You are on page 1of 45

Браќа

Теренциј

БРАЌА

1
Браќа

ЛИЦА:
МИКИОН, старец
ДЕМЕЈА, старец, брат на Микион

САНИОН, трговец со робје и сводник


ЕСХИН, момче, син на Демеја и посинок на Микион
БАХИДА, хетера
ПАРМЕНОН, роб на Микион
СИРУС, роб на Микион

КТЕСИФОН, момче, син на Демеја


СОСТРАТА, мајка на Памфила
ГЕТА, роб на Сострата
ХЕГИОН, старец, роднина на Сострата
ДРОМОН, роб на Микион

СТЕФАНИОН, роб на Микион


ПАМФИЛА, девојка, ќерка на Сострата
ПЕЈАЧОТ

2
Браќа

ПРОЛОГ
Бидејќи нашиот поет увиде дека на неговите дела се гледа злонамерно и дека неговите
непријатели посебно се нафрлија на делото што ќе го играме денеска, тој самиот ќе ви даде
пример за тоа, а вие решете дали заслужува пофалба или покуда. Комедијата „Во смртта
заедно“ е од Дифил, а Плаут ја преработил на латински, со истиот наслов. Во грчкиот
оригинал, на почетокот се појавува момче кое ја грабнува хетерата од сводникот. Тоа место
Плаут воопшто не го спомнува, а нашиот поет го превел од збор до збор и го вметнал во
својата комедија „Браќа“. Тоа е новото дело кое сега го изведуваме, а вие сами проценете
дали се работи за кражба или за вметнување на сцена која е испуштена од невнимание. А
тоа што злонамерните како влијателни луѓе му помагаат на нашиот поет и пишуваат заедно
со него, тогаш ако клеветниците го сметаат тоа за голема навреда, нашиот поет го смета за
најголема чест, бидејќи им е мил на оние кои им се мили на целиот народ. Па тие ни
помагале на сите нас, и во војна, и во мир, и во јавни работи, и никој не помислил дека му
е под чест да прифати таква помош. Најпосле, не очекувајте од мене да ви ја раскажам и
содржината на комедијата. Старците, кои се појавуваат на почетокот од комедијата, ќе
откријат дел од неа, а останатото ќе се покаже во текот на дејствието. Бидете
добронамерни кон поетот, за да го поттикнете и понатаму да пишува.

3
Браќа

ПРВ ЧИН
ПРВА СЦЕНА
Микион
(Улица во Атина. На едната страна е куќата на Микион, на другата – куќата на
Сострата. Од својата куќа излегува Микион.)
МИКИОН: Стораксе! (Никој не се одѕива.) Есхин сношти не се врати од гозбата, а и ниту кој
било од робовите кои го придружуваа. Навистина со право се вели: ако те нема или негде
си се задржал, секогаш е подобро да те снајде она што жената налутена ти го вели, отколку
она што си го замислуваат загрижените родители. Ако си задоцнил, жената веднаш си
мисли дека бркаш женски, или дека женските те бркаат тебе, или дека пиеш и, воопшто, си
го бркаш ќефот. Таа, пак, е убедена дека ти одлично се забавуваш, а дека само нејзе ѝ е
лошо. А што сè мене не ми паѓа на ум кога син ми нема да се врати дома и со што сè не се
мачам себеси! Се плашам да не настинал, да не паднал негде, да не скршил нешто. Ех, што
му треба на човек да го прими во срцето некого и да се врзе за некој кој му е помил и од
него самиот? А згора на тоа, овој не е мој син, туку син на брат ми. Уште од младоста јас и
брат ми сосема се разликувавме во сфаќањето на животот. Јас водев угоден градски живот
и уживав во безделничење и, тоа што некои го сметаат за среќа, никогаш не се женев. Тој,
пак, сосема спротивно: живееше на село, штедеше и беше строг кон себе, се ожени и доби
два сина. Постариот го усвоив јас, го одгледав од мали нозе, го сакав и секогаш го сметав
за свое дете. Тој ми е сето уживање и сета радост. Правам сè да ми ги возврати истите
чувства. Му давам пари, не му префрлам, не сметам дека е потребно во сè да ги користам
своите права. Најпосле, го научив да не го крие од мене сето она што младината го прави
кришум од своите татковци. Оти оној кој научил да го мами и лаже својот татко, толку
побргу ќе се осмели да ги мами и лаже останатите. Јас верувам дека е многу подобро
децата да се воспитуваат со чувство на пристојност и чест, отколку со страв. Во тоа брат ми
и јас не се сложуваме и таквата идеја нему не му се допаѓа. Често доаѓа кај мене и вика:
„Што правиш, Микионе? Зошто го упропастуваш нашево момче? Зошто брка женски? Зошто
пие? Зошто му даваш пари за такви работи? Зошто го облекуваш скапо? Премногу си
неразумен“. Тој самиот, пак, е строг многу повеќе отколку што е праведно и добро, а по мое
мислење, длабоко греши секој кој верува дека власта која се потпира на сила е поцврста и
потрајна од онаа која се основа на пријателска поврзаност. Еве каков е мојот став и моите
погледи. Оној кој својата власт ја извршува заради страв од казна, се владее добро само
додека верува дека ќе биде откриен, штом се понадева дека нема да го откријат, веднаш
им се враќа на своите вродени склоности. А оној кој со добрина си го врзал за себе, искрен
е во сè што прави, се труди да ти возврати со иста мера и е ист и кога си ти тука, и кога те
нема. Тоа е татковската должност: да го навикне синот правилно да постапува сам по себе,
а не затоа што се плаши од нешто. Во тоа е разликата меѓу таткото и господарот. Кој не
може тоа да го разбере, треба да признае дека не знае да воспитува деца. (Го здогледува

4
Браќа

Демеја.) Но, гледај, зар не доаѓа токму оној за кого зборувам? Тој е, нема сомнение. Гледам
нешто е намуртен. Претпоставувам, ќе се скараме како и обично. (Гласно.) Здраво, Демеја,
се радувам што доаѓаш жив и здрав.

ВТОРА СЦЕНА
Демеја, Микион
(Влегува Демеја.)
ДЕМЕЈА: Е, баш добро. Токму тебе те барам.

МИКИОН: Што си се намуртил така?


ДЕМЕЈА: Не ме прашаш кај ни е Есхин, туку оти сум се намуртил?
МИКИОН: (Настрана.) Зар не реков дека ќе се случи ова? (На Демеја.) Што направил?
ДЕМЕЈА: Што направил? Тој ниту од нешто се срами, ниту од нешто се плаши, ниту закон
почитува, туку се поставил над него. Ќе заборавам сè што сторил порано, ама само да
видиш што сторил сега!
МИКИОН: Па добро, што сторил?
ДЕМЕЈА: Ја искршил вратата од некоја туѓа куќа и влегол внатре, домаќинот и целата
фамилија ги претепал скоро до смрт, па ја грабнал женската која ја сакал. Сите викаат на
цел глас дека тоа е најнедостојно дело. Дури доаѓав ваму, кој знае колкупати го слушнав
тоа, Микионе! Цел народ само за тоа зборува. Најпосле, ако му треба пример, зар не го
гледа брат му, кој работи на село и е трезвен и штедлив? Ама баш ништо не прави слично
на него. Всушност, Микионе, тоа што му го префрлам нему, ти го префрлам тебе. Ти
дозволуваш тој да се расипува!
МИКИОН: Никогаш никој не бил понеправеден од неискусен човек кој смета дека само тој
постапува исправно и никој друг повеќе.
ДЕМЕЈА: Што ти значи тоа?
МИКИОН: Тоа, Демеја, дека ти лошо судиш за вакви работи. Верувај ми, не е грев момче да
оди по курви, ниту да се пијанчи. Дури не е злочин ниту што ја искршил вратата. А тоа што
ниту јас ниту ти не го правевме истото, беше оти нè спречуваше сиромаштијата. И ти сега
сакаш да те фалат за тоа што го правеше од немаштија? Е, тоа е неправедно, оти ако
можевме да го правиме истото, ќе го правевме. А ти, да си човек на место, не би го
спречувал оној твој син да ги прави тие работи токму сега, во тие години, отколку да чека
да те изнесат низ врата, па истото да го прави во години кога не му прилега.
ДЕМЕЈА: Жими Јупитер, ти, човеку, ме избезумуваш! Значи, не е престап ова што го прави
момчено?

5
Браќа

МИКИОН: Ајде, ислушај ме убаво и не досадувај ми со едно, па исто! Ми го даде син ти да


го усвојам и тој стана мој. Тогаш, Демеја, ако нешто греши, мене ми греши, и тоа најмногу
ме засега мене. Оди на гозби, се пијанчи, се мачка со скапи мириси – на мој трошок. Брка
жени, јас ќе му плаќам дури ми е ќеф. Кога нема да ми биде, веројатно ќе биде избркан низ
врата. Ја искршил портата, ќе се поправи. Искинал алишта, ќе се закрпат. Фала им на
боговите, имам од каде да давам и досега воопшто не ми е мачно. Најпосле, или батали ја
оваа работа, или најди некој што ќе пресуди, а јас ќе ти докажам дека во оваа работа ти
повеќе грешиш.
ДЕМЕЈА: Е, блазе си ми! Море, учи од оние кои знаат каков треба да биде вистинскиот татко!
МИКИОН: Ти си татко само по природа, а јас по умот.

ДЕМЕЈА: Ти имаш ум?


МИКИОН: Слушај, ако не престанеш, си одам.
ДЕМЕЈА: Така ли?
МИКИОН: Па не можам цело време да слушам за една иста работа.
ДЕМЕЈА: Берам гајле за него, ете затоа.
МИКИОН: Берам и јас. Само, Демеја, ајде грижата еднакво да ја поделиме. Ти грижи се за
едниот, а јас за другиот. Оти ако береш гајле и за двајцата, тоа ти е исто како да го бараш
назад овој што ми го даде.
ДЕМЕЈА: Тогаш, зошто да зборуваме за тоа? Ако тебе така ти се бендисува, нека троши, нека
се расфрла, нека пропаѓа, ич не ми е гајле! Ако кажам само уште еден збор...

МИКИОН: Запри, Демеја, зошто почна пак да беснееш?


ДЕМЕЈА: Не ми веруваш, така? Ти го барам ли назад син ми? Е, тоа ме боли! Сепак, јас не
сум му туѓинец, но ако се смешам... (Одмавнува со рака.) Ајде, добро, престанувам. Сакаш
да се грижам само за едниот, тогаш само за него и ќе се грижам. Фала им на боговите, тој
е токму како што треба. А оној твојон, подоцна ќе сфати... Но, нема да кажам ништо полошо
за него. (Заминува.)
МИКИОН: Има право за многу од овие работи што ги кажува, само, сепак, мене не ми се
чинат толку лоши. И јас се грижам, само не сакав пред него да покажам. Тој е таков човек.
Штом сакам да го смирам, жестоко му се противставувам и го заплашувам, па и тогаш одвај
човечки ги прима работите. А да го подбуцнувам неговиот гнев, или да почнам да му
попуштам, отидовме и двајцата во безумие! Сепак, тука нема збор, онака како што се
однесува, Есхин навистина нè резили. Има ли, воопшто, некоја курва која не ја поминал?
Или на која не ѝ дал пари? Сега, пред малку, кога мислев дека веќе му е од сите смачено,
ми рече дека сака да се жени. Се понадевав дека младешката лудост конечно исчезнала и

6
Браќа

се израдував. Кога, еве ти го пак истото! Море, што и да е, сакам да дознаам и да го најдам
лично него! Треба да е на форумот. (Заминува.)

7
Браќа

ВТОР ЧИН
ПРВА СЦЕНА
Санион, Есхин, (Парменон, Бахида)
(На сцената влегуваат Есхин, Санион, Бахида – хетерата која Есхин му ја грабнал на
Санион – Парменон и група денгуби.)
САНИОН: Ве преколнувам граѓани, помогнете му на кутриов и недолжен човек! (Покажува
на себе.) Најдете му се во неволјава!
ЕСХИН: (На Бахида.) Биди мирна и застани сега овде. Што се обѕирнуваш? Нема веќе
опасност. Дури сум јас тука, овој нема ни со малиот прст да те допре.
САНИОН: Колку и да се бунат сите, таа е моја.
ЕСХИН: Иако е гад-гадосан, изгледа денеска нема по втор пат да изеде ќотек.
САНИОН: Есхине, слушај добро, за да не речеш после оти не си знаел што работам. Јас сум
сводник.

ЕСХИН: Знам.
САНИОН: Притоа и човек од доверба, како и секој друг. А за тоа што ти после ќе се правдаш
дека не си сакал да ми наштетиш, ме боли таквото! Верувај ми, ќе си го барам правото на
суд, а ти за злото што ми го стори нема да платиш само со зборови. Го знам јас добро она
вашето: „Не сакав тоа да се случи. Се колнам дека ти не ја заслужуваш оваа неправда“. И
сето тоа откако сум навреден на недостоен начин.

ЕСХИН: (На Парменон.) Трк веднаш и отвори ја портана!


САНИОН: Тебе ич не ти е гајле за ова што зборувам?
ЕСХИН: (На Бахида.) Ти, веднаш внатре!
САНИОН: Е, тоа нема да дозволам!
ЕСХИН: Дојди ваму, Парменоне! Таму си премногу далеку. Застани овде покрај него.
(Парменон застанува покрај Санион.) Добро е, така те сакам! Сега внимавај да не ги тргаш
твоите очи од моиве, за да не чекаш и веднаш штом ти намигнам да го акнеш овега по
муцки!
САНИОН: (Задржувајќи ја Бахида да не влезе во куќата.) Е, баш би сакал тоа да го видам!
ЕСХИН: (На Парменон.) Држи го! (На Санион.) Пушти ја женската!

(Парменон го удира Санион.)

8
Браќа

САНИОН: Оф леле! Колку гадна работа!


ЕСХИН: Ако не внимаваш, ќе биде уште погадна!
(Парменон пак го удира Санион.)

САНИОН: Куку! Леле! Тешко мене! (Ја пушта Бахида.)


ЕСХИН: (На Парменон.) Не ти намигнав! Добро, сепак грешката е направена на вистинската
страна. (На Бахида.) Трчај сега.
(Парменон ја внесува Бахида во куќата.)
САНИОН: Што ти значи ова, Есхине? Се занесуваш дека си овде крал?
ЕСХИН: Море да бев, ти многу убаво ќе беше награден за твоите заслуги!
САНИОН: Дали ти некогаш си имал нешто со мене?

ЕСХИН: Ништо.
САНИОН: Тогаш, знаеш ли ти кој сум јас?
ЕСХИН: Не знам, ниту сакам да знам!
САНИОН: Дали некогаш сум допрел нешто твое?
ЕСХИН: Да си допрел, многу убаво ќе си поминел!
САНИОН: Тогаш, од каде имаш ти поголемо право да ми ја земаш женската за која дадов
пари? Одговори ми!
ЕСХИН: Слушај, за тебе е поарно да не ми правиш неред овде пред порта, оти ако
продолжиш да ми досадуваш, ќе наредам да те внесат внатре и да те камшикуваат дури
има душа во тебе!

САНИОН: Да камшикуваш слободен граѓанин?!


ЕСХИН: Богами, така ќе биде.
САНИОН: Море, гаден човек! А уште велат дека овде слободата е за сите.
ЕСХИН: Ако ти беше доволно беснеење, своднику, ислушај ме ако сакаш.
САНИОН: Јас беснеев, или ти беснееше на мене?

ЕСХИН: Пушти го сега тоа и врати се на работава.


САНИОН: На која работа? На што да се вратам?
ЕСХИН: Сакаш ли да ти кажам нешто што те засега тебе?

9
Браќа

САНИОН: Сакам, само ако е тоа нешто праведно.


ЕСХИН: Ајде де! Сводник, а сака од мене да слуша само за праведни работи.
САНИОН: Сводник сум, признавам, „вистинско зло за младите, кривоклетник и штетник“.
Само, сепак, тебе не сум ти сторил ништо лошо.
ЕСХИН: Жими Херкул, уште тоа треба!

САНИОН: Туку, те молам, Есхине, врати се на тоа што го почна.


ЕСХИН: Ти за девојката плати дваесет златника?
САНИОН: Точно.
ЕСХИН: (Настрана.) Со лошо да ти се вратат! (На Санион.) Е па, толку пари и ќе ти се вратат.
САНИОН: Што? Ако можеби и не сакам да ти ја продадам, ти ме присилуваш?

ЕСХИН: Никако.
САНИОН: А, од тоа се плашев.
ЕСХИН: Сметам дека таа воопшто не би смеела да се продава, бидејќи потекнува од
слободна фамилија. Јас гарантирам дека е слободна граѓанка. Ти, пак, сега реши, ќе земаш
пари или ќе ја праќаш работата на суд. Реши го ова, своднику, дури јас да се вратам.
(Влегува во куќата на Микион.)
САНИОН: Жими семоќниот Јупитер, воопшто не се чудам што некои луѓе збеснуваат од
нанесената неправда. Овој ме измолкна од дома, ме тепаше и сосила ми ја зеде женската.
Мене, кутриов, ми акна повеќе од петстотини тупаници! А, покрај сите тие злосторства,
уште и бара да му ја отстапам по цената за која ја купив! (Иронично.) Е па, ајде за сè добро
што ми стори, нека биде по неговото – со право си го бара своето. Се сложувам и на тоа,
само ако ги надомести парите. Ама нешто предвидувам дека ќе биде вака: штом ќе се
сложам за цената, тој веднаш ќе најде сведок дека ја купил од мене, а за парите сонувај!
„Наскоро ќе ти платам... Врати се утре“. Но и тоа би го истрпел, и каква било навреда, само
да плати. Навистина знам каква е таа работа. Кога се занимаваш со оваа работа, треба без
збор да ги примаш и трпиш неправдите од момците. Туку, овде нема никој да плати, само
џабе си го маткам умот.

ВТОРА СЦЕНА
Сирус, Санион
(Од куќата на Микион излегува Сирус, зборувајќи му на Есхин, кој е внатре.)

10
Браќа

СИРУС: Биди мирен! Лично ќе се договорам со него и ќе направам така тој со задоволство
да го прифати тоа, па дури и да кажува дека со него се постапувало добро. (Се свртува кон
Санион.) Вистина ли е ова што го слушам, Санионе, дека ти за нешто си се степал со газдана?
САНИОН: Никогаш не сум видел понерамноправна тепачка од оваа денеска меѓу нас. Тој
мава, јас јадам ќотек, сè дури двајцата не се уморивме!
СИРУС: Твоја грешка.
САНИОН: А што требаше да правам?
СИРУС: Да му го направиш ќефот на момчено.

САНИОН: А што повеќе од денеска, кога му дозволив и ќотек да јадам?


СИРУС: Ајде, пушти го тоа! Туку, знаеш што сакам да ти кажам? Еве. Понекогаш, ако во
вистинско време се откажеш од парите, потоа добиваш многу повеќе. Еј, глупаку над
глупаците, се уплаши дека ако сега малку отстапиш од твоето право и му угодиш на
момчето, нема доволно да ќариш за тебе!

САНИОН: Јас не купувам надеж за пари.


СИРУС: Тогаш, никогаш нема да се обогатиш. Не знаеш ти, Санионе, како се фаќаат луѓето
на јадица.
САНИОН: Верувам дека така е подобро, само јас никогаш не сум бил толку лукав за да не
сакам повеќе од она што можам да го земам веднаш.
СИРУС: Море, заеби, те знам јас тебе в душа! Како да ти значат нешто тебе дваесет златника,
само ако можеш да му угодиш на Есхин. Освен тоа, се зборува дека ќе патуваш на Кипар...
САНИОН: Хм.
СИРУС: ... и дека овде си купив многу стока и си најмил брод за да ја превезеш таму. Знам
јас, затоа ти се колебаш. Само, се надевам дека ќе го направиш ова кога ќе се вратиш од
таму.
САНИОН: Ни за чекор не отстапувам! (Настрана.) Жими Херкул, пропаднав! Значи, на тоа
се надеваа кога го презедоа ова.
СИРУС: (Настрана.) Се уплаши. Го натерав човеков да се колеба.
САНИОН: (Настрана.) Море, манги! Види само како ме притиснаа во вистинскиот момент!
Овде купив многу женски и друга стока, која ќе ја носам на Кипар, па ако не појдам на
панаѓур, ќе претрпам огромна штета. А, ако сега ова го оставам и го терам дури кога ќе се
вратам, ништо од работата, сосема ќе се излади. Ќе ми речат: „Дури сега доаѓаш? Зошто го
дозволи тоа? Кај беше досега?“ Повеќе ми се исплаќа сега да изгубам нешто, отколку да се
задржам овде долго и да не отстапувам.

11
Браќа

СИРУС: Дали веќе го пресмета тоа што мислиш дека повеќе ќе ти се исплати?
САНИОН: Му прилега ли ова на Есхин? Зар му личи сосила да ми ја граби женската?
СИРУС: (Настрана.) Попушта. (Гласно.) Имам само едно да ти предложам, а ти види дали
ти пасува. За да не дојдеш во опасност, Санионе, да зачуваш или изгубиш сè, подобро
подели ја сумата. Десет златника, сепак, добро ќе ти дојдат.
САНИОН: Тешко мене! Јас, кутриов, сега треба да почнам да се сомневам и во главнината?
Па има ли тој срам?! Ми ги разниша сите заби, целата глава ми е со џумки, па згора на тоа
сака и да ме опљачка! Море, никаде не одам!
СИРУС: Твоја волја. Да не сакаш нешто друго пред да си заминам?
САНИОН: Секако, Сирусе, секако! Жими Херкул, Сирусе, тоа што се случи, се случи, сепак е
подобро отколку да одам на суд, но моето нека ми се врати, барем колку што платив за
женскана. Знам дека досега не си го почувствувал моето пријателство, но отсега ќе кажуваш
дека не заборавам и дека сум благодарен човек.
СИРУС: Ќе се потрудам колку што можам. Туку, ене го гледам Ктесифон. Расположен е
заради неговата љубовница.
САНИОН: А за ова што те молев?

СИРУС: Стрпи се малку.

ТРЕТА СЦЕНА
Ктесифон, Сирус, Санион
(Влегува Ктесифон и на почетокот не ги забележува Сирус и Санион.)
КТЕСИФОН: Се радуваш ако од кој било човек добиеш нешто што ти треба, некоја услуга, а
колку само уживаш кога тоа со задоволство ќе го направи оној кој треба да го направи. О
брате, брате мој! Како да ти се заблагодарам доволно сега? Сигурно знам само едно –
никогаш не ќе можам да кажам дека нешто е толку величествено, колку што е твојата
благородност! Затоа сметам дека има една работа која ме истакнува пред другите луѓе:
никој нема толку совршен брат!
СИРУС: (Му приоѓа.) О Ктесифоне!
КТЕСИФОН: Здраво, Сирусе. Каде е Есхин?
СИРУС: Ене го. Те чека дома.
КТЕСИФОН: Добро.

СИРУС: Што се случи?

12
Браќа

КТЕСИФОН: Што се случи? Е, Сирусе, благодарејќи му нему сега сум жив. Прекрасен човек,
кој сметаше дека заради мое задоволство вреди самиот да ги прифати понижувањата кои
ќе следат. Озборувањата, лошиот глас, мојата мака и грешка, сето тоа го прими на себе.
Ништо не може да се спореди со тоа. Но, како да чкрипна портата?
СИРУС: Чекај, застани! Ене, токму тој излегува.

ЧЕТВРТА СЦЕНА
Есхин, Санион, Ктесифон, Сирус
ЕСХИН: Каде е оној безбожник?

САНИОН: (Настрана.) Мене ме бара! Дали носи нешто? Тешко мене, не гледам ништо!
ЕСХИН: (На Ктесифон.) Во добар час! Токму тебе те барам. Како оди, Ктесифоне? Твојата
работа е сосем сигурна, затоа отфрли ја сега тагата!
КТЕСИФОН: Жими Херкул, кога те имам тебе за брат, јас веќе ја отфрлив. О мој Есхине, о мој
брате! Не се осмелувам уште повеќе да те фалам вака в лице, да не си помислиш дека ти се
додворувам, а не дека вистински ти благодарам.
ЕСХИН: Ајде, бре, будалче! Како досега да не научивме кои сме и какви сме. Јас само жалам
што доцна се разбравме, така што твојава работа дотера скоро дотаму што и да сакаа сите,
веќе никој не ќе можеше да ти помогне.

КТЕСИФОН: Се срамев.
ЕСХИН: Ах, тоа е глупост, а не срамежливост. Замисли, заради таква мала работа, грдо е и
да се каже, сакаше да ја напуштиш татковината! Јас само ги молам боговите да не го
дозволат тоа.
КТЕСИФОН: Не бев во право.
ЕСХИН: (На Сирус.) Најпосле, што кажува Санион?
СИРУС: Веќе омекна.
ЕСХИН: Сега ќе одам на форумот да го исплатам таму. Ти, Ктесифоне, влегувај кај твојана
женска!
САНИОН: (Тивко на Сирус.) Сирусе, поттурни ја мојава работа.

СИРУС: (На Есхин.) Ајде да одиме, оти овој вјаса за Кипар.


САНИОН: (На Сирус.) Не вјасам баш толку. Имам време да почекам овде.
СИРУС: Не плаши се, ќе ти се плати.

13
Браќа

САНИОН: Ама да ми се плати!


СИРУС: Сè ќе ти се плати, само молчи и иди со нас.
САНИОН: Идам.

(Есхин, Санион и Сирус тргнуваат.)


КТЕСИФОН: (На Сирус.) Еј, еј, Сирусе!
СИРУС: Што е?
КТЕСИФОН: Жити Херкул, те молам, исплатете го овој гад што побргу, оти ако се разлути,
нешто од ова би можел да дознае и татко ми, а тогаш пиши ми крст!
СИРУС: Тоа нема да се случи, биди си мирен. Ти само уживај си внатре со твојана и нареди
да се наместат лежалките за вечерата и да се спреми останатото. Штом ќе се заврши
работава, веднаш се враќам дома со потребното јадење и пиење. (Заминува по Есхин и
Санион.)
КТЕСИФОН: Така е тоа, така треба. Кога веќе ова испадна добро, тогаш да го завршиме
денов со уживање. (Влегува во куќата.)

14
Браќа

ТРЕТ ЧИН
ПРВА СЦЕНА
Сострата, Кантара
(Излегуваат од куќата на Сострата.)
СОСТРАТА: Ти се молам, мила дадилке, што ќе се случи сега?
КАНТАРА: Прашаш што ќе се случи? Жими вербава во Полукс, сè најдобро.

(Од куќата се слуша офкање на Памфила.)


СОСТРАТА: Мила моја, веќе ѝ почнуваат првите болки!
КАНТАРА: Па ти, што се плашиш сега? Како никогаш да не си видела породување, или сама
не си се породила?
СОСТРАТА: Море, тешко мене! Немам никого, сами сме овде. Дури ни Гета не е тука. Немам
никого да го пратам по бабица, или да го викни Есхин.
КАНТАРА: Жими Полукс, тој сигурно ќе дојде овде! Тој не пропушта ниту еден ден и везден
доаѓа.
СОСТРАТА: Тој ми е единствената помош во моиве маки.
КАНТАРА: Господарке, излегува дека од ова што се случи подобро и не можеше да испадне,
кога во пијанство ја обљуби токму тоа момче, благородно и паметно, па уште и од добра
фамилија.
СОСТРАТА: Жими Полукс, така е како што кажуваш! Ги молам боговите да ми го чуваат жив
и здрав!

ВТОРА СЦЕНА
Гета, Сострата, Кантара
(Влегува Гета, кој доаѓа од правецот на форумот и зборува возбудено не забележувајќи
ги Сострата и Кантара.)
ГЕТА: Како што е сега работава, да се соберат сите на светов со своите совети и да бараат
спас од ова зло што нè снајде мене и мојата господарка, никаква помош нема да најдат! Ах,
тешко мене! Толку неволји навалија одеднаш, а излез нема никаде. Насилство,
сиромаштија, неправда, осаменост, злоба! Каков ли век! О каква расипаност, каква
безбожна сорта, каков злотвор...
СОСТРАТА: (На Кантара.) Тешко мене! Зошто ли е Гета толку уплашен и вознемирен?

15
Браќа

ГЕТА: (Продолжува.) ... кого не го спречија, ниту поколебаа ни честа, ни дадениот збор, ни
сожалувањето кон неа, која само што не се породила, а која тој, кутрата, бесрамно и
силеџиски ја обљуби!
СОСТРАТА: (На Кантара.) Не го разбирам сосема што зборува.
КАНТАРА: Сострато, ајде, те молам, да појдеме поблиску.
ГЕТА: Ах, за гревота сум! Толку сум разлутен, што одвај се воздржувам да не збеснам!
Ништо не сакам повеќе отколку сега да ја сретнам целата таа фамилија, па на сите нив да
го истурам мојов гнев, сè дури ме држи ова беснило. Би бил сосема задоволен, кога би им
се осветил како што само јас знам и умеам. Најпрвин би го задавил самиот старец, кој го
створи оној гад! А Сирус, оној подбуцнувач, ех, него дури како би го масакрирал! Би го
зграпчил за половината, би го кренал и главата би му ја акнал одземи, така да му се растури
мозокот по улицава! На момчено првин би му ги ископал очите, а после сосема би го
распарчил! Останатите би ги растурил, збришал, претепал и исцапал! Туку, што чекам јас и
не повјасам да ѝ кажам на господарката за оваа неволја?
СОСТРАТА: Да го викнеме. Еј, Гета!

ГЕТА: (Не се завртува.) Кој и да си, остави ме на мира!


СОСТРАТА: Јас сум, Сострата.
ГЕТА: (Се завртува.) Каде е? А, токму тебе те барам, тебе те чекам. Многу добро што те
сретнав, господарке.
СОСТРАТА: Што е? Што трепериш?
ГЕТА: Ах, тешко мене!

СОСТРАТА: Смири се малку, мој Гета. Земи душа.


ГЕТА: Сосема...
СОСТРАТА: Што ти значи тоа „сосема“?
ГЕТА: ... пропаднавме. Готово е.
СОСТРАТА: Кажувај брзо, ти се молам, што се случило?

ГЕТА: Ете...
СОСТРАТА: Што „ете“, Гета?
ГЕТА: Есхин...
СОСТРАТА: Што, пак, тој?
ГЕТА: ... се откажа од нашата фамилија.

16
Браќа

СОСТРАТА: Ах! Пропаст! Но, зошто?


ГЕТА: Се вљуби во друга.
СОСТРАТА: Ох, леле! Тешко мене!

ГЕТА: И воопшто не го крие тоа. Самиот јавно му ја грабна на сводникот.


СОСТРАТА: Ама, дали е тоа сигурно?
ГЕТА: Сигурно е, Сострата, сигурно, лично со своиве очи го видов.
СОСТРАТА: Ах, црна јас! Во што повеќе да веруваш? И кому да му веруваш? Зар нашиот
Есхин така? Тој, кој беше сиот наш живот, сета наша надеж и верба? Кој се колнеше дека
без Памфила не може да биде ниту еден единствен ден? Кој велеше дека ќе го положи
детето во скутот на татко му и така ќе го измоли за дозвола да се ожени со неа?
ГЕТА: Господарке, остави ги солзите и размисли што е подобро да се прави натаму со
работава. Да молчиме, или да му ја кажеме некому?
КАНТАРА: Аман, аман, човеку, здрав ли си ти? Зар ти сметаше дека за ова и треба воопшто
да се зборува?
ГЕТА: Па, мене и не ми се бендисува тоа многу. Како прво, самата работа јасно покажува
дека тој се откажал од неа. Затоа, ако го разгласиме јавно ова, тогаш тој, сигурен сум, ќе
одрече сè. Така, добриот глас и животот на ќерка ти ќе стане сомнителен. Дури и ако
признае, не би било паметно Памфила да се омажи за него кога сака друга. Затоа, врти-
сучи, ќутењето е најдобро.
СОСТРАТА: Е, тоа никако! Тоа нема да го правам.
ГЕТА: А што ќе направиш?
СОСТРАТА: Сè ќе кажам!
КАНТАРА: Ах, моја Сострато, внимавај што правиш.
СОСТРАТА: Работава не може да биде полоша отколку што е сега. Пред сè, Памфила нема
мираз, а освен тоа, она што го имаше место мираз, го изгуби. Не може веќе да се мажи како
невина девојка. Значи, ми останува само ова: ако одрекува сè, сведок ми е прстенот што го
изгуби. Најпосле, кога сум сосема убедена дека за ова не сум ни најмалку крива, и дека
ниту јас ниту ќерка ми сме се посрамотиле за пари или за што и да е друго, тогаш, Гета, ќе
одам на суд.
ГЕТА: Што може да се каже на ова? Признавам дека зборуваш исправно.
СОСТРАТА: Сега појди кај роднинана Хегион и раскажи му сè по ред. Тој му беше најдобар
пријател на мојот Симило и најмногу се грижеше за нас.

17
Браќа

ГЕТА: Жими Херкул, така е! Никој друг не нè ни погледна. (Заминува.)


СОСТРАТА: А ти, моја Кантаро, оди, трчај, викни ја бабицата, за да не ја чекаме после кога
ќе ни треба.
(Кантара заминува, а Сострата влегува во куќата.)

ТРЕТА СЦЕНА
Демеја, Сирус
(На празната сцена влегува Демеја.)
ДЕМЕЈА: Вистинска пропаст! Слушнав дека во грабежот заедно со Есхин учествувал и
Ктесифон. Во сета оваа гадотија ми фали уште тоа, оној мој син да го вовлече во расипаност
и овој мој син, од кого нешто може да биде. Каде да го барам сега него? Верувам дека го
одмолкнале некаде, во некоја курвинска крчма. Сигурен сум дека го има наговорено оној,
курварон. Туку, ене, го гледам Сирус, доаѓа наваму. Тој сигурно ќе ми каже каде е. Море,
чекај малку, па и тој е од истата тајфа! Ако се сети дека го барам, тој злосторник нема ништо
да ми каже. Не смеам да му откријам што сакам.
(Влегува Сирус со полн зембиљ зајре и на почетокот не го забележува Демеја.)
СИРУС: Баш пред малку му раскажавме на старион сè по ред што се случи. Не сум видел
никој повесел од него.

ДЕМЕЈА: (Настрана.) О глупост човечка, Јупитеру!


СИРУС: Го испофали син му, а мене ми заблагодари што му го дадов оној совет.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Ќе пукнам од мака!
СИРУС: Веднаш ги натокми парите, а ми даде уште половина златник за трошок, кој го
суредив по мој ќеф.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Аха, ако сакаш нешто салам да се направи, прати го токму него!

СИРУС: Еј, Демеја, не те видов досега. Што се случува?


ДЕМЕЈА: Што се случува? Не можам доволно да се начудам на вашево однесување.
СИРУС: Па, жими Херкул, и глупаво е. Да не лажам, дури идиотско. (Им зборува на луѓето
во куќата.) Дромоне, исчисти ги рибиве. Големата јагула остави ја уште малку во вода, ќе
ја исчистиме кога ќе се вратам. Никако порано!
ДЕМЕЈА: Невидено безобразие!
СИРУС: И мене понекогаш не ми се бендисуваат рибиве, па често се бунам. (Се врти кон
куќата и вика.) Стефанијо, посолениве риби убаво да се накиснат.

18
Браќа

ДЕМЕЈА: Жими верава божја, го прави ли ова Микион за свое задоволство или смета дека
ќе биде пофален ако го упропасти синот? Ах, тешко мене! Јасно го гледам денот кога тој без
скршена пара ќе замине како наемен војник.
СИРУС: Еј, Демеја, вистинска мудрост не е само да го видиш тоа што ти е пред нозе, туку и
да го предвидиш она што ќе се случи.
ДЕМЕЈА: Што?! Туку, дали е свирачкана уште кај вас?
СИРУС: Ене ја внатре.
ДЕМЕЈА: Охо, зар ќе ја чува дома?

СИРУС: Верувам. Доволно е шут.


ДЕМЕЈА: Што уште нема да се случи!
СИРУС: Тоа го прави татковата глупава попустливост и штетната добрина.
ДЕМЕЈА: Се срамам од брат ми и веќе ми се смачи.
СИРУС: Ова сега, Демеја, не го велам затоа што си ти тука, ама вие меѓу себе премногу се
разликувате. Ти, каков-таков, вистински мудрец си, а тој е сиот занесен. Ти, сигурно, не би
му дозволил на син ти да го направи тоа?
ДЕМЕЈА: Да му дозволам?! Па јас би ја намирисал работата шест месеци пред да ја започне!

СИРУС: Аман, ти ми зборуваш за твојата внимателност?


ДЕМЕЈА: Јас само сакам син ми да остане ист каков што е сега.
СИРУС: Секој сака син му да биде како него.
ДЕМЕЈА: А каде е тој? Си го видел денеска?
СИРУС: Син ти? (Настрана.) Ќе го пратам стариов на село. (Гласно.) Мислам дека веќе од
порано работи нешто на село.
ДЕМЕЈА: Дали си сигурен дека е таму?

СИРУС: Секако. Јас лично од однесов таму.


ДЕМЕЈА: Одлично. Се плашев да не се мавта овде.
СИРУС: И уште беше салам налутен.
ДЕМЕЈА: А, зошто?
СИРУС: Баш заради свирачката го искара брат му овде на форумов.

ДЕМЕЈА: Навистина?

19
Браќа

СИРУС: Ах, ништо не му премолчи. Токму кога ги броеја парите, тој се појави одненадеж и
почна да вика: „О Есхине, зар ти да направиш таков гадотилак?! Зар ти да ѝ нанесеш ваква
срамотија на нашата фамилија?!“
ДЕМЕЈА: Ох, до солзи се радувам!
СИРУС: (Продолжува на ист начин.) „Не ги трошиш ти само тие пари, туку својот живот!“
ДЕМЕЈА: Е, да ми е жив и здрав! Се надевам дека ги следи своите предци.

СИРУС: Аха.
ДЕМЕЈА: Сирусе, тој е полн со такви мудрости!
СИРУС: Сосема. Имал дома од кого да научи.
ДЕМЕЈА: Па, упорно настојувам, ништо не пропуштам, го привикнувам. Го терам во животот
на другите да гледа како во огледало и од туѓи примери да зема пример за себе. Му велам:
„Направи го ова“.
СИРУС: Многу паметно.
ДЕМЕЈА: „Она, избегнувај го“.
СИРУС: Разумно.

ДЕМЕЈА: „Ова треба да се пофали“.


СИРУС: Токму така треба.
ДЕМЕЈА: „Она треба да се осуди“.
СИРУС: Извонредно.
ДЕМЕЈА: А после...
СИРУС: (Го прекинува нетрпеливо.) Жими Херкул, немам сега време да слушам. Купив
прекрасни риби, па сега морам да вардам да не се расипат. Оти, Демеја, за нас готвачите
тоа е ист таков резил, како оној за кој пред малку рече дека не треба да ви се случува вам.
А јас, колку што можам, ги подучувам помошниците на ист начин, како син ти. „Ова е
пресолено, она е загорено, ова е лошо исчистено, она е добро спремено. Внимавај и
другиот пат да биде исто!“ Упорно ги учам, колку што знам и умеам. Најпосле, Демеја, ги
терам во лонците да гледаат како во огледало и ги советувам што треба да прават. Знам јас
дека ова што го работиме ние не е толку важно, ама што да правиш? Се однесуваш спрема
тоа каков е човекот. Сакаш уште нешто?
ДЕМЕЈА: Да ви дојде умот, ете тоа.
СИРУС: Сега ќе одиш на село?

20
Браќа

ДЕМЕЈА: Право таму.


СИРУС: Така треба, оти што бараш овде, каде никој не ги слуша твоите добри совети.
(Влегува во куќата.)
ДЕМЕЈА: Јас секако ќе одам на село, кога е таму тој заради кого доаѓав овде. Само за него
се грижам, само тој ме интересира. А брат ми, како сака, нека му мисли што ќе биде со оној
другион. Туку, кој е оној таму? Кого го гледам? Ама, дали е тоа нашиов соплеменик Хегион?
Жими Херкул, ако гледам добро, навистина е тој! Ех, тој ми е пријател уште од детството!
Добри богови, денеска многу ни фалат луѓе како него, со старинска доблест и чесност.
Државава никогаш не би имала штета од него. Леле, колку се радувам! Кога гледам дека
останале уште луѓе од таа сорта, мило ми е уште да живеам. Ќе го пречекам овде, да го
поздравам и да си помуабетиме.

ЧЕТВРТА СЦЕНА
Хегион, Гета, Демеја, Памфила
(Влегуваат Хегион и Гета разговарајќи и не го забележуваат Демеја.)
ХЕГИОН: Жими бесмртните богови, Гета, тоа што ми го кажуваш е гадна бесрамност!
ГЕТА: Така се случи.
ХЕГИОН: Од таква фамилија, а да направи таква гадна бесрамност! О Есхине, Есхине, жими
Полукс, воопшто не се метна на татко ти!
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Сигурно слушнал за свирачката и тоа него сега, иако е туѓинец, го
боли. А татко му на овој гајле си нема. Ех, камо среќа сега да е тука негде блиску и да го
слуша ова!
ХЕГИОН: Па, ако не направат како што прилега, нема така лесно да си поминат.
ГЕТА: Сета надеж ни е во тебе, Хегионе. Те имаме само тебе, ти си и заштитник и татко.
Господарот на умирање сите нас нè довери кај тебе. Ако нè напуштиш ти, тогаш навистина
сме готови.
ХЕГИОН: Внимавај што зборуваш! Ниту ќе го направам тоа, ниту мислам дека тоа ми
прилега.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Ќе одам кај него. (Му приоѓа на Хегион.) Најсрдечно те поздравувам,
Хегионе!
ХЕГИОН: О, токму тебе те барав! Здраво, Демеја!
ДЕМЕЈА: А зошто ме бараш?

21
Браќа

ХЕГИОН: Твојот постар син, Есхин, кого дозволи да го усвои брат ти, направи нешто што не
му прилега на чесен и добар маж.
ДЕМЕЈА: За што се работи?
ХЕГИОН: Се сеќаваш на нашиот пријател и врсник Симул?
ДЕМЕЈА: Како да не.

ХЕГИОН: Е па, Есхил ја силувал неговата ќерка, девица.


ДЕМЕЈА: Ама, немој!
ХЕГИОН: Чекај, Демеја, не си го слушнал уште најлошото.
ДЕМЕЈА: Има и уште полошо од тоа?
ХЕГИОН: Има, и тоа како! Сепак, нешто во тоа и може да се поднесе. Го завела ноќта,
љубовта, виното. Кога сфатил што направил, самиот отишол кај нејзината мајка и целиот
облеан со солзи молел, преколнувал, давал збор, се колнел дека ќе се ожени со неа. Му
простиле, премолчале, поверувале. Меѓутоа, девојката затруднела од него. Влегла во
десеттиот месец, а оној наш добар маж, со божја волја си купил една свирачка со која живее
заедно, додека оваа сосема ја напуштил.
ДЕМЕЈА: Дали си сосема сигурен во тоа што го зборуваш?
ХЕГИОН: Тука е мајката на девојката, тука е самата девојка, тука е самото дело, впрочем,
тука е и овој Гета, кој за разлика од другите робови, не е ниту мрзлив, ниту расипан. Тој ги
храни и сам ја издржува целата фамилија. Еве ти го, па него притегни го и распрашај го.
ГЕТА: Жими Херкул, Демеја, распни ме ако не се случи така! Најпосле, соочи ме со него и
самиот тој ќе признае.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Се срамам и не знам што да направам и што да им одговорам.
ПАМФИЛА: (Од куќата.) Тешко мене! Ме раскинаа болкиве! Блажена Јуноно, помогни ми!
Те преколнувам, спаси ме!
ХЕГИОН: Еј, ти се молам, па дали таа веќе ќе се породи?

ГЕТА: Сигурно, Хегионе.


ХЕГИОН: Еве гледај, Демеја, таа сега се повикува на вашата чест, да го направите
доброволно тоа на што и законот ве тера. Пред сè, им се молам на боговите да постапите
онака како што ви прилега, но ако имате поинаква намера, Демеја, до смрт со сета сила ќе
ја бранам нејзината чест и честа на мојот покоен пријател. Едно знам, со него од мали
заедно растевме, заедно учевме, бевме заедно и во војна и во мир, заедно ја издржавме

22
Браќа

тешката сиромаштија. Затоа, ќе се потрудам, ќе сторам и ќе пробам сè, дури и душава


побргу ќе ја дадам, отколку да ги напуштам нив. Што ќе ми одговориш на ова?
ДЕМЕЈА: Прво да го најдам брат ми, Хегионе.
ХЕГИОН: Само, Демеја, размисли си добро за ова. Колку што вие двајцата живеете полесно,
колку што сте повеќе моќни, богати, среќни и угледни, толку повеќе треба да знаете што е
праведно, ако сакате да ве сметаат за чесни луѓе. (Тргнува кон куќата на Сострата.)
ДЕМЕЈА: Предвидував јас дека ова ќе се случи и камо среќа сега да заврши. Само, оваа
преголема распуштеност сигурно ќе донесе некое поголемо зло. Ќе одам сега да го најдам
брат ми и сето ова да го истурам на него. (Заминува.)

ПЕТТА СЦЕНА
Хегион
(Хегион излегува од куќата на Сострата зборувајќи ѝ нејзе.)
ХЕГИОН: Држи се добро, Сострато, и направи сè што можеш да ѝ помогнеш на ќерка ти. Јас
ќе го најдам Микион, ако е на форумот и ќе му раскажам сè по ред што се случило. Ако
биде спремен да го направи тоа што му е на должност, добро. Ако мисли поинаку, така и
нека ми одговори, за да знам веднаш што треба да преземам. (Заминува.)

23
Браќа

ЧЕТВРТИ ЧИН
ПРВА СЦЕНА
Ктесифон, Сирус
(Од куќата на Микион излегуваат Ктесифон и Сирус.)
КТЕСИФОН: Велиш дека татко ми отишол на село?
СИРУС: Отиде пред малку.

КТЕСИФОН: Кажи ми зошто, ако сакаш?


СИРУС: Сигурно е кај вилата и верувам дека со сета сила работи нешто.
КТЕСИФОН: Дај боже да е така. Јас, пак, посакувам толку да се умори, ама да не му штети
на здравјето, што ќе легне три дена в кревет и не ќе може да стане.
СИРУС: Така нека биде, или подобро, ако е можно, така да биде.
КТЕСИФОН: Нека биде, оти очајно многу посакувам овој ден да помине онака како што го
почнав – во уживање. А тој наш селски имот сега го мразам оти е толку блиску. Да беше
подалеку, таму веќе би паднала ноќта пред да може тој да се врати овде. А сега, сигурен
сум, штом ќе види дека не сум таму, веднаш ќе потрча назад. После ќе ме праша кај сум
бил. „Денеска не те видов цел ден“, ќе рече. Што да му одговорам?
СИРУС: Ништо не ти текнува?
КТЕСИФОН: Ама баш ништо.
СИРУС: Толку полошо. Туку, да не има кај вас некој клиент, пријател или гостин?

КТЕСИФОН: Има, па што.


СИРУС: Па тоа, дека со него си имал работа.
КТЕСИФОН: Како, кога не сум имал? Не оди тоа така.
СИРУС: Море, оди!
КТЕСИФОН: Може оди преку ден, но, ако преноќам овде, Сирусе, која причина да му ја
наведам тогаш?
СИРУС: Ах, колку би сакал да постои обичај работите со пријателите да се свршуваат ноќе.
Сепак, ти немој да се нервираш. Јас толку убаво му го знам табиетот. Кога најмногу ќе
беснее, ќе го смирам да биде како јагне.
КТЕСИФОН: А, како?

24
Браќа

СИРУС: Тој најмногу сака да слуша кога го фалат. Затоа, јас ќе му зборувам за твоите
доблести и ќе направам да те смета рамен на бог.
КТЕСИФОН: За моите доблести?
СИРУС: За твоите, ами како! Ќе му течат солзи од радост, како да е мало дете. Ама, види го
сега ова!
КТЕСИФОН: Што е?

СИРУС: Ние за волкот, а...


КТЕСИФОН: Татко ми е?
СИРУС: Токму тој!
КТЕСИФОН: Сирусе, што да правиме?
СИРУС: Ти бегај веднаш внатре, а јас ќе видам.

КТЕСИФОН: Ако праша за мене, ти ништо не знаеш, слушна?


СИРУС: Можеш ти да замолкнеш?
(Ктесифон се крие во портата од куќата на Микион.)

ВТОРА СЦЕНА
Демеја, Ктесифон, Сирус
(Влегува Демеја и не го забележува Сирус.)
ДЕМЕЈА: Е, стварно сум вистински баксуз. Најпрвин, не можев ни трага да му најдам на брат
ми. После, дури го барав, сретнав еден надничар од нашиот имот и тој ми рече дека син ми
не е на село. Сега не знам што да правам.
КТЕСИФОН: (Шепоти, ѕиркајќи од портата.) Сирусе!
СИРУС: Што е?
КТЕСИФОН: Мене ме бара?
СИРУС: Тебе.
КТЕСИФОН: Готов сум!

СИРУС: Немој да се предаваш.


(Ктесифон се повлекува.)

25
Браќа

ДЕМЕЈА: Ама, од каде овој баксузлак? Никако не можам да го објаснам, освен дека сум
роден токму за да трпам неволји. Јас прв ги насетувам нашите неволји, прв откривам сè и
прв ги објавувам, па и ако се случи нешто, само јас настрадувам!
СИРУС: (Настрана.) Ова ме засмејува. Вели дека прв дознава сè, а само нему ништо не му
е јасно.
ДЕМЕЈА: Сега се вратив да видам да не дошол случајно брат ми дома.
КТЕСИФОН: (Ѕиркајќи од портата.) Сирусе, те преколнувам, гледај никако да не влегува
овде.
СИРУС: (Шепоти.) Ама, замолчи веќе еднаш. Ќе внимавам.
КТЕСИФОН: Жими Херкул, за тоа сега нема никако да се потпрам на тебе, туку ќе се
заклучам со неа во некое сопче. Така ми е најсигурно.

СИРУС: Добро. Само јас, сепак, ќе го иставам одовде.


(Ктесифон се повлекува.)
ДЕМЕЈА: (Го здогледува Сирус.) Аха, ене го оној неранимајко Сирус!
СИРУС: (Се преправа дека не го гледа Демеја.) Нема, жими Херкул, нема никој, кој би можел
ова да го издржи, само ако продолжи вака. Навистина сакам да знам колку газди имам.
Каква е оваа мизерија?!
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Што џавка овој? Што сака? (Гласно.) Па, добар човеку, што велиш?
Дома е брат ми?
СИРУС: Зошто ми велиш „доар човеку“, кога сум пропаднат човек. Со мене е готово.
ДЕМЕЈА: Што ти е?
СИРУС: Уште прашуваш! Ктесифон за малку што не ме отепа од ќотек и мене бедников и
онаа свирачкана.

ДЕМЕЈА: Море ајде, што зборуваш?


СИРУС: Ајде, види како ми ја расцепи муцкава.
ДЕМЕЈА: А, зошто?
СИРУС: Вели дека јас сум подбуцнувал да се купи женскана.
ДЕМЕЈА: Зар пред малку не кажа дека си го испратил на село?
СИРУС: Така е. Само што после се врати целиот збеснат и за ништо не му беше гајле. Како
не му беше срам да тепа стар човек! А јас, уште како мало детенце го држев во моиве раце!

26
Браќа

ДЕМЕЈА: Браво, Ктесифоне, целиот си на татко ти! Гледам, си станал вистински маж.
СИРУС: Го фалиш? Е, понатаму, ако има трошка памет, нека внимава на рацете.
ДЕМЕЈА: Силно, богами.
СИРУС: Многу! Се размавтал над една кутра жена и над мене, робов, кој не смеам да му
вратам. Ептен силно!
ДЕМЕЈА: Подобро не можело. И тој, како и јас, знае дека ти си главен во оваа работа. Туку,
дали е брат ми дома?
СИРУС: Не е.
ДЕМЕЈА: Се думам каде можам да го најдам.
СИРУС: Јас знам каде е, ама денеска баш нема да ти покажам.
ДЕМЕЈА: Како? Што рече?

СИРУС: Тоа што слушна!


ДЕМЕЈА: Ќе ти го истурам мозокот, тука на место!
СИРУС: Добро де. Името на човекот каде што е не го знам, ама местото го знам.
ДЕМЕЈА: Тогаш, кажувај го местото!
СИРУС: Го знаеш ли тремот кај пазарон за месо, право надолу?

ДЕМЕЈА: Како да не го знам?


СИРУС: Тргни по улицава нагоре. Кога ќе стасаш таму, има една стрмнина која свртува
надолу. Стрчај се прудолу. После на оваа страна има една мала капела, а тука веднаш е и
едно сокаче.

ДЕМЕЈА: Кое сокаче?


СИРУС: Она, каде расте една голема дива смоква.
ДЕМЕЈА: Сега знам.
СИРУС: Помини тука.
ДЕМЕЈА: Ама тоа не е проодно, ќор-сокак е.
СИРУС: Навистина, жими Херкул! Ах, кој знае што ќе помисли човеков за мене! Згрешив.
Туку, врати се назад кај тремот. Па да, оттука е секако поблиску и потешко е да залуташ. Ја
знаеш ли куќата на оној богаташон, Кратин?

ДЕМЕЈА: Ја знам.

27
Браќа

СИРУС: Кога ќе ја поминеш неа, тргни по улицата лево и кога ќе стигнеш до храмот на
Дијана, сврти десно. Пред да дојдеш до градската порта, кај самиот резервоар за вода има
една мала воденица и наспроти неа една работилница. Е, тој е таму.
ДЕМЕЈА: Што прави таму?
СИРУС: Порачал да му се направат лежалки за надвор, со ногалки од дабово дрво.
ДЕМЕЈА: За таму каде што се пијанчите. Е, многу убаво! Туку, што чекам јас, што не одам да
го најдам. (Заминува.)
СИРУС: Оди со здравје! Денеска ќе те шетам токму како што заслужуваш, старо пувало!
Есхин гадно се задоцни, а вечерата пропаѓа. Ктесифон, пак, е заљубен до немај-каде. Да си
се погрижам јас за себе. Ќе одам веднаш да си се почестам со најдобрите јадења, па пиејќи
чаше по чаше, убаво ќе си го поминам денов. (Влегува во куќата на Микион.)

ТРЕТА СЦЕНА
Микион, Хегион
МИКИОН: Јас во оваа работа, Хегионе, не наоѓам ништо за што треба да бидам пофален. Си
ја извршив должноста и ја поправив грешката за која сме ние одговорни. Само ако не си
помислил дека јас ѝ припаѓам на онаа сорта луѓе кои мислат дека им правиш неправда ако
се побуниш против злото кое тие ти го сториле, а згора на тоа и те напаѓаат. Ти ми
благодариш што не постапувам така?
ХЕГИОН: Ах, тоа никако! Никогаш во моево срце не сум помислувал дека си поинаков од
онаков каков што си. Само те молам, Микионе, да дојдеш со мене кај мајката на девојкана
и нејзе лично да ѝ го кажеш истото што ми го кажа мене: дека сомневањето било
неоправдано, бидејќи свирачката му била наменета на братот на Есхин.
МИКИОН: Ако сметаш дека е така исправно, тогаш ајде да одиме.
ХЕГИОН: Добро правиш. Така и нејзе ќе ѝ ја закрепнеш душата, која ѝ се истопи од болка и
жал, а ќе ја исполниш и својата должност. Но, ако мислиш поинаку, јас сам ќе ѝ го пренесам
тоа што ми го кажа.
МИКИОН: Никако. Јас ќе ѝ кажам.
ХЕГИОН: Убаво од тебе. Сите оние на кои работите им одат лошо, не знам зошто, се многу
понедоверливи и сè примаат како навреда. Заради својата немоќ мислат дека секогаш
служат за потсмев. Затоа е многу подобро ако ти сам се оправдаш лично пред нив.
МИКИОН: Правилно и вистински зборуваш.
ХЕГИОН: Тогаш, ајде со мене кај нив дома.

28
Браќа

МИКИОН: Секако.
(Влегуваат во куќата на Сострата.)

ЧЕТВРТА СЦЕНА
Есхин
ЕСХИН: (Влегува на сцената.) Душава ми се кине! Толку неочекувано зло ме снајде, што не
знам ниту што да правам со себе, ниту што да преземам. Рацеве и нозеве ми се вкочанија,
срцево ми замре од страв, а умов ми замрзна и ништо не може да реши. Ах, како да се
извлечам од оваа збрка? А, само каков сомнеж сега паѓа на мене, не може ни да си
замисли! Сострата верува дека свирачкана сум ја купил за себе. Тоа ми го префрли старана
Кантара. Ја видов така случајно кога одеше кај бабицата. Веднаш ѝ пријдов и ја прашав што
прави Памфила, дали почна да се пораѓа и дали затоа оди по бабицата. А таа ми се развика:
„Бегај, бегај, Есхине! Веќе доволно долго нè лажеше, веќе ни е доста од твоите лажни
ветувања!“ „Ама, ти се молам, за што се работи“, прашав. „Збогум“, рече, „имај си ја таа
која ти се допаѓа“. Веднаш ми текна во што се сомневаат тие, но сепак се воздржав. Оти на
таа тарашмалка да ѝ кажев само еден збор за брат ми, ќе дознаеја сите за сè. Сега, што да
правам? Да кажам дека свирачката е за брат ми? Тоа воопшто не смее да се дознае. Добро,
нека биде така, може да се среди ништо да не се дознае. Само се плашам дека некој
воопшто би ми поверувал – толку работи се совпаднаа. Јас лично ја грабнав, јас лично
платив за неа, ја однесов кај мене дома. Признавам, сето ова се случи по моја грешка. Бидна
што бидна, за оваа работа мораше да му кажам на татко ми. Ќе го измолев да ја земам за
жена. Досега дремев, ама сега, Есхине, разбуди се и фати се за работа! Најпрво треба да се
направи ова: ќе појдам кај нив и ќе се оправдам. Одам до портана. Уф, тешко мене, баш се
плашам да тропнам на портава. (Тропа.) Еј, еј, јас сум, Есхин! Нека ја отвори некој веднаш
портата! (Настрана.) Некој излегува, само не знам кој. Ќе се тргнам ваму. (Се повлекува
настрана.)

ПЕТТА СЦЕНА
Микион, Есхин
(Од куќата на Сострата излегува Микион.)
МИКИОН: (Ѝ зборува на Сострата во куќата.) Сострато, направете така како што ви реков,
а јас ќе го најдам Есхин, за да дознае и тој дека е сега сè во ред. Само, кој тропаше на
портава?
ЕСХИН: (Настрана.) Па тоа е татко ми, жими Херкул! Сега сум готов!
МИКИОН: (Го здогледува Есхин.) Есхине!
ЕСХИН: (Настрана.) Каква работа имал тој овде?

29
Браќа

МИКИОН: Ти ли тропаше на портава? (Настрана.) Молчи нешто. Зошто да не се помајтапам


малку со него. Добро е тоа, кога не сакаше ништо да ми каже за оваа работа. (Гласно.)
Ништо не ми одговараш?
ЕСХИН: Колку што знам, не баш на портава...
МИКИОН: Така? А, баш се чудев, каква работа имаш ти овде. (Настрана.) Поцрвене, значи
добро е.
ЕСХИН: Кажи ми, татко, ако сакаш, што бараше ти таму?
МИКИОН: За себе, ама баш ништо. Пријател ме доведе пред малку од форумот овде да
помогнам во нешто.
ЕСХИН: Во што?
МИКИОН: Ќе ти кажам. Овде живеат многу сиромашни жени. Мислам дека ти не ги
познаваш, всушност, сигурен сум, оти се доселени пред малку време.
ЕСХИН: И што после?
МИКИОН: Тоа се една млада девојка со мајка ѝ.
ЕСХИН: Продолжи.
МИКИОН: Девојкава останала без татко, а мојот пријател ѝ е најблизок роднина и законот
го обврзува да се ожени со неа.
ЕСХИН: Тешко мене!

МИКИОН: Што е?
ЕСХИН: Ништо. Добро е. Продолжи.
МИКИОН: Тој живее во Милет и дојде да ја одведе со себе.
ЕСХИН: Како? Да ја одведе девојката со себе?
МИКИОН: Така е.

ЕСХИН: Дури во Милет, жити тебе?


МИКИОН: Точно.
ЕСХИН: (Настрана.) Душава ме боли. (Гласно.) А тие, што? Што велат?
МИКИОН: А ти што мислиш да велат? Ништо, секако. Мајка ѝ измислила дека ќерка ѝ
родила дете со некој човек, не знам како, а името не сака да му го каже. Вели дека тој има
првенство и не сака да му ја даде на мојов пријател.
ЕСХИН: Добро е. Зар тебе не ти се чини дека е тоа праведно?

30
Браќа

МИКИОН: Не.
ЕСХИН: Како не, ти се молам? Па зар тој да ја одведе одовде?
МИКИОН: Ама, зошто да не ја одведе?
ЕСХИН: Ова што го направивте вие, татко, сурово е и немилосрдно, а исто така, ако смеам
да кажам, и нечовечно!

МИКИОН: А, зошто?
ЕСХИН: Како можеш да ме прашаш? Па дали вие сфаќате како се чувствува онаа кутра душа,
оној кој најпрво бил со неа? Кога тој несреќник, кој можеби и сега очајнички ја сака, ќе види
како пред него му ја грабаат, пред очи му ја одземаат? Гадно злосторство е тоа, татко!
МИКИОН: Од која причина? Кој нему му ја ветил? Кој му ја дал? За кого и кога таа се
омажила? Кој го заплеткал сето ова? И зошто тој зел туѓа девојка?
ЕСХИН: А зар треба девојка во тие години да седи дома и да чека од некаде да ѝ дојде
некаков роднина? Ова, татко мој, беше праведно да го кажеш и да го браниш.
МИКИОН: Смешно. Зар да зборувам против оној кому појдов да му помогнам? Но, што ни
е пак нам гајле за сето тоа, Есхине? А и што имаме ние со нив? Ајде да си одиме. (Есхин
почнува да плаче.) Што е? Зошто плачеш?
ЕСХИН: Татко, те преколнувам, ислушај ме!
МИКИОН: Есхине, слушнав сè и сè знам. Јас те сакам и затоа уште повеќе се грижам за тоа
што го правиш.
ЕСХИН: Толку сакам да ја заслужувам твојата љубов дури си жив, татко мој, што оваа грешка
која ја направив премногу ме боли и се срамам да ти погледнам в лице.
МИКИОН: Ти верувам, жими Херкул. Ја знам твојата благородна душа, но се плашам дека
беше премногу невнимателен. Што мислиш ти, во која земја живееш? Обљуби девојка која,
според законот, не смееш ниту да ја пипнеш. Тоа ти беше првата голема грешка. Голема,
но сепак човечка, која често им се случувала и на други угледни луѓе. Но, добро, кажи ми
дали, откако тоа се случи, си размислил за сè друго? Дали воопшто се запраша себеси што
ќе биде или како ќе биде? Кога веќе ти беше срам сам да ми кажеш, дали размисли како
поинаку треба да дознаам? Додека се думаше околу ова, поминаа десет месеци. Така се
изневери и самиот себе, и онаа гревотичка, и детето, токму како што најдобро умееш. Како
тоа? Дали веруваше дека дури ти спиеш, боговите ќе ти ја свршат работата? И дека таа без
никаков твој напор ќе ти дојде право в кревет дома? Не би сакал натаму да бидеш збрложен
и во други работи. Главата горе, ќе се ожениш со неа.
ЕСХИН: Ах!

31
Браќа

МИКИОН: Ти повторувам, главата горе!


ЕСХИН: Татко, ти се молам, кажи ми, да не си играш мајтап со мене?
МИКИОН: Јас со тебе? А зошто би го правел тоа?

ЕСХИН: Не знам. Колку повеќе сакам ова да биде вистина, толку повеќе се плашам.
МИКИОН: Оди дома и моли ги боговите да си ја добиеш жената. Оди!
ЕСХИН: Како? Таа за моја жена?
МИКИОН: Таа.
ЕСХИН: Веднаш?

МИКИОН: Веднаш. Што е можно побргу.


ЕСХИН: Нека ме казнат сите богови, татко, ако сега не те сакам повеќе од очиве мои!
МИКИОН: Како? Повеќе од неа?
ЕСХИН: Исто.
МИКИОН: Е, многу убаво.

ЕСХИН: Туку, каде е оној човек од Милет?


МИКИОН: Замина, исчезна, се качи на брод. А ти, што чекаш?
ЕСХИН: Оди ти, татко. Ти подобро ќе им се помолиш на боговите, оти тебе побргу ќе те
послушаат затоа што си многу подобар човек од мене, што јас сигурно го знам.
МИКИОН: Добро, јас одам внатре да спремам сè што е потребно, а ти, ако си паметен,
направи како што ти реков. (Влегува во својата куќа.)
ЕСХИН: Што треба уште? Зар тој личи на татко, а јас на син? Да ми е брат или другар, не би
можел повеќе да ми угоди. Како е можно да не го сакаш? Зар не треба на срце да си го
носиш? Ах, толку многу се грижи за мене, што се плашам случајно, не мислејќи, да не
сторам нешто што тој не сака. Сега, кога знам, подобро ќе се вардам. Но, да влезам внатре,
за да не се одлага венчавката заради мене. (Влегува.)

ШЕСТА СЦЕНА
Демеја, Микион
(Влегува Демеја сиот зазбивтан.)
ДЕМЕЈА: Умрев шетајќи, а тебе, Сирусе, со тоа твое покажување на патот каде да одам, нека
те згроми великиот Јупитер! Акав низ целиот град, од градската порта до резервоарот за

32
Браќа

вода, ама каде сè не! Никаде ја немаше онаа работилница, ниеден човек не ми рече дека
го видел брат ми. Сега, навистина, решив да заседнам овде пред куќава, сè додека тој не
се врати.
МИКИОН: (Излегува од куќата, зборувајќи му на Есхин внатре.) Ќе одам да им кажам дека
не треба да чекаат на нас.
ДЕМЕЈА: Аха, еве го и него лично. (На Микион.) Веќе одамна те чекам, Микионе.
МИКИОН: А, зошто?
ДЕМЕЈА: Да те известам за други, нови, нечуени злосторства на она твое прекрасно момче!

МИКИОН: Еве го, пак почнува!


ДЕМЕЈА: Грозни!
МИКИОН: Доста веќе!
ДЕМЕЈА: Не знаеш ти каков човек е тој.
МИКИОН: Знам.
ДЕМЕЈА: Ајде бре, будала еден, ти се занесуваш дека јас зборувам за свирачката. Ова
злосторство е против една девица, атичка граѓанка.

МИКИОН: Знам.
ДЕМЕЈА: Опа, знаеш и го оправдуваш?
МИКИОН: А зошто да не го оправдувам?
ДЕМЕЈА: Кажи ми дали ти некогаш му викаш? Дали не збеснуваш од лутина?
МИКИОН: Не, иако повеќе би сакал...

ДЕМЕЈА: (Го прекинува.) Ама, дете се роди!


МИКИОН: Нека го вардат боговите!
ДЕМЕЈА: Девојката нема ништо...
МИКИОН: Слушнав.
ДЕМЕЈА: ... и треба да се омажи без мираз.

МИКИОН: Секако.
ДЕМЕЈА: И, што ќе биде сега?
МИКИОН: Тоа што самата работа го налага. Девојката оттаму ќе се пресели ваму.

33
Браќа

ДЕМЕЈА: О Јупитеру! Па зар се жени туку-така?


МИКИОН: А што да сторам повеќе?
ДЕМЕЈА: Што да сториш? Ако не те боли оваа работа, тогаш барем преправај се. Човечки е.
МИКИОН: Девојката веќе му ја ветив, работата ја средив, свадба ќе има, па така ги куртулив
од сиот страв. Тоа е повеќе човечки.

ДЕМЕЈА: Впрочем, Микионе, дали си ти задоволен од сето ова?


МИКИОН: Не, ако би можел нешто да изменам. А бидејќи не можам, го примам со мирна
душа. Човечкиот живот ти е ист како игра со коцки. Ако не падне она што најмногу ти треба,
искористи го вешто тоа што паднало и поправи ја работата.
ДЕМЕЈА: Да се поправи работата! Ајде бре, заради твојата „умешност“ ти пропаднаа
дваесет златника за свирачката. Згора на тоа, треба да ја тргнеш одовде како знаеш и
умееш, а ако не ја продадеш, тогаш ќе ја подариш.
МИКИОН: Ниту морам, ниту берам гајле да ја продадам.
ДЕМЕЈА: Па, што ќе биде со неа?
МИКИОН: Ќе остане дома.
ДЕМЕЈА: Жити божјата вера, јавна жена и мајка-домаќинка заедно во иста куќа?!

МИКИОН: Зошто да не?


ДЕМЕЈА: Ти мислиш дека си салам?
МИКИОН: Секако дека мислам.
ДЕМЕЈА: Жими божјата милост, ја разбирам твојата лудост. Верувам дека така правиш за
да има со кого заедно да пееш.
МИКИОН: Зошто да не?
ДЕМЕЈА: И пресната невеста ќе ги учи истите работи?

МИКИОН: Токму така.


ДЕМЕЈА: Токму така?
МИКИОН: Аха, а и ти со нас ако треба.
ДЕМЕЈА: Тешко мене! Како не ти е срам?
МИКИОН: Ајде, Демеја, батали ја веќе еднаш таа твоја лутина и барем денеска, на свадбата
на син ми, радувај се и биди весел. Јас отидов кај нив, а после се враќам овде. (Заминува.)

34
Браќа

ДЕМЕЈА: О Јупитеру! Каков живот! Какви обичаи! Какво лудило! Невестата доаѓа без мираз,
свирачката живее во иста куќа, домаќинството се распаѓа, момчето пропадна од луксуз,
старион се мрднал! И самото Спасение да сака, не може да ја спаси оваа фамилија.

СЕДМА СЦЕНА
Сирус, Демеја
(Од куќата на Микион излегува Сирус, прилично напиен. На почетокот не го забележува
Демеја.)
СИРУС: Жими Полукс, Сирусе, ти фино си се погрижи и убаво ги изврши своите задачи. Сега,
тргај! Откако внатре се заситив со сè и сешто, ми се посака да се прошетам овде.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Види само каков прекрасен пример на домашна дисциплина!
СИРУС: (Настрана.) Опа, ене го таму нашиот старец. (Гласно.) Што има? Што си се
намуртил?

ДЕМЕЈА: Ах, злосторнику!


СИРУС: Охо! Сега ми се расфрлаш со зборови, мудра главо?
ДЕМЕЈА: Ти да беше мој роб...
СИРУС: (Го прекинува.) Ќе беше богат, Демеја, и уште повеќе ќе го зацврстеше твоето
богатство.
ДЕМЕЈА: ... ќе се погрижев да им служиш за пример на сите.

СИРУС: Зошто? Што направив?


ДЕМЕЈА: Уште прашаш! Во сета оваа збрка и гадново злосторство, кое одвај се поправи, ти,
гнасо, си се натрескал како да славиш нешто!
СИРУС: (Настрана.) Навистина жалам што излегов надвор.

ОСМА СЦЕНА
Дромон, Сирус, Демеја
(Од куќата излегува Дромон, не забележувајќи го Демеја.)

ДРОМОН: Еј, Сирусе, Ктесифон те вика да се вратиш.


СИРУС: Бегај оттука!
ДЕМЕЈА: Што кажува овој за Ктесифон?
СИРУС: Ништо.

35
Браќа

ДЕМЕЈА: Ах, разбојнику! Дали е Ктесифон таму внатре?


СИРУС: Не е.
ДЕМЕЈА: Тогаш, зошто го спомнува?

СИРУС: Таму е еден друг, она малечко паразитче. Зар не го познаваш?


ДЕМЕЈА: (Тргнува кон куќата на Микион.) Сега ќе го запознаам.
СИРУС: (Настојува да го задржи.) Што правиш? Кај одиш?
ДЕМЕЈА: Пушти ме.
СИРУС: Немој, ти велам.
ДЕМЕЈА: Ќе ги тргнеш ли рацете, ништожнику? Или повеќе сакаш да ти го истурам мозокот
тука? (Влегува во куќата.)
СИРУС: Отиде. Жими Полукс, многу незгодна работа, посебно за Ктесифон. Што да правам
сега јас? Ништо друго освен да се пикнам во некое ќоше дури не се смири збркава и да го
одремам мамурлаков. Така ќе направам. (Влегува во куќата на Микион.)

ДЕВЕТТА СЦЕНА
Микион, Демеја
(Од куќата на Сострата излегува Микион.)
МИКИОН: (Ѝ зборува на Сострата во куќата.) Како што ти реков, Сострато, кај нас е сè
спремно. Кога сакаш... (Портата од куќата на Микион се отвора со силен тресок.) ... Ама,
кој тропа толку силно со мојана порта? (Излегува Демеја многу растревожен.)
ДЕМЕЈА: (Не забележувајќи го Микион.) Тешко мене! Што да правам? Што да преземам?
На кого да викам, или на кого да се жалам? О небо, о земјо, о мориња Нептунови!
МИКИОН: (Настрана.) Еве ти сега! Има научено сè, па затоа пишти. Војната е тука, морам
да се спремам.
ДЕМЕЈА: (Го здогледува Микион.) Аха, еве го тука заедничкиот уништувач на нашиве деца!
МИКИОН: Скроти го бесот и прибери се.
ДЕМЕЈА: Го скротив, се прибрав и ги отфрлам сите навреди. Ајде да ја разгледаме самата
работа. Дали меѓу нас не се договоривме, и тоа на твое барање, ти да не водиш грижа за
мојот син, ниту јас за твојот? Одговори!

МИКИОН: Така е, не одрекувам.

36
Браќа

ДЕМЕЈА: Зошто тогаш се пијанчи кај тебе? Зошто го прибираш кај тебе? Зошто му купуваш
љубовница, Микионе? Зар јас имам помалку права кон тебе, отколку ти кон мене? Кога јас
не водам грижа за твојот, тогаш немој ниту ти за мојот!
МИКИОН: Не зборуваш праведно.
ДЕМЕЈА: Не?
МИКИОН: Има една стара изрека: меѓу пријателите сè е заедничко.

ДЕМЕЈА: Многу убаво! Дури сега ти текна да почнеш со таква прикаска!


МИКИОН: Ако не ти е тешко, Демеја, ислушај ме малку. Пред сè, ако парите кои момчињата
ги трошат е она што те гризе, тогаш, те молам, за тоа да размислиш вака. Порано ти ги
подигаше нив двајцата на свој трошок, бидејќи мислеше дека твојот имот ќе биде доволен
за нив, а секако веруваше и дека ќе се оженам. Држи се, како тогаш, и сега на тоа старо
расудување: чувај, трупај, штеди пари, труди се да им оставиш што повеќе. Земи ја таа
слава. Ама, дозволи им да ги трошат моите, кои се неочекувано тука. Ти нема да изгубиш
ништо, а тоа што ќе дојде од мене, сметај го како чиста добивка. Ако сакаш, Демеја, за ова
да размислуваш со чисто срце, тогаш и мене и тебе и момчињата ќе нè ослободиш од
голема мака.
ДЕМЕЈА: Парите ги оставам настрана, ама нивното воспитување...
МИКИОН: Чекај, знам. Сега ќе дојдам на тоа. Кај човекот, Демеја, има многу знаци по кои
лесно може да се суди за него. Така, ако двајца често прават исто, тогаш може да се каже:
„Овој може неказнето да го прави тоа, а оној не“. Разликата не е во тоа што се прави, туку
во тоа кој го прави. Кај нашите момчиња има нешто, што ми дава верба дека ќе бидат такви
какви што сакаме да бидат. Гледам дека се мудри, учени, воспитани и меѓу себе се сакаат.
Треба да ја сознаеш нивната благородна душа и природа, а на должностите денеска можеш
да се вратиш кога сакаш. Можеби се плашиш дека се малку повеќе трошаџии. Е, мој Демеја,
со годините стануваме сè попаметни, освен што нам, на луѓето, староста ни ја носи таа
единствена маана: стануваме сè повнимателни кон парите. И нив времето ќе ги направи
такви.
ДЕМЕЈА: Само да не нè уништат сосема, Микионе, твоите претерано убави размислувања и
твоето меко срце.
МИКИОН: Молчи! Тоа нема да се случи. Заборави го тоа, а денеска препушти ми се мене и
главата горе!
ДЕМЕЈА: Тоа, секако, и ситуацијава го налага. Ама утре, штом осамне, одам со син ми на
село.
МИКИОН: Ако е до мене, оди и ноќва, само преку денов биди расположен.

37
Браќа

ДЕМЕЈА: А онаа, свирачкана, ќе ја одвлечкам со мене.


МИКИОН: Така сигурно добиваш. На тој начин, во иднина и син ти ќе го врзеш за куќата.
Ама внимавај, добро да ја вардиш да не ти избега.
ДЕМЕЈА: За тоа сигурно ќе се погрижам и ќе ја натерам да готви и меле пченка, сè додека
не биде полна со пепел, чад и плева. Освен тоа, ќе направам среде пладне да го собира
класјето. Ќе направам да се исуши и поцрни како гламна!
МИКИОН: Ова ти вреди. Ми се чини дека сега се опамети. Јас да сум на твое место, би го
натерал синот да спие со неа, дури и ако не сака.
ДЕМЕЈА: Ми се потсмеваш? Блазе си ти што си таков. Јас, пак, чувствувам дека...
МИКИОН: (Го прекинува.) Ах, пак ќе почнеш со истото?

ДЕМЕЈА: Добро, добро, прекинувам.


МИКИОН: Тогаш, ајде внатре, па како што треба и личи да го завршиме денов.
(Влегуваат во куќата на Микион.)

38
Браќа

ПЕТТИ ЧИН
ПРВА СЦЕНА
Демеја
(Од куќата на Микион излегува Демеја.)
ДЕМЕЈА: Никој не го смислил плански толку добро својот живот, а збиднувањата, годините
и потребите да не му донесат нешто ново и во нешто да го поучат. Така откриваш дека не
го знаеш она за што си верувал дека сигурно го знаеш, а тоа што си сметал дека ти е
најважно, во стварноста го отфрлаш. Тоа сега мене ми се случи. Така, го отфрлам строгиот
и мачен живот кој досега го живеев, и тоа сега кога сум при крајот на патот. А, зошто?
Открив дека во тоа што го прави, за човекот нема ништо подобро од попустливоста и
милосрдието. Секој кој сака, може лесно да научи дека е тоа вистина од примерот мој и на
мојот брат. Тој својот живот го водеше мирно и во уживање, секогаш милостив,
добродушен, не навредувајќи никого в лице, со насмевка за секого. Животот го проживеа
за себе и за себе трошеше, а сите зборуваат убаво за него и го сакаат. А јас, пак, див, строг,
намуртен, штедлив, суров, тврдоглав, па се оженив. Каква само неволја добив со тоа! Ми
се родија синови – уште едно гајле. И така, за жал, додека се трудев да спечалам што повеќе
за нив, ми се истроши и животот и најубавите мои години. И сега, при крајот на животот,
еве каков плод берам од мојот труд – омраза! А брат ми без никаков напор ја ужива
татковската почит. Него го сакаат, мене ме одбегнуваат. Имаат доверба во неговите совети,
го почитуваат, кај него се двајцата, а јас сум сам. Посакуваат тој да поживее, а одвај чекаат
јас да умрам. Јас ги одгледав со најголем напор, а тој ги направи свои со мал трошок. Јас ја
добив сета мака, а тој сета радост. Туку, ајде сега, кога веќе ме предизвикува, да пробаме
обратно, па да видиме дали и јас можам да зборувам мазно и да се однесувам љубезно. И
јас копнеам моите да ме сакаат и почитуваат, па ако тоа се стекнува со давање и
попуштање, јас сум во предност. Пари ќе снема, па што, мене како најстар најмалку ми е
гајле.

ВТОРА СЦЕНА
Сирус, Демеја
(Сирус излегува од куќата на Микион.)
СИРУС: Еј, Демеја, брат ти те моли повеќе да не се одвојуваш од него.
ДЕМЕЈА: Кој е тоа? О мил мој Сирусе, здраво! Како е? Што се случува?

СИРУС: Добро е.

39
Браќа

ДЕМЕС: Одлично. (Настрана.) Ете, веќе реков три нови работи кои се спротивни на мојот
табиет: „О мил мој; како е; што се случува?“ (На Сирус.) Јас те ценам како благороден роб и
со задоволство би сторил нешто добро за тебе.
СИРУС: (Со недоверба.) Фала многу.
ДЕМЕЈА: Ама, Сирусе, јас сериозно мислам и наскоро ќе се увериш во тоа.

ТРЕТА СЦЕНА
Гета, Демеја, Сирус
(Од куќата на Сострата излегува Гета и првата реченица ја зборува свртен кон куќата.)
ГЕТА: Господарке, одам кај нив да видам дали ќе дојдат наскоро по невестата. Но, еве го
Демеја. Мое почитување.
ДЕМЕЈА: Како се викаш?
ГЕТА: Гета.
ДЕМЕЈА: Па, Гета, денеска во срцево мое пресудив дека си ти човек од најголема вредност.
За мене е вистински докажан роб тој што се грижи за господарот, а осетив, Гета, дека ти си
токму таков. Затоа, ако ти треба нешто, со задоволство би ти помогнал. (Настрана.) Вежбам
да бидам љубезен и добро ми оди.
ГЕТА: Добар човек си, штом така мислиш.
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Малку по малку ја придобивам за себе народната маса.

ЧЕТВРТА СЦЕНА
Есхин, Демеја, Сирус, Гета
(Од куќата на Микион излегува Есхин и на почетокот не ги забележува останатите.)
ЕСХИН: Е, овие навистина ме удавија трудејќи се венчавката да ја спремат ептен свечено!
Денот ни помина во спремање.
ДЕМЕЈА: Што се случува, Есхине?
ЕСХИН: Ах, татко мој, ти си тука?
ДЕМЕЈА: Жими Херкул, татко сум ти и по душа и по крв, кој те сака повеќе од очите свои.
Но, зошто не ја водиш жената дома?
ЕСХИН: Сакам, ама нè задржа тоа што се чекаат свирачката и пејачите, кои треба да ја отпеат
сватовската песна.

40
Браќа

ДЕМЕЈА: Ајде, сакаш ли да го послушаш старецов?


ЕСХИН: За што?
ДЕМЕЈА: Батали ја сватовската песна, сета таа турканица, светилките, свирачките, туку
нареди веднаш да се турне ѕидон во градината. Оттука префрли ја невестата ваму и од две
веќе си направил една куќа. Доведи ги уште и мајка ѝ и целата фамилија кај нас.
ЕСХИН: Тоа е одлично, најмил мој татко!
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Прекрасно! Веќе сум наречен „најмил“. Па уште куќата на брат ми ќе
стане право корзо, ќе му ја доведе дома целата толпа, сето тоа ќе чини скапо, ама што ми
е гајле! Јас сум веќе „најмил“ и почнувам да станувам омилен. Останува уште оној мој богат
брат да исплати дваесет златник. (Гласно.) Сирусе, што чекаш? Ајде на работа!
СИРУС: Каква работа?

ДЕМЕЈА: Туркај го ѕидон! (На Гета.) Ти, оди кај женине и доведи ги ваму!
ГЕТА: Боговите нека те благословат, Демеја, штом гледам колку од срце ја сакаш мојава
фамилија!
(Двајцата робови тргнуваат.)
ДЕМЕЈА: (На Гета.) Сметам дека го заслужувате тоа. (На Сирус.) Што велиш ти?
ЕСХИН: И јас така мислам.
ДЕМЕЈА: Така е многу подобро, отколку породилката, ослабната сега, да ја водиме преку
улица.
ЕСХИН: Сакан мој татко, не сум видел ништо подобро да се смисли.

ДЕМЕЈА: Таков сум јас. Но, ене го Микион, излегува од портана.

ПЕТТА СЦЕНА
Микион, Демеја, Есхин
МИКИОН: (Свртен кон куќата му зборува на Сирус.) Тоа ти го нареди брат ми? Каде е тој?
(Се врти.) Ти го нареди тоа, Демеја?
ДЕМЕЈА: Да, јас. На овој начин и каков било друг, ние треба, пред сè, да станеме една
фамилија, да се почитуваме, помагаме и зближиме.
ЕСХИН: Ни јас не мислам поинаку.

ДЕМЕЈА: Жими Херкул, така и ни прилега. Еве, пред сè, неговата жена има мајка.
МИКИОН: Има, па што?

41
Браќа

ДЕМЕЈА: Жената е чесна и скромна.


МИКИОН: Така велат.
ДЕМЕЈА: Малку е постара.

МИКИОН: Знам.
ДЕМЕЈА: Веќе долго, заради годините, нема кој да се грижи за неа. Сама е.
МИКИОН: Ама, што смислил овој?
ДЕМЕЈА: Најдобро е ти да се ожениш со неа, а ти (На Есхин.) да се потрудиш така да биде.
МИКИОН: Јас да се оженам!?

ДЕМЕЈА: Ти.
МИКИОН: Јас?!
ДЕМЕЈА: Ти, токму ти!
МИКИОН: Тресеш глупости!
ДЕМЕЈА: (На Есхин.) Ти да си човек на место, тој би се оженил.

ЕСХИН: Татко мој...


МИКИОН: Што го слушаш него, магаре едно!
ДЕМЕЈА: Ништо не можеш да сториш. Поинаку не може да биде.
МИКИОН: Бладаш!
ЕСХИН: Попушти, мил татко, те молам.
МИКИОН: Бегај оттука, будала еден!
ДЕМЕЈА: Ајде, угоди му на син ти.
МИКИОН: Имаш ли ти ум, бре?! Јас сега, со шеесет и пет години да станам за првпат
младоженец и да земам за жена доодена старица? Такви ли сте стројници?
ЕСХИН: Ајде, направи го тоа. Јас им ветив.
МИКИОН: Им вети?! Биди великодушен на своја сметка, момче!
ДЕМЕЈА: Ајде де. Што би било да те моли за нешто поголемо?

МИКИОН: Како да има нешто поголемо од ова!


ДЕМЕЈА: Ајде, сложи се!

42
Браќа

ЕСХИН: Не противи се!


ДЕМЕЈА: Ајде, вети!
МИКИОН: Зар нема да ме оставите на мира?

ЕСХИН: Не, дури не те измолам.


МИКИОН: Ова е невидено насилство!
ДЕМЕЈА: Ајде, Микионе, отвори ја душата!
МИКИОН: Иако ова ми се чини неправилно, глупаво, невозможно и сосема туѓо на мојот
живот, кога вие упорно настојувате и го сакате тоа – нека биде!
ЕСХИН: Добро направи.
ДЕМЕЈА: Со право те сакам. Само...

МИКИОН: Што?
ДЕМЕЈА: (Настрана.) Реков дека ќе биде како што сакам.
МИКИОН: Што треба уште?
ДЕМЕЈА: Оној Хегион, нивниот најблизок роднина, кој е поврзан со нас, е многу сиромашен.
Убаво би било да се погрижиме и за него.
МИКИОН: Што да направиме?
ДЕМЕЈА: Ти имаш надвор од градов мало парченце земја кое го даваш под наем, ајде да му
го дадеме нему да го користи.

МИКИОН: Тоа е за тебе мало парченце земја?


ДЕМЕЈА: Па нека е и големо, така треба да се направи. На невестата ѝ е како татко, добар е,
наш човек е, право е да му се даде. Најпосле, не е мое, Микионе, она што ти пред малку
толку убаво и мудро го рече: „Заедничка маана на сите ни е дека во староста стануваме сè
повнимателни кон парите“. Ние треба да го избегнуваме тој срам. Тоа што го рече е
исправно и така треба да постапуваме.
ЕСХИН: Мил татко!

МИКИОН: Што има тука? Ќе го дадам кога толку сакате.


ЕСХИН: Баш се радувам.
ДЕМЕЈА: Сега си ми вистински брат и по душа и по крв. (Настрана.) Сега го колам со
неговиот сопствен меч!

ШЕСТА СЦЕНА
43
Браќа

Сирус, Демеја, Микион, Есхин


(Од куќата излегува Сирус.)
СИРУС: Твојата наредба е извршена, Демеја.
ДЕМЕЈА: Вреден човек си, нема што. Жими Полукс, мислам дека од денеска Сирус треба да
добие слобода.
МИКИОН: Овој тука да биде слободен? А зошто?
ДЕМЕЈА: Заради многу нешта.
СИРУС: О мој Демеја! Жими Полукс, ти си добар човек! Јас верно се грижев за вашите две
момчиња уште од нивното детство. Ги учев, ги опоменував и секогаш, колку што можев,
добро ги советував во сè што знаев.
ДЕМЕЈА: Делото покажува. Потоа, такви работи, како што се пазарење без измама, набавка
на курви, приготвување гозби среде бел ден, не можат да му се доверат на обичен човек.

СИРУС: О каков префинет човек!


ДЕМЕЈА: Најпосле, денеска тој беше главниот посредник при купувањето на онаа свирачка;
за сè тој се погрижи. Право е тој да биде награден, а така и другите ќе станат подобри. Освен
тоа, и Есхин сака така да биде.

МИКИОН: (На Есхин.) Сакаш да биде така?


ЕСХИН: Сакам.
МИКИОН: Кога ти сакаш така, добро. Сирусе, дојди ваму кај мене. (Го удира со раката по
рамото.) Слободен си.
СИРУС: Ти благодарам. И на сите други им благодарам, а посебно тебе, Демеја.
ДЕМЕЈА: Многу ми е мило.

ЕСХИН: И мене.
СИРУС: Верувам. Само јас би бил вечно среќен кога би ја видел и мојата жена Фригија
слободна заедно со мене.
ДЕМЕЈА: А, тоа е една прекрасна жена!
СИРУС: Освен тоа, таа денеска прва му ја подаде својата цицка на твојот внук.
ДЕМЕЈА: Тогаш таа, жими Херкул, ако навистина прва го подоила, без двоумење заслужува
да биде ослободена.
МИКИОН: За тоа да биде ослободена?!

44
Браќа

ДЕМЕЈА: Токму заради тоа. На крај, еве јас ќе ја платам нејзината вредност.
СИРУС: Демеја, боговите нека ти ги исполнат сите твои желби!
МИКИОН: Сирусе, денеска баш добро си помина.
ДЕМЕЈА: Уште кога ти, Микионе, би ја извршил својата должност и би му дал некоја пара на
рака да му се најде на почетокот. Бргу ќе ти ги врати.

МИКИОН: Нему, ни динар!


ЕСХИН: Ама, добар човек е.
СИРУС: Жими Херкул, ќе вратам. Само дај!
ЕСХИН: Дај му, татко.
МИКИОН: Ќе видам после.

ДЕМЕЈА: Ќе даде тој.


СИРУС: О најдобар човеку!
ЕСХИН: О татко мој! Најдобар татко мој!
МИКИОН: (На Демеја.) Што ти значи ова? Што си ги изменил толку одненадеж твоите
навики? Што ќеф ти е ова? Зошто стана наеднаш толкав трошаџија?
ДЕМЕЈА: Ќе ти кажам. Сакав само да ти докажам, Микионе, дека она за што момчињата те
сметаат за љубезен и пријатен не доаѓа од исправност, праведност и добрина, туку од
лигавење, попустливост и расипништво. (На Есхин.) Сега, ако заради тоа мојот начин на
живеење ви беше омразен, Есхине, бидејќи јас не ви одобрувам веднаш сè, се откажувам.
Растурајте, трошете, правете што сакате. Но, ако некогаш посакате некој да ве задржи, да
ве поправи и непосредно да ви помогне во тоа што вие заради младоста малку го
разбирате, или затоа што ви е страста прејака, а разумот преслаб, еве ме, тука сум да го
сторам тоа за вас.
ЕСХИН: Татко, јас ти се доверувам тебе, ти подобро знаеш како треба. Но, што ќе биде со
брат ми?

ДЕМЕЈА: Дозволувам да си ја задржи девојката. Само таа да му биде последна.


МИКИОН: Тоа е сосема исправно.
(Заминуваат.)
ПЕЈАЧОТ: (Втрчува на сцената, на публиката.) А сега, аплаудирајте!

КРАЈ
45

You might also like