.

Сине мој!

Цвет за тебе набрав


И на срце уште го носам
На гроб да дојдам не можам
Очиве мои солзи немаат.

По љубов твоја копнеам


И како дете мечтаам
О Боже кажими
Каде ли да ја пронајдам!

О Боже Боже!
Дај ми ја само на еден миг
Прошка да побарам
И срце да смирам.
13

О мајко!
Знам дека си блиску некаде
Но сепак далеку од мене
Дај ми знак
Дај ми верба.

Во сон си моја
Ја имам твојата прегратка
Но јавето е премногу сурово
Се будам и гледам дека те нема.

Небото е твоето царство


Таму ти си рајска кралица
Јас на земјава
Сум само страдалник.

Сите велат среќник сум


Само јас знам каков бигор
Каков чемер во срце носам
Каква тага во мене чмае.

О Боже дај ми ја!


Само на еден единствен миг
На нејзини гради да заспијам
Душа еднаш да смирам.
14

Вистино Моја

Вистино Моја!
Родена во пламенот на Љубовта
Кажими?
Зошто сега дамарите на срцето мое ми судат
Толку сурово
Терајќи ме како круна на главата да носам
Венец од ветерови шилци.

Вистино моја!
Заглавена меѓу искрите на надеж под клепките
Не ми се потсмевај сега
Зошто само ти ми ја познаваш душичкава
Ти ја научи да биде непокорена.

Вистино моја!
Втисната на мојата дланка
Сега ли писок ќе станиш ?
Или повторно во некој непознат кожурец ќе се
криеш
И така секоја дневна здодевност ќе ми ја
крадеш
Да те барам
И пред праг,и под праг?

Вистино Моја!
Не сум зачуден што повторно се будиш
И тебе горчливото спокојство те тера
Да трепериш пред бескрајниот плач
Но и те морничави
15

Кикотот на злото што евего повторно расте


Вистино Моја!
Ако бегав Јас од тебе
Не бегај сега ти од мене.
16

Ајде да ја запееме онаа нашата

Дедо Атанас повторно зареви околу пладне


Песна синови,песна нека одекне!
Ајде да ја запееме онаа нашата!
И ревеше кутриот полн со машка закана
Ама не гледаше дека грлата на другите се веќе
мртви.
А знам,сакаше така да се спротистави
Е де,на бурата која само што не го распартали
и небото
На ова,само Коста кускуле се огласи
Кој немаше земни маки во зениците
За што да пееме тука ,кога ѕверот изџвака се
Нема веќе ни пепел во огништата
Не се слуша никаде ни молитва
Трепетливите шуми не шумолат веќе
Во пазуви,скаменета корка леб има
Ноќе,студот цица се од луѓето
Оставајќи им ги коските празни и лесни
А спилите пукаат од мака
Реките рикаат од болка
Иловицата ги голтна и житијата,за да ја изгасни
жедта
Нема песна,оти тука никој не танцува кога ќе
изгре месечината
Нема песна оти тука никој веќе не сонува
Нема песна оти бескрајното молчење нема
крај.
17

Бабите од досада ја купуваат ефтино младоста

Знам дека во Берлин и во Париз


Ама и под Килиманџаро
Бабите од досада ја купуваат ефтино младоста
На кејот или по паркови,поимотните
Во театри и во опери,а тука
Каде што не р`ти веќе ни смеата и,
каде што тишината умира додека сонцето
легнува
тука,единствено само крвта пее песни тажни.
И повторно тука
Додека очите на небото се отвораат
На запад покрај брегот галебите се смеат
Овдешните баби само кобат,и претскажуваат
зло
И знаат се за неродените девет години.
Пробав од сето ова да избегам во вителот на
времето
И таму да ги кажам моите големи молитви
Да ги отворам така медоносните шурки
Кои ќе го мират срцето,и моето и на другите
Ама гласовите одсекаде ревеа дека сум
вештер.
И токму затоа ја скаменив тагата
И со празните очи го гледам небото
Каде се пресликани и Лисабон и Лондон
Во кој бабите навистина ја купуваат ефтино
младоста
При тоа пиејќи во пурпурот обилно невина
роса.
18

Ако ти јават

Ако ти јават
Дека сум станал облаче мало
Кое немирно игра на небото
Не тагувај
Радувајсе на секое ново утро
Што ете сум насекаде околу тебе
Синилото од моите очи
Сега го пресликав за тебе во бескрајот.

Ако ти јават
Дека сум станал немирна капка
Која радосно потскокнува во реката
Не тагувај
Седни на брегот како некогаш
Наслушнија песната што ќе ја пеам
И повторно не тагувај
Моите последни солзи таму ги оставив
Да се плодат со секој нов бран.
19

А вие,кои само лажно стенкате

На запад осамена жена танцуваше


На исток препреден старец умираше
На југ падна парче месечина
На север девојка од мајка се простуваше
Само тука во центарот на светот
Каде ние бре луѓе профитираме од туѓите
несреќи,
И јаваме лути ветришта за да си ги изладами
петиците,
И од забава копаме по сеќавањата на
искрените,
За да на крај им ги фрлиме животите во калта
Која ја прави најдовратниот очај.

А вие,кои само лажно стенкате


Во модропрозирните ноќи
Навистина ли мислите дека ѕвездите на небото
Светат за вас.
Ах,само ќе речам сега
Бидејќи од срцето не ви се цеди песна
Во очите немате блажен лач
И во младоста никогаш не сте воздивнувале.

Та затоа не го лажете времето


Со вашата бесрамност
Зошто сите тука повеќе помалку
Наликуваме на пратеници од пеколот
Но никако на миленици на рајот.
20

Вкусот на Животот

Ајде не тагувајте
Барем ноќва не тагувајте,само
Сететесе на вашите стари,заборавени сништа
А потоа,кренетего погледот некаде во
далечините,
Да ја прочитате небесната вистина,што
секогаш ви е пред вашите очи
Не пишува за вечното каење,ако мислите така
Или за вашите скршени емоции
Или скриени празнини во вашата душа
Ете таму,
Напишан е наједноставниот рецепт за вкусот
на животот
Кој е залепен на секоја ваша насмевка.
Гледате ли
Сега навистина насмевнете се
И застанете во тишината
Раширете ги дланките,чекајќи во нив да
капнат
Првите безгрешни солзи.

Додека паѓа солзата,не го прашувајте мигот


Што ќе ви донесе утрото
Или,дали на пладнето некој ќе ве чека
Само насмевнетесе,искрено.
21

Еден ден

Еден ден
Ќе се разбудиме во нестоплено утро
Со болни души
И ќе почнеме тоа утро да го мериме со гладни
чекори
Зошто ете сме станале носители
На номадска бездомност.

Е така си е,
Оти сме ти биле ние деца на гревот
Кој пладнуваат во бескрајната осаменост
Без желба во очите
И без чувство за својата тежина.

А во заодот
Во заодот,нашата крастава судбина
Ќе не гледа небаре сме призраци од минатото
Кои учеле од лажни евангелија.

Неповредени и непроменети ќе останат само


нашите сенки
Кои времето ќе го држат на дланките
И ќе се грижат за оваа грутка земја.
22

Во некоја недовршена приказна

Во некоја недовршена приказна


Сенките
вечниот страв во очите се`уште ја носеа
агонијата на ноќите..
и чекаа да запеат третите петли
барем да го видат оловното сивило каде се
цедеше секоја тага..
но да го оставиме сега тоа...
над градов се`уште се движат заскитани сенки
напати само воздивнуваат
напати очите им бабрат до прскање
а напати се молчеливи..
ги слушам како тупотат
небаре копита имаат а не нозе..
и сакам да им кажан
што е што сте збеснале
зарем и вам соништата ви ги убиваат секогаш..
полека..
Перун ќе ви го симне крстот од грбот
и ќе станете слободни летачи..
и ветерот полесно ќе ве расејува насекаде..
полека..
кога ќе испари талогот од човечката тага
што ви натежнал во утробите
ќе знаете за што ви зборувам..
јас сега ќе ве оставам
и ќе се возвишам
23

и возвишен ќе патувам се до старите Пагански


Векови...
Патувај
патувај кон недостижните височини на небото
ми зборуваше Ангелот
потрошената лушпа оставија нека се згрчи во
ладната соба..
патувај и не се плаши..
ми зборуваше додека ја земаше топлината од
мојата дланка..
Белата огненица ќе те натера да го доживееш
невозможното..
и ќе те однесе до праисконот..
а тие кои те сакале
ќе залипаат по тебе од длабочината на своето
детство..
всушност
јас сега само молчам
додека го гледам како се формира ѕвездениот
грозд
а ноќта минува во нова ноќ..
со голиве раце ги допирам врвовите на
планините
и се восхитувам на креаторот
како создава од празнина волшебен настан кој
не зближува...
24

Ги цедам последните чисти мисли

Ги цедам последните чисти мисли


Во таканареченото,кралство на изгубени души
За кои вие мислите се недостојни за почит
И дека нивниот јад сам од себе се створил.

Ех,кога би можеле да го прерипнете нивниот


мрачен очај
И да си го исплакните срцето со сопствени
солзи
Белким тогаш,ќе станете екими на нивната
болка
Припремаќи ги така за Бесконечноста.

Но не е така запишано
Вие и виолината не ја слушате
Како нежно и таинствено
Со меки ноти плаче на булеварот за тие души.

Барем ноќта не им ја обеспокојувајте


Каде одат на гурбет,да спечалат некој драм
јад
Кој ќе ги јаде во денот одвнатре
Во тие мигови на проклетство.
25

Грев голем е да се жалиш од судбината

Тивко ми шепна облакот додека заминуваше


во заодот
Грев голем е да се жалиш од судбината
Подобро е
Да ја премостиш бездната помеѓи чуствата и
разумот
Потоа застани и уживај
Со срцето затрепери
И
Биди едноставно Среќен.

Пуштиго времето нека тече


Разиграја врелината во крвта
Правеќи така линија на дланката да биде
бескрајна.

Тивко ми шепна облакот додека заминуваше


во заодот
Грев голем е да се жалиш од судбината.
26

Дали ова навистина е Љубов

Ти не плачи,само насмевнисе
И помисли за денот
Кога ќе се сретнеме
Таму каде што Сонцето никогаш не заоѓа
И ноќта никогаш не доаѓа
Ете таму!
Без да кажиме и само еден збор
Само со прстите
Ветерот ќе го доприме
И со погледот ќе го прашаме.

Дали ова навистина е Љубов?

Ти не плачи,само насмевнисе
Сега е полноќ и тишина
Во која има Болка,Радост и малку Тага
И безброј недефинирани мисли
Родени во некој правлив заборав
Каде исто лежеше тоа прашање.

Дали ова навистина е Љубов?


Ти не плачи,само насмевнисе
Зошто ме познаваш и те познавам
И кога сум уморен од мислите
И кога чекориш од празнина во празнина
Прашуваќи се
Дали ова е навистина Љубов?
27

Јас сум од другата страна на Сонот

Јас сум од другата страна на Сонот


и ти помагам да се разбудиш
кога навистина ќе се разбудиш
ќе сватиш што се случува.
И ќе прашаш
Кажими
дали навистина јас спиам
или сум будна?
Јас само ќе ти одговорам
не
твојот вистински живот се`уште спие
а ти си будна само во една реалност
збунето повторно ќе прашаш
ништо не те разбирам
Јас повторно само ќе ти одговорам
за да ме разбереш
пробај прво да ја разбереш пеперутката
како спие во својата чаура
но кога ќе излезе
погледнија коку е среќна и весела
што вистински започнала да живее.
Ете тогаш ти вистински ќе се насмееш
А јас ќе се израдувам.
28

Кога времето ќе те заборави

Кога времето ќе те заборави


Тогаш веќе знаеш дека и големиот сон е мртов
Песната на врпаците не ја слушаш
Изгревот е толку обичен,што и светлината е
бледа.

Кога времето ќе те заборави


Не гледаш пред себе ниедна патека
Ниту пак чекори наоколу не одекнуваат
И сите булевари се празни.

Кога времето ќе те заборави


Некако знаеш,дека и сказалките на часовникот
зарѓале
А жагорот на улиците е само едно далечно
минато
Додека пролетта е само време кое постои на
хартија.

Кога ќе те заборави времето


И ноќта и денот поминуваат ради реда
Единствено,што чувствуваш е мирисот на
вистината
Кој се шири како арома или смрад
И единствено што гледаш пресликано на
небото е
Бојата на животот,црна или бела или црвена.
29

Ехото на папсаното ..ах

И каде да си сега
Не ме терај веќе бесцелно да гледам
Во небесниот свод
Надевајќи се дека својата бесмисленост
Ќе ја раскинам со нечииј ѕвезден трепер.
Дека е така
Ми кажува ехото на папсаното ..ах
Кое одекнува низ ходниците на времето
Како потсетник
За сите изодени патеки
Каде одев и зборувава со срцето на
романтичарот.

“Ја чекаме бесконечноста во овој бурен свет


Одеќи преку стотина планини
И на дожд и на сонце и ветар
Надевајќи се така,дека како награда
Од судината ќе ја добиеме милоста
на некој невин и бистар избор
од кој блика чистотата на Боженствената
Љубов”

И каде да си сега
Не ме терај веќе бесцелно да гледам
Во небесниот свод
Зошто вретеното на времето врти премногу
брзо.
30

Земјо Спружиме или Спржиме

Земјо,на места иловица,на места црвенејца


Со жедно зеленило на себе
Смириме од апежов и бесов во прстиве
смрзнати.
Се заплеткав во густа пајажина на очајание
Само ревам во крвта и не можам да се
исправам.
Кажими барем ти,што сум?
Маѓесник со лита одежда,или избавител на
кутри души
За кои во осои и присојници суви,вода пиев
Барајќи начин со млак ветер да сонувам од
онаа страна на животот
Земјо,на места иловица,на места црвенејца
Мирисниме и кажи ми
Кого ќе го голтнеш
Кого ќе го спржалиш
Ако сум чедо Човек спружиме
Ако сум Чедо Ѕвер спржиме
Безредието во песнопојците не можам да го
следав веќе
И грнчари,и самарџии,и безделници,и
улавошекнати
Алчнославни стануваат
Без никаква мисла во себе,од блудници и
сакати ги корнат песните
31

Некои без срам,тврдеа модро млеко пиеле од


ѕвездите
И со леунки во постела спиеле
Та тоа ти било Љубовта во колепката Човечка
И со пциите пцалаа,чудна молитва за
упокоените
Молскавиците во клопче ги врзуваа,и врескаа
во правта
Сребрени нишки,од очите исцедени пробаа да
вадат
И водите и облакот и сите заоди пробаа да ги
заробат
Со чинки смрдени и крст рѓосан.

Скрбно ми е веќе да гледам


Темно сонце со темни луѓе без бели сенки на
себе
Земјо,на места иловица,на места црвенејца
Можеби сум сенка од прав
Врзана со две нишки од Бесмртието
Ама ако моиве очи се наказание,испијги
И
Спружиме
Или спржиме.
32

Исконски Болскот

Не е тајна веќе
Беше тишина
Поинаква од сите други тишини
Од месечината потече миросано млеко
Очите почнав да си ги замивам
И зачудо, можев да видам што се случува и
под земја.
Во првиот миг
Кожата малку зелена ми стана
И две три коски пукнаа
Ама сега и селските петли кога се будат ги
наслушнувам
Иако спиам тогај
И шумолот во крвта бука ми прави.

Чудно
Сега стравот го гледам кај многумина
Во нивните душевни прегреани празнини се
коти
Ако им кажам за ова
Ќе речат
Сум се родил во улава ноќ
Или налудничав ден
Некаги
Нека си ја цицаат крвта
Исто како што студениот ветер го цица мракот
Не се свесни
33

Како немите крикови им ја морничават кожата


И небаре насмевка даруваат
Само ги развлекуваат со скриен грч усните
Ако
Малку зашеметено ќе воздивнам
И ќе ги оставам
Во претесната кожа која јадот им ја стега
Нека велмат кога се на колена пред олтар
Дека туѓиот скрб ги ничкосал и довел тука
Нека копнеат за чудо
Платено со литар масло.

Ако
Сега можам
А можеби и знам
Сенката да ја изменам
Да во тоа пално вретено од времето
Болката,чемерот и јадот ги препознава
И полумртвите дни
И мртвите ноќи
И без срам да ми каже
Да не џвакам тогај попусто
Бесцелни и малку мувлосани надежи.

Ако пак вие некако здивите


Не ги стегајте тупаниците,ни пак не офкајте
Само загледајте се во Животот
Со Исконскиот болскот во Очите
Од таму
Искрата ќе ви даде плод со светлина
Вие наречетего
Нов чекор.
34

Која е смислата на стварноста

Се простив од мојата последна солза


Малку чудно
Бидејќи додека паѓаше ми заличи на миг
На злокобна птица која била во сенката на
вечниот мрак
Од сето тоа
Седнав скаменет и мислев
Дека сум моќен со стисната тупаница
да ги здробам камењата наоколу.

Не знам зошто
Ни никаде наоколу мене,веќе не ја гледав
Големата семожна иднина
За која порано мислев дека таму никој не
умира
И нема никакви мистерии
И дека во таа семожна иднина
Презреаните векови мирно спијат.

Не разбравте ништо од се ова,нели


Исто како и претходно кога не разбравте
Зошто бесцелно догоруваше цигарата во
пепелникот
Или зошто старите часовници не го мерат веќе
времето
Ниту пак,која е смислата на стварноста
35

Но затоа добро знаете,колку мачки умреле во


Бангладеш
И колку кенгури се пареле во Австралија.

Ах да,ќе забораавев
Утре кога ќе паѓаат кисели дождови
Не носете чадори тогаш
Зошто ќе ви се запалат над вашите глави
И ќе ги спржат вашите мисли тие чудесни
капки.
36

Лилава тишина

Недофатливиот дел од времето низ овој живот


Ќе го земе смрта,а потоа во зениците ќе нема
Ни болка ни тага
Темната нишка ќе ги обземе рацете
За да свиснат
И се ќе биде веќе едно далечно минато.

Некој тогаш ќе рече


Неговите дланки треперееа со копнеж
Од неговите дланки се раѓаа несватливи
далечини
Со неговите дланки и маглата ја обликуваше
Низ дланките му се цедеше мракот.

Но зошто сега,во оваа лилава тишина


Го барам ликот во огледалото
Кој напати ме гледаше со сурови погледи
И кажуваше,дека е само нечиј грев во мракот.

И повторно некој тогаш ќе рече


Неговите заморени мисли ги врза во јазол
За да може безгласно да прашува
Дали навистина недофатливиот дел од
времето
Смрта го зема?
37

Луѓе,се дави светот во мрак

Целата вистина за овој свет


Кој се дави во лага, солзи и тага
Е сокриена некаде позади облаците
А за да умри сето тоа
Потребен е само еден чекор
Голем колку еден вистински сон
Кој не се плаши
Ниту од времето,ниту од судбината.

Затоа,не чемреете повеќе луѓе


Под вашите овенати младости
Ами без чинки и чуда врзете го денот роден
И ветерот споулавете го ,кој енего
Дреми под исушена црница
Со гладните заби нека ги апи сенкиве
Кои саде се хранат со оган.

И после тоа
Нека нема ни големи ни мали
Ни генерали ни кралеви
Ниту пак излапени старци,кој ја пизмат
месечината
Да не им свети и пред полноќ и после полноќ.

Луѓе,се дави светот во мрак


Ѕведите ни умираат над нашите глави
38

Ако не го направиме чекорот


Голем колку еден вистински сон
Утре ќе нема кој да раскажува за денес.
39

Не го пикајте секаде носот

Со замрзнат крик во темното грло


Се мешам со млечната магла која доаѓа
одсекаде
Сакајќи така да ги откријам сите заборавени
облици на болка
Во пукнатините на суводолицата,која некогаш
ми беше дом.
Повторно е тука споулавениот ветар
Кој и тогаш и сега добро ја пее химната на
осамените
Со рапаво кучешко завивање
Кои никогаш не дозволува соништата да капат
на дланките.
Сега веќе знам жестоко да го совладам
неспокојството на срцето
И да не се плашам кога умираат мртвите
кракови на денот
Бидејќи сум претворен во голема желба за
живот
Но се`уште ме морничават злите молскавици
кои бликаат од туѓите очи.
А вие сите,врз кои се`уште ви лежи р`ѓата на
зимата
И кои се`уште не сте искинале од себе свето и
возвишено чувство
И не сте ја почувствувале танката реа на
стравот
Не го пикајте секаде носот,зошто ќе останете
згрчени во блудната ноќ.
40

Не се морничавете

Во самото дно на полноќта


Го слушам своето име рапаво изговорено
Како воздишка на бол
Како тага воскресната од грутка земја.

Беа два слога


Или временско расплинување
Во некој век сега е со крцкав трепер од
сомнежите.
Чекај извикувам
Нема да го изговарам јас веќе
Ќе го симнам од грбот,од усните,од душата
Нови злодејанија нека не прави веќе.

Ќе се стретнам со заговорниците на мојот ден


Ќе им кажам,јас сум проклет
Мојата иднина е упокоена
Помогнетеми да станам земја,да станам
прашина.
Не се морничавете
Ќе стојам со прекрстени раце на градите
За вас,за неа,за нив
Само кажете збогум,тоа е правдата на
достоинството.
Не се морничавете
Се преобразувам во трепелива магличка
А можеби сум само призрак
Со зелен моф прекриен.
41

Пишувајте поезија

Се беше испревртено некаде позади


виножитото
И редот и поредокот стануваше хаос
Ангелите плачеа во мракот
Демоните славеа во светлината
И на очајниците кои клечеа на вжештената
земја
Им се потсмеваа кога молитвено бараа спас
Не боли душата,викаа во хор
Пишувајте поезија,малку романтична
Малку безобразна и болката ќе исчезне
Ни умира иднината повторно викаа во хор
Пишувајте поезија без розева визија им
одговараа
Не мразат предците зошто светата крв во нас ја
испогнивме
Пишувајте поезија каде смрта не р`ти во секој
збор
И каде животот не ползи пред воскресението
Соништата ни се мртви,а копнежите пијано
скитаат по булеварите
Пишувајте поезија,без да крцкате со
забите,пишувајте поезија
Со живи зборови кои нема да се плашат да
отидат и до вечноста.

Пишувајте поезија,и кога солзите солени


ви го размачкуваат мастилото на хартијата,
пишувајте поезија,и кога розата венее
од изневерена љубов
42

пишувајте поезија,и кога мислите дека е


залудно што пишувате.

Пишувајте,и не го гледајте овој хаос


зошто утре повторно тука ќе се роди нов
поредок.
43

Не ме следете мене

Не ме следете мене
ниту пак тешките есенски дождови
што се влечат позади мене како змии
зошто тие се отровни,
и булките во пролета ги овенаа,
и камбаните ги замолчија и пурпурот го
затемнија.

Не ме следете мене
зошто очите не ми се веќе гладни за љубов
зошто од моето семе не растат веќе песни
и не чекам веќе крај спилите тишини сини
и од усните веќе не ми течат шурки со смеа
сребрена
зошто не болувам од копнеж
зошто и јас станав веќе суров,како идниот
нероден чекор.

Не ме следете мене
оти ме чува глутница од гладни пци
кои се родени во студена пештера
кои се растени под ничија стреа
кои никогаш не играле во денот
и никогаш не слушнале во ноќта љубовен
шепот..

Не ме следете мене,
зошто ќе одите по улица без крај
се до глува доба,
каде ќе морате и вие тогаш
44

да станете како мене чувари,на


сонот за живите,кој е без кожа
и завиткан со многу гробје.
45

Песна на вечната тага

Кога ќе ве однесат водите на непостоењето


Тогаш и глувите чекори ќе ги нема веќе во
вашето утре
Темнината,ќе ви го донесе сонливото ветре
За да ја избрише и миризбата на времето од
вас.
Од разголените гради на месечината
Ќе потече сребрено млеко,за да ве задои со
вечна тага
Ако не сакате,само кажете и
Во моите длабочини се`уште има капка
животен сок.

Некаде на крајот од вселената ќе ве пронајди


русокоса девојка
Која има нејасна мака во утробата,и растопен
килибар под кожата
Ете таа,во безгласните ноќи,ќе ви ја каже
голата вистина
Дојдовте тука,зошто многу рано ги заклавте
вашите невини сништа.
А потоа,се стана само болка, и копнеевте по
приказни
Гледавте како умира ветерот,и наутро умираа
и ѕвездите
И никогаш не разбравте,дека осаменоста е
сува смрт
Зошто многу рано ги заклавте вашите невини
сништа.
46

Покрај тебе сум секогаш

Ја кинам илузијата
И ги пакувам веќе сите неостварени соништа
Го прекинува бесцелното скитање во тишината
Несакајќи да живеам веќе од здив до здив.

Сите мои недовршени стихови ќе ги оставам


Во празнината
Каде како ехо честопати го слушам шепотот
Покрај тебе сум секогаш.

Само не знам,
Дали душата да ја облечам во ново руво
Или ова распарталено и налепено со многу
болки
Да го оставам и да го влечам се до првиот
облак.

И повторно од некој крај на бескрајот


Одекнува шепотот
Покрај тебе сум секогаш
Додека ја кинам илузијата,за која мислев е
реалност.
47

Пред сто години

Пред сто години


Кога ќе застанев пред огледалото
Можев секогаш да го видам демонот
Кој спиеше во мене
И кришум ,чисто од забава
Напати кинеше парчиња душа.
Но сега,во ова време
Гледам многу демони околу мене
Кои и не се кријат
туку гордо насекаде се фалат со своите тутули
и бараат
место вино,крв да им служат на трпеза
место насмевка,лелек да се спружи пред
нозете нивни
место солза,крик од душата невина да одекне
гледам
како дрско ги крадат ликовите човечки
и
не се плашат веќе од светлината
но незнам дали повторно ќе ги видам
по сто години
зошто и тие се дел од прашината
но сега простете
го напуштам овој пат
што ми го создаде судбината.
48

Се плашам дека повторно ќе го изгубам


сеќавањето за тебе

Го пијам виното без здравица


Пркосејќи и на темнината со немирот
При тоа слушајќи го нејзиниот шепот
Издржи
А потоа полетај со криљата во бескрајот
Навистина,одговарам со рапавост во гласот
Никогаш не се плашев од смртта
Но, сега

се плашам дека повторно ќе го изгубам


сеќавањето за тебе!

И во цела оваа недореченост


Сега се прашувам
Што е тоа судбина
Дали детето кое пораснало но сеуште сонува
со отворени очи
Дали копнежот полн со немири
Дали денот кога ги раширивме првпат
Рацете спроти ветерот
Или обичните денови кога ништо не се
случуваше.

Молчам
А што д акажам друго во оваа тишина
Кога навистина
Не се плашам од смрта
се плашам дека повторно ќе го изгубам
сеќавањето за тебе!
49

Црн ден

Се наближува црниот ден


некои зборуваа дека е по Велигеден
но пред Свети Илија бил
кога сушата грлото ќе го стегни силно
та ни капка вода не ќе може да пројде
кога тие што грабаа туѓо,
страв и тишина вечна ќе ги прекирие
колебливците кои иднината ја продаваа
само кучешку муцки ќе ги целиваат
а фарисеите кои и свртија грб на вистината
мракот ќе ги сплеска,како во старите времиња.
Се наближува црниот ден,та затоа
престанете да цицате од небесното небо
со вашите еднолични молитви
кои до вчера ги кажувавте пред погрешен Бог.
Да,да,се наближува црниот ден
кога многумина ќе се плашат од изгревот
и ќе го чекаат,исчекуваат желно заодот.
И уште ова да го знаете ништоверци едни
со црниот ден
владее господарот на кошмарите
кој ќе го создава со вашата крв.
50

Умеам да господарам со зборовите.

Умеееш да господариш со зборот


Денес некако цинично ми возврати огледалото
Небаре си генерал на стоилјадна војска
Војуваш со гранати од утробата твоја.

Недопирлив сум
Вечен како Бог
И Бог сум навистина,глаголам
Со забите кои брана на јазикот ми се.

Не, извикувам
Се натпреварувам само со поколенијата
Ете така лутам по крвави судири
И во моите сини сини очи тогаш пеколот е
санта мраз.

Ги совладувам со мојата воља


Тоа е мојот закон што го почитувам и во крвта
Ги затворам очите,
И од заборавените еха на далечните векови ги
собирам.

Препуштетеми се покорени
И спровретесе повторно низ темните ходници
на виугите
Не ми давајте леб,месо,риба смрдена,не
бидете злобни
Закрпетемија кожата и вечни бидете.

Јас сум прв од лозата на Бесмртните


51

Боговите се такви,некако со олеснување


воздивнувам
Ќе ве престорам во пеколни птици,потајно да
плукате
Не цимолете,кришум се заколнавте прес
сребрениот крст.

Созреете,зреете,презреете
Додека одмарам со посебен мирис на
досадата
Нема да ве удавам со граматичка правилност
Вие самите кажетеси,ова е придушена
патетика.

Секој владее само еднаш,еднаш,и само еднаш


Смислата на идејата е да ја спрегне енегријата
на недостижните далечини
Сугестивно во мракот ќе ве ослободам
Ќе го наречам,вие запишете,ова е Генијално
лудило.

Простете
Простете ги испуштив веќе нишките на
времето
Ова нека биде запишано како благородна
закана
Со неизбежна решителност и крик на слава
Утрешните мртовоци ќе преземат власта во
иднината
Во тој неизбежен процес ќе сотрат
Блуд,омраза,страв,
Потоа
52

Потоа во леплив мрак,и матна светлост


Во тој темен ковчек,говорникот ќе биде
недовршена слика.

Во далечините завива тажно сирена


Со пролетна мелахонија
Веќе немам никаква дилема
Чиј е светот,на живите или мртвите
Се заколнав,Бог ќе бидам,сноп на светлината
Неможете намене да видите дамка
Го покривам тука огледалото со недогледно
платно.

Јас
Умеам да господарам со зборовите.
53

Скаменета пустина

Слушам,судбината заспала во овој зол час


Додека наоколу цветот на мракот ги пушта
Пипалата кон сите кои липаат молитви.
Мислеа дека така на кошмарните соништа
Ќе им направат стапица,но не знае кутрите
Дека се околу нив е само скаменета пустина.

Оф за нив ќе кажам пред свет олтар


И жива пченица ќе зобам од оловна тепсија
И малку подгрбавен ќе тргнам кон голготата
Точно пред млечно да осамне денот.

Еј ветришта,што бришете темни сенки


Не пејте сега во моја чест пискави песни
Само патете,како што патеше мојата душа
И плачете,како што плачеше виолината со
мене.

Над нас се гаси студеното небо,а наоколу


Само неколкумина на кои иднината им е
матна
Полека потонуваат во ништо,во еден долг сон
Којзнае,можеби ова е тоа библиско
проклетство.
54

Сите ѕвезди од моето небо

Сите ѕвезди од моето небо


На кого сега да му ги подарам
Кога бескрајот ме исцрпува додека одам
И за кого сега пеат тие нежни симфонии
Во срцето
Кога пред вратата на моите сништа не се
слушаат стапалки
И би молчел за сето ова
Би молчел и за ноќите што ги бојам со плава
светлина
Би молчел навистина
Но тешко е да се заборави,но потешко е кога
се сеќавам
Би молчел
Но тежината од небото е најтешка
Навистина
Сите ѕвезди од моето небо
На кого сега да му ги подарам

Пустината во мојата душа


Ни ветриштата луди не ја сакаат
Солзите жешки
Ни земјата жедна не ги прима
Би ве лажел сега дека не е ништо
Знам нема да ми верувате
Но дојдете
Дојдте со мене во мојата иднина
Да молчиме
Ако се плашите
Оставемете со моите насолзени очи
55

Доволно е што Вечноста ми шепна


Песните те напуштаат
Пријателите те забораваат
Но јас не
Оставетеме со моите насолзени очи
56

Рецензија

И незнам ни самата уште колку пати да дојдам


во неговите светови,кои скоро никогаш не се
слични со стварноста,сепак веќе во последните
писанија неможе да се забележи духовниот
пад на Чернодримски,напротив,веќе како
вешт наротор низ своите магични зборови ни
ги опишува светови со рајски бои,во кој
секогаш како главна боја е копнежот.

Неговиот широк поглед во кој ги спојува


небото со земјата,болката со тагата.песната со
радоста,водата со оганот,ни дава една голема
сигурност ние како читатели да чекориме по
тие преубави поетски оски кои ги поставува.

И колку да го гони времето,тој не застанува за


да земе здив,туку храбро граби по тие негови
патеки кои ги создава судбината за него.

Веќе е видливо дека во оваа стихозбирка не


постои за него граница..тој и во претходните
стихозбирки ја помина онаа обична поетска
граница,но овде,овде се потврдува како
суверен владетел на бескрајот.
57

Густите слики кои тој ги слики низ своите


метафори,се веќе докажани вредности за кој
ретко кој читател би останал рамнодушен.

Неможеме повеќе за Чернодримски да


зборуваме дека е само Поет,сега можеме да
кажеме дека е веќе Волшебник,кој се крие
вешто позади маската Поет..и токму тоа негово
волшебство,го дожуваваме,не го читаме,туку
вистински го доживуваме секој негов
збор..секоја негова слика..

Интересно е што не само тука,туку во сите дела


на Чернодримски,не стретнуваме
циклуси..сите негови дела се комплетни
светови,без никаква поделба..на периоди и
територии..малку хаотични,кои на прв поглед
делуваат дека не се поврзани,но ако подобро

и по втор пат се препрочитаат ќе се види


нивната поврзаност..

Сите песни,сите зборови тука се само еден


повторен поклон на поетот кон Вечноста..кон
тој Копнеж што го носи секој кој војува со
перото по белата хартија.

Милена Арсова
58

Никодин Чернодримски - (Трајче Јованчески)

Сјајот на ѕвездата под која сум роден повеќе


не трепери така силно во оваа мирна и тивка
ноќ. Сега само невидливите очи на судбината
ме гледаат од далечините бдеејќи над секој
миг нероден. Но, ете јас низ моите сеќавања се
прашувам каде ли отидоа во таа светлосна
река сите минати животи. Знам, некој ќе рече:
„Размислуваш за утопијата наречена Вечен
Живот“, но, ќе ви кажам. Низ сите минати
денови, месеци, години, само ја раскажував
најубавата Балада за Бесмртната Душа, таа
вистина која ме оплеменуваше и ќе ми
подарува сила сé до физичката смрт.
59

На пати кога одмолчував, моите соништа


градеа мостови помеѓу сите желби и
можности, одев, трагав, скитав, често пати низ
патеките каде што не смеев и во тоа
забрането, обичното го претворав во
необично.

Па, така...

Додека се менуваа еоните, го гледав мојот


втиснат лик како се менува. Менувајќи се
ликот ,се создаваа и напишаните дела, тие
небесни симфонии кои ми ги подари мојата
Муза. Муза, која ме натера да ги поминам
границите кои не им беа дозволени на
смртниците.

Знам дека суптилно ме провлече и низ


круговите на Данте и ме натера да тагувам
заедно со дождот на прагот каде што јавето
доаѓаше.

На пати бев принуден да ги купувам деновите,


за да ја смирам разбрануваната тишина,
тишина која се распрснуваше во секоја
утринска пурпурност и тогаш крадев од небото
ситни златни зраци, ги пружав исто како дете
дланките и на секој заскитан облак го пишував
нејзиното име, името на Музата,која ме
воздигна, но и ме турна во сите бездни.
60

Ако некому му значат бројките, тогаш 1964 е


годината кога светлината се роди во моето
срце и ќе блеска сé до последниот миг, некаде
под величенствената Маркова Грамада, каде и
сега во спокој под заштита на Месечината спие
градот Прилеп.

А Вам, Вам Ви ги оставам сите напишани


зборови. Читајќи ги, знам, ќе ги допрете сите
невидливи светови, влегувајќи несвесно во
вретеното на времето.
61

ОД ИСТИОТ АВТОР

Стихозбирки:

1.Арнаутска Жетва

2.Астра

3.Балканска Рапсодија

4.Бездомност

5.Ден Без Виделина,ноќ без Месечина

6.Дневникот на Еден Сонувач

7.Изгубени Мигови

8.Јавето Ако Некогаш Апстинира

9.Кај Си бе Другар

10.Како Станав Лита Сенка

11.Крилати Сни

12.Македонија и Сонцето

13.Мисловен Дневник

14.Мој Роде
62

15.Мозаик Од Мигови

16.Мртви Сенки на Мртва Стража

17.На Спилите им раскажувам

18.Носталгични Ноќи

19.Од Небиднина крај Јавето дојдов

20.Огнени Виори

21.Ова не е Мојот Лик

22.Пагански Стихови

23.Пелин вода

24.По Патеките на Орфеј

25.Прилепски Ехо

26.Шепотот на Скриениот Дамар

27.Скрбот како Утеха

28.Трагач по Илузии

29.Успони и Падови

30.Во Метежот на Чуствата


63

31.Заборавени Спомени

32.Мртов Бунтовник

33.Спомени Собрани во Ковчег

34.Големиот Летач

35.Апокалипсата на Мртвото Време

36.Добредојде во Мојот Свет

37.Месечеви Сонети

37.Мислите на Еден Ерегор

38.Смарагдни Записи

39.Осамени Монолози

40.Во Пукнатините на Времето

41.Скрбот како Утеха

42.Ликот на Болката

43.Еретик

44.Последните седум дена на Љубовта

45.Моите Проштални Шепоти


64

46.Копиле на Судбината

47.Помеѓу Тишината и Животот

48.Оставетеме барем да Сонувам

49.Кукла на Судбината

50.Фенерите на Мојата Душа

51.Пред Огледалото на Вистината

52.Недовршена Вистина

53.Од Мене за Вас

54.Без патоказ кон Судбината

55.Фрагменти од Душата

56.Недовршена Приказна

57.Последните Записи на Скитникот

58.Протеран од Рајот

59.Деветиот Круг на Светлината

60.Пирејот се ќе Прекрие

61.На чекор пред Проклетијата


65

62.Гости во лош сон

63.Посакав за да Посакуваш

64.Јас и Курвата

65.Мојата Бесмртна Душа

66.Заточеник на Вистината

67.Не плаши се од животот

68.Вечен Сонувач

69.Не ја гази мојата сенка

70.Време е да се вратам кај ѕведите

71.И моето и твоето подивено утре

72.Животот не зароби во годините

73.Тивко заминување

74.Скаменети солзи

75.Непокорени души

76.Последните медени солзи

77.Покрај тебе сум секогаш


66

Поеми:

1.Ангелски Шепотења (напишана заедно со


Даница Петровска-Дани од Куманово и
Славица Славкова од Битола)

2.Браќа по Мрак

3.Десете Балкански Проклетства

4.Катадневно Тркало

5.Монолог со Паметникот

6.Ново Утро

7.Паганска Ода

8.Катакомбите на Ужасот

9.Пад Без крај

Драми:

1.И сега Шо

2.Нова Кожа.

Романи:

1.Последна Молитва
67

2.Пред Портите на Љубовта

3.Затвори ја Пандорината Кутија

4.Кара Севда

5.Злокобна Вистина

6.Кафез

7.Приказни кои не требало никогаш да бидат


раскажани

8.Парче Душа

9.Ти Благодарам Месечино

10.Тајната на Нормандови

11.Првиот Ангел

12.Солзите на Ангелот

Монодрами:

1.Ало Диоген на Линија.

Новели:

1.Кога Животот беше Приказна

2.Ноќта кога започна се


68

3. Оф не рече Босилка

4.Доста Бајачката

Збирки Раскази:

1.Бразда

2.Неизвесни Патеки

3.Номад во Душата

4.Од Сонот до Јавето

5.Приказни од Малиот Сокак

6.Затворени Кругови

7.Молскавични Мигови

8.Шепотот на Вечноста

9.Битпазарска Хроника

10.Прошетка по Соништата

11.Грутка Земја

12.Со Ѓаолот не фаќај работа

13.Клетвата на Невините
69

Автобиографија:

1.Апостолите на Ѓаволот.

Хроника:

1.БитПазарска Хроника

Собрани Народни Умотворби:

Македонски Народни Поговорки 1 и 2

Македонски народни песни


1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12

Македонски Забавни Песни 1,2,3,4,5,6,7,8

Македонски Војводи

Македонски Обичаи и Верувања

Македонски Легенди за Градовите

Македонски легенди за Личности

Уредник на 2 Меѓунардни Антологии од Група


Автори од Балканот:

1. Подпелистерски Шепоти
2. Гоцеви Видици
70

Графички дизајн и изработка на Корицата


Веб Студио Вавилон
Електронска Изработка на Стихозбирката
Веб Студио Вавилон
Рецензија:Милена Арсова
Лектор: Сузана Гоцева-Стоун
Стихозбирка:
Никодин Чернодримски-Покрај тебе сум
секогаш Скопје 2022 година

CIP-Каталогизација на публикацијата
Национална и Унервезитетска Библиотека
“Св Климент Охридски”-Скопје

Покрај тебе сум секогаш 2022 година


68 страни
Издадено во Скопје 2022 година

Издавач –Самоиздавање на авторот


Никодин Чернодримски
Отпечатени примероци -100

ISDN
978-608-4778-11-0
71
72
73
74
75
76
77
78
79
80
81
82
83
84

You might also like