You are on page 1of 68

Сид

Пјер Корнеј

СИД

1
Сид

ЛИЦА:
Дон Фернандо, прв крал на Кастилја
Дона Урака, кастилјанска принцеза

Дон Диего, татко на дон Родриго


Дон Гомез, гроф де Гормас, татко на Химена
Дон Родриго, милосник на Химена
Дон Санчо, кавалер на Химена
Дон Аријас

Дон Алонсо, кастилјански благородници


Химена, ќерка на дон Гомез
Леонора, негувателка на принцезата
Елвира, негувателка на Химена
Паж на принцезата

2
Сид

ПРВ ЧИН
СЦЕНА ПРВА
Химена, Елвира
ХИМЕНА:
Дали ти, Елвира, искрена си била
И зборовите на мојот татко верно си ги повторила?
ЕЛВИРА:
Неговите зборови сè уште ме држат во власт:
Тој го цени Родриго со мерка на својата страст!
И, ако сум кадра да читам мисли скрити,
Тој сака оваа љубов да ја услишите.
ХИМЕНА:
Кажи ми уште еднаш, не туку мати:
Дали тој мојот избор навистина ќе го прифати?
И колку надеж, кажи, ми остана сега;
Тој прекрасен збор не давам никако да ми избега.
Сигурно нема да кажеш: тоа што го чекам одамна:
Дека смеам својата љубов да ја покажам јавно?
Дали насети колкава тајна грижа
Ги привлекува кон тебе дон Санчо, Родриго?
Нели му дозволи да несети јасно
Кон кого од нив се приклонив страсно?
ЕЛВИРА:
Не. Наклоноста, реков, ја имате в душа.
Која надеж никому нит’ му дава нит’ ја руши.
Така на обајцата можност им се дава.
Додека чекате татко маж да ви објави.
Тоа го одушеви; сета нерасполежност ја снема,
А доказите за тоа тој ги подзема;
Оти знам дека сега љубопитност ве пече,
Еве што за нив и за вас рече:
„Мудра е, а тие ѝ се достојни
Обајцата храбри, отмени, стројни
На лице им ги читаш сите доблести ретки
Кои ги красеа и нивните славни претци.
Лицето на дон Родриго со таков блеска сјај
Та секоја црта со отменост е исполнета, знај,

3
Сид

Роден во куќа на воини без мана, пак,


Сите на свет доаѓаат со свој венец како знак.
Татковата му слава, и цврстина како камен,
Уште како млад, на чудо беше рамен;
А за подвизите некогашни сè уште зборат
На славното чело врежаните брчки.
Синот на татко му ќе биде, тоа јасно може да се види;
Би сакал на мојата ќерка да ѝ се свиди.“
Брзаше по работа, тоа итање го спречи
И понатаму да ниже сè таква прекрасна реч;
Ама и од тоа што го рече човек може да види
Дека и на обајцата наклонет може да им биди.
Кралот учител на синот ќе му најде
И таа чесна должност вашиот татко го најде;
Да нема сомнеж, и во ревноста е славен
Не треба да се грижи, оти му нема рамен;
Тој нема соперник во чест и слава;
Оттаму таа должност ќе ја реши со своја глава.
А ако Родриго на својот татко му предложи
По собирот со вашиот татко да се сложи,
Гледате и сами сè добро ќе се збие
Вашите желби свој завршеток ќе добијат.
ХИМЕНА:
И покрај радоста, душата ми е немирна
Ја разбрануваат стравови и болно ја дират:
Секој миг пред ново лице на судба стојам
И во својата среќа од несреќа се бојам.
ЕЛВИРА:
Бојазноста ваша среќа ќе ја растера:
ХИМЕНА:
Ајде, да почекаме тоа да сврши, имајте вера.

СЦЕНА ВТОРА
Принцезата, Леонора, Пажот
ПРИНЦЕЗАТА:
Ајде сега, пажу, кажи ѝ на Химена
Дека многу доцни; нека поита кај мене.
Искрено ја жалам кога е немарлива.

4
Сид

(Пажот заминува.)
ЛЕОНОРА:
Секој ден, госпоѓице, иста грижа ви прави,
А во разговор со неа зар не ве иритира
Што нејзината љубов особено вас ве допира.
ПРИНЦЕЗАТА:
И не без причина: по малку и јас имам вина
Поради страдањето што таа в душа го има.
Таа со мое посредство на Родриго се надева,
А и тој по тој пат нејзината гордост ја совладува.
Бидејќи вериги им плете мојата рака
Морам да настојувам да ги лишам од мака.
ЛЕОНОРА:
Госпоѓице, ама вие сепак, сред нивната милина,
Премногу се грижите и тажни сте, навистина.
Дал’ нивната љубов што блеска в око
В срце ви создава страдање длабоко?
Ил’ стрепите поради нив, па неспокои вечни
Несреќна ве прават додека тие се среќни?
Ама јас претерав, треба внимателен да се биде.
ПРИНЦЕЗАТА:
Страдањето кога морам да се кријам далеку ми иде.
Па сослушај како со себе се борам,
Како своите страсти да ги испитам морам.
Љубовта е тиранин која никого не штеди;
Тој витез го сакам, ништо не ми вреди
Да кријам.
ЛЕОНОРА:
Зар него?
ПРИНЦЕЗАТА:
Рака на гради
Стави: гледај како срце ми се возбуди
Кога ќе го споменеш!
ЛЕОНОРА:
Ќе ве навредам знам,
Ако, госпоѓице, ви осудам на срцето плам;
Ама, простете, зар една принцеза

5
Сид

Да се заборави поради прост витез!


А кралот што ќе рече, што ќе рече Севилја?
Знаете ли вие, чија сте ќерка, навистина?
ПРИНЦЕЗАТА:
Знам и попрво од сонцето би се одрекла
Отколку од својата крв и своето потекло;
Како што знам и тоа дека во чесната душа
Чарот на доблеста не смее ништо да го сруши.
Кога страста сакам со нечија да се срамни
Тогаш ја оправдувам со примери славни;
Ама не сакам да одам по патот на таква чест,
Морам од искушенија да ја спасам својата совест.
Ќерка на еден крал – си велев во себе –
Сем монарх никој да ја заслужи не би;
Ама залудно се борам против тој плам,
Нерадо решив на друга да го дам;
Ги препуштив на Химена сите тие чари страстни,
Ги жегнав в душа – мојот пламен да згасне.
Затоа мојата душа која страдање ја опи
Нестрпливо чека бракот да се склопи;
Само тоа може мојот спокој да го спаси;
На страст се надевам жива, а без неа се гаснат.
Тоа е оган кој без плам се гасне;
И така, и покрај мојата тага страсна,
Појде ли Химена за Родриго некогаш –
Ќе ми умре надежта и грижата засекогаш.
Ама за јадот свој солза на око ми иде
И сè до таа свадба тој мил ќе ми биде.
Да го загубам сакам, а загубата боли
И несреќна ја чини душата што љуби и моли.
И гледам со тага: страста ме сили дрско
Да страдам поради нешто што на честа му е мрско.
Духот ми е растргнат со двојни мори.
Храброста ми е силна, ама срцето гори.
Таа венчавка ја посакувам, а морам да колнам
Оти среќа нема да ми донесе, знам.
Љубов и слава подеднакво чест ќе ми спаси
Ќе премалам, верувај, ако некој од нив се згаси.
ЛЕОНОРА:
Госпоѓице, по ова нема што да ви речам,

6
Сид

Освен да воздивнувам со вас в несреќа:


Пред малу ве корев, сега жал ме мори;
Ама доблеста ваша кога знае да ги покори
Тие јадови неутешни, таа сила, тие вриења
Да се бори против сите искушенија,
Ќе знае од душа да ви го симне тоа бреме.
Надевајте се, значи, во неа и времето што иде;
Надеж ви е в небо. Има правда доста,
Никогаш доблеста спасена не остана.
ПРИНЦЕЗАТА:
Најдрага надеж – безнадежноста ми е.
ПАЖОТ:
По налогот ваш доаѓа Химена.
ПРИНЦЕЗАТА: (Кон Леонора.)
Во предворјето вие малку да ја задржите.
ЛЕОНОРА:
Замечтаени ли ќе дојдете на средба?
ПРИНЦЕЗАТА:
Не, јас сакам и покрај сиот јад
На моето бледо лице безделен спокој да владее.
Еве доаѓам веднаш...

СЦЕНА ТРЕТА
Принцезата
ПРИНЦЕЗАТА: (Сама.)
Небо, спас ми направи,
Ограничи го конечно злото кое ме мори.
Ти спокој дај ми, честа поштеди ја моја;
Јас во туѓа среќа ја барам среќата своја.
Таа тажна венчавка нека никој не ја сопре
И нека до душата јадот никогаш не ми допре.
Ако нив двајца бракот ги поврзе тој
Од мене ќе симне вериги, неспокои...
Ама веќе доцнам; да ја најдеме Химена
Да го ублажам јадот свој во таа жена.

СЦЕНА ЧЕТВРТА

7
Сид

Грофот, Дон Диего


ГРОФОТ:
Конечно победивте, и кралот ве почести:
Тие милости за мене не се добри вести:
Станавте учител на принцот од Кастилја.
ДОН ДИЕГО:
Кралевски признанија горди изобилија
Докажува дека кралот чесни заклучоци вади
И знае дамнешни заслуги да награди.
ГРОФОТ:
Кралевите се како ние, колку и да се вични
И можат да згрешат, во тоа на нас се слични;
А изборот да учи дворјани и слуги
Дека кралот знае да плати за лоши заслуги.
ДОН ДИЕГО:
Да го оставиме тој избор што срдба ни прави;
Кралот или заслуга или милост дари.
Ама врховната власт да се почитува мора,
Ниту пак сомнеж во негови одлуки да се отворат.
А поголема чест од онаа што в срце ми цвета:
Е ако ги споиме нашите куќи со врска цврста, света.
Вие имате ќерка, јас син-витез, строг!
Тој брак на нашите братски врски ќе биде залог.
Нека вашата милост мојот син го прими за зет.
ГРОФОТ:
За таков убавец таа е ниска мета:
Новиот блесок на вашата отменост ве држи
И со суета ќе биде опфатен до срж.
А за гордоста ваша – ете принц млад,
Па покажете му како монархот владее, брат,
Како непокорноста со строгост се плаќа,
На доброто со добро, а на злото со зло се враќа;
Нека принцот и со воени доблести се величи:
Да научи како страдањето знае да очеличи,
Нека стане мајстор на Марс занаетот,
Со денови и ноќи да не слегува од атот,
Со оружје да спие, да урива кули вити
Само од него да зависат текови на битки;

8
Сид

Нека биде јунак со доблести чесни


Изложете му сè со примери јасни.
ДОН ДИЕГО:
И покрај зависта, поради пример сличен
Ќе чита тој повест на мојот живот одличен.
Подвизите мои ќе го учат без мака
Како да покори краини, народи со меч в рака,
Како град се урива и како да се сочува глава
И како на боиште да се постигне слава.
ГРОФОТ:
Ама жив опит – тоа е пример што треба да се проба.
Книгата не е добар наук за војувања за негова доба.
И што значат сите тие лета мртви, дамни,
Во споредба со еден ден на животи славни?
Вие бевте храбри, сега јас сум, вистински мит,
Мускулот мој е кралска надеж и штит.
Гранада, Арагон треперат од мојот меч.
Името ми е бедем против освојувач.
Без мене би паднале сите во ропски ланец,
А кралот би го викале душман и странец.
Со секој ден, до слава се ближам,
Победа на победа, ловор на ловор нижам
А принцот крај мене, во виорен бој,
Во моја сенка би го имал тој опит свој.
Крај мене во победа би станал вичен
И така накитен на мене би ми бил сличен
Би можел...
ДОН ДИЕГО:
Го знам тоа; вие на кралот сте верен,
И под мене бевте и храбар и смерен.
Сега кога в тело жар ми згасна телесна
Моето место вие го зазедовте, чесно;
Конечно – како пусти зборој не би редел во вој час –
Вие сте денес тој што некогаш бев јас.
Меѓу нас двајца, да се признае треба,
Кралот во изборот сепак не се поколеба.
ГРОФОТ:
Тоа што јас го заслужив, вие ми го приграбивте.

9
Сид

ДОН ДИЕГО:
Значи, заслужни не сте, затоа не добивте.
ГРОФОТ:
Честа е за оној кој повеќе ѝ служи.
ДОН ДИЕГО:
За честа е лош знак кога такво мислење кружи.
ГРОФОТ:
Добивте со сплетка, на дворот сте одамна.
ДОН ДИЕГО:
Ме поддржа само моето дело славно.
ГРОФОТ:
Кралот значи ги плаќа вашите стари коски, колку тажно.
ДОН ДИЕГО:
Затоа што староста ми ја мери со мерка на одважност.
ГРОФОТ:
Оттаму честа мораше да ми припадне мене.
ДОН ДИЕГО:
Не бевте достојни во предвид да ве земе.
ГРОФОТ:
Зар јас недостоен! Јас?
ДОН ДИЕГО:
Вие.
ГРОФОТ:
Старец, дрзок!
Ќе ја казнам таа смелост и твојот говор мрзок.
(Му удира шлаканица.)
ДОН ДИЕГО: (Се фаќа за мечот.)
Ме понижи, убиј ме, стори го тоа недело
Тие први навреди го горат моето чело.
ГРОФОТ:
А што таков старец да стори може?
ДОН ДИЕГО:
Во најголема беда сила немам. Боже!

10
Сид

ГРОФОТ:
Твојот меч сега е мој, ама тоа е под честа моја
Таков беден трофеј да се има во власта своја.
Збогум. Читај принцу; во инает на зависта
И како поука – својот живот го пречисти:
А за праведна казна на дрскиот ти говор
Нека ти послужи како венец од ловор.

СЦЕНА ПЕТТА
Дон Диего
ДОН ДИЕГО: (Сам.)
О, старост кутра! О, срамови!, О, бес!
Зар таков срам ми подготвија небеса!
Преживеав во борба, а каква ли е оваа казна
Кога морам да гледам како славата ми гасне!
Рака која Шпанците ја нарекуваат непобедива;
Рака која го спаси кралството од напаст дива,
Што на престол на кралот му зацврсти палка,
Сега дозволува душман да ја валка!
О, спомену дамнешен на младоста ми чесна!
Дело на бројни лета во еден миг изгуби слика јасна!
Несреќа ве даде, о, нови почести,
Вие сте темна бездна над урнатата чест!
Грофот ќе ликува над мене помамно
Неодмазден да се умре ил’ да се живее срамно!
Грофе, принцот сега нека биде во твоја власт:
Тој повик не го поднесува човек без чест.
Твојата суетна гордост честа ми ја извалка
Ме лиши од чин и покрај кралот, бесцелно талка.
А ти, славен мечу на моето славно дело,
Сега само си пуст украс на моето тело,
Ти што некогаш беше сила и одбрана,
Сега си само сјајна беда и измама.
Оди и напушти го најкутриот створ
Мене друга рака да ме одмазди мора.

СЦЕНА ШЕСТА
Дон Диего, Дон Родриго

11
Сид

ДОН ДИЕГО:
Синко, дали сè уште храброст имаш?
ДОН РОДРИГО:
О, небеси! Ќе уверам секој веднаш.
ДОН ДИЕГО:
Прекрасна беса!
Достојна на мелем за болката што предизвикува рев!
Тоа мојата крв зборува во срцето на твојот гнев.
Младоста ми ја оживеа во тој пламен, а во јарот,
Дојди, синко од моја крв, и лиши ме од срамот;
Одмазди ме.
ДОН РОДРИГО:
Зошто?
ДОН ДИЕГО:
Поради навреда на чест
Која ни ја нанесоа. О, срамна пропаст!
Шлаканица добив. Од дрзок напаѓач
Не убив, оти староста го истапи мојот меч
Ама острицата што да ја држам од мене бега
Ти ја предавам тебе за одмазда строга сега.
Оди и дрзникот казни до срж, и прв,
Навредата таква се мие само во крв.
Убиј или умри. Ти на мене си сличен;
Ама и тој е, знај, во борба, на мечот вичен.
Јас сум го видел во крв и во пот, воинот тој,
Како сее пустош меѓу војска в бој,
Како растерува цели чети вешто
И како, морам да ти кажам уште нешто,
Не само што сите во Севилја го ценат,
Туку уште е и....
ДОН РОДРИГО:
Милост!
ДОН ДИЕГО:
И татко на Химена.
ДОН РОДРИГО:
Татко на Хи....

12
Сид

ДОН ДИЕГО:
Да, молчи. Знам дека за рака ќерка му молиш,
Ама зар можеш оваа беда да ја преболиш?
Навредата е поголема колку што витезот поголем е.
Одмазда! Морам да ти кажам, е повеќе од сè.
Одмазди се и себе и својот татко стар
Во тебе да најдам чесен бранител и другар.
Над несреќата што ми го даде овој настан клет
Јас ќе цимолам. А ти трчај, биди птица в лет!

СЦЕНА СЕДМА
Дон Родриго
ДОН РОДРИГО: (Сам.)
Рана до срце, до коска сетив
Од ненадеен гром од ведри небеса,
Јас, беден одмазник на праведен бес
И несреќна жртва на несреќните адети,
Сега стојам скаменет. А сред душа страсна
Надежта бледее, гасне.
Среќата ми беше од љубов занесена;
Сега Бог ме казни мене!
Навреда на мојот татко нанесена,
А противникот е таткото на Химена!
Насетувам страсна борба, јака!
Љубовта не признава интереси на честа;
Да се одмазди татко и да се отфрли страста –
Едното грчи дланка, а другото стега рака:
Мачен е изборот тој: да се предаде на срцето плам;
Или вечен жиг и срам.
Двострани страдања сега по душа ми шарат,
Душата се колеба;
Навредата таа дал’ одмазда бара?
Таткото на Химена дал’ да се казни треба?
Татко, љубов и повик на чест:
Тиранија од стеги отмени и тешки!
Да се откажеш од љубов или лоза витешка?
Да се изгуби образ или да порекнеш страст?
О, сурова надеж на благородна душа
На која љубовта ѝ ја рушат!
Противнички љубовни страсти,

13
Сид

Тоа страдање ќе го покренат.


Одмазник си на повредена чест?
Или си даден да ја изгубиш Химена?
Душо, чесно треба да се умре!
Тоа на татко го должам, а и поради Химена:
Ако не го одмаздам – тој ќе ме презре мене,
Ако татко го одмаздам – таа мене ќе ме колне.
Или ќе бидам витез непостојан;
Или на неа недостоен.
Барам лек, а нов јад ме демне, до неба,
Душа напатена.
Да умреме, значи, кога да се умре треба
Ама да не ја навредиме Химена.
На витез зар е долично
Таква смрт што слава мрачи? Па Шпанци
Да ме паметат: него љубовните синџири
Го спречија да ја чува честа на својот род личен?
Да гинам со љубов безнадежно и страсно
Сега, кога веќе е касно?
Да не ги слушавме на заводникот мисли,
На страдања вечна мена.
Десницо, дал’ мечот цврсто сме го стиснале?
Ќе морам да ја изгубам Химена.
Бев веќе збунет. Иста
Смрт носи тага или меч – кога глава сече!
Сè на татко му должам иако таа срце ми пече.
Ќе ја вратам својата крв каква ја примив – чиста.
Долго се корев себе поради паднатиот полет:
Ме чека одмазда, да не бидам клет!
Се срамам што долго стоев стаписан, беден,
Ќе бидам како карпа
Затоа што мојот татко е навреден
А противникот токму е таткото на Химена.

14
Сид

ВТОР ЧИН
СЦЕНА ПРВА
Дон Аријас, Грофот
ГРОФОТ:
Признавам меѓу нас, жестока имам крв
Та поради еден збор тогаш пламнувам прв.
И тука нема друго – да се борам мора!
ДОН АРИЈАС:
Потчинете ја храброста на желбата на својот крал:
Не сака двобој; со силата на својата власт
Тој ќе ве прогонува до срамната пропаст.
А одбраната ваша е слаба и покрај сè
Тежината на навредата, угледот на Дон Диего.
Бараат почит и покорност која
Не решава работи со помош на двобој.
ГРОФОТ:
Кралот со мојот живот да располага може.
ДОН АРИЈАС:
Поради гневот, ете, грешките ви се множат.
За љубовта и навредата кралот глас крена,
Рече: Не сакам ни една душа умрена!
ГРОФОТ:
Господине, го чувам својот образ витешки,
Оттаму непослушностите не се злочини тешки.
Дури и да е, заслугите се мојот пат
Такви што ни од грев, од ништо не се плашат.
ДОН АРИЈАС:
Дури и заслугите да се од славни пославни
Кралските должности кон поданиците му се главни.
Вашата суета со лојалноста се крши:
Кој својот крал го служи – должност своја врши.
Со таков став ќе изгубите глава.
ГРОФОТ:
Искуството ќе каже кој е во право.

15
Сид

ДОН АРИЈАС:
Треба да се страхува од кралската власт.
ГРОФОТ:
Не можам туку така, преку ноќ да одам во пропаст;
Нека со својата власт против мене појде
Државата ќе падне ако до тоа дојде.
ДОН АРИЈАС:
Кој пред таква сила не затреперил!
ГРОФОТ:
Без мене, како без жезол, немоќен би бил.
А мојата глава му е многу вредна:
Без неа и круната би била бедна.
ДОН АРИЈАС:
Обидете се мудрост да ве спаси од зло
Послушајте совет.
ГРОФОТ:
Одлуката го достигна своето дно.
ДОН АРИЈАС:
Добро. Дали го сменивте ставот, барем за педа?
ГРОФОТ:
Не! Од никого јас не поднесувам навреда.
ДОН АРИЈАС:
Кралевите не трпат власта да им се негира.
ГРОФОТ:
Коцката е фрлена. Нема што да се бира.
ДОН АРИЈАС:
Збогум, значи, грофе, кога нема говор
Плашете од гром, и покрај ловор.
ГРОФОТ:
Го очекувам без страв.
ДОН АРИЈАС:
Од гром се страда!
ГРОФОТ:
И Дон Диего задоволно ќе чеша брада.

16
Сид

(Останува сам.)
Кого смртта не го плаши – не се плаши од закани:
Најголема немилост очекувам од сите страни;
Јас можам да живеам без закани, без власт,
Ама не и лишен од образ и чест.

СЦЕНА ВТОРА
Грофот, Дон Родриго
ДОН РОДРИГО:
Два збора, грофе.
ГРОФОТ:
Зборувај.
ДОН РОДРИГО:
Од сомнеж ме лиши
Ти го знаеш Дон Диего.
ГРОФОТ:
Да.
ДОН РОДРИГО:
Потивко, глас да ни се стиши.
Знаеш ли дека тој старец некогаш беше сила?
Со неговата чест земјата отсекогаш горда била.
ГРОФОТ:
Можеби.
ДОН РОДРИГО:
Тој жар што ми распалува зеници, ене,
Негова крв е, знаеш ли?
ГРОФОТ:
Што ми е грижа, мене!
ДОН РОДРИГО:
Ајде одовде; ќе ти докажам веднаш!
ГРОФОТ:
Фалбаџија млад!
ДОН РОДРИГО:
Ќе ти кажам само еднаш.

17
Сид

Навистина, млад сум; ама од витешко семе


Кое не мора да чека години кои носат бреме.
ГРОФОТ:
Ти со мене се мериш!? О, суета плитка!
Ти сè уште не си видел ни сабја, ни битка!
ДОН РОДРИГО:
Ваквите наеднаш со јунакот се крстат,
Па сакаат својот меч со најдобри да го скрстат.
ГРОФОТ:
Знаеш ли кој сум јас?
ДОН РОДРИГО:
Знам. Кога ќе се спомене
Името твое славно, сите треперат, освен мене.
На челото ти се палми, ловор-венци крти
Што носат во себе знак на мојата смрт;
А напаѓам рака што со победа се гордее;
Но ќе бидам силен ако срце храброст ми пожнее.
Тој што светиот отец со ништо не го надвиси;
Непобеден си, непобедлив не си.
ГРОФОТ:
Гледам машко срце бие од твојот збор.
А тоа и в око ти го читав до скоро.
И, оти ќе бидеш гордост на целата Кастилја,
Земи ја мојата ќерка под твоја закрила.
Знам за твојата љубов и се гордеам навистина
Кога гледам дека должноста ти е на висина.
И страстите во твојата чест да не допреа,
За достојна почит намерите ќе ти беа.
А кога за зет јуначиште би зел,
Најдов вистински; да се заколнам би смеел.
Па те жалам со душа која не е лута, ами јасна:
Чесна ти е храброста, младоста ти е прекрасна.
Твојот предизвик во кобна пропаст те води;
Од нееднаква борба ти ме ослободи;
Оти за мене таа и не е витешка;
Вистинска слава дава дури победа тешка.
Ќе мислат дека без отпор падна, сал,
А јас твојата смрт со тага би ја споменувал.

18
Сид

ДОН РОДРИГО:
За дрскоста твоја сега милост следи
Која честа ја валка, а животот ми го штеди!
ГРОФОТ:
Излези.
ДОН РОДРИГО:
Да бидеме на зборови шкрти.
ГРОФОТ:
Тебе не ти се живее?
ДОН РОДРИГО:
Ти се плашиш од смртта?
ГРОФОТ:
Врши ја, значи, должноста на син кој ќе падне в бој
Живеејќи малку подолго од честа на таткото свој.

СЦЕНА ТРЕТА
Принцезата, Химена, Леонора
ПРИНЦЕЗАТА:
Смири се, Химена, болка ли те прегрна,
Најди малку сили пред несреќата црна:
Оваа луња сосем не те сви,
А среќата само мал облак ја скри.
Со одложување ова ти не губиш ништо.
ХИМЕНА:
Во моето срце надежта нема засолниште.
Како ненадејна луња на мирното море се одмаздува
Опасности носи, со бродолом се заканува.
Ќе умрам в пристан, далги ме носат, срце бие.
Татковците сложни беа, а се сакавме ние.
А таа новост ете сега се слушна:
Дека се скараа поради навреда што им се вмушна.
Кобна приказна што ме мори, гуши.
Која сите надежи во пепел ги руши:
О, суето клета, возбудени чести!
Која и најдоброто благородништво го упропасти!
Што ги раскина веригите на моите нежни нишки?
Колку ќе ме чиниш солзи и воздишки?
19
Сид

ПРИНЦЕЗАТА:
Не се грижи поради караница безумна и гласна:
Таа за миг ќе пламне, и за миг ќе згасне.
Премногу врева кренаа за да осмелат
Да се бијат. Против кралски збор нема да смеат.
Знај, секоја твоја воздишка ќе им допре до душа;
Ќе настојувам судирот да се стиша.
ХИМЕНА:
Смирувањето тука нема да биде леко
Навредата е таква која не ја простува секој.
Залудно силата и внимателноста се множат,
Тоа зло само привидно да се излекува може.
Омразата се вовлекува в срце до срж
И скриена тлее, оттаму пожестоко пржи.
ПРИНЦЕЗАТА:
Бракот што ќе ги спои Химена со Родриго
Татковците од омраза ќе ги лиши за миг,
Па вашата љубов – тоа ќе биде скоро –
Со оваа врска судирот ќе се испегла, мора.
ХИМЕНА:
Ох, колку тоа го сакам, ама надеж ми бега:
Ја знам гордоста на татка, ама и на дон Диего.
Веќе солзи ме гушат, залудни се сните наши;
Минатото ме прогонува, а иднината ме плаши.
ПРИНЦЕЗАТА:
Од што се плашиш? Та тој старец одвај дише.
ХИМЕНА:
Родриго е храбар.
ПРИНЦЕЗАТА:
Ама млад од живот да се лиши.
ХИМЕНА:
Брзи се, жестоки сите одважни луѓе.
ПРИНЦЕЗАТА:
Кога ќе се сомневаш во него – одмерена биди:
Љубовта кон тебе бесот ќе му го спречи
Омразата може да ја заузда со твојата реч.

20
Сид

ХИМЕНА:
Ако не ме послуша – ете нови јадови!
Ако ме послуша, – неговиот углед ќе страда!
Зар таков благородник ќе се лиши од чест!
Или се приклонил, или ја сузбил страста,
Забуна или срам ќе ми трпи душа:
Ил’ што ме почитува ил’ оти не ме слуша.
ПРИНЦЕЗАТА:
Химена е чесна, и покрај тоа што има полза
Нема да ја извалкаат мисли нечесни, ни солза.
Ама додека се стивнат страсти, лута омраза
Ако јас го заробам твојот јунак, ова е само фраза,
И со тоа спречам двобој – во твоја полза, намерите беа
– Зар вљубениот дух твој нема да се посомнева?
ХИМЕНА:
Од мене, госпоѓице, би паднал товар од грижи!

СЦЕНА ЧЕТВРТА
Принцезата, Химена, Леонора, Пажот
ПРИНЦЕЗАТА:
Дојди пажу, веднаш, повикај го Родриго.
ПАЖОТ:
Грофот Гормас и тој се...
ХИМЕНА:
Боже, каква мора!
ПРИНЦЕЗАТА:
Говорете.
ПАЖОТ:
Заедно излегоа од дворот.
ХИМЕНА:
Сами?
ПАЖОТ:
Сами. При тоа нешто тихо збореа

21
Сид

ХИМЕНА:
Подготвуваат двобој; одат да се борат!
Простете, госпоѓице, морам да појдам, мислите ми горат!

СЦЕНА ПЕТТА
Принцезата, Леонора
ПРИНЦЕЗАТА:
Ах! Колкав неспокој на душа ми паѓа!
Нејзиниот милосник го сакам, нејзините грижи ме болат,
Ќе ми згасне надеж, па ќе се разгори.
Ќе ги раздели, коб несреќна тоа ќе го стори
Во мене буди час надеж, а час неспокој.
А разделба нивна што тага ми прави час секој
Со радост тајна сета душа ми слави.
ЛЕОНОРА:
Зар доблест чесна што во вас владее
Тој кукавички пламен страдање да сее?
ПРИНЦЕЗАТА:
Не го нарекувај таков, оти во мене тлее
Возвишен и моќен, како закон, над сите бдее.
Почитувај ја мојата љубов со која тешко страдам:
Доблеста е жива, ама сепак се надевам,
И в луда надеж знам дека лек ми нема
Додека копнеам по оној кој го сака Химена.
ЛЕОНОРА:
Вие губите храброст, закон на славата крута;
Зар толку љубовта разумот ви го смати?
ПРИНЦЕЗАТА:
Ах! зар разум може умно да блада
Кога срцето со своите отрови се слади?
И кога болниот на својата болест ќе удоволи
Па не бара лек, не сака да ја преболи?
ЛЕОНОРА:
Вие ја сакате својата болка, поттик наивен,
Ама конечно, Родриго не ви е достоен.
ПРИНЦЕЗАТА:
Јас предобро го знам тоа: ама доблеста страда
22
Сид

Кога љубовта на срце му ласка тоа нема ограда.


Ама ако Родриго победи в бој –
А славниот дон Гормас ја предаде славата своја –
Да го сакам би можела без зазор, без срам:
На победа таа слава да соѕидам, знам!
Со подвигот тој до власта ќе доспее,
Цели царства ќе паднат, никој не може да му одолее.
Ласкавата љубов за мене нова надеж чува:
Го гледам каде на престол во Гранада седнува;
Му се поклонуваат Маври на неговата лика,
Арагон веќе му одобрува на новиот победник;
И Португалија паѓа; ама тој не се враќа
Оти ѕвезда на слава преку море го праќа
Да нароси венец со африканска крв
Сè што може јунак меѓу првите прв
Тоа го очекувам од него – ако извлече глава:
Јас својата љубов ќе ја претворам во слава.
ЛЕОНОРА:
Госпоѓице, вашата љубов венци за китење зема,
А двобој – кој знае? – можеби и ќе нема.
ПРИНЦЕЗАТА:
Родриго е бесен, грофот не се колеба;
Излегоа заедно; па што уште тука треба?
ЛЕОНОРА:
Добро, ќе се бијат, затоа што тоа го сакате вие,
Ама дали тој желбите ваши в гнездо ќе свие.
ПРИНЦЕЗАТА:
Што сакаш? Луда сум и ми нема лек,
Па види од тоа колкав јад ме чека.
Дојди ми в соба и теши ме сега,
Ти не ме оставај, нема каде да се бега.

СЦЕНА ШЕСТА
Дон Фернандо, Дон Аријас, Дон Санчо
ДОН ФЕРНАНДО:
Грофовите грешки поради суета се множат!
Зар мисли дека злочин да се прости може?

23
Сид

ДОН АРИЈАС:
Зборував со него долго, а во име ваше,
Но, гледате, ништо со тоа постигнато не е.
ДОН ФЕРНАНДО:
О, небеса! зар навистина толку време прошло,
Та на поданикот за владетелот не му дошло!
Го навредува Дон Диего, од кралот не се бои,
Сред мојот двор закони ми крои!
Иако храбриот воин почит буди –
За гордоста, за наравот, треба да му се суди.
Нека богот на војната кај секој кого храброст го краси,
Непослушен како разгорен оган се гаси.
Иако таа безочност беше доста ретка
Без жестина сакав да го казнам од почеток;
Ама, ете, неговата почит исчезна,
Тогаш ајде да го уапсите, додека не збеснав.
ДОН САНЧО:
Сè уште неодамнешна караница пред очи ми стои,
А времето можеби ќе го успокои.
Во врелиот жар на првата возбуда
Такво храбро срце одлуки да менува.
Со душа тој гледа дека не е во право,
Ама не може веднаш да помисли со глава.
ДОН ФЕРНАНДО:
Молчете, Дон Санчо, доста ми е од сè!
Знајте: кој го брани него, виновен е.
ДОН САНЧО:
Молчам, господару, ама уште два-три збора,
Поради милоста ваша.
ДОН ФЕРНАНДО:
Што има да се рече?
ДОН САНЧО:
Тоа дека душата навикнала на големи дела
Може да оди само со кренато чело.
Грофот во покорност поразот го врамува
А тоа е токму она од што се срамува.
Вашето строго барање му падна на душа:
Помалку да е горделивец, тој ќе послуша.
24
Сид

Заповедајте му во тежок бој


На острица на меч да измие вина своја.
Ќе послуша; ама нема да се предаде,
На сè друго овој одговор ќе го даде.
ДОН ФЕРНАНДО:
Признавам, вашата дрскост ме изненади,
Ама го простувам жарот тој, оти сè уште сте млади.
Мудроста на еден крал ништо не му вреди
Кога крвта на поданиците не знае да ја штеди.
Се грижам за своите: како што главата мисли
На нозете што под власта се стиснале,
Вашата причина оттаму во предвид не сум ја зел:
Мислете ко војник, јас работам како владетел;
И какво и да е, при тоа нечие мнение:
Покорноста на владетелот, не е понижување.
Тој и мене ме навредува со односот тој
Под чиј надзор го ставив синот свој.
Да се порекне мојот избор – тоа е напаст,
А кралот е олицетворение на моќ и сета власт.
Доста. Видоа некои десетина лаѓи
На Маври каде без знамиња на катарки;
До устие на реката ќе дојдат оваа ноќ.
ДОН АРИЈАС:
Маврите веќе ве познаваат по својата сила и моќ;
Поради порази чести храброст им недостига сега
Победникот свој вечен да го нападнат, не е шега.
ДОН ФЕРНАНДО:
Вечна завист в душа ќе биде нивна илузија
Што не можат да дојдат до Андалузија.
Поради таа убава земја што нивна беше
Ниту ќе се смират ниту ќе се утешат.
Само поради тој престол во Кастилја
Одамна би го сместил во срцето на Севилја
Подобро да ги пазам, па кога ќе дојдат в двор
Да ги скршам намерите на вечниот ни злотвор.
ДОН АРИЈАС:
По многу жртви ве знаат тие напаѓачи
Дека присуството ваше веќе победа значи.
Не грижете се за ништо.
25
Сид

ДОН ФЕРНАНДО:
Подготвеноста не ни е на претек:
Голема сигурност во опасност ве води тој тек.
А вие добро знаете дека без многу мака
Може приливот да ги донесе до брегот, така.
Би сакал граѓаните да имаат сон здрав:
И со несигурни вести да сеам страв.
Оти кога попусто сега аларм би дал
Цела ноќ од страв градот би замирал:
Удвојте стражи, подгответе кирасири
За вечерва е доста.

СЦЕНА СЕДМА
Дон Фернандо, Дон Санчо, Дон Алонсо
ДОН АЛОНСО:
Грофот е мртов, сире.
Родриго од татка си го симна сиот срам.
ДОН ФЕРНАНДО:
Дека до тоа ќе дојде однапред знам;
Оттаму сакав таа несреќа да се спречи.
ДОН АЛОНСО:
Доаѓа Химена пред вас да клечи;
Скршена, плачејќи, таа правда бара.
ДОН ФЕРНАНДО:
Нејзиното страдање да ѝ се ублажи што срце ѝ пара.
Не сум рамнодушен на таа вест поразителна:
Ама грофот мислам заслужи казна.
Но тој случај макар и праведен да би го нарекол,
За таков војсководец сепак ми е жал.
Мислите кон државата моја секогаш пред него беа,
За неа крв своја стопати штедро пролеа,
Душата му беше премногу суетна, довек,
Ама жалејќи по него, му простува сè, човек.

СЦЕНА ОСМА
Дон Фернандо, Дон Диего, Химена, Дон Санчо, Дон Аријас, Дон Алонсо

26
Сид

ХИМЕНА:
Сире, сире, правда!
ДОН ДИЕГО:
Оф, неволји лути!
ХИМЕНА:
Паѓам пред вашите нозе.
ДОН ДИЕГО:
Јас ви прегрнувам скути.
ХИМЕНА:
Само правда барам.
ДОН ДИЕГО:
Збор на одбраната дајте.
ХИМЕНА:
Казнете го тој храбар младич, оти знајте
Дрзникот го уби, безумник, таткото мој
И бранител на круна.
ДОН ДИЕГО:
Го одмазди својот.
ХИМЕНА:
Крвта поданичка правдата да ја ублажи.
ДОН ДИЕГО:
За одмазда на татко казна не се грижи.
ДОН ФЕРНАНДО:
Застанете; жалбите ваши да ги слушнам сега.
Химено несреќна, страдањето ваше срце ми стега,
Оти и мојата душа со тага се бори.
(Кон Дон Диего.)
Не пречете, сега кога таа збори.
ХИМЕНА:
Мојот татко е мртов; го видов со двете очи.
Како од отмените слабини топла крв му се дрочи;
Крв што ги штитеше вашите кули вити,
Крв што безбројни добила битки.
Крв, тукушто пролеана, топла и што пече,
Гневна што не може за вас да протече;

27
Сид

Крв која не ја допре ни рака на злотвор –


Неа ја пролеа Родриго сред кралскиот двор.
Јас потрчав таму, без сила и бледа,
Ама веќе беше мртов. Оф, колкава беда,
Да продолжам. Гласот ми се зеде, очи не лажат.
Останатото подобро мојте солзи ќе го кажат.
ДОН ФЕРНАНДО:
Биди храбра ќерко, сега сè кажи ми мене,
Кралот денес твојот татко ќе го замени.
ХИМЕНА:
Болката моја со преголема чест ја почитувате,
Му пријдов на мртвиот татко – тоа не го слушнавте –
Слабината му беше начната; а како тоа да се случува:
Неговата крв мојата должност во правот ја пишува;
Моќта негова ја слушам, скршена и мртва,
Низ раната пишти, бара моја жртва;
А до кралот да стаса тужбата пуста,
Со мојот глас зборат раните со алова уста.
Ох, не давајте, сире, праведноста да страда,
На ваши очи самоволие да владее, без ограда.
Дрзниците некои без праведни казни
Задаваат удари смели и поразни;
Та безумник млад да ликува над сите,
Име им валка, граба слава, им ги одзема дните;
Таков јунак како што го грабна од вас мрак
Служејќи ви на вас, неодмазден се сви ко страк.
Мојот татко е мртов; јас одмазда барам,
Повеќе поради вас отколку моја болка да ублажам;
Смртта на таков витез грижа ви е света:
Крвта крв ќе измие, одмаздата одмазда клета.
Убијте го, сире, не поради мојата злоба,
Туку поради вашата круна, никој тоа да не го проба;
Убијте го поради тронот, народот поуки сака,
Секој кој се дрзнал на него да крене рака.
ДОН ФЕРНАНДО:
Нека Дон Диего збори.
ДОН ДИЕГО:
О, колкава свидност,
Губејќи сила, се бориме за живот!

28
Сид

Или кога судбата на крај на пат ќе се испречи


Чесен човек да се упропасти, спречи!
Јас, зад кого се подвизите славни
Кого го паметат луѓе по битките дамни,
Доживеав, ете, да бидам навреден
И по стари денови скршен и победен.
Тоа што не можеа бусии ни битки,
Арагон, Гранада или сабји вити.
Ниту завидливци, и чета злотвори –
Тоа го стори гроф сред вашите двори,
Завиден на изборот и горд поради надмоќ
Што му ја дава младоста над мојата немоќ.
Оваа бела коса, тоа рането бедро,
Таа крв што за вас се пролева штедро,
Рака што знаеше армија да победи –
Паднаа в јама каллива со срам да седи,
Да не создадов син на себе сличен,
Достоен на таа земја и на својот крал вичен;
Тој ми подаде рака; место мене самиот
Тој дрзникот го казни, ме изми од срамот.
Храброста и сочувството кон казна оди,
А одмазда за шлаканицата на боиште води,
Тогаш мене нека ме погоди гром и мака:
Треба да се казни со глава кога греши рака.
Во судир кој меѓу нас се зби
Тој е само рака, а глава моја би.
Тој го уби татко ѝ – се жали Химена;
Ама тој го стори тоа поради моето име,
Оттаму на главата дајте ѝ казна строга,
А чувајте раце што да ви служат в слога.
Но дајте ѝ ја на Химена мојата глава мртва,
Нема да се бранам, подготвен сум на жртва;
Ни збор нема да кажам на строгата одлука:
Кога ќе умрам чесно – мирно срце ми чука.
ДОН ФЕРНАНДО:
Во тежок спор тешки се и решенија:
Треба значи да се слушнат и други мислења.
Дон Санчо нека ја придружи Химена од дворот
Дон Диего како заложник да остане мора.
Нека и син му пријде. Правдата веќе се спрема.

29
Сид

ХИМЕНА:
За него сем смртта друга правда нема.
ДОН ФЕРНАНДО:
Смири се, ќерко, и нека мир те прати.
ХИМЕНА:
Зборот: мир, значи болка поголема ме опфати.

30
Сид

ЧИН ТРЕТ
СЦЕНА ПРВА
Дон Родриго, Елвира
ЕЛВИРА:
Што бараш, несреќнику, во госпоѓината соба?
ДОН РОДРИГО:
Одам по тажниот пат на својата коб.
ЕЛВИРА:
Кој таа дрска гордост в душа ти ја стави
Та доаѓаш в куќа што во тага ја зави
Мртва сенка да валкаш? Зар толку си зол?
Зар ти не го уби?
ДОН РОДРИГО:
Својот образ го измив со бол:
Мојата чест од мечот таква жртва бара.
ЕЛВИРА:
В куќа на жртвата скривалиште бараш!
Зар некогаш убиец тука стапнува со нога?
ДОН РОДРИГО:
Дојдов да се предадам на својот судија строг:
Не ме гледај повеќе со зачудено лице;
Барајќи смрт која ја сторив како убиец.
За судија ја барам милата Химена:
Потешко од смртта е да ја носиш омразата нејна;
Па дојдов да си скратам мака;
Казна од нејзина уста, удар на нејзина рака.
ЕЛВИРА:
Тргај ѝ се од пред очи и од нејзина злокоба,
Тргни ѝ се од првата навала на јарост во ова доба;
Скриј се додека првата возбуда ја води
Оти бесот пламен презир ќе роди.
ДОН РОДРИГО:
Не; оти кога поради мене горки солзи лее,
Никаква казна, ни смрт, доста ми не е;

31
Сид

Сто јадови ќе избегнам и она што со тоа иде


Ако умрам сега; од омраза тоа нека биде.
ЕЛВИРА:
Отиде на дворот, скршена од болка жена
Ако се врати, ќе биде со придружба окружена.
Бегај, о милост, и спаси нè од душевна беда;
Ако те видат луѓе, што ќе кажат сега?
О, беда! А злокобник ќе каже, наоѓајќи трага,
Дека убиецот на својот татко го потпомага.
Ќе се вратат бргу. Сè поблизу се, ноќта брзо паѓа.
Поради нејзина чест; скриј се! Еве ја доаѓа!

СЦЕНА ВТОРА
Дон Санчо, Химена, Елвира
ДОН САНЧО:
Да, госпоѓице, таа смрт за одмазда пишти;
Праведен е бесот ваш и солзите што ве тиштат,
А кога тоа го сакам со тоа не велам
Ниту да ве стивнувам, ни да ве веселам;
Ама ако од мене може да имате некоја полза азна,
Нека мачот мој послужи радо за праведна казна.
Нека мојата љубов ве лиши од грозна мака;
Наредете; ќе биде силна мојата рака.
ХИМЕНА:
Кутрата јас!
ДОН САНЧО:
Зборот ваш најголема милост да сети.
ХИМЕНА:
Ќе го навредам кралот ако правда вети.
ДОН САНЧО:
Вие знаете дека правдата доаѓа полека
И оттаму злочинот се избегнува лесно,
А патот ѝ е следен со солзи и плач;
Дајте, госпоѓице, да ве одмаздам со меч.
Тоа е сигурен пат злосторството да се казни.
ХИМЕНА:
Тое е последен лек; ако правдата доцни,
32
Сид

А вас и тогаш ќе ве пече мојата мака,


Одмаздата своја ќе ви ја дадам в рака.
ДОН САНЧО:
Тое го сака душата на млад витез и чесен;
Сега заминувам, полн со надеж и занесен.

СЦЕНА ТРЕТА
Химена, Елвира
ХИМЕНА:
Конечно сум слободна и можам без узди мои
Да пуштам солзи за сите страдања свои;
И сега можам болно, да воздивнам тажно
Да видиш колку мојата душа страда снажно.
Мојот татко е мртов; го најдов в крв
Кога Родриго зеде в раце меч прв.
Плачете, о очи, солза нека видело ви заведе:
Половината од мојот живот другата половина ја зеде.
А одмазда бара, оти не ѝ е доста,
По оваа смрт на делот што остана.
ЕЛВИРА:
Смирете се, госпоѓице.
ХИМЕНА:
За смирување збори,
Леле, сега кога душата со несреќата се бори.
Зар ќе починам некогаш од тој јад
Кога не можам да казнам рака што го зададе?
На што да се надевем, оти се соколам, кога губам.
Барам правда, а злосторникот го љубам.
ЕЛВИРА:
Зар до убиецот на вашиот татко ви е грижа сал?
ХИМЕНА:
Да кажам го сакам – дури и тоа е дел мал,
Страста моја му пркоси на жарот одмазнички тој;
А витезот се крие во злосторникот мој;
И покрај бесот што во мене гори,
Во мене Родриго сè уште со татко се бори;
Напаѓа, се брани, избегнува, јуриша,

33
Сид

Час слаб, а час моќен; па двобојот стивна;


Во таа борба каде бесот со љубовта се искушува
Ми раскинува срце, ама каде ќе ми оди душа?
И кога силно ме мами пламанот на страста,
Јас решително го следам повикот и должноста на честа.
Итам без двоумење честа да не ме кори.
Го сакам Родриго, ама таа љубов ме мори.
В срце го заштитувам, а имам и став свој,
Знам која сум; и знам кој го уби таткото мој.
ЕЛВИРА:
Ќе предадете тужба?
ХИМЕНА:
Од тоа сета се следувам!
О, свиреп пат што морам да го следам!
Го барам неговиот живот, ама чуј што ти велам:
И јас ќе појдам в смрт по него, ама да го казнам целам.
ЕЛВИРА:
Отфрлете ги, госпоѓице, тие намери мрачни,
Закони тирански, тие мисли прозрачни.
ХИМЕНА:
Што! на вечно каење да бидам жртва
Што крв не одмаздив на мојот родител мртов!
Срце што други страдања го сврзува
Зар само пусти солзи да му долгува!
Зар помамна љубов што тлее в душа
Со кукавички мир честа да ми ја задуши!
ЕЛВИРА:
Верувајте, сè простено ќе ви е
Дури и ако помалу го мразите тоа сакано битие.
За својот витез драг; сторивте доста,
Го видовте кралот, па што друго ви остана?
Чекајте да мине виорот на првиот јад во вашата глава.
ХИМЕНА:
Одмазда ме чека, тоа мир не ми дава;
И колку страсната љубов да ни ласка,
Секое оправдување само е срамна маска.

34
Сид

ЕЛВИРА:
Ама љубовта ваша омразата не ја надвладува.
ХИМЕНА:
Признавам, о, тажна.
ЕЛВИРА:
Колку тага ве совладува?
ХИМЕНА:
Да сочувам образ и крвта да ја наплатам
Ќе го убијам, па в гроб да го пратам.

СЦЕНА ЧЕТВРТА
Дон Родриго, Химена, Елвира
ДОН РОДРИГО:
Да ве поштедам сакам од гонење и мака:
Имајте чест да ми суди вашата рака.
ХИМЕНА:
Елвира, каде сме тоа? Што гледаат очите мои!
Родриго в куќи! Тој крај мене стои!
ДОН РОДРИГО:
Овие млазеви од крв нека не ве плашат:
Пробајте ја сласта на смртта и одмаздата ваша.
ХИМЕНА:
Леле!
ДОН РОДРИГО:
Слушни ме.
ХИМЕНА:
Умирам.
ДОН РОДРИГО:
Застани, и јас страдам.
ХИМЕНА:
Оди си, дај да умрам.
ДОН РОДРИГО:
Два збора, и душа ќе ти дадам.
Со овој остар меч одговор да ми срочиш.

35
Сид

ХИМЕНА:
Што! Крв од мојот татко сè уште по тебе се точи!
ДОН РОДРИГО:
О, Химена моја...
ХИМЕНА:
Тргни го од пред моето лице
Мечот што ме потсеќа дека си убиец.
ДОН РОДРИГО:
Подобро гледај го, нека тој те укори,
Бесот да ти зголеми, а смртта ми ја ускори.
ХИМЕНА:
Тоа моја крв тече.
ДОН РОДРИГО:
Со неа срцето ми се крши
Нека така се измие бојата на твојата крв.
ХИМЕНА:
Ох! каква дрскост: ти нè отепа со ред,
Татко ми со меч, а ќерката со поглед!
Зар нема тој грозне челик да го тргнеш;
Сакаш да слушам, а в смрт ме гониш!
ДОН РОДРИГО:
Мечот ќе го тргнам, но знај желба ми е
Твојата рака во мене да го зарие;
И немој да чекаш од возбудата во мене
Одлуките твои кукавички да се сменат.
Ако пренаглам сега поради ненадејни страсти
И татко и себе тогаш ќе се лишам од честа.
Шлаканица на витез – знаеш ли што е тоа?
И јас бев навреден, виновникот го барав затоа.
Ја одмаздив својата чест и на својот татко, ете,
И пак ако треба би ги повторил двете,
Иако за тебе со сета силина на својот пламен
Се борев против татка, сепак не сум камен.
И покрај должноста, навредата клета,
Се колебав дали да ја извршам обврската света.
Или твоја омраза или вечна брука!
Сепак помислував дека ми избрза рака.

36
Сид

Се обвинував себе поради жестината што стега


Убавината твоја би пресекнала сега
Поради чарите твои не си реков во себе:
Без чест неа никогаш да ја заслужил не би;
Ако за мене сè уште имаш малку страсти,
Ќе ме сакаш чесно, ќе презреш без чест.
Послушам ли љубов што во мене пее,
Тогаш ќе бидам достоен само на твојот гнев.
И пак ти велам, скршен но без страв,
Тоа што ќе го тврдам до последен здив прав;
Те навредив болно, ама немаше друго
Да те заслужам тебе, да се лишам од срам.
Се здружив со татко, се здружив со чест,
А сега сум, еве, сиот во твоја власт.
Крвта ти ја нудам своја, покаен, јад ме стега;
Првиот долг веќе го платив, другиот го враќам сега.
Знам дека нема да го прежалиш татко ти мртов;
Нека јадот ти ја ублажи од мојата крв жртва.
И принеси храбро крв на што тој што го уби
Крв на оној што славно умира и љуби.
ХИМЕНА:
Иако сум душман твој кој ти диши в рамо,
Не можам да те кривам за однесувањето срамно;
И иако страдањето ме сече ко со меч,
Не те обвинувам, само болката своја ја плачам.
Јас знам должност што е: возвишена душа
Гласот на одмаздата, честа мора да ја послуша;
Го бранеше само својот образ и име
И така на мојата должност потсети ме.
Кобното јунаштво како пример ми служи:
Тоа те одмазди, на татко ти му се оддолжи.
Иста јад ме мори, ме чека грижа иста:
Да одмаздам татко и да останам чиста.
Леле! Мојата љубов сосем ме смати!
Друга рака на татка живот да му скратеше,
Душата ќе ми појдеше во пресрет твој
Една утеха и страдање над гроб тој,
А несреќа од чувства ќе ме лиши,
Оти драга рака солзи мои бриши.
Губејќи го татка, тебе те губам, тажна.

37
Сид

И покрај љубовта: тоа на славата сум должна.


Оти закони на честа ме морат и тиштат:
Сторениот злочин в главата твоја пишти,
И немој да чекаш од мојата возбуда промени
Дека кукавички казната ќе ти ја мени.
Тоа никаква љубов не би ја изменила, а за себе
Мислам: во честа морам да бидам рамна на тебе;
Достоен си ми мене, оти болка ми зададе,
Да те заслужам тебе морам и јас, саде.
ДОН РОДРИГО:
Слава и должност нека не ти се болка стара:
Еве ја давам главата која честа ја бара;
Како жртва на твојата отменост ти стави ја;
Колку благ замав од твојата рака ќе се јави.
Чекаш ли на правда – од тоа нема полза, азна:
Одложуваш победа на чест, а и казна.
Знај, ќе умрам среќен од таа прекрасна рака.
ХИМЕНА:
Не сум јас твој џелат; о, спаси ме од мака.
Зар морам да ја земам понудената глава?
Ти чувај го својот живот, јас својата слава.
Понудената глава не ми вреди ништо,
Морам да ја добијам мртва, од боиште.
ДОН РОДРИГО:
Твојата страст за мене сè би сторила,
Оттаму мојата судба на твојата слична би била.
Зар твојот татко да го одмазди друга рака?
Знај, Химена, тоа е срам кој никој не го сака.
Јас со своја рака го измив тој срам
И ти мораш татко и да го одмаздиш сама.
ХИМЕНА:
Дрзнику, создаваш толкава мака во умот мој?
Ни твојата одмазда не ја поддржа никој!
Ќе го следам твојот пример и нема да се мачам
Својата чест со твојата да ја изедначам.
Ни сенката од мојот татко тоа да го поднесе не би:
Да ѝ должи на твојата љубов и на тебе.

38
Сид

ДОН РОДРИГО:
Должноста ти е строга дури и кога страда!
Зар конечно нема милост на смртта да ми дадеш?
Во име на мојот татко и младоста без искуство,
Убиј ме поради крвта или од сочувство.
Од твоја рака да се умре – тоа нема да ме боли
Отколку твојата омраза вечно да ме коле?
ХИМЕНА:
Леле! не те мрзам.
ДОН РОДРИГО:
Мораш.
ХИМЕНА:
Ама не можам. Жими Бога.
ДОН РОДРИГО:
Забораваш на презир и осуда строга?
Обајцата ќе бидеме презрени и виновници
Кога ќе ја откријат твојата љубов завидливи!
Нашата тајна до нив никогаш да не допре,
Затоа убиј ме, замолчи ме.
ХИМЕНА:
Ако те поштедам – повеќе ќе се прославам;
И сакам секој зависта на прво место да ја стави
И да ја разнесе по светот мојата тажна слава:
Те сакам страсно – а ја барам твојата глава.
Оди, нема да можам на болката да одолеам
Гледајќи го оној кого го губам и љубам.
Твоето заминување нека го скрие ноќна сенка која:
Ако те видат – загрозена е честа моја.
Единствено можат да те навредат со злоба
Ако дознаат дека сум била со тебе во оваа доба.
О, не давај да бидам жртва на мрачна сила.
ДОН РОДРИГО:
Убиј ме!
ХИМЕНА:
Замини.
ДОН РОДРИГО:
Што си наумила?
39
Сид

ХИМЕНА:
Покрај сиот жар што строга срдба ми гасне,
Ќе го одмаздам татка, ќе морам, тоа ми е јасно;
И покрај честа, должности и стеги,
Сакам ништо да не ми успее, од тоа не се бега.
ДОН РОДРИГО:
О, чудо на љубовта!
ХИМЕНА:
О, беда, о, јадови!
ДОН РОДРИГО:
Кога поради татковци нашата љубов страда!
ХИМЕНА:
Кој би поверувал?
ДОН РОДРИГО:
Кој некогаш би рекол?
ХИМЕНА:
Дека среќата е близу – а толку далеку!
ДОН РОДРИГО:
Дека морето бесно ќе се запени
И пред пристан кораби ќе засени!
ХИМЕНА:
Каење и страдање!
ДОН РОДРИГО:
Во едно се слејаа!
ХИМЕНА:
Оди си, те молам, да не те слушам јас.
ДОН РОДРИГО:
Ќе гаснам полека, гонет ко ѕвер. Збогум.
Додека не најдам спокој во твојот бес строг.
ХИМЕНА:
Ако мојата ревност татко ми го одмазди, сал,
Ти се колнам, со тебе и јас ќе умрам од жал.
Збогум. А сега внимавај да не те забележат.

40
Сид

ЕЛВИРА:
Госпоѓице, и покрај таа несреќа клета...
ХИМЕНА:
О, остави, Елвира; во тишина на оваа ноќ
Сакам да воздивнувам, да исплачам очи.

СЦЕНА ПЕТТА
Дон Диего
ДОН ДИЕГО: (Сам.)
Кога совршена среќа душа ќе сети
И најголемата радост тага ќе ја смати;
Секогаш некоја грижа, некој немир таен
Ќе помрачи деној на нашиот полет сјаен.
И сега неспокој ми трепери в душа:
В радост пливам, став ја гуши.
Го видов мртов оној што навреда ми кладе,
Раката-одмазничка сакам да ја видам саде.
Ама залуд сиот труд: веќе премален од грижа:
Обиколувам град барајќи го Родрига:
Ја поарчив сета сила на своето старо тело
Да го најдам синот, победникот смел.
И секој миг низ таа ноќ темна, густа,
Мислам дека го гушкам, ама сенка гушкам пуста.
Тогаш мојата душа, жртва на измами, сенка,
Од двојна страв трепери, стенка,
Не знам дали избега од страдање и казна
Се плашам од грофот и неговата придружба азна;
Тие се побројни: па се прашувам кај е
Дали е мртов, или затворен некаде чмае...
Небо! дали ми праќаш измама и срам
Или конечно гледам на мојте очи плам?
Тој е, нема сомнеж; исчезна стравот тој,
Боже, ги исполни сите желби мои.

СЦЕНА ШЕСТА
Дон Диего, Дон Родриго
ДОН ДИЕГО:
Конечно небото дозволи да те видам, сине!

41
Сид

ДОН РОДРИГО:
Аман!
ДОН ДИЕГО:
Не давај оваа радост лесно да ми мине;
Дозволи да го фалам својот син вичен,
По доблеста на мене сличен:
На храброста твоја на која секој се гордее:
Славната наша лоза сега пак живее:
Ти потекнуваш од неа, и по неа си славен,
А со твојот прв бој на сите мои си рамен;
Својот жар во сјајен доказ го стегна,
По угледот, честа – мене ме досегна.
Подршко на староста, утеха на мојот вид,
Измиени од срамот, допри коси бели како ѕид,
Бакни го тој образ без жигот на срам
Што го избриша храброста твоја, сама.
ДОН РОДРИГО:
Зар таа почест, татко, не ја заслуживте?
Та вие ме создадовте, вие ме воспитавте;
И среќен сум што тоа ви ласка, годи,
Замав на меч што вас од беда ве ослободи.
А нека мојот говор радоста не ви ја задуши
Ако дадам одишка и јас на својата душа:
Можеби страдањата ќе ми ги олеснат речи:
Веќе долго говорот ваш во тоа ме спречува.
Не сакам да се кајам што бев ваш штит,
Ама вратете ми го она што го изгубив од вид.
Ве одмаздив со меч, ама тој подвиг на честа
Од љубов ме лиши, среќата ја упопасти.
Не велете ништо; сè изгубив, тажен,
А ви вратив сè што ви бев должен.
ДОН ДИЕГО:
Плодовите на твојот чин многу повеќе вредат:
Јас ти дадов живот, ти ме лиши од беда;
А ако е во прашање честа би жртвувал сè,
Дотолку повеќе сега ти должам на тебе.
Спрема својата болка однесувај се строго:
Честа е само една, а жени се многу!
Љубов ко милина, честа ко должност без да се каеш.

42
Сид

ДОН РОДРИГО:
Што рековте, татко?
ДОН ДИЕГО:
Тоа што мораш да го знаеш.
ДОН РОДРИГО:
Одмаздената чест на самиот ми се одмаздува,
А родениот татко со неверство ми се заканува!
Сличен е срамот, иста брука го чека
Кукавицата или неверна човека.
А на мојата верност немојте да хулите,
И верен и чесен – таков ќе бидам, да знаат сите.
Премногу е силна врската што ме обврзува,
Иако немам надеж, зборот сепак ме врзува:
Неа ни да ја изгубам, ни да ја задржам в слога,
Па смрт барам: казна праведна и строга.
ДОН ДИЕГО:
Од јадови во смрт не се бега;
На кралот и на земјата потребен си сега:
Душманска флота реката ја освои,
Да уништи градови и села сака непријателот тој;
Ќе допловат Маври, наплив ќе ги донесе,
И ноќе во нашите бедеми ќе ги внесе.
На дворот е метеж, насекаде владее немир,
Лелекања се слушаат по градската шир.
А на своја среќа, во сиот општ хаос тој
Собрав пријатели, нив петстотини на број,
Кои поитаа по полно жар
Да го спасат од срам пријателот стар,
Ти ги претекна; ама нивните раце, по тој настан,
Ќе пролеат маварска крв сред нашиот пристан;
Биди на нивно чело, оти в срца храброст им бие
Тоа честа ти налага и те посакуваат тие.
Потисни го душманот што е во дрзок налет;
Ако смрт бараш – умри со убава смрт, а не клет;
Искористи ја среќата што судба ти ја должи:
Кралот со својата смрт спаси го и задолжи;
Ама поарно врати се со палма околу глава,
Немој само поради одмазда да те слават.
Придобиј ги оние што храброста ти ја ценат:

43
Сид

Милоста на владетелот и ликот на Химена.


Сакаш ли со страст – победи во бојот,
Па пак ќе ја задобиеш љубовта своја;
Ама сега не е време за пусти приказни, сине;
Полетај како сокол, оти времето си мине;
Ајде, и докажи му на владетелот јасно
Дека мртвиот гроф ќе го замениш чесно.

44
Сид

ЧИН ЧЕТВРТИ
СЦЕНА ПРВА
Химена, Елвира
ХИМЕНА:
Нели, Елвира, сите тие вести не се во право?
ЕЛВИРА:
Не, госпоѓице, сите од сè срце му се восхитуваат здраво,
Јуначките дела до небо ги креваат,
Во еден глас сите со Родриго се гордеат;
А Маврите со него лошо поминаа сега:
Налетаа брзо – уште побрзо избегаа.
Тричасовната битка ние ја добивме,
Два маварски крала при тоа заробивме.
Родриго секогаш стигал прв, со храброст луда.
ХИМЕНА:
Зар токму со своја рака ги направи тие чуда?
ЕЛВИРА:
Тие двајца кралеви што в ропство ни паднаа, пак,
Ги совлада неговата храбра рака.
ХИМЕНА:
Каде можеше таа прекрасна вест да се слушне?
ЕЛВИРА:
Во народот, кој со ѕвезден ореол сака да го гушне,
Ширум земјата го слави и почести очекува,
Ангел-чувар го нарекува.
ХИМЕНА:
Дали и владетелот го цени со толкав жар?
ЕЛВИРА:
Родриго не смее да излезе пред својот господар,
Ама дон Диего со восхит полн, исправен како страк,
Му предаде два крала, два роба под круна, пак,
И побара милост за синот-јунак
Кој ја спаси земјата од ропство и мрак.

45
Сид

ХИМЕНА:
А дали е ранет?
ЕЛВИРА:
Тоа веќе би се знаело;
Вие бледнеете, госпоѓице, смирете се малу.
ХИМЕНА:
Зар праведниот бес мој почна да потклекнува?
Се грижам за него, а знам должност како се чува.
Народот го крева, слави на сите усти.
А честа моја и должноста дал да попушти?
Бесот да се разбуди. љубов нека се губи:
Тој совлада два крала, ама мојот татко го уби!
За мојот јад, мојата црнина збори
Која ми ја остави неговата доблест в двори;
Нека спасител видат сите во него пред сè.
Јас, пак, негов злочин гледам дека во сè е.
Вие што ја повративте силата на мојот бес,
Немирни бранови крај мрачен лес,
И ти, тажен сјај на посмртни почести,
Зауздајте нежност – поради победа на честа;
И дури кога ќе се зацврсти таа љубов беа лека
Споменете ја тажната должност што ме чека,
Нападнете го оној што победи нижи.
ЕЛВИРА:
Смирете се госпоѓице, принцезата се ближи.

СЦЕНА ВТОРА
Принцезата, Химена, Леонора, Елвира
ПРИНЦЕЗАТА:
Не доаѓам солзи да запрам твои
Туку да слеам со нив и воздишки свои.
ХИМЕНА:
На веселбата општа да се придружите треба,
Уживајте радост, ненадеен дар од небо;
Единствено јас, госпоѓице, на плач имам права,
Страв од кој Родриго земјата ја спасува
И општо спокојство што тој го стекнува со меч
Само мене ми го даваат тоа право на плач:
46
Сид

Служеше на кралот, градот го спаси од мака


Ама за мене беше погубна таа рака.
ПРИНЦЕЗАТА:
Неговата храброст направи чуда.
ХИМЕНА:
Ја знам таа мачна новост за храброста луда.
За него сите велат: тој душмани совлада,
Во бојот е храбар, а во љубовта страда.
ПРИНЦЕЗАТА:
Зошто ти е мачна веста и фалбата за настанот тој?
Ти младиот Марс некогаш го имаше како свој неспокој,
Вие се сакавте; каква е таа мена?
Та кога него го фалат – тогаш твојот избор го ценат.
ХИМЕНА:
Доблестите негови може секој да ги фали;
Ама на мене од многумина јадови ќе ми навали,
Зборови што Родриго го креваат над сè
Ми велат што губам, а губитокот голем е.
О, сурово страдање што свеста ми ја помрачи!
Колку повеќе го фалат мојот жар повеќе се мачи:
Сепак света должност стои над сè,
И покрај љубовта – смртта за него, праведна е.
ПРИНЦЕЗАТА:
Со односот свој ти со почит се здоби,
А за напорот чесен на дворот признание доби;
Твоето прекрасно срце секој со почест го жали,
Секој љубовта ти ја жали, а храброста ти ја фали.
Ќе прифатиш ли совет што ќе ти дам?
ХИМЕНА:
Тоа би бил злочин – вас да не ве послушам.
ПРИНЦЕЗАТА:
Праведноста од вчера не е и од денес.
Родриго единствена надеж сега е за нас,
Подршка на Кастилја, наша десна рака,
На душманите ужас, а за народот јунак.
И самиот крал од сè срце му се восхитува:
Родриго – вели – духот на твојот татко го чува.

47
Сид

Во два збора сè ќе ти соопштам:


Неговата смрт води кон среќа општа.
Што! зар поради одмазда што во тебе дреме, знам,
Дал сигурноста на целата земја да ја урнам?
Зар одмаздата твоја на тоа има права,
Како виновници сите заедно да нè казнува?
Не велам дека сега мораш, по сè,
Злочин, обвинувања, да се омажиш, праведно не е:
Од таа желба јас те одвраќам денес;
Лиши го од љубов, ама штеди го за нас.
ХИМЕНА:
Зар душата со добрина да ми се подзема!
Должноста моја ништо да ја заузда нема
Иако љубовта кон него ми ита,
Иако народот и кралот му честита,
И нека околу него сè сами јунаци врват,
Моите чемпреси, сепак, ловорот ќе му го здрват.
ПРИНЦЕЗАТА:
Отмено е кога поради одмазда мора
Должноста да го напаѓа и најмилиот створ;
Ама делото е многу поголемо од полна вреќа;
Да се заборавиш себе поради општа среќа.
Тој ќе биде горко казнет ако згасне
Во твоето срце пламен на љубовта страсен.
Добро на земјата, твоја прва грижа до срце да стига.
А ни кралот нема да го напушти Родрига.
ХИМЕНА:
Не можам да молчам и покрај кралот.
ПРИНЦЕЗАТА:
Внимавај да не го изгубиш алот.
Збогум. Сепак размисли за сè на мира.
ХИМЕНА:
Мојот татко е мртов. Зар низ двоумење да се пребира?

СЦЕНА ТРЕТА
Дон Фернандо, Дон Дијарео, Дон Аријас, Дон Родриго, Дон Санчо

48
Сид

ДОН ФЕРНАНДО:
О, славен потомок на славна лоза шпанска,
Таа вечер потпора на земјата кастилјанска;
По храброста своја и родот ти е славен,
А по подвизи ти на нив си рамен.
И што може да ти значи мојата фалба,
Таа спрема твојот чин, и воената дарба.
Ти Маврите страшни ги порази пред пристан така,
Жезолот го зацврсти со својата снажна рака,
За победата твоја пристигнаа вести
Пред да доспеам да издадам заповести!
Да; подвизите твои се такви да не би
Кралот твој да може да ти се одолжи на тебе.
Ама два крала-заробени сметај ги за мој дар:
Слушнав: те викаат Сид, господар.
И, ете, таа маварска реч ме потсети, и вели,
Од срце да ти го дадам тоа почесно име;
Биди Сид; наша гордост и надеж,
непријателот нека страда.
Нека треперат пред тебе Толедо, Гранада;
И нека видат сите во тој еден слог, дека не можат
На тебе довека да ти се оддолжат.
ДОН РОДРИГО:
Вашата Висост од срам нека ме поштеди.
Зар заслугата моја толкави фалби вреди?
Пред владетел моќен се црвенеам, ете,
За мала фалба достојно е сето.
Знам: ѝ должам на земјата, долг највисок тој,
И крвта на животот и воздухот што го дишам свој;
Па дури и животот да го изгубам в бој
И тогаш е обврска и тоа само долг мој.
ДОН ФЕРНАНДО:
Ама оние кои ме нарекуваат господар
Не ја вршат должноста со толкава жар;
И само безумие може да доведе
До таков успех и толкава победа.
Оттаму прими ги фалбите што се однесуваат на тебе;
А сега за бојот раскажи ми како треба.

49
Сид

ДОН РОДРИГО:
Како што знаете, сире, опасноста беше блиска
Од која во градот настапи страв и вреска
Собрав кај татко ми група пријатели свои,
И така безумна се јави желба за бој...
Нека Вашата Висост таа смелост ми ја прости
Што работев без ваше знаење и милост:
Маврите беа близу; водот цврсто се слеа;
Погрешните чекори многу погубни ќе беа,
Кога веќе морам да умрам, со многу повеќе жар
Ќе умрам в борба за својот господар.
ДОН ФЕРНАНДО:
Ти простувам смелост, на одмазда цел;
За слобода на земјата имаш бранител.
Залудно Химена од сега ќе ми збори,
Ќе ја слушам само јадот да не ме мори.
Ама продолжи понатаму.
ДОН РОДРИГО:
Водам чета смела,
А решителност машка им блеска на чело.
Нè имаше петстотини; патем народ се крева,
Така в пристан до три илјади беа.
Гледајќи нè како чекориме смело,
И најстрашливите кренаа чело!
Две третини од луѓето в кораби ги скрив,
А корабите в пристан кришум ги усидрив.
Другите, што останаа со мене да се борат,
Стануваат побројни, а очите им горат.
Додека прилегнаа на земја во мртва тишина;
Црна темница над нашето пристаниште мина.
Наредив секаде да се прикријат стражи,
Оти криењето нашите потфати ги тражи;
Работев како да имам наредба ваша
И така без збор сите ме послушаа.
При светлина на ѕвезди што треперат в мрак
Здогледавме триесетина едреници на враг.
Наиде прилив; и со заедничка снага
Маврите, морето ги доведе до праг.
Ние ги пропуштивме; секаде тишина владее,
Пристаниште пусто, над бедеми ноќта бдее.

50
Сид

Сеопштата тишина ги увери лукавците


Дека незабележани стасале до ракавците:
Усидрија кораби, а посадата навре
А ние подготвени ги пречевме тие Маври.
Ние се поткренавме и тогаш се зачу
Повик кој даде нова сила на мечот.
Тогаш оние што на бродовите се скрија
Направија ’ршум: Маврите ги збунија,
Напуштајќи ги бродовите осетија страва:
Гледа Маврот дека луда ќе изгуби глава.
Дојдоа за пљачка, а ги чека битка,
Од брегот и река грми сабја бритка.
И пред да го дадат отпорот прв,
Потекоа реки зла маварска крв;
И покрај тоа што водачите ги собраа;
Тие се средија, стравовите им минаа.
Срамот дека без борба, ќе паднат како откос
Запре разгром и храброста им врати пркос,
Па тргнаа смело сабји-дамискии,
Тогаш и наша крв почна да се лие,
И земјата, и реката, кораби, пристаниште –
Сè стана грозно, смртно мачилиште.
Колку јунаштво, сè јунак до јунак
Останаа без слава во плаштот на тој мрак
Каде секој беше сведок на својата сеча,
Не знаејќи на кого судба ќе му пресече!
А јас на сите страни охрабрувам наши,
Нека напаѓаат, смрт да не ги плаши,
Во борба вклучувам нови борци свои;
До зора не знаев како работата стои.
А кога се раздени, гледам: победата е блиска,
Поразените Маври ги зафати страв и вреска;
Кога видоа дека борбата се разгорува,
Победничка желба стравот им го разорува;
Јурнаа на кораби, јажињата ги пресекоа
И со страшни вресоци итро избегаа.
Во безглаво итање, секој за себе е самец,
А два крала се домогнаа до својот чамец.
На тоа не мислат: стравот раце им врза;
Допловија со прилив, а со одлив им се брза.
Ама тие два крала, сред нашата војска

51
Сид

Крај ранети Маври водат борба херојска;


Крв од нив шикти, ама не се даваат.
Залудно им викам да се предадат:
Мафтаат со сабји, се борат смело;
Останаа без војска, да поткрепи нивно дело,
Дека залудно е сè. Прашуваат за водач.
Јас истапив. Тие во пресрет одат.
Обата заробени кај вас ги упатив.
Исчезна војската, борбата стивна, сфатив.
На тој начин, ете, а во знак на служба...

СЦЕНА ЧЕТВРТА
Дон Фернандо, Дон Диего, Дон Родриго, Дон Аријас, Дон Алонсо, Дон
Санчо
ДОН АЛОНСО:
Доаѓа Химена во врска со нејзината тужба.
ДОН ФЕРНАНДО:
Непријатна должност ме чека. Сега оди.
Не сакам да ја силам со тебе да се види.
Тоа е моја благодарност за твојот подвиг славен;
Дојди кралот да го прегрне спасителот главен.
(Дон Родриго заминува.)
ДОН ДИЕГО:
Химена ги тужи, ама и го штити, можеби.
ДОН ФЕРНАНДО:
Велат дека го сака; мора да се провери овие дни.
Поклонете се сите.

СЦЕНА ПЕТТА
Дон Фернандо, Дон Диего, Дон Аријас, Дон Санчо, Дон Алонсо, Химена,
Елеонора
ДОН ФЕРНАНДО:
Конечно, крај на сета мака,
Вас ве одмазди на божјата правда рака.
Родриго Маврите оваа ноќ ги столчи,
Ако умре од рани, тука, на ваши очи.

52
Сид

Благодарете му на небото што бедата ќе ве мина.


(Му се обраќа на Дон Диего.)
Видете како за час стана побледа.
ДОН ДИЕГО:
Ќе се онесвести. Восхит треба да ѝ се даде,
На љубовта што толкаво страдање знае да зададе.
Болка ѝ потпира тајна што в срце дремка зема:
Таа го сака него; во тоа сомнеж нема.
ХИМЕНА:
Зар Родриго е мртов?
ДОН ФЕРНАНДО:
Жив е, неповреден.
Во љубовта своја верен, непобеден.
Нека гушата ваша престане да страда.
ХИМЕНА:
Од среќа или јад во несвест паѓа душа млада.
Одненадеж радост човека го вознесува,
А кога душа ќе допре – осетите ги покосува.
ДОН ФЕРНАНДО:
Сакаш ли на сите сега да им измамиш солзи в очи?
Тоа страдање твое јасно се осведочи.
ХИМЕНА:
Па нека ме морат страдања до бесвест
Да: болката доведе до таа несвест.
Гледате како судбата ме услишила!
Смртта од негова одмазда би ме лишила;
Умре ли за кралот сред крвав бој,
Ќе пропадне и омразата и намерата моја:
Таков крај ми личи на неправда тешка.
Смртта негова ја барам, ама смрт витешка.
Не сакам да умре славно на боиште,
Ни на поле на честа; туку на стратиште;
А поради татко ми, на сред боен оган;
Но името и споменот да му се затре поган.
Да се умре за земја – значи да се умре славно:
Вечноста нема со заборав да му се закани јавно.
Ја сакам без задршка победата на Родриго,
Таа ми го сочува водачот на мојот подвиг,
53
Сид

На мојата прекрасна жртва на која ѝ пеат псалми,


Која место цвеќе ја крунисуваат палми;
Со еден збор, славниот бранител млад
На олтарот на мојот татко ќе се престори во чад...
Залудни се сите воздишки мои!
Нека Родриго од мене се бои:
Таа моја солза нема да му нанесе штета
Додека по вашето царство тој слободно се шета.
Благослови ваши ликувајќи прима,
А со мене како со душман однос има;
Правда, удавена во неговата крв,
Му дава на победникот знак дека е прв.
Да му следиме кола сред сеопшти слави
Додека неправда ловор на глава му стави.
ДОН ФЕРНАНДО:
Ќерко, премногу е жесток бесот твој.
Кога правдата се дели – внимателно се мери тој.
Го убија твојот татко, тој напаѓач беше:
Преблагите закони секогаш баш не грешат.
Пред да ја осудиш правдата поради својот јад што се рее
Прашај го своето срце каде Родриго владее:
Тоа, потајум, благослов ми праќа
Што таков јунак меѓу нас се враќа.
ХИМЕНА:
Го чувате за мене? Творецот на мојот ад!
Мојот татко го закла, мене ме скрши млада!
Така ми ја почитувате праведната лутина
Та мојот крик во вас предизвикува – тишина.
Оти се оглушивте за правдата на мојот плач,
Ќе морам јас, сире, да се фатам за меч;
Оти и тој мене така ме растажи, нели;
Навредата моја само меч може да ја исцели.
Сите ваши витези на помош ќе ги повикам;
А на мојот одмазник – раката ќе му ја дам;
Нека го победат; ќе бидам без грижа и мисли празни,
Ќе се дадам себе на оној што Родриго ќе го казни.
Објавете го, сире, тоа мое барање гневно.
ДОН ФЕРНАНДО:
Ама знај, Химена, тој обичај древен

54
Сид

Каде поради навреда за нож се граба секој –


Убива најдобро, а државата ја слабее тој.
А таа правда често неправична бива:
Помага на виновни, невините ги убива.
Јас му простувам на Родриго; и не сакам да гине
Изложен на ќудите на судбина што мине;
Иако навреда тој некогаш ти почини –
Отидоа со Маврите неговите злочини.
ДОН ДИЕГО:
Поради мене менувате закони и права.
На кои отсекогаш дворот се придржува!
Што ќе рече народот, а што зависта жива
Ако под заштита ваша тој се затскрива,
Наоѓајќи изговор да не се појави
Каде што смртта чесно ја бараат сите јунаци прави?
Од неговата слава секој ќе се гнаси!
Плодот на победата своја без срам нека го краси.
Во бојот со дрскиот гроф беше побрз, победи,
А и подобар јунак. Нека таа слава го следи.
ДОН ФЕРНАНДО:
Одобрувам двобој, спорот да престане;
Ама падне ли еден, на негово место
Сто други ќе дојдат. На Химена одмаздничката рака
Ќе создаде безброј противници и мака.
Еден против сите! Зар тоа правдата го сака?
Не. Нека само еднаш влезат на боиште така.
Химена, избери добар јунак;
Ама потоа ништо не барај пак.
ДОН ДИЕГО:
Со тоа ги правдате оние што тој со страв ги мори;
Никој со него не ќе смее да се бори;
Кога ќе дознае за неговото јуначко дело
Кое дрско срце да го нападне би смеело?
Кој да се осмели на таков витез да тргне со јарост?
Кој е толку храбар или без претпазливост?
ДОН САНЧО:
Одобрете двобој: еве ви витез жив;
Јас сум толку храбар. Или не претпазлив.

55
Сид

Подајте ја таа милост на жарот што ме гони


Госпоѓице, сетете се вашето ветување да се исполни.
ДОН ФЕРНАНДО:
Химена, за сè размисли до утре.
ХИМЕНА:
Ве држам за ветувањето.
ДОН ФЕРНАНДО:
Подгответе се за утре.
ДОН ДИЕГО:
Зошто да се одложува? Та јунак на глас
Подготвен е во секој час.
ДОН ФЕРНАНДО:
Изморен од бојот не може да се бори!
ДОН ДИЕГО:
Раскажувајќи за бојот тој веќе се одмори.
ДОН ФЕРНАНДО:
Барем нека час-два со душа да здивне.
Ама по овој двобој примерот мора да стивне
И сега на сите до знаење да им дадам
Јас и на ова нерадо се согласив и во себе се јадам,
Јас со дворјаните нема да дојдам таму.
(Му се обраќа на дон Аријас.)
Судете им смелост, ама по правда само:
Гледајте храброст и чест да се покаже;
Тогаш донесете го кај мене тој што ќе победи.
Кој и да биде, иста награда ќе заслужи;
Химена нежно рака ќе му пружи
И пред мене ќе ѝ се заколне на верност.
ХИМЕНА:
Зар кралот ми се заканува со таква смерност!
ДОН ФЕРНАНДО:
Што! Се жалиш; ама жарот на твојата страст вели
Дека како победник токму на Родриго целиш.
На одлуката оваа можеш да се спротивставиш:
На еден од нив мораш за рака да го фатиш.

56
Сид

ЧИН ПЕТТИ
СЦЕНА ПРВА
Дон Родриго, Химена
ХИМЕНА:
Каква дрскост! Зар ти! Сред бел ден се талка!
Оди. Знај, честа веќе ми е извалкана.
ДОН РОДРИГО:
Одам во смрт, госпоѓице; а тука стапнав со нога
Пред да умрам да ти кажам едно збогум,
Вечна ми е љубовта, должник на вашите чари,
И смртта сакам како почест вам да ви се подари.
ХИМЕНА:
Одиш в смрт!
ДОН РОДРИГО:
Госпоѓице, тој миг го барам
Со смртта своја омразата ваша да ја ублажам.
ХИМЕНА:
Зар дон Санчо е толку страшен, Боже,
Та јунак како тебе да се исплаши може?
Зар е толку силен? А ти на стравот жртва,
Па уште пред судирот се гледаш самиот себеси мртов!
Ти што ни пред Маври ни пред грофот не се побоја,
Ја изгуби сета храброст спроти двобојот!
Во отсутен час ти стана слабак, да те укорам.
ДОН РОДРИГО:
Јас одам да гинам, а не да се борам;
Оти преданоста моја ја наполни чашата жолч до врв
Кога видов дека сте желни за мојата крв.
Јас храброст имам, ама ќе потклекне рака,
Оти го бранам својот живот: изворот на вашата мака.
Да, јас уште сношти, госпоѓице, мртов ќе бев
Единствено поради себе ако се борев:
Да се бранам лошо во праведен бој
Значи да се предаде кралот, земјата своја.
Јас животот не го мрзам толку многу, и ќе смогнев,
Низ предавство до смртта да се домогнев;

57
Сид

А сега единствено станува збор за мојата глава:


Сакате да умрам – па мечот нека ме обезглави.
Вашите клетви друга рака избраа, знам,
(Јас не бев достоен од вашата да умрам);
Нема да одбијам замав на лут меч:
Кога за вас се борам – ќе го ценам напаѓачот;
И среќен што за вас крвта моја се лее;
Оти за ваша чест оваа борба ќе е,
И кога со мечот по гради ќе ми рие, и живот ќе губам,
Таа кобна рака како вашата ќе ја љубам.
ХИМЕНА:
Тажна моја должност што за одмазда пишти
Иако закони такви на правда ме тиштат,
Бара од тебе грозна жртва која
Вели да откриеш гради среде бој?
Тогаш знај: не станува збор за твојата глава,
Туку и за честа, исто како и за слава;
Иако сјајот на животот никогаш не темни како камен;
Твојата смрт ќе биде пораз, и тоа срамен.
Наместо љубова тебе честа те осоколи,
Оти само поради неа, крв на мојот татко проли,
Поради неа се откажа, и покрај страста,
Прекрасна надеж да ме имаш сета во власта;
А сепак премалку ја цениш славата своја
Кога без борба сакаш да умреш в бој.
Дали табиети на храброста те скршија, веќе?
Зашто беше храбар, зошто не си повеќе?
Зар си храбар само страдање да ми зададеш?
А зар пред другите на колена паѓаш?
Ти што на татко сурово му се одмазди како доказ
Зар сакаш без борба, да умреш во пораз?
Пред должноста моја стојат тешки дни;
Ако не сакаш живот, барем честа си ја брани!
ДОН РОДРИГО:
По смртта на грофот, маварскиот пораз
Треба ли за слава уште некој доказ?
Таа смее да презрее живот, тешкотии и мака:
Се знае: мојата храброст може сè да сака,
Дека ѝ нема равен под овој свод.
Дека ми се најдраги токму чест и слобода.

58
Сид

Во таа борба можам да изгубам глава,


А да не жртвувам ни образ ни слава,
Верувајте, нема на ум да му падне на никој бедник
Некој друг да се смета за прав победник.
Сите ќе речат само: „Ја сакаше Химена;
Ама не можеше да ја поднесе омразата нејна;
Од тешкиот јад, во смрт најде спас
Неговата сакана кобна рана му зададе в час:
Таа смртта му ја повика; тогаш тој јунак славен
Мислеше дека животот на злочинот му е рамен.
Да одмазди татко – тој сакана изгуби
Да одмазди сакана – тој и себе се уби,
Ја сакаше честа повеќе од деновите да се збројат,
А повеќе од обајцата – Химена своја.“
И така, госпоѓице, во тој последен бој
Само ќе ја зголемам големата слава своја;
И таа смрт мојата слава ќе ја развие во дело
А тоа уште на никој, госпоѓице, не му успеало.
ХИМЕНА:
Кога веќе од смртта не можам да те спасам, то ест,
Оти презираш живот и сè помилата чест,
Во името на љубовта чиј жар не се гаси,
Брани се себе машки, од дон Санчо ме спаси,
Бори се јуначки, сочувај ме од немилости:
На човек за кого немам наклоности.
Што уште да ти кажам? Брани се и бори,
Поткрепи ја таа должност што во мене гори;
Ако душата ти е со мене занесена
Победи во борбата, оти јас сум таа цена.
Збогум; оди, сета од срам горам.
ДОН РОДРИГО:
Има ли некој со кого не смеам да се борам?
Дојдете Навари, Маври, Кастилјанци,
Дојдете, најдобри јунаци и Шпанци,
Здружете се сите во чети одважни
Да совладате раце што станаа снажни;
Соединете моќ против моја среќа:
Оживеаната надеж никој нема да ја совлада веќе!

СЦЕНА ВТОРА
59
Сид

ПРИНЦЕЗАТА
ПРИНЦЕЗАТА:
Дали да те слушам гласу на отменоста,
Што среќата ми ја упропасти?
Дали да те слушам, љубов-слабост,
Што стана против таа тиранска власт?
Дал’ љубов или за честа
Ќе дадеш тажен цвет на младоста?
Родриго, по сè ти на мене рамен си ми;
Но, иако си храбар, син кралски не си.
Зошто разграничи, о судбо брза, до век,
Чест од надеж моја?
Зар доблеста ретка не си знае за себе лек
И зар мора поради неа љубовта да страда моја?
И колку солзи, и во јад се прпелка
Ранетото срце мое чека
Ако не знае ни жар да смири, битки да губи,
Ниту да го добие оној што го љуби!
Премногу сум строга; зошто да презирам
Љубов, кога љубам страсно?
За мене е монарх, тоа треба да го знам,
Ама и со Родриго би живеела чесно.
Победив два крала лесно,
Можеби со крал ќе те викам?
Сид, име витешко кое в пазуви го чуваш,
Ми кажува чиј си и кому му наликуваш.
Достоен е на мене, ама залуд сè е:
Мене гордоста ме упропасти.
А Химена омразата сега толку ја грее
Та уште повеќе се разгореа страсти:
Моите надежи немаат спас
Ни таа смрт што омраза сее,
Оти поради мојата казна судбината им даде крилја
Љубовта да им биде посилна од сите зла.

СЦЕНА ТРЕТА
Принцезата, Леонора
ПРИНЦЕЗАТА:
Што сакаш, Леонора?

60
Сид

ЛЕОНОРА:
Со вас да поделам смело
Спокој што овладеа со битието цело.
ПРИНЦЕЗАТА:
Од каде дојде спокој сред јад?
ЛЕОНОРА:
Ако љубовта со надеж и живее и страда
За Родриго повеќе нема занес да ве фаќа,
Оти, знајте, Химена во борба го праќа:
Или ќе загине или ќе ѝ биде маж,
Тоа, без надеж, вашиот дух ќе оздрави со драж.
ПРИНЦЕЗАТА:
Нека тоа биде што побргу!
ЛЕОНОРА:
Зар надеж во овој час ви бега?
ПРИНЦЕЗАТА:
Зар јас ни на надеж немам право сега?
Ако Родриго мора да се бори за дар
Ќе знам од таа борба да извлечам ќар.
Љубов, тој благ злосторник што ме мачи,
Вљубените души на лукавство ги учи.
ЛЕОНОРА:
Зар би можеле, госпоѓице, да сторите нешто
Кога смртта на еден татко не можеше ништо?
Иако се зарече кај татковиот лес,
Не го гони Родриго со одмазнички бес.
Се согласува на двобој, а нека борец смел
Биде тој, кој за неа да се бори ќе се осмели;
Оти Химена не најде засолниште
Кај оние што ја знаат славата на секое борилиште;
Додека изборот на дон Санчо надежи нејзини сили
Оти тој првпат за меч ќе се фати како дрво жили.
А што неискуството во пропаст го води
Што не е славен – тоа само ѝ годи.
Лесниот избор ви кажува јасно
Дека сака решение и лесно и чесно:
Нејзиниот Родриго ќе биде победник в бој,
А таа ќе ја изврши должноста своја.
61
Сид

ПРИНЦЕЗАТА:
Тоа го гледам и самата, ама и покрај сè
Како и Химена мојата љубов само за него е.
И сега што да правам со љубовта своја?
ЛЕОНОРА:
Сетете се која сте, и рода ваша е која.
Вие сте за монарх, за благородник не сте.
ПРИНЦЕЗАТА:
Моите наклоности не се веќе исти.
Тоа не е Родриго, прост благородник, кого го сакам;
Со другото име го милувам и сакам:
Млад е, ама славен ширум сите земји, работа не е мала,
Тоа Сид е јуначки, господар на два крала.
Ќе го совладам својот пламен, ама не поради светот,
Туку на љубовта нивна да не им смета.
Дури и кога заради мене би станал цар,
Јас не би го земала тоа што го дадов на дар.
Овој двобој нов венец ќе му стави в рам,
На Химена љубениот пак ќе ѝ го дам.
Ти што знаеш да читаш страдање од моето чело,
Ќе го завршам, знаеш, започнатото дело.

СЦЕНА ЧЕТВРТА
Химена, Елвира
ХИМЕНА:
Јас сум за жалење, Елвира; јас страдам!
Какво добро чекам, на што се надевам?
Ни нешто да посакам, ни можам да љубам,
Веднаш се кајам, во лавиринт на совест се губам:
Поради мене се борат двајца, со меч,
И најдобриот исход ќе ме чини плач.
И како судбата конец да ми плете прав
Или без љубениот или без одмазда останав.
ЕЛВИРА:
Било како било, времето страдањата ги лекува;
Или сте одмаздени или го добивте Сид;
И каков исход судбата да ви предаде,
Или вашата чест ја брани или маж ви даде.

62
Сид

ХИМЕНА:
Што? Судбата ми праќа ослободител од ад?
Убиецот на Родриго или убиец на татко, саде!
Дајте ми за маж еден од младичите тие
Кој ја пролеа крвта на најдрагото битие!
Како скаменета од страв сега стојам
И повеќе од смртта од исходот се бојам.
Одмаздо! Љубов! Душата ми пропиште,
Ама по секоја цена јас не сакам ништо;
А ти, движачу на судбата што ме крши,
Нека без победник тој двобој се сврши
И нека во борбата никој не настрада.
ЕЛВИРА:
Тоа, госпоѓице, би бил извор на нов јад.
Зар судбината нема да ве благослови?
Ќе мора правдата да се обнови,
Да се сведочи за омраза што во вас стаса,
Да се прогонува саканиот до судниот час.
Оттаму тој нека биде победник на тој двобој,
Поради својата слава и вашиот спокој;
Со законот на борбата маката крај нека добие,
А кралскиот збор – и вашата желба ја крие.
ХИМЕНА:
Мислиш дека сосем ќе се предадам на победникот тој?
Да отфрлам должност поради љубовен пој?
Ни кралската желба, ни законот на двобој
Не важат за светите чувства мои.
Тој дон Санчо може да победи леко,
Ама честа моја нема да ја задобие секој.
Кралот сè што сака може да му вети,
Борбата за Химена дури тогаш ќе се осети.
ЕЛВИРА:
Тие безумни зборови треба да ве плашат:
Ќе ве казни небо поради гордоста ваша.
Ете ви смирување; зар не ви е доста
Што во сиот тој јад честа чиста ви остана?
Што сака таа должност? На што се надева, блада?
Зар поради вашиот татко и Сид да страда?
Зар не ви е доста од страдање и јадови?

63
Сид

Зар нови жртви и страдања како сврзани садови?


Во гордоста своја тврдоглави сте
На својот сакан да сте му достојна – не;
Сиот бес на небеса на вас ќе се сјати, саде;
Ќе го земе саканиот, а дон Санчо ќе ви го даде.
ХИМЕНА:
Од јадови, Елвира, долго копнеам злобни,
А ти ме мачиш со пророштва кобни.
Сакам да избегнам несреќа и чувството е мое
Победа на Родриго со сето битие свое,
Не затоа што кон него тежат моите страсти,
Туку не сакам на дон Санчо да му дадам власт;
Тој страв раѓа пусти желби мои...
Што гледам бедна? Леле, готово е, стој!

СЦЕНА ПЕТТА
Дон Санчо, Химена, Елвира
ДОН САНЧО:
Стапувам пред вас, госпоѓице, со овој меч прв...
ХИМЕНА:
Што! сè уште е оросен со Родриговата крв?
О, гледај, дрзнику, горки солзи мои,
Ти, мојата љубов, среќата ја зеде моја!
Разгорете се, о страсти, лелекајте без страв:
Татко е одмазден; дајте си себеси замав!
Честа ми ја ослободи ист замав на мечот
Што душа ми скрши и ме разреши од плач.
ДОН САНЧО:
Со поголема прибраност...
ХИМЕНА:
Со мене како на себе рамен
Ти што Сид го уби во двобој срамен!
Со прелага го уби: таков јунак не би
Никогаш не би ти се потчинил на тебе.
Мојата душа никогаш нема да те љуби
Ти не ме одмазди, туку ме уби.

64
Сид

ДОН САНЧО:
Вие не ме слушате, ама ќе се обидам...
ХИМЕНА:
За неговата смрт и слушател да бидам!
Зар морам, да ја следам фалбата твоја
Додека неговиот јад го сликаш и несреќата моја!

СЦЕНА ШЕСТА
Дон Фернандо, Дон Диего, Дон Аријас, Дон Санчо, Дон Алонсо, Химена,
Елвира
ХИМЕНА:
Сире, нема полза да тајам за надежи мили
Тоа што досега го криев со сите сили,
Го сакам Родриго; а сега солзи ронам
Што поради одмазда морав да го гонам,
Вашето величество би можело да ме мрази
Оти мојата должност жарот на љубовта ја гази.
Таа смрт на мене остави трага:
Сега не сум судија, туку несреќна драга.
Му должев одмазда на оној што ме создаде,
А солзи – на љубовта што душа ми кладе.
Дон Санчо ме уби со својот жар млад, без срам.
А уште трудот клет морам да му го надополнам!
Ако до срце милоста знае да ви допре,
Тој суров закон да се укине, да се сопре,
А на тој победник на несреќен двобој
Наместо себе ќе му дадам имоти свои.
А јас во мир во некои манастирски ѕидини
Плачејќи ќе го скончам бремето на моите дни.
ДОН ДИЕГО:
Конечно таа љуби и признава гласно
Дека не прави злочин што љуби страсно.
ДОН ФЕРНАНДО:
Химена, љубениот твој е жив, не падна, сал,
Дон Санчо лажен извештај ти дал.
ДОН САНЧО:
Таа заблуда не е работа на мојот извештај.

65
Сид

Не стигнав да ѝ го кажам исходот до крај.


А тој познат воин, поради кого солза тече,
Кога мојот меч го зеде, рече:
„Не плаши се, овој двобој јас би ги скончал,
Оти ти за Химена животот свој би го дал.
Мене кралот наш ме чека, а ти како одмена,
Извештај за бојот поднеси ѝ на Химена,
И пред нејзините нозе положи го мечот свој“.
И што можам јас тука, прелага е мечот тој,
Мислеше дека јас сум победник во тој бој,
Па в бес несакајќи ја откри љубовта своја,
Со толку жестина, и строго и со страст,
Та ни збор не изустив, не можев, јас.
Иако победен, јас среќен сум саде,
И покрај моето срце што остана без надеж,
Јас својот пораз го сакам иако губи мојот лик,
Ама барем на прекрасната љубов ѝ дадов поттик.
ДОН ФЕРНАНДО:
Не срами се, ќерко, на својот љубовен плам.
Немој да одречуваш нежност и прикриен срам.
Нека исчезне чесното руменило од твоето лице:
Честа ја одбрани, казнет е убиецот;
Одмаздата беше сурова и строга:
Родриговото страдање и опасности многу,
И небото за него ќе стореше сè.
Ти ја исполни должноста, сега мисли на себе,
Одлуката моја да ја менуваш – сега е доцна,
Па земи го за маж тој што го љубиш страсно.

СЕДМА СЦЕНА
Дон Фернандо, Дон Диего, Дон Аријас, Дон Родриго, Дон Алонсо, Дон
Санчо, Принцезата, Химена, Леонора, Елвира
ПРИНЦЕЗАТА:
Химена не плачи, заборави мака,
На победникот славен ти дај му рака.
ДОН РОДРИГО:
Простете, сире, што така доаѓам,
Што возбуден пред неа на коленици паѓам.

66
Сид

Не дојдов како силен победник в бој,


Туку, госпоѓице, да ви ја предадам главата своја,
Не сакам да ја користам љубовта како цел
Ни закон на двобој, ни волја на владетел.
А ако вашиот татко задоволен не е,
Крвта моја и натаму штедро нека се лее.
Треба ли да совладам противници бројни,
Да водам по свет млади, смели воини
И цели чети со земја да ги срамнам,
Да се изедначам со јунаците славни?
Ако можам така да го измијам својот злочин,
Безумието свое ќе ви го посведочам.
Ама ако вашата гордост, бес и малку милост,
Може дури во смртта за гревот мој да го прости,
Не го барајте повеќе храбриот напаѓач:
Еве ја мојата глава, а еве го и мојот меч;
Само вашата рака може да ме совлада,
А секој друг од мене ќе страда,
И нека смртта моја биде казна тешка;
Ако ме изгоните од сеќавања ќе сторите грешка;
Мојата смрт, госпоѓице, ќе го оживее вашиот глас,
Па спомен на мене сочувајте, на нас
И кога понекогаш ќе ви наврат солзи, кажете:
„Ме сакаше силно, затоа смртта го зеде, ете“.
ХИМЕНА:
Стани, Родриго. Сире, сега е касно
Да одречам било што: да, го сакам страсно;
Во тоа душата моја не се колеба.
Кога кралот наредува – да се послуша треба.
Пресудата ваша, сире, сосем е јасна,
Ама кажете дали таквата врска е чесна?
Кажете дека тој брак должноста ми го налага,
Ама вашата праведност дали со тоа се слага?
Родриго на државата ѝ е нужен, па ете,
Зар морам, да му го платам сето тоа, кажете?
Та зар вечно црна совест да ми ја јаде црв
Што ги измив рацете во таткова крв?
ДОН ФЕРНАНДО:
Времето може често да испрати грешки
Кои ни се чинат како злочини тешки:

67
Сид

Родриго те доби и ќе му бидеш жена.


Но, иако борбата денес е добиена,
Твојата славна чест би морала да страда
Ако сега славата би му добила награда.
Ако се одложи денот на вашиот брак
Со тоа не е погазен законот на ветувањето, пак;
Земи одишка, ќерко, од солзи и плач,
Родриго дотогаш ќе се фати за својот меч.
Ако со победа грозните Маври ги скрши,
И војските им ги растури и нивната надмоќ сврши,
Оди сега кај нив, додека уморно дремат,
Пустоши им земја додека да се соземат.
Твојот спомен ги облева со срам и страв,
Ќе те викаат Сид, и ќе им бидеш господар прав;
Нека твојата слава до Химена допре,
Биди ѝ верен, и на враќање ништо да не те сопре.
Во подвизите твои сите чуда да видат.
А да појдеш за него, тоа почести нека ти бидат.
ДОН РОДРИГО:
За љубов на Химена, а во чест на кралот
Може да го разгори, уште повеќе, во мене жарот?
Знам, ќе морам копнеж по неа да совладам;
Ама среќен сум што ќе можам да се надевам.
ДОН ФЕРНАНДО:
Надежта во себе и во својот крал треба да се чува,
Химена по тебе веќе одамна согорува;
А копнежот на срцето и честа да не занеме
Дозволи нека работат кралот твој, меч и време.

КРАЈ

68

You might also like